1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Милам дека не се и мене ми е малку :puke: кога 2 Женски се лижат! Затоа Господ создадол и машко и женко а не женко и женко!
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јасмина и дечко ми не сака да гледа фудбал и се грижи за себе повеќе и од некои девојки..
    тоа не укажува на Би или хомосексуалец.. :^)
     
  3. Jasmina.mina

    Jasmina.mina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Точно не мора да значи но можи да е.Еве тоа геј ке го отфрлам , но бисексуалец може. Знам дека ме сака но секогаш ке постои сомнеж во мене. Дали имате некоја идеја како да го проверам тоа ? :worried:
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    а зошто да го проверуваш, зошто бараш во сеното игла... а на кое убаво момче не му се пуштаат сите. Ехеј имам раскази да ти раскажувам за мојот и за тоа како и каде му се пуштале дечки :lol: :lol: па убав си е де :lol: :lol: башка стварно си се грижи за себе си внимава на изглед, облека парфеми па не е по спорт и не е заинтересиран за спортски активности, па што треба да речам опа си имам до мене педер. Ај те молам ако го сакаш сакај го и не треба да ти смета неговата грижа за себе затоа што со тоа покажува дека е грижлив и сака да изгледа убаво, но никако дека е геј
     
  5. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Ма какво прифаќање во нашава Македонија,какви глупости. Живееме во општество каде што најобичните метросексуалци не се прифатени најправилно, а камо ли некоја јавно да се декларира како лезбејка или пак бисексуалка?!
    Замислете сцена: Две девојки поминуваат на сред улица, покрај нив луѓе од сите генерации. Јавно разменуваат бакнежи, а сите околку нив остануваат со подотворена уста. Мајките им ги покриваат очињата со раката на малите деца, 60 годишните дедовци воздивнуваат "На што дојде младинава." Ви се кладам дека луѓето да можат јавно би ги распнале на крст.

    Не ме сваќајте погрешно, немам ништо против нив! Бог не создал онакви какви што сме, никогаш не сум се дрзнала да осудувам некој според нешто, а најмалку според тоа како сексуално се дефинира себеси. Ако е лезбејка или бисексуалка не ја прави помалку добра особа од било кој друг.
    Но ете, сакале ние или не кај нас Балканизмот ќе опстои уште подолго време. Ние треба да докршиме уште многу табуа. Не сме ние Америка, па сето ова да го среќаваме секој ден на улица.
     
    На rebellious.glory и sofijacasas им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Имам другарки бисексуалки, се дружам со нив :)
    И имам еден другар кој сака да биде бисексуалец, се дружам и со него :)

    Хомосексуалноста не е од сега, таа е ехееее од дамнешни времиња, ние не сме ја измислиле, ниту пак ова е производ на 21 век. Уште во античко време, лом правеле луѓето.

    Не знам кај прочитав дека оние што ги напаѓале хомосексуалците се луѓе кои што се плашат од сопствената сексуалност. Е јас па такви луѓе не можам да прифатам!
     
  7. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    ^ Ова за антиката не е докажано . Од историски аспект , никаде не постојат цврсти , пишани докази кои датираат од тоа време за хомосексуалните склоности на луѓето тогаш ( освен индиции за Нерон и Калигула , но нивните приказни се веќе поинакви ) .

    Да не бидам погрешно разбрана , немам ништо против хомосексуалците , немам ни за , едноставно сум рамнодушна , имам и еден пријател хомосексуалец , ама апла геј , феминизиран и сето тоа , човекот сам по себе не ми пречи , ОК е и забавен ми е и сето тоа , си контактираме , но морав да прокоментирам околу антиката . Ме нервираат новите научно - непоткрепени теории на дел од денешните " историчари " . Добро , отидов оф топик , темава е за жени лезбејки и бисексуалки ...
     
  8. Untamed

    Untamed Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    abe vidi ne se bolni ama samiot pritisok od okolinata sozdava da se nerviras i patis i toj pritisok ti gi kine nervite...kako mene na primer ..
    [mod-kirilica:2mwpgmml][/mod-kirilica:2mwpgmml]
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Знаејки го народот во нашата земја мислам дека не се прифатени. Народот знае само да зборува за другите, а не се погледнале себе какви се. :x Тоа е факт што мора да се прифати и не знам дали ќе се промени некогаш. Овде да излезеш малку по чудно облечен на улица ќе те гледаат како гол да си, а не пак за лезбејките, ехее ќе зборуваат цел живот. Прост народ. :fubar:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1989

    1989 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Да, не сме прифатени затоа што живееме во општество каде сите повеќе ги интересира туѓиот отколку сопствениот живот, во општество кое покажува резистенција кон било каков психички напредок, меѓу луѓе кои ги осудуваат другите без да се преиспитаат себе и своите постапки. Интересно е да гледаш како токму оние кои се претставуваат себе како либерални, во било кој поглед, кога ќе им кажеш дека си хомосексуалец почнуваат да те одбегнуваат и да ти шушкаат позади грб. Ако јас сум вредела како пријател и човек како хетеросексуалец, што тука менува хомосексуалноста? Homosexuality is found in over 450 species. Homophobia is found inonly one. Which one seems unnatural now?
     
    На butterfly и Cleonika им се допаѓа ова.
  11. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Зашто да не,се додека тоа не заврши со брак. Имаат силна поддршка од поголемиот процент на мажи,ако сакате и ќе излеземе со пароли.
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Апсолутно се неприфатени затоа што Македонија е средина во која има секаков вид на предрасуди а геј луѓето се првите ставени на тапет .
    Е сега ќе ми извините сите вие за кои геј луѓето се болни и пореметени личности , ама едуцирајте се малку и размислете колку сте прости и сеуште заостанати во 12 век п.н.е . Геј луѓето се како сите останати луѓе , дишат , се образуваат и што е најбитно сакаат исто како што сака секој друг човек на оваа планета . Мене воопшто не ми сметаат дури и имам неколку во мојата околина . Кој, што и со кого прави во спалната соба мене не ме интересира се додека тоа не влијае на мојот живот . Сте се запрашале ли некогаш кои сте вие да ги осудувате ? Со кое право ? Сите прво треба да си погледнете во вашите живот и колку тоа што вие го правите е нормално и правилно па потоа осудувајте други . Болни се само оние чии мозоци можат да си створат таков стереотип за личност која што не ја познаваат и згора на се да ја осудат без да пробаат да ја запознаат .
     
    На hedonistka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Јас си имам другар бисексуалец и значи толку многу си го сакам и поштовам како родениот брат се дружиме уште од 5-6 години заедно пораснавме и така да многу добро ги познавам таквите луѓе т.е неговиот круг мошне интелегентни и снаодливи луѓе. Инаку имам многу другарки но како него не значи не е битно кој е и што е битно е да човек со големо срце и другар во секое време.. Но за жал кај нас не се и не верувам дека ќе бидат затоа што ние сме многу назад во многу работи па и во ова.
     
  14. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Добро,искрено мене стварно ми е преку нос од луѓе што продужаваат да глумат отворени умови за секоја нова појава што ова гадно општество ја носи. Ајде ако не да се собереме сите,мушки женски,без разлика на пол,вера,боја на кожа и да се испооргијаме во Метрополис во темница? Дали си ти тотално сигурна дека сакаш твоето дете да расте во општество во кое ќе биде океј да се шетаат секакви фрикови по улица и по ТВ да кажуваат дека се е тоа нормално и дека сме ние премногу плиткоумни,а они имале пошироки сфаќања,ти се молам. Се бараат геј права,се прават секакви паради за да привлечат внимание,дали на нив на чело им пишува дека се хомо па они имаат некои ускратени права и можности како и секој граѓанин? На никого не му сметаат хомосексуалците,се додека тие не претераат во своето рекламирање,изнесување во јавноста и барајќи да бидат хранети од златна лажичка. И немојте пак со истите причи Мое си е,ќе си го сакам,кога знаете дека порадо би имале нормално дете што ќе има нормални врски,нормален брак и така натаму. А предрасудите постојат за контрола на оваа проста маса од тапчовци што мислат дека се што лета се јаде и мислат дека се што носи иднината треба да се прифати само за да не изгледаат како глупаци пред јавноста. Наречете ме конзервативен,плиткомозочен,кретен,глупак,гајле ми е,ако во Македонија се легализираат геј бракови,се селам во Тибет.
     
    На Lacrimosa и antilla им се допаѓа ова.
  15. 1989

    1989 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Еве јас како хомосексуалка ќе ти кажам дека не би сакала моето дете, ако некогаш го имам, да е хомосексуалец, баш поради таквите како тебе. Зошто без разлика на тоа каква личност е секогаш ќе биде потценувано. А предрасудите не постојат за контрола на глупавата маса, напротив, од глупавата маса произлегуваат предрасудите.
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Towelie - Друг одговор , различен од овој и не очекував од машко . Во МК по дифолт секое straight машко мора да има ваков став . Ако ги поддржиш автоматски си деклариран како педер , проста маса -тоа ти е . Јас сакам моето дете да живее во општество во кое ќе нема предрасуди , за да утре моето дете има слобода да ми ја каже својата сексуална ориентација а да не заврши отфрлено од општеството , од средината па и од родителите . Ако ме прашуваш дали ќе ми е нормално утре моето дете да биде геј - Да , не гледам ништо чудно во тоа и нема да се однесувам со него како да е паднато од Марс , затоа што таквите случаи каде што родителите први ги отфрлаат своите геј деца , завршуваат така што или детето се одалечува од родителите и никогаш повеќе нема да го видат или во краен случај се самоубиваат затоа што ако неговиот родител го осудил , отфрлил и смета дека нешто не е во ред со него , тогаш што да очекува тоа дете од останатите . Јас лично несакам да имам дете кое е геј единствено поради една причина - затоа што во ваква средина е осудено да биде несреќно и цел живот да се крие и да биде нешто што не е . А што се однесува со тоа дека премногу се експонираат и си ги бараат своите права , да можеби си во право , но тебе би ти било ли сеедно да немаш право да бидеш во брак со жената што ја сакаш ? Нормално дека би се побунил , па исто и тие , и нека ги има и по телевизии и по паради ..како влијае тоа на мене или пак на нашите деца ? Значи ли дека ако моето дете види геј парада по скопските улици моментално ќе стане геј ? Ненам зошто би ти сметала легализацијата на геј браковите , каква врска има тоа со твојот живот ? Претпоставувам никаква . Аман луѓе гледајте си го својот живот и не се замарајте со работи кои немаат допирна точка со вас .
     
    На TennisBabe, Domino и 1989 им се допаѓа ова.
  17. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Се извинувам,вие хомосексуалците сте поинтелигентната раса на луѓе,и тоа иде заедно со вашата сексуална определба. И како што реков,се додека не се пипаат и драпаат во моја близина,океј,а понатаму не ме интересира. А ако по дифолт хомо е паметен човек,ја стварно незнам до кој степен забегавте. Транвестити,метросексуалци,менувања на полови,свингови,супер,одлично...
    Природата создала плус и минус,по мое мислење така и треба да остане.
    P.S: Заборавив да додадам,не ги мразам смртно,нема да излезам и да се хулиганчам и да ги млатам по плоштади,едноставно сакам да се оградам од такви луѓе затоа што сакам да имам нормално дете што ќе има нормален живот во нормално општество,ништо повеќе.
     
  18. 1989

    1989 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Смешно е што ниту јас некаде напишав дека сме поинтелегентни, а ни ти не напиша дека нешто во врска со нив ти е океј. И мојот прв пост на темава беше токму за луѓето како тебе. Јас го кажав своето мислење а од тебе очигледно не можам да очекувам да го сфатиш или прифатиш. Тоа не значи дека треба да почнеш да вреѓаш, мислам дека местово не е за тоа.
     
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Ахам,се извинувам што моето мислење што во денешно време се смета за конзервативно исто така се мисли и за навредливо. Но нели,најважно е да се покажеме како слободоумни луѓе и да изглумиме жртви. Можете комотно да си продолжите,јас се одјавувам од дискусијава :)
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Немам ништо против лезбејки/бисексуалки... иама пробано со женско и ОК беше но машко си е машко,како и да е немам ништо против ;)