Не му беше во тој контекст мислењето И да повеќе сме, и во право сме.Демократија мац, владеење на мнозинството
Незнам, ама реално тешко им е на оние кои отворено кажуваат дека имаат поинакви сексуални склоности, поточно што се јавно бисексуалци или хомосексуалци... Генерално јас не им се љутам на хомофобите, пошто тоа си е нивно мислење. Исто така мислам дека во официјалната ЛГБТ заедница се atttention whores и цела борба ја прават повеќе за пари одколку што имаат искрени намери да помогнат некому.
Значи тебе како бисексуалец ти е океј да те дискредитираат преку јавни пцовки, навреди и исмевања? Како и физички да се пресметуваат со тебе рендом батки само затоа што си полу педер? Зошто тоа е она што го прават хомофобите. Често, тоа не се луѓе кои ќе ги видиш како пасивно седат во ќош со I don't care attitude, туку се баш вакви, агресивни и насилни.
Не, туку не ми прави разлика дали тоа го прават ради тоа што сум бисексуалец, црнец, белец, муслиман, христијанин.... и така натаму... Секоја една маргинална група во било кое општество има проблеми да биде прифатена, па така на пример хетеросексуалците имаат проблем да бидат прифатени во паштунското општество... Иначе генерално кажав на почетокот на постот, тешко е да бидеш јавно деклрариран хомосексуалец или бисексуалец.... Но зошто ти е потребата јавно да го искажувам тоа, кога добро ми иде и вака
Аха. Значи ти како дел од маргинализираната група не би имал проблем да бидеш разоткриен и јавно исмеван? Мислиш дека другарите кои те дружат денес или твојата сопруга би била океј коа би дознале дека си бај? Мислиш дека не би подлегнал на морален линч? Лесно ти е тебе да зборуваш така автохомофобично напикан у плакар. Искочи, па дојди напиши ни го искуството за заедно ќе си се смешкаме. Да да, таквите општества се мнозина. Голем проблем е, баш.
Па еве ти даваш тука класичен школски пример на осуда и на исмевање или поточно морален линч од обратниот аспект.... Зошто, затоа што ми било страв и неконфорно да излезам од плакарот....
Не, туку затоа што пласираш нереална слика за тоа какви се хомофобите. Тие шеги за педери кои твоите хомофобични другари ти ги раскажуваат уз пиво, се приказна за мали деца во споредба со тоа колку од нив би биле "океј" со тоа ти да си геј. Кога би знаеле што правиш, не би било повеќе смешно, ама во ред, твој избор.
Само се трудам вистински да ве прифатат во општеството, другар. Исто како што се трудам за повеќето ранливи категории. Ама тоа нема да се случи сѐ додека вие самите не се прифатите себе.
Се прифатил човекот сам себе и се е во ред со него. Единоставно е свесен, нормален, има попаметни работи и интимноста сака да си ја задржи за себе а не да ја рекламира по улици. Никој никого нема да навредува ниту ќе постојат вакви ранливи категории од овој тип ако не вршиме промоција и глорифицирање на одредена ''сексуална ориентација''
Дечко.... незнам кој дел не го разбираш, немам потреба да излезам јавно и да кажувам дека сум би... Тоа е мој личен живот и нема што некој да ме прифати или не.... Нема што јас јавно да кажувам за мојот сексуален афинитет... Тоа според мене е глупост без преседан. Јас сум прифатен во општествотото како човек и тоа е доволно за мене. Таквите како Коче и Шиндре ги доживувам како Јеховини сведоци, кои досаѓаат да завземам страна. Едноставно не сум заинтересиран да ме прифати општеството со тоа што ќе изигравам кловн и главен хејтер, ниту пак сум заинтересиран да се борам со ветерници.... Не дека ми е страв, туку дека не ме интересира таа борба, јас си го терам својот живот како што мене ми одговара, а не на Коче и на Шиндре и на тебе и ич ми е стало некој да ме прифати, а најмалце вие ... Тоа кај го пикам или кој ми го пика е моја интимна работа....
Да бидеш она што вистински си, емоционално и физички е одлика на себеприфаќање, зрелост и реализација. Криење и молк се одлика на страв и механизам на поттиснување. Оди ова истово што го пиша кажи го на некој инвалид. Дека не треба да зборува како му недостасуваат раце на пример. Зошто идентично е.
Никој не го побара тоа од тебе. Нема потреба да ја извртуваш дискусијата во сопствена корист. Конкретно зборувавме за твојот став кон хомофобите и како го оправдуваш нивното дејствување во општеството. Не зборувавме за тоа дали треба или не треба да излезеш од ормарот.
Па погоре добив осуда дека не излагам од плакарот.... дека се плашам.... И кај ги оправдав хомофобите? Само реков дека не ми сметаат...
Сосема различен пример. Се рабори за интимен живот, за нешто кое не се прави во јавност. Не е моја ниту твоја работа кој со кој и што прави во спална. Некој може да се чувствува и како надприродно битие, па што треба да го прифатиме и да му се поклонуваме? Везе нема и тотално погрешно нешто. Искажувај ги своите способности со кои би придонел нешто во општеството а не да глорифицираш и промовираш глупости. И зборот хомофоб е тотално погрешен. Мислам дека не постои човек кој има фобија од хомосексуалци па затоа мислам дека и не би требало да се употребува.
Ти имаш проблем со сексуалноста. Не со сексуалната ориентација, туку со погледот кон сексот генерално. Според она што го имам прочитано, за тебе е истата крајно бескорисна и еквивалентна на блуд и разврат. Сега имаш нова агенда, со тоа што зад зборчето "интимност" гo прекриваш зборот секс како според тебе - гнасен чин. Битие како категоријален поим не постои од филозофски аспект, бар не со априори и во физичка смисла, така да немој да го користиш повеќе. А за другово, не се работи за поклонување и глорификација туку за прифаќање и сметање на истото како сосем конвенционален егзистенцијален процес. Исто како што седиш со другарите и зборуваш за вештачка интелигенција, remote viewing, трансхуманизам или за контрукција на mf метар, така треба да ви се и муабетите за секс. Пошто сексот не е интимен, човекот етапно издигнувајќи се во општеството поради религиска репресија и некои други фактори почнал да се срами од себе си и својата природа. Екватантни примери имаш и денес за тоа. Ти си на пример еден од нив. Лути се, но тоа е вистината. Се срамиш од сексот и го презираш.
Не јас немам никаков проблем со погледот околу сексот. Тоа е нормална работа за мене а поради религиски причини јас лично ќе го практикувам во брак и со жена секако. Што другите прават, кој со кого се секса не е моја работа се додека тоа не е на јавно место. За секс се разговара со својот партнер и со доктор во одредени случаи. Не гледам причина да разговарам со некој друг во врска со тоа бидејќи тоа е интимна работа. Верувај дека никој никого нема да навредува или исмева ако не се врши рекламирање и глорифицирање на одредена ''сексуална ориентација''. И сам/а знаеш како изгледа една парада на ЛГБТ, јасно се гледа дека се бара доминација и се глорифицира одредена група. Да не заборавам дека и педофилите и зоофилите се приклучуваат кон таа група така да за десетина години не ме чуди и за тоа некој да вели дека е во ред и дека треба и тие луѓе јавно и гордо да кажуваат дека се такви какви што се.