1 месец пред Испит - Тотална опуштенција. Идеш на предавања и вежби поради присуство, а и понешто да слушнеш, да прочиташ некое романче, да се посмееш со колегите. Најбитното во суштина се кафињата после некое предавање. На кафето му се дава посебна сласт ако предавањето било "интересно" и "интерактивно". Верица-се-фатила-со-Милета, а-Зоки-и-раскинал-на-Биљана муабети се вртат секој ден, ама што тука може да се прави. Луѓето повеќе се оптеретени со туѓите животи одколку со својот. Идеш дома, седнуваш на компјутер, блогираш, играш, сурфаш, четуваш.... Легнуваш накај 2-3, стануваш накај 12-1, зависно дали имаш уште кој плус за добивање на факс. 2 недели пред Испит - Брат, ја мислам дека е време веќе да се седне и да се учи. Да брат, и јас мислам така... Друго шо ќе ми се пофалиш инаку? 1 недела пред Испит - На сите им зборуваш како ти е тешко на факултет. Имаш многу за учење неделава. Идеш дома и конечно седнуваш на работната маса со книгата покрај тебе, ама сосема случајно забораваш да го исклучиш телевизорот. И баш во тој момент почнува некој ТОП филм. Си викаш само да го догледам филмчево и ќе продолжиш. Се будиш утредента и сваќаш дека си заспал на двоседот. 2 дена пред Испит - Мозокот ти работи 300. Потребно е да научиш 3 тома за помалце од 48 часа. Се распрашуваш случајно некој да не има тестови. Се обидуваш на црна берза да ги купиш, но после сваќаш дека барајќи тестови си изгубил додатни 6-7 часови. Пак седнуваш да учиш, но во датиот момент ти ѕвони телефонот. Брат, ајде на кафе жити се, ова не се трпи веќе. После релативно кратко думање прифаќаш, и цели 3 часа зборувате за тоа колку сте неодговорни. Се враќаш дома и цела вечер учиш. 1 ден пред Испит - спиеш, нели цела вечер учеше? Се будиш наеднаш и сваќаш дека си го изгубил целиот ден во спиење. Скокаш од кревет и одма се фаќаш за 3-те тома. Сваќаш дека е премногу, вртиш телефони и наоѓаш скрипта. Читаш, но повторно е многу. Полагаш во 10 утредента. Сега е 3 после полноќ. Се одмораш од учењето и проверуваш маил. На MSN одма се најде некој да те зазбори и ти му објаснуваш 2 саати колку само имаш за учење. 1 час пред Испит - се наоѓаш со друштвото и се жалите едни на други колку само не сте имале време за учење, колку само факултетот е тежок, професорите ненормални. Пиете едно кафенце и се опуштате пред тест (ви текнува дека некаде сте го прочитале тоа). После Испитот - професорите се најголемите кривци за се. Не ве оставаа да мрднете од вашето место. Не ви објасниле како треба. На тестот имаше непредавани работи. После муабетот со друштвото си ветувате дека ова е последен пат да спремате испит во 2 дена. Свесни сте дека не сакате да ве снајде истата беља. Си одите дома и одма заспивате, уморни и разочарани. 1 месец пред следниот Испит - Тотална опуштенција. Идеш на предавања и вежби и ... Спојлер се пронајдов
Е*ено точно за жал. Пред испит вечерта кафиња ред були фрчат и криви ми се и цимери и професори и дечко и све остало. И секогаш викам дека наредниот семестар ке се сменам ама пак иста песна ја вртам после.
hahaha apsolutno se pronajdov vo ova, sekogas taka mi ispaga se si vikam aaa naredniot semestar ke ucam na vreme ama ne sekad 2 dena pred polaganje ucam
Хахаха точно ама заборавиле еден битен дел ако не успееш да научиш правиш ливчиња за препишување и наоѓаш милон начини да препишеш од тој што научил
Оууу мај Гад колку е само точно? Јас темава би ја преименувала во „Како Најубава спрема испит!?“ ... Нема бе нема, таков чуден створ сум цел живот во последен момент учам и фала Богу ме пратела среќа, ама сега за на факултет изгледа треба поише учење отколку среќа ...
Хахаха колку е само точно,кај мене последните 10 часа пред испит еден час учиме следните два се смееме со цимерката и некаде на сред нок собираме пари да одиме да си купиме чоколадо оти благото нели ја зголемува концентрацијата и е здраво за мозокот па одиме во најблиската трафика и така последните два часа пред испит јадеме,пиеме ред бул,вариме кафе и ја дрзиме книгата во раце но најинтересното е тоа сто утредента казуваме колку многу сме учеле но тие глупи професори даваат нови задачи некои непредавани и така следниот испит со нови сили и подготовки (чоколадо,ред бул и нескафе) го спремаме испитот па срека бе ме прати како никој друг ееј се снаогам филозофирам и минам на испит и тоа со високи оценки абе студентски зивот П.С последниот еден час пред испит е посветен на разубавувањето и дотерувањето за кафето после испитот да се разбереме и таму нормално си разговараме за насите неуспеси во спремање на испити
Може некој ќе верува може не .... Моја маана знам дека е ама што можам не знам додека не ме притисне времето не можам изгледа само под притисок функционирам . Спремам испит од 48-72 саати се чудам и јас сама на себе ... Значи додека нормалниве студенти учат јас кулирам и кога ќе се брои ситно до испит јас Полудувааам ! Учам ноќ и ден особено ноќ со некои 5-6 саати спиеење ... И секогаш традицинално вечерта пред испит не легнувам учам додека не тргнам на испит . Пред испит следи туш да ме разбуди од не спиење и одам во борба со Господа на помош .... И уште се бунам коа ќе паднам испит мислим ма ово нема ни у београду ... Тачније ово нема ни на ФОН . И не знам до кога вака ... Нешто што нема никогаш да го заборавам ми е испитот по Историја ... Материјал од 2 книги значи некои 350 странички . Јас ништо пипнато Историја ко Историја почнувам гледам битки , цареви , години , месеци , држави и тоа прва лекција си викам ај само оваа е ваква може. Почнува Венди со учење завршив лекцијава поцртувам поцртувам гледам се поцртано и јас ваква ден и пол и пред мене 350 страни нема време за ништо отидов јас си викам .... Си почнав да плачам , да се дерам да хистеришам ... Сфатив нема каде , си ја земав книгата поцртував тоа што МЕНЕ ми се поцртуваше пошо нели (немав никакви насоки ) Знам дека одејќи со автобусот јас уште читав и последни 3-4 не стигнав . Не очекував да положам ама кога видов
Искрено ве читам и ви се чудам. Јас сум сеуште средно, годинава матурантка. И искрено јас не би можела недела пред испит да научам а камоли два дена претходно. Како успевате да положите бре генијалци?
III или IV година си? Ако си IV, можно е годинава за нас да нема екстерно оценување, нели ради матурата. Сеуште не се знае.
Е такви си сме студентиве. Неодговорни до бескрај но се извлекуваме на крај некако... Честитки до тие што не се пронаоѓаат овде (ако ги има)
То ти е студентски живот лежиш, лежиш и ко ќе дојди паничи леле нисто немам научено нема да положам ова она како и да е ливчинјата не ни бегат