1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    До "господата" сигурни во себе за хомо "ненормалноста"!
    1. Ако сме ненормални и луди,ај самоанализа,чисто за себе да си наброите во колку раб.сте вие ненормални и луди!
    2. Што е поголем а што помал грев и што е почесно,моево,да љубам и да давам и земам само и само љубов,или да ставам на себе мантија,книгите во рака,да пејам Халелуја,и да факам мали дечиња!? Вероватно ако сум ова второво ќе ме славите,без да знаете какво зло всушност сум зад сцена! Не фала,јас сум ова што сум,и кога сум пред Бога,такво не ме заболе што истата јас сум пред вас луѓето!
    3. Големите побожници не се ни осудуваат да осудат,нити омаловажат,нити проколнат некој "различен" од нив или ист на нив со лоши манири,токму од причина да не си запишат грев на себе,така да господа дотични "побожни" колку ли сте вие побожни всушност!?
    4. За тие неинформираните што се им се случува на хомо луѓето,и колку се деградирани,нема да одам подалеку,еве го мојот пример,мојот работодавач слушнал за мојата ориентација,7,8 год.под тортура и стрес секојдневен,од такви како вас ,човекот исплашен се прашувал што ли особа вработил,е арно,ама од година во година тој негов страв се повеќе се топеше,и се повеќе и повеќе престанал да има слух од такви дотични како вас поединци тука,за на крај да им рече ,не ја давам нејзе ни за 100 мажи! Конечно се просветли човекот колку сум "ненормална"!
    5. Не стојам по секоја цена и слепо зад ЛГБТ активностите,за мене човекот е човек по своите постапки,јас би била таа ,а и сум била која се има свртено контра активисти без никаков морал во себе,исто толку дрско и бесно како и кон хетеро популација без грам човечност! Ако секој од нас научи да разграничува зло од добро,токму тогаш ќе знае да ги разграничи луѓето на нормални или ненормални,а не етикетирани поради ХХХ причини,боја,вера,ориентација и што уште не,на тој начин светот би бил подобро место за живеење за сите! За жал фали многу под ова поднебје љубов и хуманост!
     
    На TashSefton, Someonespecial, worrieddd и 3 други им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Судам? Не се ставам јас над Бог. Свесна сум дека сум грешна - како можам јас тебе да ти судам? Јас само те информирам да си знаеш. Не можам со сила да те натерам да припаѓаш некаде и да одбираш по кој пат ќе одиш и што ќе правиш во животот. Не можам ни да те сменам. Тоа Бог го може. Ај остави ја мојата религија и вера. Ако те интересира нешто пиши ми ќе си праиме муабет. Тука замина од темата муабетот.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па освен заради религијата, имаш ли друга причина што не ги поддржуваш хомосексуалците? Ако имаш друга за неа да се фатам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Еден Господ знае колку и ти се прошетале по дома,и со колку имаш кафе пиено,ако дознаеш можеби некад,ќе се присетиш себеси кој од нив колку зло ти нанел. Запознај им душата,после дигни глас,не се сите исти,не зборам за хомо или хетеро,нема тука едниве се полоши другите не се зашто не се хомо,знаеш на што мислам ;)
     
    На Feminka22, Someonespecial, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ми кажеш дека само верниците не оправдуваат хомосексуалност , а сите други кои не се поврзани со религија и вера оправдуваат? Јас не верувам во тоа.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не реков тоа, реков дека ти не ја оправдуваш хомосексуалноста од религиски причини. Некој друг не ја оправдува од други.
    Нормално, не е во ред да кажеш само "не оправдувам" без да дадеш логично објаснување зошто, нели?
    Ако не ја оправдуваш заради религијата, јас ти кажав како религискиот активизам ги прави работите кои ти викаш дека хомосексуалците ги прават.
    Ако не ги поддржуваш од друга причина - кажи ја другата причина па да подискутираме и на таа тема.
     
  7. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Најлесно ти е тебе да бидеш неутрална. Терај си така. Мене не ми смета. Зошто да дискутираме кога твоето мислење нема да се смени, а ни моето? :)
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кој ја почна дискусијата?
    Кој ја почнува секој пат, и кој ја турка?
    Да не дојдовме оние кои немаме проблем со ЛГБТ да пишеме "уште не ги прифативте? Одма да смените мислење!".
    Вие сте тие кои доаѓате да кажете колку ви сметаат ЛГБТИ луѓето, за кога некој ви побара објаснување за причината да кажете "немам што да дискутирам".
    Во иднина ако немате што да дискутирате, држете си го јазикот зад заби.
    Патем, зошто е тешко да си неутрален? Зошто е тешко да си го гледаш животот и да ги оставиш другите да си го живеат својот?
     
    Последна измена: 25 декември 2018
    На Someonespecial, Feminka22 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Доста е голем процентот кој е поврзан со верниците контра хомосексуалноста,но се согласувам дека има луѓе кои ни в од верник во нив немаат,па едноставно не можат да ги сварат тие раб,и се е тоа ок,во ред,нормално,не ме вреќа,не ми смета,секој од нас има нешта,или одредени луѓе и карактери кои не ги трпиме,ми се допадна тоа што погоре те прочитав дека учтиво знаеш да изигнорираш јеховини и сл,токму тоа и е правилен начин,секоја чест за тоа,но еве и ти сега си само еден пример плус меѓу многуте хетеросексуалци,кои тоа го прават учтиво се додека не се премине граница нормално,за разлика од повеќето кои би се фатиле за сатар дури и ако геј е на спротивна страна од улицата :) Тоа е суштината и контекстот на постов,толкава е прифатеноста,таква е реалната слика кај нас,токму тоа многу од нас се обидуваме да кажеме и укажеме,ајде некоја поголема светска сила од нас нека ни дојде да не линчува затоа што се викаме Македонија,а кому ли сме наштетиле? Тоа е тоа за жал.
     
    На worrieddd и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    И тебе ти сметаат моите мислења. Можеби мојот живот е составен од коментари за другите. Зошто тебе ти смета тоа? Остај ме да си пишувам. Мислам ... глупости веќе на темава.
     
    На EvAngelos и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Прво:
    Секој новокомпониран хомофоб: Не кажувам дека ми сметаат хомосексуалци, туку за мене тоа нивното не е нормално и треба да се сменат.

    Ако не гледате ништо проблематично во оваа реченица, честитам, хомофоб сте. Заменете го хомосексуалци со црнци, и пак ако не гледате ништо проблематично, расист сте. А ако гледате нешто проблематично, тогаш сфативте колку игнорантно звучите.

    И ова не е различно мислење па да се браните на слободно демократско искажување. Кога тоа што го тврдите напаѓа нечие чисто постоење, веќе не е мислење, туку токму преминување на границата на демократско постоење на повеќе нешта.
    Толерирање на нетолеранцијата е спротивно од духот на толерирањето.

    Второ:
    Друга работа што ја кажуваат хомофобите: Јас немам ништо против нив, што сакаат нека прават во кревет, ама да не пропагираат и да се наметнуваат и да одат голи по улица на паради, тоа не е во ред.

    Океј вака, прво, никој не е должен да се крие на улица за тебе да не ти се згади (сетете се на примерот со црнците), второ не само што не сте виделе голи хомосексуалци на улица, туку не ни знаете од кај сте го слушнале тоа. Ова мислам останало од 2009 да се пренесува од колено на колено како геј парадите биле перверзни и трауматични. Врска нема, барање влакно во јајце.
    Трето, запрашајте се дали некој некогаш ви кажал да станете хомосексуалци на каков било начин.
    Четврто, тие што одат на паради се само еден мааал дел од сите хомосексуалци, ама немате појма колку многу повеќе ги има кои ете, не се ,,наметнуваат" па не ни знаете за нив. Веројатно има барем еден во вашето пошироко семејство, 2-3 во комшии и кругот на пријатели, неколку во еден просечен средношколски клас... Од кај сте сигурни дека вашиот шеф навечер не гледа геј порно, или пак келнерот, или продавачката... Замислете, нормални луѓе.
    Петто, со оглед на опресијата со која се соочувале и се соочуваат, геј луѓето го имаат секое право да најдат начин да бидат интегрирани и да бараат поголема нивна репрезентација во медиумите и јавноста. И ова не му претставува тригер на никој хетеросексуалец кој е доволно сигурен во својата сексуалност.

    Океј, трето и најважно:
    Читајќи како хомофобиве на темава глумат жртви и се жалат како биле напаѓани поради нивното о-толку-различно мислење, ми се бљуцка.
    Вие сте нашле да зборите за чување омраза во срцата еј. Целата ситуација ме потсети на она видеото каде група католици плачат на камера кажувајќи колку опресирано се осеќаат што не поддржуваат истополови бракови. Оф иронијо иронијо.
     
    На sweet-cherry, Amellie13, TashSefton и 13 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    И да, ниеден хомосексуалец што го познавам не би се дружел со хомофобик. Значи ниеден, без исклучок, освен ако самиот не сака да прикрие дека е геј, па бира такви луѓе.

    Не сум запознала некој што отворено кажува дека е геј да е близок со човек кој тврди дека геј луѓе се ненормални.
    Исто како што не сум запознала некој националист стварно да има другар Албанец, затоа што никој со здрав разум не би поминувал време со некој што го вреѓа.

    Така што, поштедете не од приказни за вистински пријателства.
    Нека не е само субјективно или мој пример, вие би сакале да седите со некој што ќе ве вика ненормални/ против природата?
     
    На sweet-cherry, KateKane, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Јас уште чекам да ми одговори дали воопшто силувањето од стрејт маж на стрејт жена (или обратно) е гадно и ненормално за него, и ако да - која е неговата причина што би се усогласила со претходните мислења во кои цело време ја негира свесноста и согласноста како критериум за (не)нормален секс.
    Или и ова е омраза и ад-хоминем, а @EvAngelos?
     
    На crimson и EvAngelos им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    • И нас многу ни е галје за нивното размислување или некој нив ке ги праша што е исправно а што не е !
    Тотално се небитни
     
    На lovestoneddd, Feminka22 и Astra30 им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Како тоа „престана да ми биде“ кога јас во ниту еден момент, откако сум регистриран на форумов (2012 година), немам изнесено таков аргумент: дека „согласноста“ е критериум за тоа дали некоја врска/секс е нормална или не?
    Зошто воопшто се вклучувате во дискусија кога не сте во тек со неа? Значи активистите на ЛГБТИ излегоа со тој критериум дека хомосексуалноста е нормална затоа што и двајцата партнери давале согласност, а зоофилијата не е нормална бидејќи животното не давало согласност. По 101ви пат запомнете дека тоа е критериум за нормалност на ЛГБТИ лобито.
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Се разбира дека ова не е омраза, ниту ад-хоминем. Ти изнесуваш одлична поента и си он-топик на темата и не зборуваш против или за личност личности, туку за темата.
    Силувањето според мене е неморално. И мило ми е што барем тука се согласуваме на темава :) Според мојот христијански вредноснен систем, согласноста е потребен, но не доволен услов. Како што кажав и во еден претходен пост, и мојата мажена комшика може да се согласи да имаме секс, а и нејзиниот маж исто така, но тоа не значи дека тој секс со мажената жена или секс во согласната тројка би бил нормален и морален. Дури и магарето да добие свест и да прозбори и да се согласи да се ожени со некоја жена што е заљубена во него, повторно тоа би бил ненормален и неморален брак, врска, однос.

    Значи кога збориме за дали е нешто нормално/морално или не, прво мора да се истакне според кој морален вредносен систем се разгледува таа нормалност/моралност. Ако е нешто нормално за христијанскиот вр. систем, не значи дека тоа е морално и според атеистичкиот или вредносниот систем на ЛГБТИ. И за да оценуваш дали е нешто морално, ти треба некаков морален критериум, некаква морална рамка според која ќе оценуваш што е нормално, морално, ок, а што не.
     
  17. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    За кој морал бре ми збориш више,ми ја отече,оди тамо читај колку морал имаат во Ватикан,после збори што е право што не е нормално,значи еднаш кажав еве пак ке се повторам,кој знае повеќе што е а што не е нормално,кога од ден во ден се нешто се дешифрира од светите книги,и потоа почнуваат со преубедувања,за кои пример до вчера било сосема поинако и зад истото стоеле и тврделе да ,така е,во име на Господ,утре во негово име сосема трето ќе бранат,затоа велам еден Господ знае што и како треба да биде,а ти дали сме нормални или не ,дали е право или искривено си тотално задња рупа на свирало!
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    165.344
    Пол:
    Женски
    Ако ова го очекуваш и од хетеросексуалците, тогаш можиш да речиш дека го очекуваш од секој човек, а не да нагласуваш по категории засебно. Друго, ако очекувам јас некој да се срами од себе и да мисли негативно за себе, тогаш сум срање човечко битие.
    :)

    Не збораме дали тој мисли дека прај нешто грешно или не, не прај НИШТО грешно, ама велиме сака и се кае. Дали тоа го очекувате? Зошто верувај многу сакаат да не се геј, само за да некои говеда не му јадат лајна под нос секој ден, да ги дискиминират, избегнуват и исмеват во јавност. Али шо знам јас?

    Најчесто пред некој да биди целосно геј, тој пробува да биди со спротивен пол, најчесто зошто истополови врски се социјално недозволени и исмевани па пробва да се лажи себеси само за да влези во калап. Така да, повеќето се обиделе барем малку да иницираат некакво еротско чувство кон пол од спротивен пол, ама кога не оди - не оди.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Зошто му реплицирате на човеков? Зошто?
    Ќе ве тепам вас! :devil:
     
  20. star83

    star83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    240
    Gledas poveke se, nema koj da go brani.