А кој рече дека го барам рајот, јас само имам МИСЛЕЊЕ спротивно од вашето, не ги ставив лгбт на клада, добро барем се држите си се цитирате меѓусебно со уау топ браво и вриштите од интелигенција, штета за нас простите случаи. И колку што знам сите погоре пишани мислења ви се баш тежок офф.
Колку сте само чукнати во главите ,не можам да поверувам Ја споредувате бисексуалноста и хомосексуалноста со силување , со колење на животни и со педофилија да ја споредите @EvAngelos знаеш дека ниту манијачењето не е добро ? Знаеш дека не е во ред на све живо женско да го викаш да излезите на кафе и кај се фати се фати ?? Да би била во денешно време библијата измислена 11божјо правило би било :Не манијачи и не вознемирувај на све што ке налеташ !!! И вие просвителите" мислите дека на хомосексуалците на чело им пишува дека сте хомосексуалци? Мислите дека вашите пријатели,роднини, познаници дека све ви кажуваат што се случува во нивната спална ?? Јас ке ви кажам НЕ! Дури и јас како анонимна тука да не ви кажев немаше да знаете , а можеби сум на некого од форумов пријателка или роднина или колешка, а притоа во живо тоа за мене не го знаат , така да ..... А притоа најголемите хомофобили на крај стануваат геј , па да не испадне дека само завидувате Стварно сте прости не знам како поинаку да ви кажам ... П.С. Патем си имам моментално партнер а партнерка сега немам (ако до толку ве интересира животот на една бисексуалка) а вие ниту едно не можете да фатите ФМП
Ова го имам кажано, и зато не означвам, книгата ставена неколку страни назад, имам учено од неа, еден од авторите ми е професор. Па поогорчено нема зборано за страните за хомосексуалност и колку се срами дека постојат. И да, тргнати се во новите изданија. Не ми личеше како да е под притисок туку дури и објаснуваше зошто ни првично не се согласувала со тоа ама морало да пиши таму ради одредени причини. Шо сакам да напишам дека луѓето, тие сме. Дали сакаме некој црн, бел, од ист пол, друг пол, мислам дека е најмалку важно. Зошто тоа е тоа што го носиме во кревет, нашата интимност. Не можи нашата интимност да смета на некој освен ако не ја наметнуваме присилно врз некоја индивидуа, тоа би било силување. Безразлика која сексуалност е силувачот - силување е силување. Мислам сте пишеле да се отвора тема за силување кај хомосексуалци зошто имало тема силување кај хетеросексуалци. Мислам ... Се читате? Темата стои како "силување" и е доволно болна и општа како таква. Ама еден болен силувач не озналува цела категорија на сексуалност зошто тогаш ние херетосексуалците би биле најболни и најбројни силувачи ... За жал. Ми се гади од самата споредба али ај. Заклучокот од се ова е, неќите некој, никому ништо, ни први ни последни. Ама има некои теми кои знаеме дека може да остават човек скршен. И ако некој работи активно кон тоа да крши човек со деградирање само ради сексуална ориентација, па и ради нешто друго, тој човек е оној кој би го окарактеризирала како "not worth it" и не би го сакала во близина зошто свесно убива психа на некој. Сигурно мислите дека на тој некој да можи да одспие и да му помини "пустата" хомосексуалност, би му поминала. Е сега останува да прашам, ако некој се нафати да одговори директни прашање, и зато не означвам оти знам кој нема да одговори директно прашање: - Кои се вашите очекувања од хомосексуалците? Очекувате да преспијат и да му помини? Очекувате да се помолат и да се "излечат"? Очекувате да му покажите голо тело од спротивен пол и да се покајат? Најискрено ме интересира. Зошто, ако некој го сметаш за ненормален и го плукаш како нездрав при секоја ситуација, мора да знајш шо не е во ред со него и горе долу очекувања и како мислиш дека би се решила ситуацијата.
Немам очекувања, освен ако е очекување да не се срамат самите себе и да си ствараат негативни мислења за себе со неморално однесување (мислам да шетаат голи по нивните паради и да прават некои , за мене, одвратни работи) во јавност. Мене тоа ми смета и истото го очекувам и од хетеросексуалците. Ама џабе очекувам, така да исто ми се фаќа бидејќи сите си прават што сакаат. Не ги гледам, не одам на тие настани па... Нема да им помине такви се според зборовите на многумина, а и јас мислам дека се раѓаат одредени случаи такви(пореметување). Според моите мислења, верувања и сл. хомосексуалецот никогаш нема да се помоли за “излекување“ бидејќи не мисли дека прави било што погрешно. Веќе ако го направи тоа, според моите сфаќања и верувања, нема веќе да биде хомосексуалец. Истото го мислам и за останатите, според Светото писмо, гревови. Од кај знаеш дека ќе се покајат? На некои кои не пробале со спротивен пол може ќе се просветлат дека ги привлекува спротивниот пол.
Упорно лупеташ..само првиот пасус ти го прочитав и јасно ми беше. Сфати, на форумов а и во 21век СЕКАДЕ се прифаќаат веќе истополови врски или бракови.Никој не му е гајле за твоето мислење.Почни да се адаптираш и да гледаш малце од страна не како коњине само право.. GET IT OR GET OVER IT
Од кај знаеш дека ќе се покајат? На некои кои не пробале со спротивен пол може ќе се просветлат дека ги привлекува спротивниот пол. [/QUOTE] А некои па се просветлуваат токму кога пробаат со ист пол! Јбг,тоа ти ,лајф
Зошто упорно некои се чувствуват дискриминирани и бараат права кога ова веќе го има т.е е прифатено? Зошто си прават паради? Мене тоа не ми е јасно. Ако не им е убаво во земјите/државите кои се “заостанати“ нека си одат каде имаат мнозина такви како нив. Секој нормален би се изборил барем за тоа. Не можеш секаде да бидеш прифатен и тоа не важи само кога е во прашање сексуалноста туку и некои други работи како нпр.културата.
Ако ми е убаво со спротивен не гледам потреба да пробувам со ист. Т.е мене не ми е тоа ни нормално и на крај памет нема да ми падне никогаш. Едит: Навистина ли мислиш дека сексуалноста се пробува, со ист па со спротивен пол, за да откријам што сум? Нели ни е вродено кој пол ќе не привлекува? Тие што пробуваат не се родени хомосексуалци. Е тие мене не ми се нормални. А овие другите што се декларирале како такви дека осеќаат уште од мали деца - Е тоа е веќе друго. А ти не можеш на 30 години да се декларираш како хомосексуалец ако претходно си испробал се.
Добро.. поентата ми беше поприфатени се него порано.Во Америка и низ Европа слободно си се шетаат без да впери некој прст во нив..Ама на нив менталитетот и развојот на општеството им се каде-каде понапредни од нас. За последните 2 реченици си во право.Ама зашто да бегаат?Тоа не е решение воопшто, треба на закрцаните да им покажат дека тоа не е ништо лошо, напротив тоа е ЉУБОВ.Не мора да ги тераат да ги сакаат и поддржуваат, само треба некој да ги сфати. Не знам..мрско ми е да пишувам веќе кога некој упорно си тера по свое.
Ауууу, како му го лупи тоа. Остај што вика, туку од кога го одбиеш иде и навредувањето и омаловажувањето и обиди за психички булинг. Ама барем не е педер
Сигурно си гледала видеа за луѓе кои го промениле својот пол(машко во женско тело, женско во машко тело) Зошто таквите го менуваат својот изглед, пијат хормони за да бидат тоа што навистина се? Зошто таквите не се оптеретуваат за дискриминација? Бидејќи им е навистина вродено сигурно- знаат уште од мали... Тоа мене ми е нормална појава. А хомосексуалноста не ми е, ете мислам дека не се баш такви од раѓање ... а овие првите се.
А каква надворешна промена би требале хомосексуалците да направат кога тие не чувствуваат никаква потреба да променат нешто надворешно на себе?
Не знам дали не чувствуваат потреба. Очигледно дека не чувствуваат ама може некои сакаат, а немаат пари.
Не се ни првите.Ако збориме за трансџендерите, тие можат и по неколку години да сфатат дека повеќе се чувствуваат како спротивниот пол.Имам читано статии за мали момчиња кои ги облакале фустаните на своите сестрички.Алекс кај нас е пример за трансџендер типот/типката јавно си се искажа на ТВ кај Кочишки и мене тоа ми е за почит.Ни вторите не се такви родени да.Знаеш дека и на 30 год или 40 можеш да откриеш дека си Би или лезбејка?Имав пишано пред неколку страници.Сите во себе сме потенцијални би или хомосексуалци само кај некои е по изразено кај некои не.Ова одамна го имам прочитано ако ја најдам статијата ќе постнам
Значи ли ова (болд) дека сите сме хомосексуалци и би? Оди кажи му на некој хомосексуалец дека има потенцијал да биде хетеро... ќе мисли дека е дискриминиран. Не ми кажувај дека можам да си ја сменам сексуалната ориентација со текот на времето. Не е така. Многумина сами тоа го кажуваат овде кога ги бранат хомосексуалците.
Да.Стварно го мислам тоа. Другарка тек на 17 год. сфати дека ја привлекуваат и девојчиња.Друга познаничка тоа го ,,откри” во прва средно.И ништо чудно, во овие години се градиме како индивидуи. Плус жените с(м)е по склони на бисексуалност од машките. За себе со сигурност тврдам дека не ме привлекуваат девојчиња.Немам таква пасија како према машко.Сите блиски другарки си ги сакам како души мои, дури и онаа со која се имам мувано/лапано како ви е драго.Ама тоа мене не ме спречува да бидам поддршка на оние кои се различни од мене.Карактерно сакам да се мешам со различни луѓе.Светот би бил досаден да сме сите хетеро, иста раса, иста нација или со исти размислувања. @EvAngelos И САМИ ПО СЕБЕ ПРЕДСТАВУВААТ БОЛЕСТИ.Читај таму последно што пишува??Не читам некако Зоофилија ли пишува како не пишува хомосексуалност цц..па тоа е болест на 21ви век.
@EvAngelos Кога веќе се водиш по општествено прифатено и вадиш книги - цитати, како хомосексуалнoста е болест ( ете дознавме и дека присилен бил авторот да напише така ), да ти покажам и јас извадоци од книги во кои пишува дека сектите се зло во секое општество - па ете ти членуваш во една.
Ех да беше вака... немаше да има чувство на дискриминација. Уште не ми е јасно зошто така се чувствуваат покрај сите напори за еднаквост. Како и да е... не сметам дека е тоа нормално поради моите верски убедувања. Сите си имаат некакви убедувања и не гледам место за неприфаќање на туѓите мислења кои не се совпаѓаат со вашите. Постојано напаѓате - се однесува на одредени членови овде.
Види и јас сум верник и си ја сакам верата.Ама моите размислувања се подалеку од тоа што рекла верата, во таков свет живееме.Треба адаптација. На крај краева Бог рекол ,,Љуби го ближниот како самиот себе”. Никаде не е дефинирано кој може да е ближен сфаќаш?
Христијанството не е секта. Не мешај вера во оваа тема кога ни сама не ја практикуваш. Уживај си. Уживате да напаѓате, а се браните самите. Ако еден ден некој од оние кои ги браните има различно мислење ќе го нападнете и него очигледно.