Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    не реков дека ти ме навреди...
     
    На RoseRain му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Хомофобијата била политика? Па знаеш ли ти да разликуваш религија, политика и сексуална ориентација бе дечко? Мешаш сексуална ориентација со религија, што едно со друго си нема благе везе. Ти ако си христијанин или атеист никој нема да те претепа, но ако си јавно геј, би, транс и сл. може да изедеш некој бокс на улица. Луѓено у црква или џамија што идат не ги тепаат, не им зборат дека се ненормални и не ги омаловажуваат. Еден лгбт клуб што се отвори го демолираа и ги испотепаа луѓено. И ЛГТБ+ активистите не се ништо освен лиѓе што се борат за своите права во кои што треба да уживаат. И не ме застануваат на улица, да ми делат флаери или да ми доаѓаат на врата да ми просветуваал куќа, си организираат настани и кој е заинтересиран и го засега доброволно си присуствува. На кои млади деца профитираат? На оние кои ги вдомуваат во ЛГБТ центарот, кои што се избркани од родителите од нивните домови поради нивната сексуална определба?
     
    На Amellie13, 1209, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Ај вака... Точно има такви работи... И? Државата треба да реагира поинаку кога е претепан Геј, а понаку кога е претепан стрејт? Во Македонија, во споредба со тоа што тврди ЛГБТ заедницата колку има геј популација, дури и процентуалниот соодност, многу повеќе јадат ќотек стрејт, отколку геј. И? да заклучиме дека стрејт луѓето немаат права?

    Ај пробај да ми го објасниш моментот со борбата за поголеми права? Што треба, да имам поинакви права затоа што сум геј или би од тие што се стрејт? Па извини, јас не сум неспособен, ниту со тоа што сум геј или би, имам некаков хендикеп. ЛГБТ движењето е секако политика.... па ти како сакаш...
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ахам.. како што некогаш за политички се сметале и движењата за правата на жените, движењата за правата на црнците..
     
    На Amellie13, 1209, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  5. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Многу ми се смешни твоиве аргументи, не знам дали да плачам или да се смеам. Не зборам за поинакви права, зборам за ЕДНАКВИ. Стрејт паровине кај нас по улици се лапаат на секој черок, да не речам уште малку ќе се изнае*ат. Фати маж за рака ,свртете еден круг низ улицине у Центар па после збори ми дека гејовине барале посебни права. Не сте сакале да ги гледате по улици како се држат? А јас многу сакам да гледам било каков пар како се лапа додека пијам кафе у кафич или јадам или па додека се возам во бус.
    Си видел ти геј човек да претепа стрејт ради негова сексуална припадност? Ни јас.
     
    На candy.cane, Amellie13, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    И со кој закон се забранува геј парови да се лапаат во јавност? Не те разбирам за какви права збориш?

    Дали човек што ќе истепа некого на улица, без разлика од која сексуална ориентација е, не одговара еднакво пред закон?
     
    На Abeja и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    На жените и на црнците порано не им било дозволено да гласаат, со закон се сегрегирале... Денеска хомосексуалците, можат смеат да гласаат, смеат да бидат директори, да извршуваат јавна функција... Никој не им брани по никаков закон... Нема посебни места во автобусот само за Хомосексуалци... Не пишува во кафаните забрането за Хомосексуалци и кучиња...

    Де тука објасни, како тоа во денешницата Хомосексуалците можеш да ги споредиш со црнците...

    Во денешницата, во Македонија, хомосексуалецот ги има истите права како и секој друг човек што ги има...
     
    На Abeja, Shmizla94 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.580
    Пол:
    Женски
    Пред законот се еднакви, но членката, како што ја разбрав јас, мислеше на нешто друго, на еднаквоста во поглед на моралните норми, не на законот. Во смисла дека едното е прифатено како нормално, а другото не, па спрема тоа доаѓа до одредени реакции на луѓето околу. Право на слобода и безбедност имаат сите според закон, но постојат одредени групи кои сепак се ограничени во тој поглед. Реално, хомосексуалците можат да се изборат за своите права (во некои, не во сите општества) за склучување брак или посвојување деца, но секогаш ќе бидат неприфатени од голем дел од луѓето заради што ќе бидат на мета. А понатаму, како што кажа, пред законот еднакви се.
     
    Последна измена: 2 февруари 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Да, ама колку луѓе биле претепани само поради сексуалната ориентација? Тие бројки треба да ги споредуваш. Не верувам дека некој бил претепан бидејќи е стрејт.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  10. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Да? Како правото да склучуваат брак или да посвојуваат деца во Македонија? Како што пиша членката погоре. Во која држава живееш? Холандија?
     
    На candy.cane, WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Види сеа... брак е заедница помеѓу маж и жена. Општеството така ја прифатило. Чак што више излегува од религијата. Прва и основна работа, на ниеден хомосексуалец не му е забранет брак, онаков каков што законот го налага. Истополов брак според мене е глупост и лицемерие, сакаме да сме прогресивни, а стануваме заложници на традицијата...

    Чекај малку, стоп.... Не споредувам. Секој човек, што направил криминал треба да одговара. Секој човек ако претепал друг човек, без разлика на причината треба да одговара. Тоа стои во законот на оваа држава и тука нема место да се толкува дека во оваа држава некој (било кој, вклучително и хомосексуалците) не се заштитени со закон...

    Точно така, тоа е веќе друга борба, не е борба за еднакви права... Борбата за еднакви права на хомосексуалците е завршена, сега се претвора тоа во политичка борба, борба за моќ..ж

    Што се однесува до народот, баш ЛГБТ активистите во Македонија прават јаз помеѓу нив и народот. Според мене, се е тоа намерно, за да ете имаат причина сеуште да постојат и да црпат пари од невладиниот сектор...
     
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме со приказни , животот на хомосексуалците/бисексуалците воопшто не е лесен ...
    Јас кога ке почнам да зборам на таа тема со дечко ми он почнува да мрчи да се нервира , кога ке почнам да зборам на таа тема со моја роднина ги затвараат ушите и не сакаат да слушаат ниту да веруваат во тоа ...јбг
    Ретко кој се осмелува да се појави рака за рака во јавност,бидејки ке ги гледаат сите како чудаци и како нешто да не е нормално ....
     
    На candy.cane и Amellie13 им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    @biscorpius
    Борбата им е за нормално човечко однесување кон нив и прифаќање. Побогу, на еден познат наш портал последно пред некој ден имаше објавена вест дека сериски убиец некаде брутално убивал хомосексуалци, и СИТЕ во коментарите под него го оправдуваат и со очаен хумор му честитаат на убиецот, велејќи дека и кај нас фали некој таков да се појави! Зарем за тебе таков мајндсет е нешто нормално против кое не треба активизам?
    Точно, физичкото насилство кон секој човек е казниво со закон, но работата е што и не треба да се случува поради сексуална ориентација како причина за омраза, заедно со психичкото насилство, булингот, предрасудите воопшто.

    Бракот одамна не важи само како традиционална заедница, туку и некои од стрејт луѓето ја гледаат како нареден левел на врска од законски и правни причини. Затоа им треба како право.

    А посвојувањето (воопшто) е еден од најголемите хумани потези кои човек може да ги стори во животот, и секако на едно дете ќе му биде многу подобро во дом со љубов отколку во институција, без разлика од кој пол се парот.

    Очигледно имаш поразлични ставови од повеќето од нас, за многу нешта, не само за геј заедницата.
    Па затоа, види, ти како бисексуалец (ако не се лажам) можеш слободно да избереш и цел живот да го поминеш со официјално само женски партнерки пред светот, во „нормален“ брак или без него. Твое право е и сосема легитимно. Ама не ја минимизирај борбата на другите кои не го сакаат тоа, не ги навредувај нив и тие кои ги претставуваат во јавноста.
     
    На candy.cane, Amellie13, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    Кај нас хетеросексуалноста е на едно животинско пештерско ниво, кај поконзервативните е- преку ден не правиме муабет за тоа, а самиот секс, oh well, не палиме светло вечер, се знае. Служи исклучиво за продолжување на расата на Александар :!::D И тука се "модерните", знаат да се фалат со колку биле, кај биле, ама едукација за секс- седи кец! Ете тоа е се за секс и прифатеност кај нас, that's all folks ^_^

    Кај нас менталитетот е таков што ми волимо во туѓ двор да гледаме, да се мешаме и да паметуваме, а на таа тема кога сум се обидувала да разговарам е нешто во стилот "the one who shall not be named" :D (facepalm) или силен муабет добивам небаре е нешто заразно, се шири во воздух и пред се го загрозува вистинскиот македонски/балкански маж :muscle: Цигарите не се штетни и не ја трујат околината, ама сексуалноста различна од неговата, па треба како за од вампири, со ѓердани од лук треба да шетаме :D

    "Лезбејките и бисексуалките прифатени во Македонија", масло на платно, 4051-ва година (zilmer)
     
    Последна измена: 3 февруари 2019
    На candy.cane и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    @biscorpius Ова исто ко да и кажуваш на стерилна жена на никој не му е забрането правото да раѓа. Некои работи се такваи какви што се и не можеме да ги смениме. Зошто да е глупост и лицемерие истополов брак? Геј парови да посвојуваат и да му пружaат љубов и грижа на дете на неодговорни родители е глупост? За мене се глупост баш таквите родители, лесно да е да го родиш и да го тутнеш у дом за безродители, ама каков иднина ќе има тоа дете? Или родители алкохоличари да зачнуваат невин живот. Да, државава и економијава ни пропадна ради тие хомосексуалцине, никако да станеме прогресивна држава. Едни на најразвиените земји како Данска, Норвешка, Шведска, Холандија, Финска, Канада и да не набројувам, се легализирани таквите истополови бракови и што им фали? Статистички се едни од најсреќните нации, никој не го занима кој со кого живее во брак, едноставно луѓето се отворени и знаат да прифаќаат различности.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Да, поинаку треба да реагира.
    Доколку нападот е поради сексуалната ориентација, ја зголемува тежината на делото.
    Насилство од омраза, дали расна, верска, кон сексуална определба, пол.. уатевр, построго се казнува.

    Најтрагично е, што и тие закони што ги имаме, во пракса не се спроведуваат.

    Не пишува, ама се подразбира.
    Се додека не си јавно деклариран како геј, можеш да седиш кај сакаш, а кога си, на некои места, нема да можеш, оти некои од сопствениците, вработените, а посебно гостите, може 'да се налутат и згрозат'.

    Оди со дечко ти, седнете некаде во кафич, и почнете да си шепкате и да се држите за рака, да си делите кратки бакнежи.. во образ доволно е.. Па врати се тука да ни кажеш дали имаше последици или не.

    Некои се како тебе, не сакаат да стапат во брак, некои хомосексуалци сакаат.

    Исто и некои хетеросексуалци не сакат и никогаш не стапуваат во брак, ама тоа е нивен избор, а правото да го направат тоа, веќе го имаат.

    Не може оти ти не сакаш, и оти сметаш дека е глупава традиција, да не смее никој.
    Колку сака нека е глупава, не е еднаквост, ако јас можев да се омажам, а Петко не може да се омажи за Станко.

    Не е битно дали ќе ја практикуваш некоја слобода или некое право, битно е да постои тоа право, или таа слобода, за сите еднакво. И за мене, и за тебе и за Петко, и за Петкана.

    И јас немам абортирано никогаш, ама цврсто стојам зад тоа дека сите треба да имаме право да абортираме.
    И јас немам факултет, ама цврсто стојам зад тоа, дека сите треба да имаме право да студираме, ако сакаме.

    Ќе бидам безобразна и ќе речам:
    Не го разбирате концептот на еднаквост, не го разбирате концептот на право и слобода.
     
    Последна измена: 4 февруари 2019
    На candy.cane, Amellie13, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  17. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Сакам да се лапам со девојка во паркот и да не седне тип една клупа до нас и лабаво да си го извади да си го д*ка. А вие сте искочиле на втор дејт и глупо ти е да му се раздереш и да го отераш у пм.
     
    На candy.cane, Feminka22, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. biscorpius

    biscorpius Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    kaj e tuka principot na ednakvi prava.... zas da ne moze da si go izmava na raat...
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Да те измаваат од темава тебе,редно е
     
    На candy.cane, Someonespecial, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  20. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Ете вака се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас.
     
    На Animali, WildMk и lovestoneddd им се допаѓа ова.