Следно прашање: Дали побаравте согласност од кучето пред да го вдомите? Може на улица сака да си живее.
Религии има многу. Во една верска заедница може да различни активности . И тие не се лоши. Не знам што е проблемот?
Јас чекам да ми одговориш на моето прашање ? Што би мислел Господ за манијачењето ? И што би пишело во библијата за манијачењето кај што ке стогнеш ?
Активизам. Ај отвори речник и прочитај што пишува под активизам и кажи ми како е ЛГБТ движењето активизам, а религијата не е. Мене некако обратно ми изгледа.
Ти овде каков активизам вршиш? Остај ги луѓето нека си прават што сакаат. Забрането им е нешто на хомосексуалците?
Забрането им е нешто на адвентистите? Брак да не им е забранет случајно? Да не се крстат луѓето кога видат двајца адвентисти како се држат за рака на улица? Да не те претепал некој до сега затоа што си адвентист? Оф, чекај, тоа сѐ за хомосексуалците беше...
Некои работи... 'ситни' за повеќето... Да зависи до некои кои ги читам на форумов, а и во живо ги среќавам, не само што радо би им забраниле се', би ги убиле.. најдобро е да ги нема..
Јас не мислам дека им е забрането нешто по се што пишувате вие. Изгледа сум во заблуда. На запад нели никој не вперува прст во нив? Јас не сум вперила ама сум прокоментирала. Тоа исто ли е како вперување на прст ? Не им мислам ништо лошо јас, а не па до претепување да стигнам и до убивање.
За тебе коментираат кога те видат на улица? Забрането ти е нешто? Брак забранет ти е? Те избркале од работа затоа што си адвентист? Покажуваат со прст на улица кон тебе затоа што си адвентист? Мислам дека да си ги држиш мислењата за себе сега не би ни коментирале тука, нели? Очигледно не си ги држиш.
За некого е лошо. Која си ти да одлучуваш што е добро а што лошо ? Убаво те прашаа. Кога на врата ти тропнале лгбт активисти и да те смараат со нивна 'програма ' ?! А на колку врати си отишла ти да проповедаш бљувотини, без разлика дали семејството се атеисти или припаѓаат на било која друга религија, или пак едноставно незаинтересирани се за перење мозок ?! Со кое право ?!
Кога последен пат имаше парада во Македонија? Дали парадите се со цел да станеш и ти лезбејка? Кога последен пат некој ти рече дека единствениот начин да бидеш среќна во животот е да станеш лезбејка?
Јас друго нешто прашав зошто не одговараш? Во врска со твоиве прашања: Имам кажано дека секој си го бира својот пат и си одлучува сам што сака да биде и каде да припаѓа.
Што не одговорив? Може сум се изгубила помеѓу прашањата што ти не ги одговори. Парада не ми влегла во око уште, никогаш во живот не сум видела парада. Ниту сум добила коментар од хомосексуалец дека ќе горам во геј пекол затоа што не сум лезбејка. За разлика од тоа - секојдневно добивам напади од верниците на форумот дека ќе горам во пекол од една или друга причина. Кој пристап ти е понападен? Ги знаеш кои се хомосексуалците на форумот? А религиските активисти ги знаеш? (Пази, не реков религиозните, напротив, реков религиските активисти. Бидејќи е сосема едно да си религиозен, а сосема друго да си активист. Јас направив разлика) Вие не правите. За вас сите хомосексуалци се силувачи, педофили, зоофили, и што ли уште не. Заборавате колку повеќе такви има и меѓу хетеросексуалците, а и меѓу религиските редови? Не можеш да извадиш еден негативен случај и базирано на него да мразиш една цела група на луѓе кои не ти менуваат ништо во животот.
Слабо резонираш или не ти одговара ? Сега и геј парадите сакаш да ги вметнеме, пошто не идеше у таа насока муабетот. Кое било понападно прашуваш ?! Ало бре, опструираш нечиј дом, како анонимец се упикуваш у нечија куќа, со намера да продадеш филозофија. Се надевам нема секогаш да ја имате среќата да налетате на човек кој ќе ви ја отвори вратата и љубезно ќе ве одбие. Другачие треба со вас. Тропнете на врата на некој друг фанатик, па ќе видите како 'ненападно ' ќе поминете. А парада ниту сме имале, ниту ќе имаме во блиска иднина. И да има, тоа ќе биде однапред најавен, организиран евент, па кој сака може да присуствува кој не не. Нема да тропаат од врата на врата со покани во рака, без гајле. Понападно кое било...
Има да, секаде има. Ништо ново. Мислиш дека ги поддржувам? И не мразам никого јас. Нема да гориш во пеколот не се секирај. Нема да има вечно мачење но, ќе има вечен живот за тие кои се определиле да го следат Христа.
Да де, секако ќе бидам казнета оти не сум исполнила некој твој стандард. А на пример да оставиш Бог да им суди на сите и тој да одлучи кој што заслужил? Зошто се ставате над тој во кого верувате и ВИЕ им судите на луѓето?
Ќе влезат ако ги примиш. Сигурно нема преку тебе да се напикаат дома кај тебе. Јас имам љубезно одбивано Јеховини. Ништо страшно.