1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Во контекст на муабетов, мислам дека кај нас не се прифатени луѓето што припаѓаат на геј популацијата.
    До пред некое време, бев многу против овие луѓ, не познавав никој со поинаква определба, НО се случи да, мојот најдобар другар, со кој се дружиме од наши 6 години, дојде и како да е најнормална работа, ми кажа дека е геј. И јас му викам абе ајде шо ти е, па ти си имал две долги врски со ЖЕНИ, не ме заебавај сеа геј, ова она. На ова тој вака изреагира ,, е сега ми падна камен од душава, мое беше да ти кажам и да ти се извинам, што од тебе криев цели осум години, но разбери ме, не занев а и сега не знам како ќе реагираш, а тоа за моите две долги врски во кои се измачував и одев против себе со една и единствена цел, ДА СЕ ПРИКРИВАМ за некој да не се посомнева, преку такво ми е дојдено. Е сега знаеш навистина кој сум и каков сум и која и да биде твојата одлука во однос на нашето пријателство, ќе те разберам,,.
    Јас на ова останав нема, без глас, со сто мисли и прашања во глава, а ниедно не сака да излезе од уста. Го гледав скаменета, дали е можно оној кој ми е најдобар другар, одмори, викенди, девојки, искачања, пијанчења и што ти уште не да е навистина геј, а јас сум против таа популација. Си отидовме по дома, преспав и станав повторно во прашалници. Му се јавив, дојде кај мене и вака му реков ,, Те сакав и уште те сакам како мој најдобар и единствен другар. Твојата сексуална определба нема воопшто да промени ништо во мојот живот ( и на шала му викам, се додека не ми го закачаш либето :lol: ). ти си тој кој што си, ти си мојот единствен другар, се гушнавме и сеа да не продолжувам со раскажување и прераскажување на сите прашања што му ги поставив, а тој како учениче одговараше :rofl:
    Да ртезимирам, не сум против, се додека не почнат да посвојуваат деца, оти сепак сметам дека откако ќе може детето да рассудува, само нека се определи кој и каков сака да биде
    П.С. Жалам што е волкав постот и можеби малку избеган од темава :*
     
  2. Lally

    Lally Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    lezbejkite i biseksualkite gi gledat kako da se od druga planeta
    inace i jas i se cudam na aklo ali aj da ne gi osuduvam :)
    [mod-kirilica:90elx33e][/mod-kirilica:90elx33e]
     
  3. mademoiselle84

    mademoiselle84 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    ghima gay maski sto imaat devojki a nekoi se i zeneti toa sto mu se diga ne znaci deka ne e poretki se tie sto ne im se diga obozavaat moda,imaat pomoderen stil na oblekuvanje od hetero ,negovite poraki ne se ladni od tipot kade si,dojdi,cao povnimatelni se sakaat da te iznenaduvaat poveke se prijatelski nastroeni i t n
     
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Незнам , јас кога кажав на мајка ми дека ме привлекуваат и жени , не изреагира никако , дури ми рече дека и таа како млада свиѓала некоја девојка. Дечко ми никако не изреагира, во ред е.
     
  5. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Да се доизјаснам ме мрзеше прееска да пишувам...

    Значи долго време бев против лезбејките, бисексуалките и геј-овите. Сеуште не ми е тоа природно . Но по некое време забележав дека тоа што се вртам по девојки, ги буљам цело време , не е од тоа дека девојката ми е само Убава. Некои дури ме опоменуваат ( дечкото ми ) :lol:

    На истава тема пред неколку месеци имам искоментирано дека не сум конзервативна , но не ги прифаќам. Затоа сега не очекувам да ме прифатат сите. Едноставно и мене ми е чудно. Долго време тоа не сум го приметувала а сум го чувала некаде длабоко во мене . И дојде ден кога морав да признаам.

    Сега не е ни чудно ни глупо . Едноставно не е природно.

    п.с има некои кои тоа го прифаќаат и прават шеги, дечко ми има другарка кој многу ја свиѓам, му кажав зашто ме осетил како ја меркам . Сега дури ми праќа слики од неа и ме буцка :^) Ја мислев дека мажите се палат на лезбејки, ама мојов само се зеза .

    Сега не ми е гајле дали некој ќе ме сака или не , ќе ме прифати или не . Мој живот. Можеби некогаш ќе сакам да имам врска со девојка , иако нема да биде прифатено од никој во околина . Сепак ќе пробам. Сега ми е убаво со машко, си го сакам дечкото и тоа е тоа.
     
  6. mallaTaa

    mallaTaa Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    Ако јас сум вредела како пријател и човек како хетеросексуалец, што тука менува хомосексуалноста? - и јас мислам дека си во право! Неможе некој така да ни суди ;)
     
  7. mallaTaa

    mallaTaa Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    и шо друго ќе кажете вие... шо има ново ? некое искуство ??? :))
     
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Немам ништо против нив.Имам геј другари и другарки и сосема ми се океј.
    Но,ќе бидам против се додека има такви кои го прават тоа само за внимание.
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Сеуште не е дораснато нашето општество за да ги прифаќа овие луѓе. Но сепак и покрај тоа се изненадив колку геј луѓе живеат во Македонија. Значи ако не ги гледаме по улици како се шлапаат и држат за рака не значи дека ги нема. Мислам дека женските се поприфатени од машките, затоа што како што се изјаснуваат сите попријатна глетка за очи се две жени, отколку двајца мажи.
    Е сега не знам дали е во мода ова, ама многу девојчиња почнуваат да се изјаснуваат дека се бисексуалки, ретко која не се пољубила со женско, но има такви и кои одат многу подалеку. Дали се тоа вистински тенденции кон истиот пол или само некоја луда желба за експериментирање, не знам. Во последно време и ми се случило да ми се пуштат 2-3 девојчиња, дури и страв да те фати од тоа колку знаат да бидат упорни.

    Но во секој случај мислам дека кај нас се реткост оние случаи што уште од време на пубертет знаат дека не ги привлекува спротивниот пол. Најверојатно поради тоа што на сите ни е тоа во потсвест влезено дека не е нормално и не сме толку слободно воспитувани. Но медиумското влијание почнува да си го прави своето, па затоа можеби е и оваа опуштеност и послободно размислување.
     
  10. mallaTaa

    mallaTaa Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    геј другари и другарки ??
    какви ти се тие геј другарки ??
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Познавам една ваква, со мене уче. Поминала ги скоро сите машки во градот, сега си има девојка. Тоа е нејзин начин на живот, не можеме ние да ја сменеме. Не се прифатени кај нас овие, има предрасуди. Јас лично не ги оправдувам.
     
  12. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Мислам дека лезбејките се многу подобро прифатени отколку педерите. Мене лично ништо не ми пречи се додека не сум вмешана во тоа... Се е океј... Секој нека си прави што сака,само мене нека не ме чепка. :)
     
  13. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    За жал мислам дека не се прифатени, дури и се понижувани и навредувани што премногу ме нервира..секој треба да си го гледа својот живот а не да го пика носот кај што не треба и да расудува што е исправно а што погрешно..
    Мислам дека би пробала со женско, зошто да не :D
    Не сум до толку промискуетна за каква што ме сметаат.. само сум радознала :D
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас немам ништо против нив. Напротив ја имаат мојата поддршка
     
  15. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    И јас немам ништо против ама ја немаат мојата подршка.Секој сам си одлучува за својот живот така да..Не дека не би се дружела со такви,ама јас несакам да бидам таква.
     
  16. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Секој може да си прави што сака, негов живот, некога работа. Немам што јас да оправдувам или не. Имам другарки кои биле и со девојки и со дечковци и тоа никако не влијае на моето пријателство со нив. :)
    Ако тоа некому му претставува некакво задоволство и го прави среќен тогаш зошто да не, секој има право да прави што сака со својот живот.
    Кога слушнав прв пат, малце е да кажам дека бев шокирана пошто никогаш нe сум слушнала некој во Скопје да спомне такво нешто, а тука е малце по друга ситуацијата, скоро па и отворено можеш да кажеш и нема 99% од луѓето заради тоа да те гледаат попреку. Да има и такви случаеви кога ќе ги исплукаат онака сочно, али мислам дека не сексуалната определба не одредува каков човек е некој уствари.. ;)
     
    На LuckyStar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    А кој сме ние всушност да му се пикаме на некој во кревет. Или пак да коментираме во стил - Јас не ги оправдувам, јас ги осудувам и сл. Ајде де! Кој со кого сака нека си спие, се додека е надвор од мојот кревет. Нити судам нити сакам да ми судат. Секој со својот ум и своите чувства. Не сме во ничии кондури да знаеме како се чувствува една личност па да солиме ум.
     
  18. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Секој си знае за себе.
    Ни малку не ги оправдувам,баш сум против тоа.Ми се гади коа ќе ги видам.Уште па посвојување дете и такви работи...никако.
    Се знае што е нормално и природно!
     
  19. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Како ги сваќам лезбејките?
    -Хм, не ги сваќам! :^)

    Според мене, лезбејките и педерите едноставно премногу сериозно ја имаат сватено реченицата „Љубовта не знае за граници.“ :|

    Јас лично и немам баш нешто против, кој што сака нека си прави, само мене нека не ме меша во нивните глупости, инаку секој има право да си избере начин на живот.

    Јас сум за природното и нормалното, а кој е доволно храбар да биде со личност од ист пол - свака му част, тоа е тоа, негов/нејзин живот.

    Само е грозна глетката кога ќе видиш како се лапаат женско со женско, машко со машко...Па и тоа посвојување на деца, како што кажа феминката над мене. Ужас.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Не ги осудувам, според мене секој си има право на тоа со кој ќе ја дели постелата.Јас лично сум си стрејт и не сакам да пробам такво нешто,добро ми е вака и не би експериментирала :) :)