Незнаев кај да ја отворам соодветната тема па ја отворив тука,ако сметаат модераторите дека не е за овде да ја избришат или да ја префрлат во соодветниот подфорум. Како се справувате со ваквите личности?дали сте имале такви случаеви? Изреволтирана сум од еден настан и една личност која ме натера да размислам како да се води разговор со нив без да го/ја игнорирам? Вака оди приказнава. Водиме разговор со пријател кој го знам речиси цел живот на мсн.Темата е за изиграните девојки од страна на момчињата,несрекни љубови,невозвратена љубов,играње недостапност и топло ладно.А и обратно,како се однесуваат денешните девојки,односно дека имало случаеви девојката да е онаа која се однесува лошо кон момчето,го изневерува,го лажи. Во еден момент реков:Види пријателе,вие машките знаете да си го дигнете егото доколку некоја девојка ви ги изразува чуствата дека ве сака и знаете да го користите тоа,но и ние девојките знаеме да бидеме кучки. Добив одговор:Aма јас сум подобар од другите,ама јас и моите пријатели не би сториле тоа...ама јас,ама јас ама јас. Цело време морав да го слушам тоа зборче обидувајки се да му разјаснам некои мои теории за кои сум сигурна дека и повеке мислаат исто ко мене,но тој упорно не дава да дојдам до објаснување. Му реков...не знаеш што утре ке ти донесе животот и никогаш не вели никогаш а тој добро и пак ама јас .Се разочарав. Имав еден проблем мој кој му го инесов и јас сметав дека сум виновна што и бев во право дека сум а тој не не си виновна,не не си виновна..Како не сум кога ја превземувам вината и ја знам случката а упорно се обидува да ми го каже тоа? Доколку ми го каже тоа а јас се изнервирам и му го изнесам со друг начин на објаснување се лути:Ама ти ми се обракаш со лош тон...What the hell? Сметам дека со тоа однесување и зборување ама јас како што изнесов на почеток премногу се преценува. Што мислете за ваквите личности? А и приметив дека ме води до депресија неговото присуство
Мене ништо не ми е јасно тука.О чему е прича?! За изиграните девојки и лошите момци?! Или за личностите кои имаат големи ега и во сите причи излегуваат дека тие го прават спротивното и подоброто?! Плус насловот на темата не дава добар увод.
Се извинувам на неразјаснетото. Да темата е за лугето со високо его. Како да се однесуваме со нив.Имам секојдневни случаеви во мојот живот со вакви личности. Но го зедов ова како пример,разговорот со мојот пријател во кој му зборував за изневераните момчиња и девојки. Однносно моите гледишта koи му ги објаснував:Дека момчето си го дига егото доколку некоја му признае чуства,бега се крие и игра игри во стил топло ладно.А и дека девојката знае да се однесува така.И дека денес се постојат неверства.Тоа ни беше таа тема на мегусебниот разговор. Кога го кажав своето мислење тој се обрати со лош тон дека тој не е таков,дека никогаш не би ја изневерил девојката а го стори тоа,да ја изневери. Му кажав дека не знае што ке му донесе животот следниот ден,месец и дека може ке испадне полош од претходниот случај за кој му имам зборувано. Сакам да кажам дека се цени самиот,има високо его и се става над другите дека е нешто повеке а тоа во друштвото ни пречи и станува агресивен.Секој го подценува а тоа иритира.Ако згрешил некаде не се извинува,туку се фали:Јас имам его и гордост и не сакам да се понижувам. Целта на темата е како да се однесуваме со ваквите личности?дали да се обидува некој да им разјасни свои гледишта?дали да се игнорира или некоја друга опција?Дали воопшто да се стапува во контакт со луге кои имаат вакво однесување но претходно не знаеш каков е всушност?
Во моето друштво влезе едно детиште помало од нас 4 години,буквално беше дете и тој најде на сите да ни соли памет исто како и овој вашиов. Го толериравме некое време, мислевме дека сеуште е во фаза на созревање и некои работи не му се толку јасни , но тој со текот на времето докажа дека всушност таков бил по карактер. Се возвишување себеси до небо ,а останатите не понижуваше,тој се знаел, тој не бил таков, се ставаше во улога на консултант и секогаш завршуваше со истата реплика као Не можат сите да бидат како мене сестрани и успешни Еден ден ја прели чашата ,ми дојде преку глава од таа негова арогантност и потенцирана егоцентричност и фино лепо му одбрусив по некој збор ,по што ТОЈ остана без зборови . Го пратив токму кај што му е местото и крај, завршена приказна. Нека се џекова пред други ,а не пред тие кои го пораснаа буквално !
АБЕ КОЈ ВИСКО ЛЕТА НИСКО ПАГА АКО САКАШ ДА БИДЕС ИСЛУСАН ИСЛУСАЈ И ТИ ПА ПОТОА КАЗИ НЕСТО И ОД ЕДНА СИТНИЦА НЕТРЕБА ДА СЕ БРЕГА ЛУТЕ АКО ТЕ СМЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ ГИ НЕЈКАМ ТАКВИТЕ ТИП НА ЛУГЕ ГИ ОДБЕГНУВАМ ДА НЕ МИ БИДАТ ДЕЛ ОД МОЈОТ КРУГ НА РИЈАТЕЛИ И ЛУГЕ СТО ГИ САКАМ
Како физички така и психички карактерно секој човек е различен.. едноставно да непријатни се таквите луѓе бидејки мислат дека сонцето се врти околу нив не околу земјата..да и мене ме иритираат такви луге и други некои типови.. ама зашто?-затоа што едноставно они си се такви какви што си се им одговара да бидат такви можда и јас ги иритирам нив.. фала богу сите сме различни со различни сваќања и мислења.. но едноставно ако на некој не му одговара некого можеш фино лепо да го откачиш или да го игнорираш..никој не може со сила да не натера да го трпиме ако на нас не ни оговара таков каков што е.. Тргнувам од самата себеси .. смтам дека сум океј личност .. ми одговара да бидам ваква каква што сум ако на некој не му одговарам може фино лепо да се откачи.. да не се обидува да ме мења или слично.. Се дружиме со тие шо ни одговара и шо ни е пријатно у нивно друштво.. никој никогаш не би трпела доколку стварно ме ИРИТИРА.. пошо тргнувам и од сама себе.. некам некој со сила да ме трпи и толерира..а после да ми збори позади грб..ете тоа беше мое мислење !
На што мислиш конкретно? Абе заљубен е во една девојка и едвај се откажа од неа,ама кога почнува да се споредува со сите други како тој е најдобар и најубав,ха ха ха и кога и да му побарав совет велеше не знам а да беше за друг ке се утепаше од давање на совети.Вчера ми пукна филм и го блокнав.Ми донесува негативна енергија со тие неговите одговори:Незнам,ех,знам абе човек сакам совет да ти текне тебе а не издишувања. Инаку Marcheline те разбирам како ти било ама од вакви луге и да сакаш да избегаш нем можеш,премногу ги има во денешницава.Мислат дека светот се врти околу нив ама интересно е кога ке паднат.
Е интересното е во тоа што се многубројни . Принципот е ист за сите , само што чувството на задоволство после симнувањето на некој таков од облаци е индивидуално и многу ...слатко - злобно Гледај почесто да го искусуваш тоа задоволство и ќе видиш како самите бегаат од тебе. И после тоа - проблемот е решен. ПоздраВ!
Искрено мене не ми се пријатни ваквите луѓе, постојано зборуваат само за себе, колку се подобри од другите, колку повеќе вредат и слично. Никој не е должен тоа да го слуша, затоа што е претерано. Разбирам да се има самодоверба, ама се што е премногу не е добро. Како што спомнавте повеќето, кој високо лета ниско паѓа. Тоа важи во овој случај. Јас ги игнорорам ваквите личности, не ми е пријатно да сум со нив во друштво. Арогантни се и се преценуваат. Мислам дека колку повеќе им обрнуваш внимание, се повеќе ќе го потенцираат егото и ќе си продолжуваат по старо.
Не дај боже со некој таков да треба да си во врска. Ако не си спремна цел живот да си во подредена положба бегај додека е време Со еготисти во секојдневие е најлесно. ИЗбегнувај конфронтација и контакт и никогаш не навлегувај во дискусии затоа што секако нема да ги добиеш!! Чекај го моментот кога ќе се покаже дека не се во право и тогаш удри, ама удри јако, до дотепување, со цела сила. Крши го егото најмногу што можеш. После, пак повлечи се. И секако, биде спремна да те мрзат ради тоа DDD
Вакви луѓе едноставно не поднесувам , не можам да ги смислам , толку се преценува себеси како тие кизнај што да се. Тие знаат се , тие се најдобри во се , тие се најпаметни а всушност тие се најголеми дебили . Имав една другарка таква ,пред една година отприлика ги раскинав сите контакти со незе оти веќе ја претера незнам ни јас како ја поднесував толку години изгледа сум била многу трпелива , таа знаеше се , таа беше најпаметна , таа беше нај средена , таа беше нај чиста и што уште не . И сватив дека ваквите личности се толку себични и толку опседнати со себеси јас јас и само јас што не можи со нив да бидиш ни пријател па не да бидиш во врска или пак не дај боже во брак
Многу едноставен е одговорот.Се дружиш со оние кои ти одговараат како личности. Ако се работи за некој кој веќе ти прераснал за срце а гледаш дека имате премногу разлики и комуникацијата не ви е обострана и задоволувачка за двете страни,идеш даље. Можеш да се трудиш да објаснуваш што ти смета,како ти смета-но кога тогаш ќе сватиш дека се вртиш во круг. Нема да ја смениш таа личност.Сега ти можеш да си мозгаш или едноставно да оставиш работите да си дојдат на свое.
Се имам соочено со таков тип на луѓе. За што и да се прави муабет, тие секогаш го вртат накај нив "Еееј тогаш јас така направив", "Јас можам така" , "Jас знам така" и само слушаш јас,јас,јас,јасссс..... И напротив сметам дека станува збор за луѓе со комплекси кои сметаат дека ако цело време ги продаваат своите искуства и мислење и кога треба и кога не треба во очите на другите ќе бидат поценети и поголеми. Но напротив, има обратен ефект и звучат малку досадно.
Мислам дека си сосема во право за ова! Позади секој еготизам сигурно се крие некој тежок комплекс што се обидуваат да го замаскираат со себе-истакнување.
сигурно ке дојде до ситуација каде што ке можеш да му го нарушиш нековото его, имам ваква другарка, секогаш мисли дека е во право и се смета за нај! ама во последно кога ке каже нешто а врска нема, сите од друштвото и одиме контра и после незнае што да каже или може и отворено да му се каже дека не требА да кажува само за себе, треба да се цени но и да биде лојален кон другите и да му се постават прашања за да размисли и сфати дека не треба така!
Ги очекував ваквите одговори, и за жал ги има се повеке и повеке ваквите личности.Јас ако се налутам многу знам да го спуштам егото и до сега многу пати сум го правела тоа.Ако ударам ударам ниско,онаму кај што највеке боли па тешко знаат да станат од земја сум толерирала ама постојат одредени граници до кое е дозволено ваквото однесување. Имав еден разговор со пријателот кој го опишав во воведот на темава,еднаш кога започна да се фали како ке му успеал бизнисот како е пак најдобар од мојот бивш и како бил најубав.Му реков само:Браво,умре циганката која те фалеше па сега самиот се фалиш,почекај да те пофали некој друг па потоа потврди дали е така или не.Се налути за една реченица кажана во шега прашувајки го за мислење:Ти глуп си или глуп се правеш а се обудувам да му разјаснам ситуација не знам колку пати.И ми рече ок глуп сум што сакам да помогнам,чекај човече,со офкање и со лутење не помага.И така решив да го блокирам.Сега контактира со моја пријателка и гледам дека не се сменил како што ми кажува таа.Добро сте кажале не се менуваат тие личности.На крај заради ваквото однесуваање и никоја не го сака а и сам остана.Не дека се ситам ама си заслужи,со тоа ги отргнува лугето околу себе.Некои луге се родени да оставаат негативна енергија колку и да си оптимист.Тоа нека му биде лекција за понатаму. И да,некој спомна дека се луге со комплекс,некогаш и додека го слушаш какко се фали и самиот тој кој зборува со него ке добие комплекс и ке помисли дека му фали нешто. Најбитно е што се фалеше дека 4 девојки го бркале а веке 3 години е сингл како е можно тоа.Па досега ке фатил ако било така
Јас мислам дека со тоа неговото АМА ЈАС сака да ти се претстави како добра личност и дека не е како другите момчиња. Денес сите се такви се претставуваат како светци а уствари... Ааа за проблемот несака тебе да те обвини за да биде АНГЕЛ и да обвини некој друг во твојот проблем.. а тебе да те одбрани.
Имав една 'другарка' само за неа зборуваше..јас ова јас онаа еее преку к*р ми дојде и реков ај доста се фалиш,како ние не те знаеме,па пувки ни продаваш,а многу од тоа што збореше го лажеше..Господ да чува од вакви,ептен ме нервираат.