Ова е можеби за политика но има врска и со темава: Премиерот Груевски: Додека ние зборуваме за еднополови бракови, ни снемува народ!
и сосема има право уште тоа фали, да се почне и со посвојување , пупу скраја да е значи јас сум најпротив ваквите бракови, па тие само светот ко го уништат ама буквално
Значи прифаќаш две женски, ама двајца мажи никако??? Е ова неможам да го разберам. Можам да ги разберам тие што не прифаќаат хомосексуалност или тие што целосно прифаќаат. И двете страни си имаат различни гледишта, некој начин на живот, сфаќања за тиа што е правилно. Ама за не прифаќаш нешто само затоа што не ти е убаво за гледање, бог да чува. И како тиа мислиш одвратно е да гледаш двајца мажи? На какво гледање мислиш? Не ваља ќе ги гледаш ти на чинот што си прават во дома....или може мислиш на обично излегување и лапање низ град и кафичи. Па таквото однесување мене ми е одвратно и за две жени или пак маж и жена. Лигавењето во јавност е глупо без разлика за каков пол станува збор. И посакувањето жена во некој луд момент од живтот не те прави лезбејка. Јас мислам дека ми е прифатливо, ама што знам. Пак некако ми е неприродно и незнам како би реагирала ако се најдам во таква ситуација, да се соочам со некој од блиските. Еве на пример велам вака теоретски во ред е, ама сестра ми да дојде да ми се изјасни ко лезбејка, нема шанси да прифатам така лесно, ќе си плачам со месеци Значи додека не осетите на своја кожа, може да се изјаснуваме колку сакаме. На туѓа кожа се изгледа поедноставно и полесно
Не се прифатени и не ни треба да бидат! Нека си праат што сакаат,ама да посвојат дете и такви работи...НЕ. Зарем е нормално едно дете да има 2 мајки или 2ца татковци? Некој ќе ми каже дека детето подобро било воспитувано и растено со 2 мајки или татковци,отколку со мајка и татко.И тоа дете понатака коа ќе порасне(затоа што е така воспитувано и гледа пример од "неговите родители")ќе бара партнер од ист пол.Или па можеби двете мајки ќе седнат и ќе и кажат на ќерката дека они се ненормални и дека ќерката треба да бара дечко понатака,а не девојка. Они со самото тоа што се ЗА таквиот брак,значи утре/задутре би ја подржале и нивната ќерка да биде лезбејка. И до кај ќе отиде светов?Нема да има деца веќе,затоа што сите ќе бидат жена со жена, и маж со маж Нека биде како сака,ама тоа е нешто што не е нормално и НИКАКО не смее да биде прифатено. Ова за мене се болни умови
А ти сваќаш дека то дали детето е растено во хетеросексуален брак или во хомосексуална врска - не игра улога ? НИКОЈ не можи да те воспита да бидиш геј, или си роден со тој мутиран генетски код или ИЧ НЕ СИ.... пример: Ако според тебе од хомосексуален брак би излегвале САМО геј деца, тогаш ЗОШТО од хетеросексуален т.е. „нормален“ брак излегват геј деца ?!? Сите припадници на ЛГБТ заедницата се родени во хетеросексуален брак, воспитани на ист традиционален начин со семејни вредности и се то И ПАК СЕ ГЕЈ. Објасними зошто, оти очигледно премногу си упатена во работата. Spoiler Те молам не лупај глупости, не се брукај пред јавноста и седни прочитај каква е работата пред да почниш да градиш мислења и заземаш ставој.
јас сум лезбејка и горда сум на тоа, а според мене тие што се хомофобични мислам дека на тој начин ја кријат својата делумна страв од тоа ни самите да не се геј
А ти малку да се соземеш пред да напаѓаш нечиј пост? Убаво си кажа девојчето, воспитувањето, одн. невоспитувањето ќе го направи детето геј. Самата средина на двајца татковци односно две мајки си го прави своето, , ти да растеш со двајца мажи што се гушкаат, лигават а можеби и сексаат пред тебе од самото твое раѓање па понатаму развивање, нема да ги научиш вистинските вредности во животот, да знаеш како навистина доаѓаат децата, ќе сакаш да дознаеш која ти е вистинска мајка, односно татко, ќе станеш гневен кон околината, кон твоите т.н. татковци, одн.мајки, и ако не постанеш геј во најмала рака, сигурно ќе покажеш друго девијантно однесување па можеби и да постанеш убиец. Се што излегува од нормалата е за доведување во ред на истото. Со прифаќање на тие истополови бракови го насочуваме светот кон изумирање, во буквална смисла. Јас сум против истополови бракови и не ги прифаќам како нормална појава, туку појава која треба да се лекува. И многу ми се смешни тие изјави од поединци, кои сакајќи да се направат модерни или интересни, се декларираат како лезбијки/педери. (модерното време си го носи своето, сите сакаат да бидат модерни и да бидат во тренд, можеби за да бидат подобро прифатени во ЕУ )
Ако може да се каже дека луѓето потекнуваат од животни тогаш се би требало да биде како нив. Има во природата геј бизони или лезбо лисици?! Малку е далеку од нормалното иако немам некакви предрасуди. Само далеку од мене Маж го гледаш така згоден и спие со друг маж Ако се е нормално треба да те привлекува спротивниот пол,а не обратно. И како геј паровите ке имаат деца? Ќе посвојуваат? Чисти глупости...
А зошто сите ги поврзувате тие бракови со посвојувајнето на деца? Не мислите дека тие ги бараат браковите само заради некои поволности што и ние што сме стрејт ги користиме од нашите партнери(како што е здраственото осигурување и др. такви работи). Мене не ми пречи што тие сакаат на некој начин да се заштитат и во тоа не гледам ништо страшно.......што се однесува до посвојувањето тоа ДА не би го ПРИФАТИЛА затоа што постојат многу малку деца а многу семејства кои сакаат да ги посвојат а се состојат од маж и жена.Иако се согласувам со тоа што некој го кажа погоре и тие што се хомосексуалци потекнуваат од "нормални" семејства, значи тоа не е мерило дека ако дете расти со две мајки или двајца татковци ќе биде ГЕЈ. Абeја не мислам дека ако некој е во таков брак и има дете дека детето ќе ги гледа како се е.....,затоа што тоа е интимен момент и НИКОЈ од нас тоа не го прави пред своите ДЕЦА па зошто ТИЕ БИ ГО ПРАВЕЛЕ.
Нормално дека е интимен момент, ама може некогаш да ги начека во таква позиција, па тоа може да се случи и во хетеро брак , и тоа ми беше како крајно наведено, во смисла-што ако ги види? Но самото тоа што гледа двајца чичковци како заљубени птички доволно кажува за ненормалноста на оваа појава. Немам што да убедувам некого, доволно е што јас сум убедена дека тоа не е нешто нормално и треба да се лекува со време. Не велам одма на лекови да се стават таквите, но треба да постои некоја терапија или ресоцијализација.
Оваа теорија од искуство ти е? И да, сигурна сум дека ако се „модернизираме“ т.е. ги прифатиме лезбЕјките/педерите ќе не прифатат во ЕУ. Тоа е многу битен фактор за приклучување кон унијата. :geek: Џабе е читање...на некои луѓе едноставно толкав им е капацитетот на резонирање. Црна вистина.
Ај да им се забрани на геј луѓе да стапат во еднополови бракови. Ако не се во таков брак, и се лечат , утре ќе стапат во хетеро брак и ќе родат 4 деца. Што би со хетеро браковите кои можат а не сакаат да имаат деца? Ниту да раѓаат ниту да посвојат. Со тоа што геј браковите не се дозволени глобално, хетеро бракови без деца има многу повеќе. И јас сум во таков брак. И сега што правиме? Лечење и за нас? Какво? Електошокови? Вадење нокти со клешти можеби, додека ни дојде паметот дека ние не сме нормални, не сме исти како тебе.
Мене не ми е јасно како може од нормално семејство да биде педер,ама јасно ми е како може од двајца педери да искочи уште едно мало педерче. Не е тешко да се погоди. Хмм..Еве на пример детето почнува да оди во школо и после школо надвор го чекаат татко му и татко му гушнати! Што не е јасно понатаму? И на кој начин они треба да го воспитуваат?Да му кажат:"Види сине,тато и тато многу се сакаат,ама ти не треба да гледаш од нас.Ти треба коа ќе си пораснеш девојка да си фатиш и нормално да живееш".Затоа што реално они не живеат на нормален начин,а тоа се болни умови што неможат да разберат дека праат ненормални работи.И како да очекуваме од ненормален човек да израсне нормален дечко да речеме,кој ќе си изгради нормално семејство?! Самата околина ти влијае.Замисли го тоа дете коа ќе порасне малку.Зафркавање од другари,тема на муабет на секое место,а и на него сигурно нема да му биде мило и да биде горд на тоа што живее со двајца татковци.Неговата ситуација може да го натера на многу лоши работи. Ја не би дозволила такви луѓе да посвојат дете.Кој е тој што има право да упропасти нечиј живот? Ако на маж му е дозволено да живее со друг маж и да има деца,всушност и самиот тој за тоа се бори,значи многу е голема веројатноста понатаму и детето да го прифати ако сака да живее со друг маж.За него не е нормално бракот да се состои од маж и жена. А сите знаеме каква е реалноста. Јас не ти кажав дека сум многу упатена во целава работа,туку јас на свој начин го имам сфатено ова и давам мое мислење.Или ако е контра од твоето не се прифаќа?Можеби само експерти треба да пишуваат тука?!
Ако твојот капацитет на резонирање беше толку голем како што си го замислуваш, немаше да се служиш со навреди и ќе почитуваше туѓо мислење. Џабе ти е што си мислиш дека си толку начитана и што целиш кон ЕУ, ама и не е чудно, па какви се влегоа во ЕУ, човек да сака побрзо да излезе а не да влезе во таа т.н. унија. Биди си ти и понатаму модерна, се додека ги почитуваш туѓите мислења и ставови. Прво треба да имаш основно ниво на култура и осет за разговор на цивилизирано ниво, па потоа да ги судиш другите. И не се грижи за моето "искуство" и моите "теории", потруди се да ги стекнеш своите. imelda-не знам што те налути во моето мислење, јас само си искажав став што мислам за педерите/лезбијките и за посвојувањето деца од нив, а тоа дека некои не сакаат да имаат деца, може да е од повеќе причини, во кои би ги вброила и медицинските, но нема да навлегувам во тоа, бидејќи тоа е друга тема на разговор. Испадна дека сите што се против истополови бракови, педери, лезбијки, дека не биле начитани и не биле за е.у Оф леле работава, па ако е тоа условот за е.у., да треба сите да ги прифатиме истополовите бракови и да ги сметаме за нешто нормално, ние не би ни влегле во е.у. Ма убава практика имаат србите и русите, ама ај да не разгорувам уште повеќе.
За да стигнеме до прифаќање па и посвојување на деца од страна на хомосексуалците во Македонија треба долг пат да се изоди, за почеток би можеле тие самите да соберат храброст и слободно да се изјаснат како такви, нели? Кај нас уште се кријат како од чума да се болни, па ќе барале права, мало сутра, собери прво храброст и кажи им на најблиските па после ќе се размислува за понатаму... И ќе речете како кога општеството ни е такво затуцано, со предрасуди и сл..но ако сакаш да направиш промена, почни, изјасни се, организирај се, барај права, биди сигурен во својата сексуалност па со тек на време ќе ни стане нормална работа и предрасудите ќе почнат да се топат...
Ни јас како тебе не сакам да убедувам никого и не се ни трудам во тоа.....само што тоа што сите го потенцираат за лечењето не е толку едноставно не ги боли главата па да му дадеш кафетин да пијат....
Офф леле, за што бараат права? За да одржат геј парада? И зошто да одржат? Зарем ние хетеросексуалците парадираме јавно, покажувајќи си ја својата сексуална ориентација? Нека се јави еден хомосексуалец кој е дискриминиран на работно место, во институција...за жал, тие работи се резевирани за нас хетеросексуалците, зошто ако се направи на некој од вас - отиде тужба на основа Дискриминација по сексуална определба. Го можеме ли ние тоа? Интимна работа е, и не ме интересира кој во која насока тргнал. Немам ама ниту една точка Против, се` додека својата интимност си ја чуваат во своите 4 ѕида. Исто немам ништо против посвојувањето на деца од хомосексуални парови, гледајќи какви изроди излегуваат од хетеросексуалните Само колку повеќе напнувате за „признавање“, толку поголема одбивност се создава. И добро рече Скорпионка - прво вие бидете искрени и во мир со себе, па после очекувајте светот да ве прифати.
Abeja далеку од тоа дека јас сум ти се налутила, само наведов нешто што мислам дека е релевантно на твоето мислење, а е релевантно, оти да не ги кривиме само геј луѓето за изумирањето на светот во буквална смисла, како што ти го рече. И да, пишав и за малку да се зафркавам за идејата за лечење на секој што е поразличен од нас самите, а ние таа разлика не ја разбираме или прфаќаме како нормална.
Шо да се зоземам? Немам право на одбрамбен механизам, кога СИТЕ не третират ко болни и се убедени дека геј брак= геј дете; стрејт брак= стрејт дете? И да не не е случајно чиста вистина то шо го напишав? Фактите твој, најискрено, се претерано глупи. Како шо напишав и погоре НЕВОЗМОЖНО е да се воспита некој да биди то шо генетски не е. Да зато шо низ Америка и другите полиберални земји, сите сериски убијци и ганстери се деца произлезени од геј брак дај не лупај глупости...информативно: сите тие шо се убијци/насилници/ганстери причините му се сосем други причини како семејно насилство, силување, трауми од детство - научно докажано. Какво црно изумирање? На планетата имаш ПРЕНАСЕЛЕНОСТ, уште малце деца ако се природат човекојадци ке станиме Умм во македонија ние шо сме ни е страв да се изјасниме, не па некој ради „мода“ да си лепи таква лепенка... Имајте си вие свое мислење, никој не ти вели да немате т.е. со закон ви е дозволено да имате ама кога го изјаснувате то така наречено мислење, пазете малце на начинот на кој го интерпретирате и зборојте кој ги бирате - оти некој то стварно го вреѓа. Како шо неќите другите да ве вреѓат вас, така немојте да вреѓате ни вие...
воопшто не сум против лезбејките ниту против педерите бидејки тие се нормални луге како сите нас само со различна сексуална определба.Јас сум во такво друштво каде што повекето се геј па може да се каже дека само јас и уште некој сме стрејт ама тоа не ми смета ниту мене ниту пак нив јас ги прифатив како такви а и тие мене . Секој си има право да си ја избере својата сексуална определба не треба да им судиме на лугето какви се по сексуалната определба туку какви се спрема нас мене тие луге многу ми имаат помогнато во животот и секогаш биле тука за мене па зошто и јас да не бидам за нив. а за деца сум протв незнам ни самата зошто немам некоја одредена причина ама ете сум против а тоа и тие го знаат нема што да кријам.па дај луге демократија владее секој си има право на избор со кој ке биде и како ке биде остајте ги нека си го живеат животот на нив како што им одговара ако не ги сакате во близина едноставно тргнете се а не да ги навредувате или да ги третирате како болни.