Smeni genikologot sega nz bas kako tocno se dozivuva brain fog, megjutoa estrogenot igra klucna uloga vo kognitivnite funkcii i zemi si hormonalna terapija za sekoj slucaj...sto genikolog kje bese da te prakja na psihijatar mozokot e tesno povrzan so crevata, taka sto smeni ja ishranata i vovedi si fast, hormonite kje se opravat. Sega ne znam kolku godini imas ako si pod 38-35 pod into menivaj genikologot
Колку ти траеше овој период на нередовни циклуси? Знам дека кај секого е различно, ама ич не би сакала ова да трае многу долго, не поради циклусот, туку поради попратните симптоми.
Во прв момент и јас си заминав со смеење од кај гинекологот, ама од некаква временска дистанца, сфаќам дека една нејзина поента и имаше смисол, тоа дека ние имаме тенденција повеќето проблеми да ги препишуваме на женските хормони. Помина летото, и мене магично ми исчезна мозочната магла, па сега и се прашувам што ако се ставев непотребно на хормонална терапија, која веројатно си има свои ризици? Инаку нејзиниот став за хормонална терапија беше исто негативен, а ова ми го повтори и друг доктор, додека знам други кои имаат многу полиберален став за ова, види колкаво разногласие... Како и да е, во меѓувреме ми се јавија други, уште полоши "хормонски" симптоми, и јас со крајчето на мозокот почнав да дофаќам дека дел од нив веројатно и сама си ги конструирам . Така на крај сепак отидов на психолог (не психотерапевт, не психијатар), и бам! - во текот на една сеанса имав откровение - дека некаде на некое базично ниво, без да бидам свесна, славината за стресот во мојот мозок никогаш не се затвора! Секако, перименопаузата веројатно ги влошува овие симптоми, но сега знам дека не ги предизвикува. Фала за советот за исхрана и постење, тоа и планирам, промена на исхрана, навики и стилот на живот, којзнае зошто човек мора да биде притиснат до ѕид, за да почне да менува некои работи
Moze da mi objasnis kako dozivuvas brain fog? A ti samo vrz osnova na brain fog se posomneva vo hormonite... Se e povrzano, stres i overload najgolem faktor za site komplikacii. Kako i da e, sekoja zena na svoj nacin pominuva niz predmenopauza. Jas sum vekje vo predmenopauza, slava Bogu dobro e do sega, fastot ( samo najdi plan za zeni so menzis, ne sekoj fast e dobar) mn pomaga vo sekoj pogled, zatoa sto ne se samo reproduktivnite hormoni vo prasanje, cel spektar hormoni ima svoj udel. I ako nesto nauciv, spij 7-8h.
Да, ми зачестија циклусите во тој период и некогаш ми се случуваше два пати во месецот да добијам. Мојот гинеколог ми викаше дека се е нормално ако не е преобилно или болно, ама мене ми беше многу необично, зошто секогаш циклусот ми бил 28-30 дена а тогаш ми беше и на 20 дена на пр. После некоја година се случи и постменопаузата и циклусот престана целосно.
Кој е поосетлив на хормонските промени и тоа како ќе осети промени во психичкиот дел. Јас и кога имав циклус ги осеќав промените во хормоните. Пред добивање имав ден два депресивни, во плодни денови бев полна енергија, брза и физички и мисловно и сл. Гарантирам дека не се умислени овие работи, зошто не само што сум ги искусила, туку и сум учела на факултет за тоа како влијаат хормоните врз однесувањето. Мојата професорка би имала збор два да му каже на твојот гинеколог ...Бог да ја прости
@Deus ex mahina Не мора да се користат орални хормони за да се надминат проблемиве. Зошто си носат други ризици овие лекови. Мене не ми препорачаа гинекологот и трансфузиологот да пијам орално хормони заради проблем со вената на ногата. Но, има вагинални креми кои содржат хормони како Освестин кремата. Кај нас тешко се наоѓаат. Јас купив од Грција Блисел, ист состав имаат.. Уште не ја имам пробано, скоро ја земав, упатството ми е на грчки, сакам да се консултирам со гинеколог за начинот на апликација. На инста најдов инфо од докторка која зборуваше дека место орално, им даваат на жените топично естрогенски креми а вагинално прогестеронски. Се сметаат за помодерен и помалку штетен начин за хормонска терапија, а помага во последиците од менопаузата.
Ми треба совет. Имам блиска особа, скоро 60 год. има, откако е влезена во менопаузата има страшна депресија, со текот на годините само се влошуваше. Смени не знам колку психијатри, проба не знам колку терапии. 2 недели е подобра, 2 недели е многу лоша состојбата. Кога и' е лошо, менува физички изглед, вдлабени очи, исушен лик, бледа боја, личи на мртовец, буквално ме плаши. Во последните 2 години повеќе седеше на боледување, отколку што одеше на работа. Можно ли е да е нешто повеќе од депресија? Можно ли е до сега да не и' утврдена точна дијагноза? И' велат дека сè и' од менопаузата, промената на хормони. Од тоа што имам слушано и читано, жените многу често на постари години добиваат деменција. Да, поврзано е со менопаузата, страшни промени има во мозокот. Кажете чаре, некој со слично искуство.
По правило психијатар би требало да исклучи органски причинители на проблемот, пред да донесе дијагноза дека тој е само од психичка природа. Т.е. со оглед на возраста на жената тој треба да исклучи дали нема физички болести и болести на нервниот систем (како деменција) кои предизвикуваат и психички проблеми, да се направат потребни дијагностики и ако тие ја исклучат физичката болест, тогаш да даде дијагноза за психичко растројство. А во спротивно може да даде дијагноза која ќе ја дефинира и физичката и психичката болест, тоа не е проблем, но треба да е поткрепено со наоди од испитувања. Реално, деменцијата би требало да ја препознае психијатарот и со самиот преглед на пациентот..ваљда ако имала такво нешто ќе кажел.. Хормоните и влегувањето може да бидат тригер за промена во расположение. Но, за да прерасне од лошо расположение кое е транзиторно и поминува како се навикнуваш на промената и како што одиш кон постменопауза, во емотивно растројство како депресија условот е тие симптоми да траат подолго и да се враќаат. Промените во хормоните сами по себе не може да се одговорни за депресивно растројство, тука сигурно имало и други фактори кои допренеле кон депресијата а кои треба да ги утврдат психологот или психијатарот.
Така и кажуваат, дека поради менопаузата и' се случува. Спојлер: Лично Вака жената е топ, здрава, за таа возраст во добра форма, има врвна кариера со уникатна позиција во цела Мкд, заработува добро, исполнета е на тоа поле, речиси 30 г. брак, 2 деца здрави, прави, паметни со свој живот, исполнета и на тоа поле, родителите уште и' се живи, се држат, има свој стан на убава локација, шета, се движи, пешачи, едно време одеше и на аеробик, да излезе од дома, да се дружи, ама џабе. Не знам колку пати сме правеле муабет што размислува, дали има проблем или некое незадоволство, тврди дека нема. Кога и' е лошо, многу и' е лошо. Вика сака да седи и да гледа во ѕид. Едино што ми паѓа на памет е, има близнак кој пројде низ екстремно тежок период во животот (рак плус поради ковидот губење на работата која ја работеше 20 год.), и жената исто така има тешка депресија. Знам звучам лудо, ама искрено почнувам да мислам дека е на основа на онаа поврзаност помеѓу близнаците што велат дека постои.
Скроз тангенцијално на темава, но многу е висока корелацијата пол / автоимуни болести, до 80% се жени. Случајност, последица на хромозоми, хормони или едноставно - култура?
Тоа не мора да значи многу, дури и - уникатните позиции се често уникатна можност за страдање. Исто и материјалниот, па и семејниот успех не се гаранција за ништо. Тоа што до кај 60 години успеала да помине низ животот без големи потреси, немаштии, загуби и депресии е повеќе исклучок отколку правило. Да, кај жените хормоните се сметаат некако за "светиот грал" на сите состојби, но нејасно е дали се тие причината или се само некаков засилувач на нешто што веќе постоело. Јас се повеќе сум убедена во второво.
Веројатно си во право. Искрено почнувам да мислам дека не и' ја гаѓаат дијагнозата. Има разни растројства со исти/слични симптоми.
Здраво,околу 10тина месеци циклусите ми варираат од 21-30дена...Освен последниов месец кога ми изостана 50+дена.На проверка на хормоните полови,испаѓа дека сум во черименопаузс.Предвремена.Искрено,во шок сум. Прашањето ми е дали сте проверувале и вие хормони,или само по симптомите ви дијагностираат менопауза?
Кои хормони ти ги испитуваа? Не сум стигнала уште таму...ама, ако е за тебе, фсх и тсх ги произведува иста жлезда, како ли се викаше...хипофиза. .. и механизмот претпоставувам е сличен.
TSH, i уште некој се тироидни. А полови хормони одредуват резерви на јајце ј.кетки,работа на јајници ...Тоа се FSH,пролактин,естроген,кортизол....
Па, тсх и фсх се два хормони произведени од хипофиза, тоа кажав. Тсх не е тироиден хормон, односно е тирео-стимулативен хормон, кој ја стимулира тироидата да работи вака или онака, ама- доаѓа од хипофиза. Фсх (фолико стимулативен хормон ваљда ) влијае на лачење репродуктивни хормони, ама исто е од хипофиза. Пролактин исто е од хипофиза. Сакам да кажам, пошто памтам имаше чудни тсх варијации, да побараш добар ендокринолог кој ќе ти испита хипофиза (што и да значи тоа, толку далеку немам стигнато).