Смешно е секој пат кога во дискусија ќе спомнете зоофилија и педофилија, баш ради тој ваш недостаток на аргумент. Физички, биолошки и конструктивно тие два чина се различни од хомосексуалноста, ама вие од некоја причина не го земате тоа во обзир. Глорификација на ЛГБТ има само во вашите глави, Витали. Никаде нема фанфари, помпезни настапи и drama queer диви во Скопје. Тие настани се одвиваат далеку од нас, во многу поцивилизирани заедници во кои на поголемиот процент од нас хетеро заедницата не ни е гајле зошто се дешаваат и со која цел.. Башка јас не оправдувам геј паради ако со себе носат таква агенда, иако сум пасивен активист. Но, тоа секако нема да ме спречи да излезам на парада ако некој го побара тоа од мене, или ако почувствувам во одреден сегмент од животот дека треба. Остануваш игнорантен и глув на сите дефиниции и трудови од наша страна да ти се предочи нешто толку очигледно. Жалосно.
. Како не е исто? Како што одреден човек чувствува привлечност кон ист пол друг чувствува кон животни и деца. Тој не бира нели?
Когнитивните својства, за носење одлуки, правење избори и решенија се сместени во свесниот дел, и се составен дел од нашиот секојдневен мисловен процес. Човек кој има потреба полово да општи со животно, дете или личност која поседува некаков вид ретардација веројатно страда од одредена патолошка состојба, бидејќи нема капацитет да согледа дека вториот субјект не е во состојба да донесе одлука на свесно/рационално ниво. Затоа за таквите медицината смислила установи.
Нема врска. Има животни на кои кога ќе им дојде нагонот се празнат и на некој предмет или ако му подадеш нога например ако се женки пак намерно се местат. Ова го знам бидејќи сум чувал и куче и мачка. Како и да е, тие не бираат што да ги привлекува нели? Тоа е растројство, исто како и хомосексуалноста бидејќи со тоа неможе да се овозможи репродукција. Само што едниве се прифатени а другиве ќе бидат за една деценија сигурен сум. Да сме живи и здрави, ќе се сетиш на муабетов. И пак ќе кажам да не бидам погрешно сфатен. Јас немам ништо против нив се додека тоа го прават во 4 ѕида, не ме интересира кој со кој се секса или кој како се чувствува се додека не пробува да го наметне и рекламира тоа.
Дали пробуваш да направиш паралела меѓу човековата и животинската свест? Животните немаат капацитет за расудување, и постапуваат често нагонски. Но, затоа човекот има, и како таков е должен кога животното ќе манифестира сличен тип однесување да се тргне од него и да не дозволи да се продолжи актот. Педофилија, зоофилија, некрофилија и другите дејствија во кои нема заедничка интерактивна согласност и коресподенција нема никогаш да бидат легални и прифатени на глобално ниво. Потпишувам со две раце за ова. Колку и да еволуираме или регресираме до правен легитимитет или морална поддршка нема никогаш да дојде. Имаш против, и ти се гади. Не си океј ни да се случува меѓу четири ѕида зошто ти е одбивно. Не ти пречи тебе глорификација, туку самото постоење на хомосексуалноста го гледаш како проблем и грешка на природата.
Но општо. Кој што прави и со кого, т.е. откривање на интимен живот, зошто? Ти им кажуваш што се случува во твој интимен живот? Сексуалната орпределба е лична ствар, нема потреба од ,,фалење". Дечкото погоре баш убав пример даде, но мора сите што не се согласуваат со ваше мислење да ги убедувате дека не мислат правилно. Нема ти што да се грижиш за него, да излезел од плакарот, да го прифателе, нему ако му е убаво така како што е, нема потреба да го убедуваш во спротивното. Секој за себе си знае.
Ти не се фалиш дека немаш секс пред брак со сегашниот дечко? Исто ти е. И едното и другото е муабет за секс. На @Vitaly гледам му го избришале мислењето дека феминизмот е силување. Ти дечко немаш проблем ни со ничија сексуална ориентација, ни со кој што прави во сексот. Ти имаш проблем со твојата сексуалност. Ти си сексуален предатор. Да, среќа што си религиозен, па те контролира религијата, во спротивно, како што изедначување хомосексуалност со силување и со зоофилија - не сакам ни да помислам каде би бил сега. Знаеш што ќе се случи еден ден кога се ожениш? Мислиш дека ќе можеш тогаш нормално да имаш секс? Не... Верувај дека желбата за секс не се јавува "на повик", кога ти сметаш дека е добар момент за тоа. Со гадењето кое го изразуваш кон сексот сега, или никогаш нема да дочекаш нормална сексуална функција, или ќе си го земеш бракот како здраво за готово и ќе бараш жената да ги задоволи твоите потреби секогаш кога ќе посакаш затоа што ќе бидеш во брак и ќе ти следува тоа. Ни едното ни другото не звучат добро, во секој случај.
Да се на подеднаква гранка во општеството хомосексуалците и стрејт, не би ни постоела фразата да излезе од плакарот. Еве ти како стрејт, кога излезе од плакарот ? Не знам што подразбирате под откривање на интимен живот, али погрешно го перцепирате дефинитивно. Тебе ти се може да излезеш во јавност и за рака да се држиш со дечко ти, па и да се бакнете, а на хомо заедницата и не толку. Со таквото криење он само упатува на тоа дека се нема прифатено себе и им удоволува на хомофобите како горниот секташ. Ниеден напредок се нема постигнато со молк а притоа и се крие зад други особи, кои ќе ја завршат работата место него, за да он еден ден излезе слободно со дечко му фатен за рака и да не биде малтретиран притоа.
Најди ми цитат каде што имам нешто такво спомнато. Затоа што копате по животите на членовите, за сегашниот дечко нема никакви информации кои би ја задоволиле вашата љубопитност. Не сте живи ако во коментар не чепнете во приватен живот на членот на кој му реплицирате.
Ах, од кај да знам јас колку си го сменила, па да биде за сегашниот. За жал не ти водам статистика. А и целосно твоја работа е колку и што ќе откриваш. Ама како што ти имаш право колку што сакаш да збориш за сексот - има секој, без разлика дали има или нема секс и со кого има.
Има шанса да ти вчука некој една, само оти имаш дечко и го држиш за рака додека се шетате низ град? Нема, така? Хомосексуалците и држење за рака мораат да избегнуваат... Кога зборуваме за 'откривање интимност'. Ти да не мислиш дека ќе те застанат на улица и ќе ти расправаат детали од сексот што го имале синоќа?
Вие хетеро совршените никогаш во јавност се немате бакнато со дечко/девојка? Сигурно се имате. Ама секако тие околу вас реагирале нормално. И како така не ви било срам да искажувате сексуална определба во јавност м?
Темата е се' само не како се прифатени би и хомо. Дајте нека пишат тие шо се би и хомо како се чувствуваат ако има такви. Напнуваме сите и си гледаме од наши перспективи. Секогаш некој ко ќе почне против истите почнува истата приказна одново и одново. Аман постоиме и шо е тоа страшно и грешно сега ако ми смета мене и на некои други хомосексуализмот? Никогаш нема да постои нешто што на секого ќе му одговара.
Луѓе да можеш да гушниш партнер во јавност не значи дека ќе се соблечеш на сред плоштад и ќе имаш секс. Виделе слики од парада кај што има двајца голи и сега мислат сите од лгбт голи се шетаат и со дилда наоколу се расфрлаат. Јас сум видела голи кај што возат точак па еве не мислам дека секој што вози точак има потреба да се соблечи гол и да се дери за неговата љубов кон истото. @biscorpius еве да речиме тебе ептен ти е убаво некој да те малтретира. Дали си свесен колку милиони животи упропастила таа хомофобија? Да не зборуваме колку самоубиства дневно се случуваат заради истата. Ако тебе ти е комотно да си се криеш тоа е во ред ама те молам немој да ја третираш хомофобијата како нешто добро, ништо такво не излегло па ниту ќе излези од неа.
@lovestoneddd @WildMk @Tan4ence членот погоре пиша дека му е убаво така како што си го живее животот, дека е задоволен, дека не гледа потреба сите да знаат што тој сака и прави. И, треба да го влечете за ракав и да го убедувате да живее поинаку (т.е. да се вклучи во борбата за своите права, како демек му се скратуваат ако си ја чува својата определба за себе), ако тој е задоволен така како што си е? Научете некогаш да прифаќате туѓи избори. Човекот не рече дека е во депресија туку му е убаво, тогаш зошто толку грижа?
Мојот геј другар на секое излегување кога го носи дечко му ме прашува дали другите се океј со геј луѓе, за да знае како да се однесува. Тоа го правите вие некогаш со дечковците/ девојките?
Еден ако е задоволен, не сме сите! ЈАс не сум задоволна еве! Сакам да се лапам со девојка во паркот, и да не дојди некој идиот и да ми рече: Дечко, имаш за палење? И кога ќе сфати дека двете сме жени, да не падни во несвес 6 пати, ко да видел светско чудо!