Како се променале вашите преференции во изборот на партнер со годините?

Дискусија во 'Врски' започната од BigMisterP, 15 декември 2016.

  1. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    102
    Мислам дека нема многу голема потреба за објаснување. Секој различен период од животот има свои белези, па логично би требало автоматски да дојде до промена на карактерот, а со тоа и преференциите во животот? Дали и како се променале карактеристиките(физички и психички) кои ги барате кај потенцијален партнер?
     
  2. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Дечко ми беше спротивен на сите мои замислени идеали.. Мислам на оние детски идеали... Сакав плав дечк, со плави очи и слаб, без брада. Но, во ниту еден сегмент не ист од нив. Има потемна коса, има потемни очи, има брада и е крупен. Но, со текот на времето сфатив дека тоа е тоа што всушност, го барам. Карактерот е она што ми требало. Сега е многу послаб и позгоден од кога го запознав, цртите му се враќаат на место и повторно се враќа на својот младелашки изглед.
    Буквално беше ѕверот кој полека се врати во принц. :)
    Поука: Не го цени човекот по изглед и дозволи подлабоко да го запознаеш. Можеби во него се крие вистински бисер кој е скриен во груба школка.
    П.с. Не дека и тогаш не беше нешто лош, напротив. Но, сега е вистинска бомба. Тој е мојот Бред Пит!! <3
     
    На marija1907, cresa-jagoda и shz им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.857
    Допаѓања:
    173.368
    Пол:
    Женски
    Не сум ги сменила драстично..
    И порано и сега ретко паѓа(м)в на лепотани..
    Секогаш гледав на карактер, да биде паметен, добар, пристоен..

    Знаете, ние грдите, а плус и стари моми, не можеме многу да бираме:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На buba4e89, duffi, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Не се промениле многу. Отсекогаш сакав добри, љубезни и воспитани машки, па и срамежливи сакав повеќе отколку bad boys. Во средно имаше период кога сакав пожестоки, металци со долга коса, но помина тој период. Сега ми се сосема океј и машки со кратка коса, само да е црна! Плави и смеѓи немаат шанси кај мене. Црна коса и темни очи, тоа е таа комбинација.
    И плус, покрај тие карактеристики кои ги спомнав, сакам и искрени машки, вредни, духовити. За искреноста, подоцна сфатив колку е таа важна кај еден партнер и општо кај било кој човек.
     
    На Dust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.788
    Допаѓања:
    323.737
    Драстично се сменети.
    Не во поглед на физички изглед, туку во поглед на зрелост, ум и професија.
    Просто кажано, порано сакав ,,фраер,, да е.
    Сега почитувам стабилни мажи на кои може да се потпреш.Несакам фраери, едноставно сакам спастрени мажи.
     
    На duffi, kravce, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Мислам дека прилично доста. Порано мн работи не ми беа битни на кои сега повеќе посветувам внимание. Не сакам драми, посесивности, лудости. Порано барав дечко, сега барам маж :rofl:
    Мислам дека на една крава као ја и треба стабилен маж па после нека му е со среќа:tmi:
     
    На Captain-Omni, ЕденЧлен и referentka им се допаѓа ова.
  7. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Со текот на времето ми се промени вкусот и тоа многу ,порано сакав дечко со тетоважи ,обетки слаб ,висок :Dникогаш немав таков но кога ја раскинав последната врска си поставив други критериуми дека ке барам маж крупен :muscle:хаха незнам зошто можеби онака да се чуствувам јас поситна:Dи маж кој никогаш нема да ме остави без леб значи да биди работен8)Па фала на годпод сопругот крупен и повеке од што треба а исто и вреден е :lol:
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Како помала сакав постари машки, до година две од мојата возраст. Да, паѓав на убавина и кога ќе видев убаво машко значи мора сите да ме знаат. Сакав плави машки, високи, со плави очи.
    Сега како постара гледам убавина, но и карактер. Карактерот е клучот за се, манирите ми се важни, сега да не биде некој типичен сељак ама воспитан. Што е важно според мене, важно е да ме чува, да знае да се однесува како маж, иживеан што се вика. Градбата како критериум зависи што ќе ми фати око, но пред мора да е висок, не сакам кускуле бидејќи јас сум висока. Годините се само бројка како што кажав да има манири и карактер, тоа е тоа што е променето. Бидејќи сум единка, немам браќа ни сестра една од најважните работи е тоа што мора да ме чува како очите ако сака да му бидам сопруга, во спротивно таков не ми ни треба. Во однос на работата секој сака да е вработен, самостоен тоа се стекнува, никој не е совршен. Другото се гради и надополнува.
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Порано сакав неурамнотежени лудачи со заводлив поглед, сега сакам само девојка која знае правопис, а не како насловов. И мила да е. Фина. Топла. Мека. И свинско да сака. А да, и ракија да пие. :l:
     
    На Cka, Anon, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    442
    Порано ми се свиѓаа дечки со Џастин Бибер фризура, после тоа рапери од гетото со спуштени панталони, па хипстери со брада. :puke: Сега од ваквите ми се повраќа.