Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    304
    Ја отворив оваа тема ,бидејќи повеќето девојки од форумот се немажени.Затоа девојки какви се мајките на вашите дечковци сега?Мислите ли дека ќе се променат подоцна?Дали се мешаат уште сега во се...Дали воопшто сте блиски со нив?

    јас со мајка му на дечко ми сум поблиска за разлика од мајка ми.Таа знае повеќе за мене и за нас.Таа е послободна и поодтворена личност.сега за сега е добра,а за понатаму ќе видиме :D

    п.сдоколку темата не е соодветна во категоријата,преместете ја
     
    На TheGirlNextDoor, Saxobeat и annnni им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.879
    како со идните свекрви?

    Воопшто не сум блиска. Се имаме зачекано на скали понекогаш и само здраво ќе си кажеме, ништо повеќе. Мразам јас лично такви лицемерни кафиња па смешкања, а ти иде очи да и извадиш. Без разлика дали си во брак или не, постојат доста девојки што уште пред брак се имаат спукано со свекрвата. Јас со неа не сум и нема ни да бидам блиска како што сум со мајка ми. И никогаш дури и кога ќе стапиме во брак со дечко ми нема да и се обраќам со Мамо. Тоа ми е крајно патетично и лицемерно. Си имам мајка која ме родила, изгледала и се тресела врз мене додека сум била болна.
     
    На Meckicja, gjoker4e, eloves и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Bluebell

    Bluebell Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11
    како со идните свекрви?

    Многу ја сакам мајката на дечко ми, би сакала и да живеам со неа кога ќе се омажам. :D
    Премногу е добра, кога ќе се караме со дечко ми или кога ќе сум нервозна ми врти и зборуваме и јас се смирам. Ми дава совети, има доаѓано кај мене дома се знае и со мајка ми и татко ми. Кога дечко ми ќе доаѓа кај мене таа прави колачиња и ми праќа :$ :inlove:
     
    На bybeDkid, ♡BuBaLe♡, Onegirl95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    како со идните свекрви?

    Не сум од типот на девојки кои се френдици со мајките на дечковците. Не ми е природно да седам со неа, да си пијам кафе и да и раскажувам за мојата врска со нејзиниот син. Тотално извештачено!
    Имам почит спрема жената, фина сум спрема неа, културна, ама тој однос тука застанува. Нема продлабочување на односите. Како што кажа Оффсринг имам мајка која ме родила и има на кој Мамо да кажам.
    И не, никогаш ни на сон не би посакала да живеам со свекрвата!
     
    На eloves, pearlll, The-Queen и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    како со идните свекрви?

    Тема слична на оваа веќе постои. Побарајте ја во Категорија Брак !!!
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.879
    како со идните свекрви?

    Знаеме дека има тема, ама несакаме да ја мешаме со веќе мажените. Мислам дека добро би било темава да опстои, да не ги мешаме нашите проблеми со тие посериозните :) Само да се стави ако може голема првата буква на насловот од темата ;)
     
    На Osamena devojka и happygirl им се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    како со идните свекрви?

    е сега идна свекрва... никогаш нема да знаеш која ќе ти биде се додека не се омажиш :lol: така викаат :!:
    инаку мајката на дечко ми е ептен фина жена. значи културна, принципиелна, добра... е сега колку е добра ќе видеме здравје понатаму :lol: инаку цело време си седеме заедно, си разговараме, некогаш и дури заедно сме испаднати :$ и кога нели ќе дојде време да си одиме, сите тројца заедно одиме кај нив и таа во спална си влегува, јас и дечко ми кај него во соба :$ :lol:

    сега за сега не можам да се пожалам... ама кој знае, никогаш не се знае како ќе биде.

    редактирам - значи со мајка му не разговарам за нашата врска, не и ги кажувам нашите проблеми, а ниту таа ме прашува нешто слично... сигурно нема да и кажам како функционира син и во кревет :D
     
  8. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    како со идните свекрви?

    Тогаш упссс моја грешка!!! Се извинувам !! Не ја сватив поентата!
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    како со идните свекрви?

    Арна си е темава и јас мислам нека си стои, да не се бриша! Овде ќе си се жалиме,тешиме и фалиме од нашите идни свекрви!
    Јас со мојата немам близина, се имам сретнато неколку пати ама пиење кафе и битни разговори одложувам за понатака! Ќе живееме заедно во иста куќа па мислам ќе имаме доволно време да пиеме кафе,да си разговараме,да се караме и да се запознаеме подобро! од она што го имам слушнато од мојот дечко мисам дека жената е многу флексибилна и не се меша воопшто! Остава дечко ми сам да си носи одлуки! Ете пред една година реновираа дома па мајка му му рече да си одбереме ние двајцата што сакаме да си купиме и како сакаме да ни изгледа дома!Буквално се повлекоа настарна и не се мешаа во ништо,јас и дечко ми си одбравме се! И тоа многу ми направи кејф, не ме познава мене но верува во изборот на син и! ;)
    Но јас сепак нема да продолжам да ја фалам :P ,ова се само неколку систници кои ми прикажаа убава слика за мојата идна свекрва...но каква е вистински ќе проценам кога ќе стапам директно во контакт со неа!
     
    На TheGirlNextDoor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.568
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    како со идните свекрви?

    Хехе супер тема :clap:
    Јас со мојата идна свекрва се гледам на неколку месеци бидејќи дечко ми е од друг град и поретко идам кај нив на гости..Ама кога сум таму,имаме супер однос.Добра е жената,финха,културна.Нормално дека не правам со неа муабет за мојата врска со син и, ама ок ми е да испијам кафе со неа и дечко ми заедно.Се труди да ми погоди се,па за натака ако ми биде таа свекрва,нема да се жалам :lol: Иако рано е за тоа да размислувам,има време здравје :)
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    388
    како со идните свекрви?

    Неможам да се пожалам од мојата идна свекрва,жената е секогаш фина и културна спрема мене.Секогаш кога сум кај дечко ми се поздрави со мене,праша како сум а понекогаш пиеме кафе и повеќе помуабетиме.Инаку не досадува,накратко праша како сме и не остави сами.Не ни се меша во ништо што е најважно.За роденден,за 8ми март секогаш сум добивала поклон што секако е внимание и поштување.Значи пред се постои почит што мислам дека е најважно како од моја така и од нејзина страна.Засега е се ок па се надевам дека и во иднина ќе биде така.
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    388
    како со идните свекрви?

    Неможам да се пожалам од мојата идна свекрва,жената е секогаш фина и културна спрема мене.Секогаш кога сум кај дечко ми се поздрави со мене,праша како сум а понекогаш пиеме кафе и повеќе помуабетиме.Инаку не досадува,накратко праша како сме и не остави сами.Не ни се меша во ништо што е најважно.За роденден,за 8ми март секогаш сум добивала поклон што секако е внимание и поштување.Значи пред се постои почит што мислам дека е најважно како од моја така и од нејзина страна.Засега е се ок па се надевам дека и во иднина ќе биде така.
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    28.709
    Пол:
    Женски
    како со идните свекрви?

    Имам супер однос со мајката на мојот дечко, до сега немам некој поголеми забелешки или критики, онака супер е. Но и покрај се не би сакала живот во заедница со неговите родители, затоа што друго е со некој да се видуваш по пола саат во денот, а нешто сосема друго е да живееш заедно. Од животот заедно само можеш да и замериш и да ти замери за повеќе работи. Голема близина мислам дека не е добра со било кој. Вака најдобро е одделено да си живееш, да ја почитуваш и да те почитува, ем ќе немаш некој поголеми причини за расправии ем односот ќе биде многу подобар отколку во заедница.
     
    На lebarka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Man.eater

    Man.eater Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    како со идните свекрви?

    Мајка му е многу фина онака мирна женичка, глас нема од неа, ама пред некое време многу ме изнервира бидејки ми пререче нешто во смисла дека сум била многу слаба итн. Јас се налутив бидејки многу се нервирам кога некој ми забележува дека сум слаба. Ако мисли така за мене можеше да не биде толку дирекрно кажено... Како и да е дечко ми им е единствено дете и мајка му е просто заљубена во него! Многу ме иритира кога на пример ке почне пред мене да се лигави "срце на мама, душа на мама, злато на мама.." јас сум алергична на такво понашење и ако некој ден се мажам со него мислам дека ке имам проблем со неа! :|


    п.с. Но, затоа пак мајка му на бившиот си ја сакам многу, иако син и е бивш кога и да се сретнам со неа обавезно се поздравуваме и си муабетиме. :) Еднаш дури и ми рече дека сум и се залепила за срце и многу сакала да и бидам снаа :$ Оу мај гад, ај тинк ајм стил инлав вит мај екс :inlove:
     
  15. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    како со идните свекрви?

    Со оглед на тоа дека имам долга врска, со текот на времето станав блиска со родителите на дечко ми. Често седиме кај него, а јас не сум срамежлива, ниту пак затворена пред мајка му. Најнормално си правиме муабет, понекогаш пиеме кафе, ама јас си се држам на страна од нив и гледам да не бидам нападна и досадна. Каква ќе биде понатаму како свекрва - не знам, се надевам дека нема да го смени односот.
    Инаку дечко ми ми има кажано дека на почетокот на врската мајка му немала баш некое добро мислење за мене, немам поим зошто, а и не гледала некоја иднина во нашата врска. Ама сега сигурна сум дека го сменила мислењето и ме цени, а односот и е коректен.
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Se znae svekrva ne moze da bide kako majka(idna svekrva de):D niti snaa moze da bide kako kjerka.Zatoa treba pocit i kulturno odnesuvanje samo a nekoe si preterano zblizuvanje ne.zosto ima mnogu takvi koi pravat samo lice i se pravat fini,eve na primer so mojata(idna)taa voopsto ne kontaktira so sin i posto toj nisto ne kazuva ni kade sme bile ni kako sme si pominale itn...pa sega se naucila od rabota napravila skype i samo me zamara i isprasuva.a fina zena e so fakultet.ednas mi ima prereceno za fakultet posto sum na medicinski -mi rece-eee toa e istoriski fakultet (demek bil 5god) i cinicno mi se smeskase,ottogas oladiv prema nea i vidov deka ne e takva kao so se prav,i ama kako i da e i go pamtam toa i duplo kje i go vratam ]:) izgleda ljubomorna oti kerkickata i zavrsi lesen fa:@ne e bitno koj) a kerkickite sekogas se najdobri,mislam se razbira.ama ako kje dojdat i moite 5minuti :rofl: :P
     
    На Osamena devojka и katalina им се допаѓа ова.
  17. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Сите мислења за идните свекрви што ги прочитав се: супер е сега за сега, ништо не сме се замериле, се држи на страна итн. и јас на почетокот имав такво мислење за неа. На сите ви посакувам така да ви остане ама верувам дека тоа ќе биде кај мал процент :) . На почетокот на врската, зборам за првите 2, 2 и пол години :o она беше прекрасна ама изгледа неможеше повеќе да глуми па почна да си го покажува своето право лице, затоа некогаш не е се баш како што изгледа :) имаат големо животно искуство па научиле тоа како итро да го изведат,а јас тогаш 18г. неискусна па ја обожавав, едвај чекав да ја видам и ја сакав дури :fubar: , ама после испадна дека цело време ми правела лице. Ретки се многу ретки тие кои имаат коректен однос и не се посесивни во однос на својот син, а со годините изгледа им доаѓа и гунџањето и мешањето во се па затоа најчесто односот свекрва-снаа не е добар.
     
    На karak, katalina, Queen.S и 2 други им се допаѓа ова.
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Идната ми свекрва ја знам од бебе,таа е најдобра другарка на мајка ми ама одамна е замината во странство, така што мојот иден маж и не го познавав многу. А инаку е многу голема срцка, внимателна и љубезна со сите и многу си ја сакам! Само сега имам едно шубе како цел живот на тето да преминам на мамо :lol:
     
  19. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    374
    Се сложувам со Beautiful87 да не цитирам.Како за мојата идна свекрва да си ја опишала..И кај мене е слична ситуација првите 2 3 год беше се супер, ја обожавав, не знам дали глумеше или не :^) ама како идат годините си ја искажуваа посесивноста за син и, климакс ли е шшто ли е :!: ....
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.881
    Допаѓања:
    47.340
    Пол:
    Женски
    Јас не ја знам многу добро... Од друг град е и не сме се гледале често, ама мислам дека да ми беше поблиску немаше баш да се поднесуваме. Она е од оние што мислат дека знаат што е најдобро и дека се најпаметни |( Издржав еднаш три дена и толку ми беше лимитот. Жива среќа што сме далеку :)
    Вака кога ќе се видиме по некој месец многу се сакаме :lol: