znae redovno pravi tie pap testovi ama za ova ne saka da slusne .. veli sega super i bilo , sekogas imase bolnen ciklus prosleden so vrtoglavici i glavobolka , sega ovie 3 meseca toa go nema imislam deka saka toa da e ..i ne ide da ne i kazat nesto drugo
Не знам што да ти речам.. Пак истото треба да го кажам: Обиди се да ја натераш да оди на доктор. Може е менопауза и се' е во ред, ама тоа треба доктор да потврди, никој друг не може.
И тетка ми има 48 и кажува дека веќе влегува во менопауза. Кај секоја жена различно се одвиваат тие работи па ништо не е чудно. Девојчиња уште со неполни 10 год веќе добиваат за прв пат. Се е изменето и вештачко. Во денешно време таман е за менопауза на таа возраст, ама да, добро би било да се прегледа чисто информативно. Е сега и мајка ми не ме слуша многу ако и давам совети, секогаш за неа сум дете, па затоа сигурно и мајка ти не те слуша. Дете си за неа. Не ја притискај. Ваљда треба сама да се одлучи и да биде свесна.
Здраво. Мајка ми денес прокрвари после 3 години менопауза, ја тера да мокри и ја пече долу. Дали некој имал слушнало или имал искуство со такво нешто?
Составен дел од животот на секоја жена е и периодот кога нејзиниот репродуктивен систем доаѓа во својот залез,за да на крај конечно исчезне.Како што секоја девојка, млада жена го памети својот прв циклус секоја жена,во одредени години да почнува да обрнува внимание на невообичаени појави,кои се непознати,искрено барем за мене. Кај мене ,,прекинувач на светлото" беше короната.Од тогаш наваму не ми е исто телово.Од неколку месечно изостанување на циклус ,па повторно уредување од неколку месеци,за еве сега повторно да имам проблеми. Изостанувањето на циклусот и не е толку голем проблем,свесна сум дека ова е нормален дел од животот... Мене лично голем проблем ми претставува и тоа што се претворам во шизофренично чудовиште на моменти а на моменти занемувам како да не знам зборувам. Тука се проблеми со спиење,штитната жлезда,замор и умор,болка во коски и мускули,мигрена,нервоза,надуеност во гради и стомак ....и ме знам уште што.Ако дел од овие симтпоми порано ги имав неколку дена пред добивање сега ги имам речиси цел месец,особено ако не добијам. Се разбира бев на лекар,негов совет е да испушам некој дим. ...освем тоа не ми препиша ништо...демек се е тоа природно.Природно ама неподносливо е... Се борам како знам и умеам,но добро би дошол и некој совет од страна, од лично искуство или од искуство на блиски,зашто свесна сум дека форумов е релативно млад... Па повелете...
Dali imate sovet za vaginalna suvost? Pijam vekje mesec dena cycloproginova, no sèushte nema nekoj kojznae kakov rezultat... Inaku od pred nekoe vreme vo menopauza, na 33 godisna vozrast, po dobivanje na rezultat za hormonot FSH 63.
Здраво на сите. Мајка ми веќе подолго време има проблеми со болки во целиот грб. Од време на време и се појавува жештина во коските, топлина во нозете и рацете како и во градите. Исто така и трнење. Има направено испитување скоро на се и сите доктори велат дека е во ред и дека тоа е психички. Последно испитување беше на гинеколог кој што и кажал дека влегува во менопауза. Таа има 45 години. Дали некоја од вас ги има истите симптоми и дали мислите дека можеби има проблеми со вратот?
Дали е точно дека со почеток на менопауза исто страдаат и коските, па треба да се направи тест за остеопороза? Има ли превентива нешто?
45god sum i jas. Voznemirenost custvuvam mn.bez pricina.I ja imam trnenje na race, i bolki vo karlica.Bev na site mozni doktori i na rengen i na ginekolog.Mi docnese 45 dena i mi dade Primolut nor tab 10 dena po 2 na den i eve gi ispiv sega cekam da dobijam.Taka da i ja vleguvam vo menopauza
Точно е дека страдаат коските, заради губитокот на калциум кај жени кои веќе се влезени во менопауза, т.е. се во постменопауза. Состојбата на коските се проверува со анализи на крв и со снимање на коските -декса. Треба редовна контрола на коските кај жени во менопауза, за да се следат промените - на пр. на две години декса да прават и сл. Ако има потреба се даваат суплементи во исхраната за да се заштитат коските од остеопороза. Битно е жените во овој пероид од животот да вежбаат (со обавезно вежби со отпор, вежби за држењето, рбетот и карлицата), да се движат (да пешачат, пливаат, возат велосипед) и да јадат повеќе свежо овошје и зеленчук, храна богата со витамини, минерали а помалку месо, шеќер и преработена/процесирана храна.
Dobra vecer! Imam topli branovi mnogu potejne a izgleda sum vo postmenopauza bidejki 3,4 meseci imam po malku a sega eve 2 meseci nemam mn ne se razbiram jas vo toa a I pritisokot znae nekogas da se pokaci povejke ispitav se doktorot vika se e vo red I tiroidna is dr dali mozi da bidat ovie simtomi na zestina osobeno vo vratot liceto grbot nazat mi puka od zestina ova se slucuva nekogas nekogas ne I sevo ova me plasi I koga I znae pritisokot da se kreni ili pulsot dali nekoj se soocil so vakvi simptomi I dali treba ginekolog da se poseti vi blagodaram za dolgiot post.Ubava vecer.
Ај инструкции за неписмени- што се рачуна за почеток на менопауза? Морав ова да го копирам од другата тема, да не биде закопано знаење. Лично сеуште немам став, дали и колку би надополнувала естроген со фитоестрогени, ама има ли некои предупредувачки симптоми што треба да ги знаеме, кога нивото на естроген е сериозно опаднато? Мислам, телото да ти каже, оти редовни хормонски проверки се малку научна фантастика кај мене.
Здраво на сите ми треба совет како се справувате со жештините или така наречени топли бранови во менопауза? Дали воопшто прекинуваат некогаш или цел живот тоа трае?
И кај мајка ми и кај тетка ми траеа некој период и поминаа. Не се цел живот. Тражи некои витамини за климакс потпомагаат, исто и чаеви има доста. Тетка ми знам беше и доста нервозна тој период, кај секој е различно ама од жештини најмногу се жалат. Обавезно пешачење и вежбање, повеќе вода внесување.
Менопаузата не е играчка, голема и драстична промена кај жената, ако не се третира може да бидат последиците големи. "Мака" е добро да се пие од природните суплементи, но хзт е исто решение за тие што се здрави. Движење, јога, позитивни луѓе и мисли ....