ЈАс сум против посвојување на деца од страна геј парови во Македонија засега. Не поради тоа што не би биле способни или би биле лоши родители, туку поради менталитетот и сваќањата на народот. Сигурна сум дека тоа дете нема да биде наполнето од трауми од тие родители, напротив него ќе му биде објаснета ситуацијата највнимателно што може. Ќе му дадат љубов, внимание, поддршка како и секој хетеро пар и сигурно ќе се потрудат сексуалното воспитување на тоа дете да биде во склад со неговите вродени желби. Траумите ќе настанат кога детето ќе отиде на школо, или ќе се приклучи кон некоја група, организација. Децата имаат родители, а родителите зборат во присуство на своите деца многу нешта. Една од нив секако би била дека геј паровите се болни, понастрана од нив или од детето... Они се тие кои ќе бидат предизвикувачи на евентуални трауми, кризи на идентитет или сомнежи а не геј родителите. Во случајов хетеро родителите кои ги учат децата на ваков вид на дискриминација прават грев а не оној геј родител кој сака да му пружи дом и љубов на некое детенце. ОД хетеро бракови произлегуваат геј лица, без никаков вид на влијание од страна на тој родител. Верувам дека тоа си е вродено и без разлика на наметнатото воспитување ако некој си се чуствува како геј, прашање на време ќе исплива тоа на површина. И обратно. Не можеш некој со сила да го направиш геј. А родителот го сака, чува, пази и советува своето дете, не го прави со сила геј. Македонија сеуште не е спремна да ги прифати луѓето какви што се. Геј, Хетеро без деца, Бисексуалци...
Значи јас немам против нив ништо,но сум против посвојувањето на деца во таква заедница. Како што кажа и Даничап ние се ушта не сме подготвени за да ги прифатиме нив прво како заедница па потоа да посвојуваат деца.Секој има право на свој избор и на свое семејство,но за жал кај нас прво тие самите не се изјаснуваат како хомосексуалци од причина што се навредувани,омаловажувани и не се прифатени,па затоа долго време ќе треба за да се прифатат од останатата популација како такви,а потоа да им се дозволи да посвојуваат деца.Кај нас треба уште многу да се зборува на оваа тема бидејќи сеуште е табу.За мене тие се нормални личности со свои вредности и начин на однесување кои што имаат различна сексуална ориентација од мојата. Нашето општество и менталитетот се такви што не им се дава доволно простор и разбирањето за таа тематика не е на доволно високо ниво кај нас за да се почне и со посвојување на деца во хомосексуална заедница. Значи без разлика дали детето расте во хетеро или хомо заедница во каква личност ќе израсне најмногу зависи од воспитувањето на детето од мало и колку внимание и љубов ќе ми се обрни на истото.Секој родител го сака најдоброто за своето дете,па дали тоа е хомосексуалец ако е добра личност со изградени свои вредности и ако мисли дека може да израсне дете кое што самото ќе одлучува за својата сексуална ориентација не гледам никаква пречка.Е сега што ако тоа дете е воспитувано најдобро што може од неговите посвоители ако некој од надвор го навредува поради тоа што неговите родители се хомосексуалци.Како тоа ќе се почувствува,за него тоа ќе биде збунувачко и секако дека ќе биде неподготвено за таква одбивност.Ете тука според мене лежи проблемот и уште мноогу долго време ќе треба за да се отворат очите на нас луѓето и да почнеме да размислуваме со пошироки размери и разбирања.
Ако хомосексуалците се борат за еднаквост, тогаш не ми е јасно зошто се двојат и групираат во друштва, организации, за паради итн. Има некое здружение посебно за хетеросексуалци, па од таму произлегува потребата? Самите си се етикетираат на тој начин, самите се издвојуваат како посебни, а сакаат да бидат исто третирани..епа како кога се двојат?! На моменти и не разбирам за какви права се борат, дали е само да имаат право на брак и посвојување на деца (макар што овде кај нас едвај луѓе во брак добиваат дете) или има и друго нешто што им е спорено овде? Не ми е познато дека бараат кај нас да се искаже сексуална определба за било што како на пр. добивање на работа, здравствено осигурување и сл. и нештата да зависат од тоа. Или можда како посебни се борат да добијат привилегија 'Мора во секоја институција/фирма да има вработено по еден геј/лезбејка'.. Овде кај нас не постои забрана да не смеат заедно да прошетаат надвор фатени за рака, па до сега имам видено доволно парови (геј/лез) во загрљај и како споделуваат бакнежи по скопските улици, кафиќи и ресторани. Слободно се однесуваат и не настрадал никој при тоа, што значи дека биле прифатени од моменталната околина. Ми пречи кога намерно сакаат да привлечат внимание врз себе, инаку ги прифаќам.
Јас сум против посвојување на деца во таква заедница,како можат двајца мажи да чуваат дете,или две жени.Тоа дете што ќе научи од нив, кого ќе вика мамо,а кого тато,како што ќе расне и колку повеке ќе разбира ќе почне и детето да мисли дека тоа е нормално,и ќе тргне по лош пат! Затоа Господ создал маж и жена за да можат да оформат семејство,и детето да го израснат во нормална средина,и тоа дете да тргне по правиот пат!
rossonerka во право си за педерите, не се прифатени како што се прифатени лезбејките самата јас сум би (можам да се заљубам и во машо и во женско, не само да екпериментиам со женските; али попривлечни ми се женските) немам ништо против тие луѓе мислам дека никој нема право да ги осудува за тоа, секој си има свој живот и со него прави шти сака и како сака
Скопје врие од лезбејки! Особено ова дечурланава по училиштава (I година што се кај мене) аууууууу Секоја трета или четврта е таква. Чисто од занес, сакаат да привлечат внимание или да се покажат од типот ''Еве која сум јас'' или ''Таков ми е стилот бе, ми можеш нешто?'' незнаат што прават, па затоа се прават нешто што не се. Па, девојчињата поготово се облекуваат како машки итн. Тоа не е поради поинаквата сексуална определба туку едноставно постои некој нов twisted тренд кој ги навел тинејџериве на вакви работи. Чудни се бе, незнам..Дали дека сум јас сега возрасна па не сфаќам... Ама сепак ми мириса да дегенерирана генерација. Ииии... Не се размножувам!
Зашо мора да значи дека сакаат да привлечат внимание? Така се осеќаат. Јас сум лезбејка, и иако не го негувам тој стил што они го негуваат, сепак ги почитувам зашто секој си има право да се носи онака како што сака. Don't be so judgmental. Само заради тоа што новите генерации имаат храброст да бидат она што се за разлика од старите, не значи дека се дегенерирани.
Ne novite generacii nemaat hrabrost, od custvoto da bidat posebni i da se istaknat nekoi go biraat toj nacin, mozes da imas kakva sakas sexualna opredelba, ama pred se treba da bides sozreana licnost. [mod-kirilica:1wuamzuf][/mod-kirilica:1wuamzuf]
Ако само се облекува како машко не значи дека е лезбејка. Oние машкобањести девојчиња што ги знам се стрејт. Ако веќе зборуваш за овие маливе помодарки што се лапаат ваму-таму и после се лепат на фејсбук Ама колку што имам забележано таквите обично онака разголено па и невкусно се облекуваат, не наликуваат на машко во тој поглед. Оф топик отидов ама ајде.
Не се прифатени воопшто, ама што да се прави. Не верувам дека ќе дочекам созреан Балкански менталитет. Ај ќе се молам праправнуците да дочекаат. Немам ништо против лезбејките и хомосексуалците, лошото е што тие ќе бидат осудувани од околината. Како што веќе кажаа, и децата ќе имаат проблеми бидејќи се ретки таквите случаи. А тие, што ставаат слики на фејсбук како се лапаат со другачката, не се вистински лезбејки. Лајкови или "многу сме јаки". Вистинските што се определуваат така не се искажуваат толку лесно. И да, има разлика од тоа да те привлекува истиот пол и да се чувствуваш како да треба да си спротивен.
Еве јас ќе ти кажам за што се борат и зошто се групираат. Се групираат бидејќи меѓусебно имаат разбирање за својот „проблем“ (највеќе проблем со прифаќањето од околината и семејството), а бидејќи како поединци не можат многу да сторат, нормално е да се обединуваат затоа што на тој начин имаат посилно влијание. А тоа влијание не се однесува толку за нивните права (за коишто ти прашуваш) колку што сакаат да ја променат јавната свест и јавното мислење за нив, кое во никој случај не е позитивно, барем од ова што јас го гледам и слушам. А гледам и слушам омраза од сите страни. Никој нејќе да биде предмет на омраза. И не станува збор за дискриминација при добивање работа, бидејќи при вработување никој не ја обелоденува својата сексуалната ориентација, но доколку за неа се дознае на работното место, големи се шансите да бидеш подложен на мобинг или отфрлање или осудување, што е мошне застапено кај луѓево со ограничени умови кај нас. Што се однесува на парадирањето, искрено ни мене не ми е јасна таа потреба, но во крајна линија никој тука не прави никому зло и ако со тоа имаат нешто да пренесат, да кажат, тогаш не гледам зашто би му пречело на некој друг...
Не да имам против, него све тоа би депортирала да копаат канали.У вагон па се нек иде у Америка. Све прифаќаме од таму,се ни стана нормално,утре ќе одат по улица голи и тоа ќе стане нормално.Не дека и порано немало педери и лезбејки ама пак колку толку се криеле а сега се е јавно па уште и права ќе бараат за што??? Мора ли сите јавно да знаат кој со кого општи? Кога Бог не создал рекол "Множете се" ама тоа да биде меѓу маж и жена, како е и нормално а не меѓу истоплови двојки, па сироти деца растат во нездрава околина Зошто невини души да старадаат,зошто??? Никој не вели дека во ненормална средина при татко и мајка ако не живееат нормален живот ќе израсне здравво дете ама се знае каков произод ќе се добие двајца педери на пример... И затоа институцијата брак се помалку ќе биде застапена. И све што е ненормално станвуа ин,а сите сакаат да бидат ин без разлика дали е тоа човечки или не! За десет години можда ќе стане нормално да општиме и со животни па секој ќе почне да шета со крава,магаре,мајмун и ќе бара права... own:
Зарем мислиш дека на светот во денешново време, со целата пренаселеност и дефицити на здрава храна, индустриски продукти со лош квалитет, месо полно со хормони и плодови добиени со генетски инженеринг, за помасовни количини на храна, се со цел да се задоволи огромната побарувачка, потребна му е дополнителна населеност и „множење“? На светов нема ништо поповршно од фразата „бог создал маж и жена за да се размножуваат“... природата и бог не ги создаваат хомосексуалците, гарант тие се производ на ѓаволот. Please... Ако се водиме по правилата на Бог и религијата, тогаш сигурно нивното „депортирање за копање канали“ од твоја страна, и твојот хејтеризам и нетолеранција Бог ќе го отпоздрави. Никој од нив не бара ништо освен прифаќање. А со затворени умови како кај нас, тешко дека тоа некогаш ќе се оствари.
Сеедно, мое мислење. ,,Модерново,, време многу работи прифаќа како ,,нормални,, што е една од причините за состојбата во која е човештвото денес.
Се сложувам со погоре напишаното, дека *модерново* време ни налага да прифаќаме многу работи, кои инаку не се ниту нормални, ниту морални. Јас лично ги прифаќам сите, немам против никого, секој да си го живее својот живот како сака и умее, но сепак, мислам дека нешто не е во ред во хомосексуалноста, зошто најпрво не е природно. Кај нас не се најубаво прифатени, речиси ич не се прифатени, со нашиов менталитет е повеќе од јасно.
Немам ништо против. Досега имав 4 случаи да сакаат девојки да се со мене, но едноставно не сум таков карактер. Значи не ми сметаат воопшто, но не сакам да сум една од нив!
Сакаше да испаднеш голем либерал и да пропагираш слобода, на крај се распуца со фашистички идеи. Ако не да земеме и да се истребиме, за доброто на идните генерации и за доброто на земјата, да не ја уништиме со глобално загревање?! Таа фама околу пренаселеноста и недостаток на суровини е нешто најморбидно што е прифатено од доста мејнстрим научници, медиуми, разни НВО. Голем удел има Теоријата на популацијата на Томас Малтус, но него времето го демантирало. Не се работи само за луѓе кои трошат, туку и за луѓе кои на најразличен начин нешто произведуваат, со нешто допринесуваат. Всушност, како растела популацијата имало се поуспешно користење на ресурсите на земјата. Поточно, развиениот поредк овозможил зголемување на популација, но притоа и подобрување на условите за живот. Пред 400 години едно благородничко семејство во Европа имало полоши услови за живот, отколку едно просечно семејство во Европа сега или пред десет или пеесет години. Како што истакнува Симон, не постои никаков емпириски податок кој ќе покаже дека зголемувањето на популацијата има негативен ефект врз стандардот на живеење. Впрочем, тоа се антиразвојни теории. Драстичното намалување на населението ќе доведе до намалување на развојот, односно ќе се вратиме неколку чекора назад во цивилизацијата. Ние не можеме да ги планираме работите и да го котролираме развојот, да котролираме во кој правец ќе оди светот без да направиме голема штета. За нешто што денес ни е нејасно, веќе утре може да добиме одговор. Може слободно да се ’множат’, нема потреба од ширење страв...