1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се сака жена/девојка...

Дискусија во 'Врски' започната од priceless, 19 мај 2015.

  1. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    73
    Здраво на сите форумџики/форумџии.. Веќе подолго време не бев активна на форумов, но пред некој ден започнавме дебата со моите другарки/другари за темата: ,,како се сака вистински една жена/девојка“.

    Сите машки зборуваа за тоа дека сите жени наводно сакале само скапи поклони и скапи патувања, но јас знам и верувам дека постојат и други начини.. вистински начини со кои што може еден маж/дечко да покаже дека вистински ја сака неговата жена/девојка. Па ве молам споделете, што мислите.. Кои се вистинските начини за доказ на љубов?

    Поголемиот дел од нашава машка популација смета дека доколку покаже романтика или направи некој гест дека ќе биде папучар во очите на другите, па затоа слободно нека се јават и оние “папучари“ кои што направиле нешто за својата сакана.. :)

    А вие девојки слободно споделете што направил вашиот сакан за вас. Што ве трогнало од негова страна и сте сфатиле дека тој е вистинскиот избор. :)

    Едвај чекам да ги читам вашите уникатни моменти :)

    02.jpg
     
    На Val-Dim и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Жената е е двигател на човековото битие и стремеж кон совршеност. Нејзината сила руши мостови, преместува планини и раѓа нов живот. Кога двајца ќе се вљубат, се спојуваат небото и земјата.
    За да се дознае дали еден маж /дечко искрено ја сака својата жена/девојка доволно е да се погледне во неговите очи и да ја почувствувате неговата сила и љубов..
     
    На Aleksandar1212, Nausicaa, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    IMG_117703619847444.jpeg
     
    На elimkd, Nausicaa, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Искрено не мислам дека треба многу за една жена да биди среќна. Таа сака внимание, разговор, сочуство и неќи да се почувстува игнорирана. Не вервам дека скапи коли, накити, алишта се клучот до срцето на жената туку вниманието кое ќе ѝ биди пружено, разговори, пиење пиво заедно, правење некои интересни работи како готвење заедно, риболов, онака ситници кои подоцна онака потикнуваат мн мн убави чувства и носат инзвонредни сеќавања.
     
    На tessie, kim.k, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Секоја има и подразбира различни нешта под сакање. Најважно од се е вниманието, разговарањето, гестовите, јас големо значење им давам на ситниците, добрата смисла за хумор, позитивноста, искреноста, без никакви ни најмали манипулации. Никоја несака игнорирање и идиотско однесување, епа мажи сега ќе добиете еден куп мислења па се на се сумирајте помоножете и најдете нзс на работите за тоа што точно сакаме ние жените. :rofl:
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Како се сака жена, така се сака и маж. Не смее да има поделби на полови и начини на сакање машко/женски. Тоа е ордринарна глупост.
     
    На ReinaDeCielo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Браво за темава!!! Поставеното прашање е навистина интересно...
    Што ни треба на нас жените за да се чувствуваме сакано??? Па, не многу!!!
    Со мм сме заедно 27 години... Но, верувајте сеуште се сакаме!!! И тоа како поминува времето се повеќе и повеќе!!! А, за секој од нас да се почувствува сакано не треба многу!!! Доволни се неколку убави зборови, неколку нежни прегратки, разбирање за желбите и потребите на секој од нас, искреност и нималку лаѓи!!!
    Немањето тајни еден од друг, мислам дека се клучот на вистинската љубов...
    И после толку години заеднички живот, мене како жена ми годат некои „ситни“ зборови и постапки кои што мм знае да ми ги пружи - мојата жена е посебна, најдобра е во се што работи, најдобро се грижи за нашите деца... Заедичките прошетки, дружето во кујната, смеењето на вицовите кои си ги кажуваме додека пеглам, моето „помагање“ додека тој ужива во своето хоби... сето тоа ми дава чувство дека сум сакана!!!
    И како „јаготка“ на врвот од чувството дека сум сакана е верноста!!! За една жена која сака најважна е верноста од партнерот...
     
    На Pacifist, Dust, mila89 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Жена се сака со благо во два сабајле во кревет:)
     
    На Kikikikiri0405, Nausicaa и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Вистински сaкaнa женa е слoбoднa женa. Дa биде тoa штo е, дa не чувствувa ни нaјмaл притисoк oд пaртнерoт дa мoрa дa испoлнувa стaндaрди несвoјствени зa неa сo цел дa дoбие пoчит и љубoв. Реткo кoјa е нa тaкoв нaчин сaкaнa, мнoгу се прилaгoдувaaт и се сoглaсувaaт нa мнoгу кoмпрoмиси штo дo oдреденa грaницa е вo ред, нo пo мoе тaa грaницa требa скoрo и дa не пoстoи, нo тoa вo некoј друг свет. Вo кoнзервaтивни средини сo приличнo oгрaничени зaмисли зa тoa кaкo еднa врскa или брaк требa дa изгледa-слaбo.
    Кoлку сте слoбoдни, тoлку сте сaкaни.
     
    На Dust, anel, mila89 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.559
    Пол:
    Женски
    Со жената треба ни премногу стегнато, ни премногу лабаво.
    Е сега зависи, има жени материјалиски чија љубов се одржува со подароци, а за оние другите треба само разбирање, да им се поклони своето време и внимание. Тие сакаат делење, делење на се, на чоколадата, на парчето торта, на ќебето, на последната палачинка, на секоја насмевка, секоја солза.
    Има една изрека, мажот треба многу да го разбираш а малку да го сакаш, додека жената треба многу да ја сакаш и воопшто да не се трудиш да ја разбереш.
    Не се согласувам сосема со ова, но во секој случај, точно е дека и е потребна голема количина на љубов.
    Никако ставање стеги, никако љубоморни драми. Но ни премногу лигавење и попустливост. Жените сакаат храбри мажи, силни, одлучни и кои знаат кои се и што сакаат. Ова го спомнав бидејќи во врска некои знаат да се изгубат себеси. Сакаат заштитнички настроени мажи покрај кои ќе се чувствуваат сигурно.
    Мажот треба да ја насмее жената а не да ја расплаче. Како рекле, да и го размачка карминот а не маскарата. :)
     
    На Pacifist, Aleksandar1212 и ELIDavor им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    За да се почувствувам сакана не ми треба ни кола ни јахта ниту нешто трето..
    Малите гестови значат најмногу. Кога сум здрава, болна, среќна и несреќна да биде до мене, да покаже дека се грижи..дека му е жал, дека е среќен. Не да биде како мртов коњ, ни на живо да се радува ни на мртво да плаче..
    Кога сум во право да ме поддржи. Кога грешам да ми укаже, но да ме остави да научам од грешката. Во спротивно со наметнување на тоа што мисли дека е исправно прави само да чувствувам одбивност..
    Секое утринско гушкање, убавите зборови, кроење планови за иднина ..сите тие се начини и постапки за да ми покаже дека има некакви чувства кон мене.
     
    На Pacifist, Askopje, MayDiamonds и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Сакањето нема врска со скапите подароци и мислам дека веќе е време денешниве мажи конечно да го разберат тоа..
    Довербата, грижата, нежноста, поддршката се она што ја прави една жена да се чувствува сакана..
    Јас за да се почувствувам сакано пред се треба да бидам слободна и без стеги и окови што би се рекло, заедно да уживаме во се што ни нуди животот, значи довербата е клучот. Потоа се друго оди рака под рака, да ме слуша, поддржува, мази и пази како капка вода на дланка, да се однесува заштитнички, и тоа е тоа.. Поклоните секако се дел од сето тоа но не мислам на поклони од типот на луксузни накити или којзнае што, може и да е нешто сосема обично само да е креативно, внимателно и подарено со љубов.. Пред се за да се чувствувам сакано, човекот до мене треба да ми е пријател, брат и животен сопатник, само така би се чувствувала сакано и среќно.
     
    На Pacifist, eliesaab, Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Од срце . Искрено и силно . Толку :)
     
  14. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Едноставно и искрено! Што поедноставно тоа поубаво. Јас сум едноставен тип и не ги сакам дечките со фразите ''срце, муце““ бла бла. Женско се сака по начинот на кој се однесува, смисла за хумор, женственоста, како ја искажува љубовта. КАко што кажува горе коментарот силно, од срце :D