Алишта офарбани при перење Можеш да пробаш со оние крпички т.н. ловци на боја, ги има во Тедико, во ДМ, мислам и во Веро, па да пробаш да ја пуштиш да се пере со едно крпче „ловец“. Исто претходно пробај со сапун за вадење флеки (има исто во ДМ) или викаат најдобро флеки вадел најобичен селски сапун за перење, ама тешко се наоѓа, па да пробаш пред да ги переш со тој сапун да ги истриеш местата што се офарбале. И колку ќе излезе зависи од материјалот. Ништо не те чини да пробаш, и така се уништила кошулата. Ако ништо не помага, помага целосно фарбање Со среќа.
Алишта офарбани при перење Има средство Dr. Beckmann's елиминатор на боја, за вакви алишта. Мене ми се случи ова, ми се исфарбаа викендов светли алишта (од жолти и бежови станаа тегет ), па ги исправ со тоа средство во машината за перење (си има упатство). Едно ќесиче е, во кутија, околу 110 ден. во Тинекс. Е сега, ми ја извади и бојата за која мислев дека е оригинална (бежови панталони добија кајсија боја, поточно, оваа кајсија боја им била оригиналната, а овие се фарбани бежови). Инаку, ептен е ефикасно средствово, алиштата се ко нови И има тема за справување со дамки и флеки
Алишта офарбани при перење Мислам дека крпчињата "ловци" се за користење пред да се офарба парчето облека, крпчето ја абсорбира бојата што ја пуштаат алиштата, но нема да штети да пробам... фала.
Алишта офарбани при перење Да, вообичаена употреба е да се стават во машината за да не дојде до фарбање на облеката, ама некаде прочитав дека успевало да се извади несакана боја и ако се стават по несакањето фарбање... Не сум пробала, само имам прочитано.
Јас сум многу задоволна од Omino Bianco-секоја можна флека ми ја вади. Порано користев вениш,но ни најмалку не бев задоволна од тоа средство,за џабе фрлени пари.
Да ве помолам за малку помош: -само што приметив дека имам флека на пижамите и знам дека ми е затоа што ми се истури чај баш на тоа место. Ама јас како идиот си реков, ајде чај е нема флека да остане само што работата не била така. Барав нешто на интернет ама секаде ми вика со оцет а тука имам само балсамико и не ми се купува цело шише оцет само за флекава. Некој совет било каков е добредојден. Ептен си ги сакам пижамиве и иако по бојата не се забележува флеката јас знам каде е и ме нервира. Пробав со детергент за садови и со обичен за перење ама не иде некако. Некој на помош??
Темава е полна со совети и предлози за средства против флеки, но ми текна и една друг начин за отстранување на флеки кој мислам дека не е спомнат. Тоа е со паста за заби (под услов да е бела), се нанесува врз флеката, се трие местото, се остава неколку часа и повторно со триење под вода се плакне пастата и има шанси флеката повеќе да ја нема. А tigerlady ако сакаш средство баш специјално против флеки, има малечки ќесички од вениш по маркетиве од 30-40 денари за да не купуваш големи пакувања.
Пробај со Арис, јас го користам кога имам флеки на алиштата. Ги запрскувам флеките, отстојува 10 мин и ги ставам на вообичаеното перење.
Флеки вадам со вениш намачкам исперам со ладна вода потоа со сапунот МЕРИХ исперам и ставам в машина па добро вадам флки инаку ретко кај нас флеки да има.
Општи прашања Како можам да обелам бела маица која ми се обои при перење? Секој предлог е добредојден
Ај и јас да ве прашам Керка ми на нејзините најнови панталони во школо ги исфлекала со лепак за хартија. Како да го извадам?
На нежно крем фустан имам флеки од кармин, од капнато јадење и исцрнет ми е отпозади, како кога излегувате од кола, само ова салам се познава и е прилично на голема површина. Дајте кажете ми дека ќе испадне со Вениш оти ќе седнам и ќе почнам да плачам уште малку.
Несум сигурна но пробај со вениш тој со пумпица,стави малку на некоја крпа и исчисти Неможам да најдам на слика како изгледа но слично е како ова: Спојлер