Којзнае колкаво е покритието на ваквите случаи, документирани по твое, тоа се ствари кои се буткаат под тепих. Нееднаков третман е карактеристика за нашето државиче, не знам стварно дали си она тотално исклучен од реалноста и гледаш само пред носот, не и околу тебе, или едноставно тролаш. Ти не направи дека сме земја снова што се тиче човекови права, а уствари тоа е мисловен поим за државава. Фигурираат на лист хартија само. Полицајци имаат тепано хомосексуалци онака рандом, а ти очекуваш документација?
Трол е овај, дефинитивно. Ни е би, ни стап. Таква му е замислата. Да се пиши дека е би, и после да плука кон маргинализираните заедници. Па после, некој ќе прочита (шо толку разбира), и ќе речи: Еве, чим ним не им смета, шо има овие другиве да врескаат за нивните права. Шо ќе ви е еволуција. Стојте тука. Ќе си останиме со овај ум. Светот си тера, ние можиме да изумриме како нација, никој нема да изгуби ништо...
Во куќата каде што моментално се вселивме имаме комшии геј мажи кои се во брак, вчера се дружевме со нив надвор не прашаа дали сме океј си тоа што се геј и секако рековме дека нема проблем и потоа седеа со нас и комуницираа на најнормален начин, ниту се лапаа, ниту се фаќаа некултурно, како што тврдите некои дека прават, дури мислам дека иако и рековме дека сме океј не се ни бакнаа кога се врати едниот од работа за да не се осетиме незгодно ние. Едниот е 25год од Бразил, а другиот е дури 40 имал жена и две деца, Англичанец, се запознале додека Англичанецов живеел во Бразил. Многу интересни луѓе, едниот сметководител и прилично драматичен во зборување оној помладиот, а постариот сега кувар, предходно учител по англиски многу смирен и паметен, барем колку што добив впечаток од неколку саати...поентата ми е дека толку може изгледа чудна врскава 25-40год, предходно мислел дека е стрејт, сеа мажен геј ,луѓето се фантастични, се гледа дека се сакаат и почитуваат, културно си зборат, се понашаат најнормално...да бевме кај нас сега прво секој ќе речеше дека се изроди поради тоа што се геј, па поради разликата во години, па на крај оти овој бил женет предходно, луѓето ќе беа тажни и депресивни место вакви весели и интересни што се сега. Забегав малку од темата ама сакав да споделам ново искуство.
Јас не ти го сфаќам мислењето "Би сум ама не треба да постојат хомосексуални бракови". Не сите би луѓе се у геј врска само за забава и да си исполнуваат сексуални фантазии.
стотици години поимот брак означува заедница помеѓу маж и жена. Да бараш тој поим за геј заедница мене ми е смешно. Јас сум да постои нешто слично, ама да се вика поинаку. Значи не сум против, туку сметам дека терминот брак е несоодветен.
Дечко да не имаш некои грчки корени? Нека си постои само името нека му се смени. Готово, we have a deal.
Знам дека повеќето ги осудуваат. Лично јас, немам никакви предрасуди. Личен избор е тоа. Никој на никој нема право да се меша во животот и изборот. Имам пријателка која отворено си кажа дека си е би. Најнормално изреагирав, за разлика од другите. Исто така имам другар и тоа доста добар другар кој си кажа дека е геј. Не ги судев, само премногу прашања им поставив околу работите што ги правеле.
Конкретно во мојов град , воопшто не се прифатени. Во комшии имам лезбејка , девојчето се крие со години. Веќе две години е во врска со една девојка, и упорно ја претставува како своја другарка, иако е очигледно дека е повеќе од тоа. Во фамилија на свекрвата има геј дечко, и постојано е на релација Скопје - Тетово - Грција, бидејќи се крие од сите. Девојките кои доаѓаат кај него се соблекуваат голи но ништо не се случува ( случајно бев сведок на една случка неодамна, каде само ми се потврди сомнежот, не сталкав , туку ги хранев кучињата) . Што знам, мене ми се океј како луѓе. Се додека некој е човек, не ми е битно дали е геј , стрејт, би, бел, црн итн.
Прв пат видов геј во странство пред 3 години, ми беше многу чудно затоа што дечково им се лепеше на другиве момци а на нив им беше непријатно да го одбијат. Чудното уствари ми беше што беа учтиви и иако им беше непријатно во ниеден момент не беа згрозени. Исто ко девојка да им се пушта. Ни јас не бев згрозена само ми беше интересна нивната реакција. Со тек на време дознавав за девојки од Скопје, коишто ги знам лично, дека се би ама никогаш не ми пролетала некаква мисла низ глава. Најтазе дознав дека другарка е би, искрено се прерадував што ми се довери. Односот со неа не ми се смени ич. Ја замарав малце за детали и искуства, знам и да ја заебавам чат-пат ама ништо злонамерно. Не знам како работат тие изопачени умови на коишто им смета туѓата сексуалност. Ама факт е дека тука не се доволно прифатени хомосексуалците. Долг пат не чека..
Значи у свето се што е нормално кај нас е ненормално нензам зошто до народот е ваљда кај нас е нормално секако насилници мажи шо ударат и на машко и на женско за да се докажат дека не се педери исто така и изневеруват да докажат дека не се педери тоа у свето е ненормално а истите тие одат по контра паради и по цркви и ора вртат. Ај кажите дека не е така. Сеа ја нападнаа Тамара Тодевска бидејки настапувала на парадата па и Лејди Гага настапување пред некој ден да ја хејтаат за тоа е смешно и жално..
и конечно после 4 години збунетост осудувањата и критиките од моја страна како и борбата со самата себеси да се прифатам излегов како бисексуалка. нормално како што живееме во хомофобична држава потешко ми е да најдам девојка одколку дечко но се надевам дека наскоро ќе ја искусам и мојата прва врска со девојче
Зошто е ненормално да се оди во црква ? Ако сакаш да одиш , оди . Се додека ги прифаќаш и другите онакви какви што се , посебни , совршено несовршени , не гледам проблем во одењето во црква . Проблем е насилството како од мажи врз мажи , така и врз жени и деца . Булингот врз бисексуалците , геј паровите , луѓето со пречки во развојот е исто така многу поголем проблем од вртењето ора и одењето по цркви . Ми боде очи што сакаш религиозноста да ја претставиш како лоша работа . А замисли , не само тие што одат во цркви , туку и тие што не поминале покрај црква , можат да бидат насилници . И тие што одат во џамија .