Здраво женски гледам не е многу активна темава...дали знаете иѓате исуство со период на перименопауза. Читав на интернет,се едуцирав тоа е период пред да почне менопаузата...има некои знаци , еден од нив е изостанување на циклус ,па после као доаѓа во 3 месец еднаш ,а менопауза е период кога скроз престанува...Е сега кај мене не е тој проблем. Циклусот ми доаѓа ,ама не како порано. До прошлата година ми идеше на 30 па и 31 ден и траеше 3 до макс 4 дена 5 ден не носев веќе влошка без болки никакви. Сега ми иде на 26 ,27 , па и 25 ден и првите 3 дена е океј ,ама после продожува и трае и се тегне до 7 дена ,во тие денови нема некое крвареше ама цечо време се цеди и имам чувство дека нон стоп имам циклус. Ова нарушување го поврзавме со гинекологот како резултат на проблемот со тироидната жлезда. И навистина циклусот ми оди вака откско открив дека имам хашимото хипотироиза и пијам еутирокс. Дури во циклусите имав и јаки главоболки и трески кога тсх тироидниот хормон беше висок. Оној пат бев на редовна контрола кај
Добро е што си проверила хормони на тироидната жлезда (и си открила дека имаш Хашимото) и полови хормони. Циклусот најверојатно од тоа ти се променил малку. Штом резултатите од лабораторија за половите хормони се во ред немаш потреба да се секираш. Мислам дека ако си била во перименопауза резултатите ќе ти дале вредности во рамки на таа категорија за перименопауза (кои се секако означени во резултатите).
Не би требало да траат цел живот, веројатно е индивидуално и зависи од тоа дали пиеш нешто или не за ублажување на симптомите на менопаузата. Мене ми траат сеуште, иако сум во постменопауза веќе неколку години. Гледам сите зборуваат за бенефитите од хормонската терапија ама таа не може секој да ја зема. Кај жени за кои ризикот од хормонската терапија ги надминува симптомите на менопаузата, не се препорачува. Гинекологот и ендокринологот треба да одлучат дали смееш да пиеш таква терапија, согласно здраствената состојба, хроничните болести и направени анализи. Ако не пиеш хормони, остануваат само суплементи на растителна база. Стресот и заморот мене ми се најголем тригер за топлински бранови и најчесто ги имам ноќе, кога веќе сум изморена. Ми помагаа мелени 4 семиња (лен, сусам, тиква и сончоглед) ако ги конзумирав редовно (по 1-2 к. лажички дневно). Ленот има најмногу фитоестрогени од сите растителни храни, така да си мелам и си додавам во јогурт, житарки, колачи и сл.
Топлинските бранови можам да ги поднесам, ама мозочната магла (brain fog) и сличните невролошки и когнитивни промени како и емотивните промени повеќе ми пречат. Дебелеењето кое се случува и без да смениш навики во исхрана и во движење и спорт ми пречат. Бара промени во животниот стил и во навиките.
Исто и јас топлите бранови ги има паги нема но некако ги поднедувам.Но замор немам концентрација нервоза тахикардија и од неодамна и висок притисок. Инаку 3 год како сум веќе влезена у менопауза. Моментално освен за тироидна и за притисок не земам ништо.
Притисокот почесто ми е низок, многу низок и со тироидната сум ок. Но во периодот на перименопауза ми се покачи холестеролот и по некоја година почнаа почетни знаци на замастен црн дроб. Матичната и интернистот не ми даваа лекови за холестерол, сакаа да го намалам со исхраната ама ништо што правев не помогна. Имам и генетски предиспозиции за хипергликемија. Конечно гастроентерохепатологот ме стави на соодветни медикаменти и се подобри. Сега сум само на лек за холестерол и суплементи за црниот дроб. И секако се трудам да следам препораки за здрав живот. Несоница имам и многу лесен сон, па кога нешто ќе ме разбуди одма ми доаѓаат истовремено топлински бран, нервоза и срцето си го слушам во ушите..а некогаш и ми се лоши во желудникот уште пред да отворам очи.. Неквалитетниот сон само ми додава на заморот преку ден до степен да едвам издржувам на работа. Никогаш не сум спиела попладне, сега спијам и после ручек и пак вечерта си легнувам. Најдобро се осеќам ако си легнам пред полноќ претходната вечер и уште ако не ме штрекне ништо дур спијам. Порано легнував после полноќ и не преспивав попладне, сега ако правам така две три вечери по ред, четвртиот ден крахирам психофизички. Сега учам да се штедам себе си. Не сум знаела досега како, ама сега телото те присилува да го почитуваш. Движење, храна без глупости, редовна и разновидна, повеќе одмор, помалку стрес..ако е можно..
Јас имам сила да издржам до 22ч повеќе не можам се комирам.Кога сум дома и јас легнувам после ручек но претежно сум на работа али ми се случило пр 20ч да легнам и отспијам половина час инаку не функционирам. Инаку доста работи тргнав од исхраната само ќе треба да воведам баланс во оброците т.с да ги распоредам правилно ми се случува да јадам еден до максимум два оброка на ден.И тоа првиот во 10 вториот во 18 а после 18ч не јадам веќе ништо.
Дали се имате соочено со подуеност на стомак? Мајка ми последнава година го има тој проблем и иако се храни нормално, не се повлекува.. Беше на гинеколог и и рекоја дека е нормално.. но дали нешто ви има помогнато, колку толку да се намали?
Најтешко од се ми паѓа губењето на фокус и она глупаво чувство на заматеност, и тоа токму во професија каде што наводно треба да сум цело време остра и бистра. Среќа што сум страшен импровизатор На интернет насловиве "не, не е алцхајмерова, туку симптоми на менопауза" и не се некоја утеха
Ова лесно го решив... Мелатонин, по потреба, ем е страшно ефикасен, ем без рецепт, ем нема несакани ефекти.
Бев кај матичниот гинеколог и прашав околу мозочната магла и на мое големо изненадување - таа најкатегорично исклучи каква било поврзаност меѓу хормоналните промени и когнитивната функција! Дури и ме испрати на психолог / психијатар кој со третман, совети или медикаменти ќе ми ја среди оваа состојба. Е сега, јас сум отворена во однос на тоа дека можеби мојот случај, на пример има невролошка подлога. Секако, има еден мал куп болести и пореметувања што влијаат врз когнитивните функции. Но да се каже дека ниеден случај на мозочна магла не е последица од промените во хормоните, оди против целото мое искуство (ова ми беше проблем и во бременоста) , да не зборувам за илјадници сведоштва на интернет кога на жените им се подобрила состојбата после менопаузата или со хармонска терапија... Не, нема да одам на психијатар да ме клукаат со апови, кога добро се чувствувам
I mene pocna da mi se kacuva protisokot. Nekoj mesec ciklusot e pokratok,nekoj kako sega uste na brisenje imam krv skoro 10 dena. Dali i kaj tebe imase vakvi promeni? Pred 3 meseci 2 pati dobiv
@riba79 Прво од 28дена ми се скрати циклусот на 23/4 дена потоа и јас добивав по два пати месечно па почна да ми касни па стана оскуден едвај по три дена со слабо крварење за да на крајот престанав да добивам. Кај мене притисокот варира доста од висок до многу низок.
Прашање до админ @RainBow може ли насловот да се смени од ,,менопаузата,, во ,,менопауза,,. Пребарувачот не знам шо чудо е, ама ако пишеш само менопауза не ја наоѓа темава.