1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Девојко, изгледа си ме помешала со овие од ЛГБТИ лобито. Не јас, туку тие се тие што тврдат дека хомосекуалноста е нормална затоа што хомосексуалците си даваат взаемна согласност за нивната врска и односи, а зоофилијата е ненормална затоа што зоофилот не бара дозвола од животното за нивната врска и односи. Така што нив прашувај ги зошто во првиот случај бараат дозвола од животното, а во вториот случај не. Значи тоа е ЛГБТИ логика и таму барај ја конзистентноста или неконзистентноста на таа логика.

    Јас тврдам дека и хомосексуалноста и зоофилијата се ненормални работи. Но јас не го тврдам тоа заради некаква си „согласност“ што некој ја дава или не ја дава. Не, тоа не е мој аругмент. Тоа е аргументот на ЛГБТИ лобито - аргумент кој што видовме дека е фаличен, неконзистентен, аргумент со двојни аршини.
    Јас сметам дека дури и животното да добие свест и да прозбори и да се согласи, дека повторно зоофилијата ќе си остане ненормална појава. Зошто? Затоа што човекот е создаден за да биде во брачна заедница со човек од спротивен пол, а животните се создадени за да си се размножуваат секој во својот сопствен вид.
    Човекот маж и човекот жена имаат евидентни комплементарни карактеристики и особини (на анатомско и генетско ниво) од кои што јасно се гледа дека се создадени еден за друг.
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Окк..значи и ние верниците сме ненормални за атеистите што веруваме и сме приврзани на некој начин кон Бога?Намерно ти ја правам споредбава бидејќи и јас и ти сме верници со различни гледишта околу ова.
    Сфаќаш дека тоа што го имаат БИ/Хомо луѓето се ЧУВСТВА?Нив баш ги заболе дали машкиот и женскиот полов орган функционираат како клуч и брава, ако сакам некој искрено ќе бидам со него без разлика на се.
    И подобро искрено да сум посвоена од геј пар него да имам родители хомофоби кои ќе ми го перат мозокот.Од геј родителите бар ќе научам да бидам open minded и да не осудувам.
    Ете ви пишав пример погоре.Што ако во хетеро брак мажот или жената не можат да имаат дете?Неплодни се едноставно?Тогаш доаѓаме до истата ситуација како кај истополовите бракови -> ќе бараат чаре по специјалисти и едниве и другиве, или на краева ќе посвојат дете.
    Светот еволуира и ти не можеш да очекуваш да е сè исто, по правила и прописи, по тоа како Господ кажал, како Станко кажал.Досадно ќе е ако е монотоно, ако сме сите ,,нормални” и сите сме со крстот на чело :rock:
    Бај д веј ненормални се тие што имаат психичко пореметување (no offence), сфаќаш?Не тие што имаат љубов во срцето.
     
    На Lolo5 и Astra30 им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Точно така. Атеистите за нас верниците мислат дека сме забегани, дека при молитва му зборуваме на некаков замислен имагинарен лик итн. И јас сум тотално ок со тоа. И не ги етикетирам како богофоби само затоа што не се согласуваат со моите теистички убедувања. Не ги етикетирам ни како библиофоби - само затоа што имаат поинакво убедување за Библијата, па дури и се потсмеваат со неа. Нивно право. Секој си има право на слободно мислење и слободно изразување. Тоа е суштината на демократијата и слободното општество. Како што кажав пред неколку поста: не можеш да ги натераш сите луѓе да имаат исти убедувања како твоите и не можеш да очекуваш на сите да им бидеш нормален.

    Сфаќам и не негирам дека се чувства. Пред извесно време читав за жени што се мажеле за дрва. Една жена развила толку силни чувства кон своето куче, што се омажила за него. И она ќе каже слично како и ти: ама сфаќаш ли дека тоа што јас го имам за моето куче се ЧУВСТВА? Да не листам повеќе примери, ми ја сфаќаш поентата.
    Дали сите чувства се здрави чувства и дали треба да се водиме според чувствата - тоа е веќе друга работа.

    Уфф, моето искуство го покажало тотално спротивното. Кај ЛГБТИ активистите сум сретнал најголема ограниченост и дискриминација. Се ограничуваат само на своите соверници и кон сите други се нетолерантни, ги осудуваат, етикетираат, навредуваат, шират говор на омраза итн. Форумов ти е најдобар локален пример за тоа. А спомнеш поинакво мислење за хомосексуалноста, одма ти се пуштаат здружено сите ЛГБТ активисти што се моментално онлајн :D

    Погоре видовме дека има луѓе што развиваат љубов и кон дрва, кучиња, се мажат со нив. И тие можат да речат дека имаат љубов во срцето. Тоа е баш онаа „незауздана љубов без граници“. Има мажи што имаат малку повеќе љубов во срцето, па една жена им е малку за таа љубов, па бараат и повеќе жени за да можат да ја експресираат таа љубов. Они може да речат: Жено ја имам за тебе љубов, ама имам љубов и за комшиката, и за колешката и за учителкава на детето итн.
    Да, човекот е создаден да љуби, ама очигледно постојат и некакви законитости за љубовта, кои ако се прекршат, љубовта може да премине во кошмар.
     
    На worrieddd и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Bravo,me poshtedi od mnogu pishuvanje,no sekako i odamna prestanav da im pojasnuvam deka koga ima cuvstva,ima! I ako ima vzaemni i se rodi ljubov,fakt ne me zaboli za nishto,prvenstveno covek do sebe mi treba,no covek vo prava smisla,a takov moze da bide i od sopstven pol,kako sto dosega mi bilo.Ljubov,simply tolku samo!
     
    На Lolo5, Feminka22 и ELIDavor им се допаѓа ова.
  5. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam,a takvi nemoralni stvari ima i vo hetero vrski,brakovi,i tn ,tn,koga e vzaemno pomegju dve zivi bitija koi pripagjaat na odredena grupa,lugje,zivotni,reptili,ova,ona,duri i drvo so drvo znaat da prepletat granki,znaci se si e toa ok,neka si se ljubat,bidejki e vzaemno,a ludilo,vo sekoj oblik na vrska moze da se ocekuva za zal,toa mozam da go pripisham samo i samo na licnosta i karakterot koj go nosi,toa sto jas sum lez,daleku e od toa deka sum nemoralna licnost,mozebi da bi imala do sebe nekoja pobliska frendica ke uvidis kolku sme normalni lugje od sekoja gledna tocka,ne zboram za site vo sekoj slucaj,vo denesno vreme ne se znae vo kogo se krie psihopat za zal.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Bravo! Znaci neznam kako si ja nasla taa hrabrost da se prifatis kako bi osobeno vo nasava drzava...
     
    На Jessnow и Lolo5 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    @EvAngelos , гледај го ZOO ... Пошто те интересира зоофилија.
     
    На Lolo5, Astra30 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    А ти бабо радо мислеш дека јас пред очи се лапам со девојки или на чело ми пишува дека сум бисекс па ти не сакаш да ме гледаш ?
    Да не кажев од каде ке знаеше која е мојата сексуална орентација?
    Јас сум сепак дама и никогаш ниту со дечко јавно пред народ не сум се шлапала , тоа не од срам туку од принцип
     
    На Lolo5, Luminary, Nigredo Odor и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Блабла ова ти паѓа во вода се.
     
    На Lolo5, Astra30 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos
    Не може никој сериозно да те сфати додека мешаш зоофилија во ова.
    Едноставно животно ≠ човек и секс ≠ користење за исхрана. И дегутантно е да ти треба Библија + слепо традиционално гледиште за потомството како најважен фактор и неможноста за истото меѓу различни видови, за да го знаеш тоа.
    Како што конзумирањето месо не е еднакво пред закон и во општ морал со канибализмот (освен за радикалните вегани), така ни консензуален секс со било кој пол, во тројка, групен или било каков што вклучува возрасни луѓе - не е еднаков на таков со животно и никогаш нема да биде.

    Пак ќе ти речам, со тоа твое исмевање околу согласноста, звучиш тотално како и да немаш здрава свест за разликата меѓу секс и силување.
    Еве, имаме маж и жена, нели створени од Госпо еден за друг, само поради спротивниот пол. Можат и потомство да имаат. Арно ама, жената не му дава согласност на мажот и тој ја силува. И потомство „создаваат“.
    И, што ќе правиш ти?
    Ќе го осудиш чинот, де, ама ќе си продолжиш после да трошиш 154238716 пати повеќе време и енергија да плукаш по ЛГБТИ заедницата и нивниот консензуален секс отколку за реалниве проблеми, како што и правиш.
    А и да, како бонус ќе ѝ го испереш мозокот на жената дека бебето е Божји дар без разлика на околностите, и да не го абортира.

    Сфаќаш ли сега колку погрешно звучиш со тоа играње и занемарување на согласноста како најглавен фактор, и слепото водење по Библијата и традиционалните семејни вредности за тоа кого/што (не) е нормално да сексаш?
    Не верувам и не очекувам, реторичко е прашањето.

    И молам да се префрли постов ако не е за темава, а не да се брише - важно е да се отворат очи кој што пропагира овде.

    ФМП.
     
    На Lella, Amellie13, Astra30 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.947
    Пол:
    Женски
    Ау Маунт Рашмор воскреснал во темиве.

    Ангеле, срцка, истото што на другарчето Витали му го кажав и тебе ќе ти го кажам, џабе и на глава да застанете пак немате легитимна причина да поврзувате сексуалност со парафилија како зоофилијата.

    Единствено зоофилија ви остана адут на форумов откако во другине теми заклучивме дека инцест и педофилија ги користевте како аргументи, па откако ти извадов цитати кај што и те како ви ги има во книгата, магично почнавте да ги браните. Да беше во библијата и зоофилија спомната и неа ќе ја браневте пошто толку ви сече и толку гледате настрана.

    Олабави малце, нема корелација меѓу лгбт и зоофилија, ама има меѓу хетеро и имање секс со делфини пример.

    https://www.pinknews.co.uk/2018/03/22/where-is-bestiality-legal-still/

    Earlier this month a man who is best known for having sex with a dolphin made headlines after insisting that he is definitely heterosexual.

    Те молам извади статистики или податоци што корелираат лгбт дека поддржуваат зоофилија.

    Дај прекини да тропаш глупости, цел форум ти се смее колку не успеваш да разграничиш некои работи.
     
    На sparklie, x.Daisy.x, Lolo5 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ух колку поетски кажано, како извадок од најубавата хомофобна песна :inlove:

    Се извинувам што го прекинувам муабетов. Продолжи си Ангеле да ни раскажуваш вакви поетични нешта 8-|
     
    На Srckata28, sparklie, Lolo5 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    ^ Доста идилична реченица од некој кој е форевер сингл. :wasntme:
     
    На x.Daisy.x, Lolo5, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми сметале ниту лезбејки ниту гејови,секој нека си живее како сака и како е среќен,никогаш не сум имала предрасуди кон никој,никој не ми смета во ништо се додека не ми штети со нешто на мене лично,ако сме сите исти и ако сите размислуваме исто каков ќе биде овој свет,јас обожавам свет со различности со различни луѓе ама среќни и непотиснати од замислата на другите луѓе како треба да си го живеат животот,бидејќи ниту му се мешам на некој ниту сакам некој мене да ми се меша како ЈАС да си го живеам единствениот живот што го имам.Целосно се прифатени од моја страна.
     
    На Lolo5 и Astra30 им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ако нешто е константно и се повторува без ниту еден исклучок на форумов е тоа дека секогаш кога активистите на ЛГБТИ ќе останат без аргументи, веднаш здружено се свртуваат кон исмејување, понижување, напад кон неистомислениците, етикетирање, навреди, цинизам, сарказам...
    Се чудам како тоа ве исполнува и како дишете со толку омраза во срцето?
     
    На worrieddd и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Одговори на погоре поставеното прашање од @KateKane.
    Не си во позиција ти да зборуваш за омраза и навреди осетени на твоја кожа, кога секој пост ти изобилува со истите ствари. Сакаш да задаваш ниски удари, спреми се и да примиш.
    И прогуглај што се аргументи, па тогаш надавај ги во секоја реченица. Твоето не се аргументи, туку неоснован атак, со понижувачки компарации.
     
    Последна измена: 24 декември 2018
    На sparklie, Lolo5, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто ти е навредливо тоа да бидеш опишан како хомофоб.
    Па нели е точно дека не поддржуваш истополови врски/бракови? :?:
     
    На Lolo5, Lella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Го прочитав нејзиниот пост и не најдов таму прашање. За твој атер уште еднаш го прочитав и пак не најдов прашање. Она си продолжува некоја дискусија што си ја имала со тој Витаили, дискусија која нема врска со моите аргументи и ставови.

    Ајде повели цитирај ме каде сум навредувал некој/а од форумџииве. Еве 38ма страна сме на темава, ја се приклучив на дискусијава некаде на 35та страна. Скролај ги страниве и цитирај ме каде сум те навредувал тебе, или сум те етикетирал, понижувал, оцрнувал, исмејувал, каде тоа наместо онтопик на темата сум зборувал за тебе, или за било кој друг форумџија?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знам зошто постојано се вртат истите дискусии, кога @EvAngelos само доаѓа, ја вклучува грамофонската плоча и успешно избегава прашања.
    По 2-3 недели ќе се врати и пак истата приказна.
    Уште чекам одговори на прашањата поставени претходниот пат.
    Нема потреба пак по сто и први пат да се убедуваме дека зоофилија и хомосексуалност не е исто. Дискусија никаква нема. Само мелење на празно.
     
    На sparklie, Lolo5, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Зборот „фобија“ значи ирационален страв од нешто. Пример имаш клаустрофобија (страв од затворен простор), аерофобија (страв од патување со авион), кинофобија (страв од кучиња), некрофобија (страв од мртовци, мртовечки сандаци, надгробни плочи), хемофобија (страв од крв, се онесвестуваат ако видат крв), акрофобија (страв од височина) итн.

    Ја немам хомофобија бидејќи немам никаков страв од хомосексуалци, ниту аверзија кон нив. Немам проблем ни да се дружам со нив, ни да се ракувам со нив, ни да се гушнам итн. Немам против ни колеги да ми бидат, ни комшии. Немам против ни да си стапуваат во граѓански заедници, да си спијат заедно, да си имаат односи итн. Нивно тело, нивен живот. Едноставно сметам дека хомосексуалноста не е нормална појава и не е здрава. Убеден сум дека е, како што пишува и во нашиот учебник по медицинска психологија, дека таа претставува растројство или инверзија на сексуалниот нагон. Веројатно заради силното ЛГБТИ лоби подржано од оваа власт, наскоро тој дел ќе се отстрани од учебникот, но сепак мнозинството од народот верувам ќе си се држи до таа наука.

    homo1.jpg

    Дали според тебе ја имам право да имам слободно и различно мислење од ЛГБТИ идеологијата или морам во се да се согласам со нив? Дали тоа е демократија? Или демократија е кога една идеологија станува доминантна и при тоа им се врши инквизиција на сите неистомисленици - слично како во средниот мрачен век?
     
    На Bitter-Sweet и worrieddd им се допаѓа ова.