1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Е шо значи сеа ова??
    Моето не се важи??

    :D
     
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Значи дека не си определелена конкретно ни на една страна, сите ги поддржуваш. Зависи на кој шо му треба. :D А и така живееш очигледно. :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Определена сум скроз..
    Ама имам разбирање за сите :inlove:

    :D
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Да ама ти не ја гледаш позадинската причина позади тоа криење. Не е така површно. Дечкото е бисексуален, па верувам дека со девојка му не се затвараат по соби и да вели дека е ок со тоа. Страв е во прашање Битер.
    Страв од неприфаќање, осудувачки погледи, дискриминација, исмејување, па и физички конфликти. Толку го има обземано, што сам себе се има убедено дека му е поубаво да се крие.
     
    На Nausicaa, Lella, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Тебе мора сите да те сакаат тогаш :inlove: Ама ти ги сакаш само тие шо те разбираат тебе. :wasntme:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Појдовна точка беше фактот што тој се обиде да ги оправда хомофобите. Како и тие биле луѓе кои имале свое мислење. Потоа, јас се обидов да му предочам како хомофобијата често не се изразува во пасивна форма, туку таквите луѓе се агресори и насилници. Во недостаток на аргументи почна да ми извлекува зборови од контекст, да зборува како сум го терала да ,,излезе од плакарот" а апсолутно нема врска, бидејќи во ниту еден наврат низ моите постови не повикав на аутување од негова страна. Поради свесност како поминуваат луѓето кои јавно зборуваат за својата определба, никогаш од никого не би барала такво нешто, особено не овој период. Но, пак ќе кажам - да зборуваш како хомофобијата е океј, а притоа да пишуваш како си ебел двеста партнери и плукаш по ЛГБТ активисти (иако и самиот си геј), е типична одлика на автохомофобија.

    Ти, се сеќаваш еден период кога ја бираше и другата страна од време на време? Тогаш цврсто стоеше зад ставот дека секој има право на избор и не подржуваше хомофоби..стварно сеуште не можам да сфатам зошто тоа се смени и ми е криво, ама нема да пробам да те сменам. Ни тебе ни него. Во ред е. Само подржување хомофобија ужасно ме нервира и ми е аларм за остри реплики.
     
    На Nausicaa, Rebecca_R, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.149
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor добро, мене некако агресивен и наметнувачки ми се виде начинот на кој му се пристапи на членот. Почитувам сечие мислење, само ми боде очи ако нешто ептен се наметнува. Затоа пишав дека нема потреба да се убедува членот ако нему му е добро. Ме зачуди и мене малку неговиот став, ама тој си знае. Во ред, сега веќе и твојот став е појасен.

    Мислам дека ти и неколку други, ги нарекувате хомофоби и тие што не се хомофоби.
    А јас на тоа што го пишав тогаш, сеуште си стојам. Двајца би/геј лица ако се нападнати од некој хомофоб поради тоа што на нему му сметало тоа, би застанала на нивната страна. Можеби не ми се допаѓа многу фактот што се би/геј, но никогаш не би нападнала некого поради тоа, на било кој начин. Човештината е во прифаќањето. И на улица да видам, а сум видела, никому ништо. Луѓе, како и сите. А секогаш пред да изреагирам некако, се ставам на местото на другата страна. Како што и тогаш пишав, не им и на нив лесно што нивната сексуална определба е таква да го сакаат истиот пол, полошо прават ако тоа го прикриваат и со сила сакаат да се сменат. Јасно ми е тоа. Но затоа што членот пиша дека му е ок, затоа застанав на неговата страна и го поддржав неговиот став. И толку, не навлегувам во тоа како и зошто ја оправдува хомофобијата. Тоа ете вие решете си го. :D
     
    На AnnabelLee и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    Не ми е воопшто шокантно автохомофобичното гледиште на членот поназад, ниту поддршката за истото од I don't need feminism тип на стрејт жени.
    Многу логична паралела.
    Кај секоја категорија дискриминирана на некој начин - постои и внатрешна дискриминација, неприфаќање на самите себеси и на реалноста... што е жално.

    Не спорам дека ЛГБТ луѓето имаат апсолутно право да излезат од плакар кога тие и само самите тие се подготвени за истото, ниту некој ги тера сите да учествуваат во активизам и паради. Исто така, сум и за почитување интимност во врска со сексуалниот живот, но дискусијата за тоа тука е забегување од темата. Овие луѓе се неприфатени поради својот идентитет и не можат во јавност да покажат ниту било каква општествено прифатлива блискост и нежност со партнерот од ист пол.

    Вие си знаете за лични потези, одлуки и одбранбени механизми, но толеранција и нормализирање на хомофобијата секако не е здрав начин.
     
    Последна измена: 4 јануари 2019
    На Rebecca_R, Nigredo Odor и RoseRain им се допаѓа ова.
  9. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Каде пишав дека е добра хомофобијата?

    Дајте не лепете етикети, не сте ништо подобри така од хомофобите...

    Јас сум прагматичен човек, не одам со глава низ ѕид... Шовинизмот не е добар, па го има... Исламизмот е е многу лош за човештвото па не видов никој од вас да отиде на јаја паша да се буни во петок во 12 часот.... чак што више таму ни полиција не иде.... Дури и западот ми се чини кренал раце од нив...
     
  10. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Страв.... Зошто би ми било страв? Кога би бил хомо сигурно не би се криел, но јас сум би... сакам повремени излети и тоа е се. Не се осеќам дека треба да се шетам со дечко во парк држејќи го за рака... Јас чисто сакам повремени сексуални односи, со некои луѓе со кои немам никакви емоции.. Чисто секс....

    Можеби би било добро да излезете малце низ град, поготово навечер и да видите дека нашето општество и не така е конзервативно како што овде се прикажува. И се повеќе луѓе излегуваат јавно и си ја кажуваат нивната сексуална ориентација....

    Реакционерството секогаш постоело и ќе постои, тоа е нормална реакција на едно општество на нови работи... Тие што ја создаваат фамата, активистите, се дебело платени и они заработуваат од таа фама... Па и да нема фама ја создаваат.

    Во мојот живот не постои страв од неприфаќање, поготово што голем дел од мојот живот сум го провел на запад и тоа баш во Холандија, а и сеуште често патувам таму, па и таму не сум ги истакнувал моите сексуални апетити во јавност...

    Убаво е тоа што сакате да излезете во пресрет и еве да ме охрабрите да излезам од плакарот.... Но вашето (а и на ЛГБТ заедницата) охрабрување мене ми личи на убедување, да бидам активист за борба во којашто не верувам... Оставете све природно да си дојде... Мене тоа не ми е потребно, јас си живеам убав живот и вака, без фрустрации....
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @biscorpius

    Реалноста е дека девојка би држел за рака во јавност, но дечко не би.
    Ти не сакаш повремени сексуални односи без емоции со двата пола подеднакво, туку ова 'без емоции' повеќе важи за мажите.
    Со жена се кладам дека не би ти било гад да се држите за рака, покажувате нежности, ама затоа со маж пу пу, скраја нека е. Уште ако е некој хардкор феминизиран, бетер.

    Не знам од кога тоа ние сме станале Лас Вегас за да двајца мажи кои јавно се бакнуваат бидат ноншалантно одминати без морална осуда и десет скршеници на врат од околните минувачи зошто виделе нешто крајно бизарно и ненормално?
    И зошто ако сите тие луѓе кои излегуваат јавно и си ја кажуваат сексуалната ориентација а ти си притоа океј со тоа, не го сториш истото? ;)
    Значи пак, не те терам да излагаш ни случајно, само ме интересира зошто, што си ти поразличен од тие педери кои излегле и декларирале? Немој само со ефтини причи од типот ,,мене тоа не ме интересира" зошто те интересира, во спротивно не би сакал да имаш 200 партнери, а по можност повеќе активци батки со дебели патлаци под претпоставка ако си пасив/уни. :P

    Никој не те тера да излезеш од ормарот по илјада двеста триесет и десетти пат. :D
    Само престани со лагите дека сексот без емоции е резервиран за ,,двата пола подеднакво" зошто не е. Жена би држел за рака во јавност, а маж не! Затоа велам дека си автохомофобичен. Ако не сфаќаш сеуште зошто, врати се и прочитај ја уште еднаш добро реченицата.

    ..И пак ќе кажам, никој не те тера да одиш по протести, урлаш и бараш права, само бараме да не се лажеш себе и другите околу себе дека си фер играч за двата тима, зошто не си.
    Девојка би мазел и пазел зошто е нели - девојче, а машко геј би одјебал уште по првата секс средба зошто е педер. Негирај дека е така, слободно.
     
    Последна измена: 4 јануари 2019
  12. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Ама не рече ни дека е лоша. Уште некој поддршка да им даде треба. Шо има врска де, нека си имаат луѓето свое мислење. Па и нека го претепаат некој, нема гајле, ќе му помини.

    Сум залепила етикета? На кого? За што?
    Никаде не реков дека јас сум добра, зборувам за појава која пак ќе кажам, уништува животи.

    Шовинизмот не е добар и за него исто така сум зборувала, и ќе зборувам, ама темата овде не е шовинизам. Тоа со исламизмот толку нема врска со темава што не би ни да ти искоментирам.
     
    На lovestoneddd, Fauhxy и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  13. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    мене ми лепиш етикета дека оправдувам хомофоби... а оној адхоминем гнојот ме нарекува со некоја ала коче кованица автохомофоб....

    Значи не го оправдав, реков дека е тешко да си отворен хомосексуалец... Само реков дека мене не ми сметаат...
    од каде ги донесе овие заклучоци за моето мислење?
     
    Последна измена: 5 јануари 2019
  14. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Од ова.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    да имаш став дека хомосексуалноста не е добра или не е природна.... до малтретирање заради тој став се две различни работи.....

    значи хомофобијата...во држава се кубури со зборови извадени како од ракав...

    хомофобијата или страв од хомосексуалност кај поединци најчесто се изразува поради стравот и сомнежот за сопствената сексуалност... насилието не е многу често во тој случај. . тие што ги викаме насилни хомофобици, прашање е дали се хомофобици... претежно за хомофобијата како појава се мисли на конзервативниот елемент на општеството, кое како реакција шири хомофобија како закана на општесвото, а не на поединците...

    само, незнам јас еве тука има активист кој е упатен и кој го користи речникот омраза на коче и ги употребува неговите адхоминем методи на убедување...

    пак ќе кажам, слободно наречете ме кукавица, ако тоа е цената лгбт сектата во мк да ме остави на мира...
     
    Последна измена: 5 јануари 2019
  16. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Не треба да претепаш некого за да биди малтретирање. Колку треба за младо машко кое и онака не свесно што му се случува и кое веќе е во доволно ранлив период да направи глупост? И на тоа дете некој уште да му кажува секој ден дека е ненормално, дека ќе гори во пеколот, дека нема никогаш да биди среќно. Да се чувствува мразено пред се од сопствените родители? Зошто? Оти тие не можат ни малку да го отворат мозокот и да ги контролираат зборовите.
    Заради ова пишуваме, за да се свестат малку.
     
    На Nausicaa, lovestoneddd, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    @RoseRain

    види, пред се почитувај го мислењето на другите, и пробај да го разбереш... јас гледам дека начинот на којшто комуницира лгбт заедницата со своите неистомисленици не е воопшто наивна ниту пак полна со љубов...

    Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?

    Дали можеби не сте се посомневале дека намерно го продлабочуваат јазот, за свои лични интереси?

    Дали некогаш не си помислила дека хомосексуслците се во основа луѓе, исти онакви алчни расипани, како и сите други луѓе?

    Јас ќе ти кажам, хомофобијата кај нас е политика како и све остало, од која дебело профитираат некои луѓе, на сметка на млади деца, баш како оние што ги опиша....

    А лгбт активистите во мк не се ништо поразлични од Јеховини сведоци кога ќе ти дојдат на врата, а ти си прељубезен да ги отераш у три лепе п.... материне....
     
  18. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Не ми дошле никогаш, ниту ме застанале календар со педери да ми продадат, ниту флаери ми делеле, ниту појма сум имала дека вакво нешто постоело, искрено.

    Нема што да мислам дали хомосексуалците се нормални луѓе со сите позитивни и негативни особини, знам дека се.

    И ај нареден пат некој кога ќе ти понуди книга, флаер, календар, што и да е за хомосексуалност сликни го, ме интересира како изгледа.
     
    На Nausicaa, Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  19. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    @RoseRain


    па сега, кога јеховини сведоци ти делеле календари? ако веќе одиме со буквализам...

    А за обратниот пример ... еве ја темава, тука на форумов, кај што сум прво навреден дека сум кукавица, па после онака психолошки изанализиран во трето лице, како заморче од неколку учеснички, за да се заклучи дека ми е страв или незнам што....


    и по цел овој муабет можам да заклучам дека оние хомо и би кои не се декларираат јавно се дебело опресирани и навредени од лгбт активистите кои ете тука јавно на форумов пробуваат да ме дискредитираат како личност.. ако веќе сакаш да звучам како коче....
     
  20. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Неколку пати на врата ми идат. Пред околу месец дена пред Coffee Factory ме застанаа. А и неколку пати со флаери и книги низ град.
    Искрено не сум сигурна дали беа Јеховини сведоци, знам со Џизс ќе ме поврзуваа.
    Нема врска со темава ама дека праша, нели.

    Дали во некој момент беше навреден или осуден лично од мене? Дали те нареков некако погрдно? Ако не, не ги префрлај туѓите зборови на мене.
    А и да ти речи некој дека си уплашен па и не е некоја навреда.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.