Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Aман ,до кога женскиот пол ќе трпи мажи уште неизлезени од гаќите на мама |(
     
    На eloves, aaaaa, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Па и немам некој така голем проблем со идната свекрва колку што имам со ќерка и ... кога и да се видам со неа секогаш ми оди контра значи СЕКОГАШ ... страшно ме нервира е сега и јас го почнав тој режим :D :D :D ...
     
  3. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    Не сакам да те обесхрабрам ама моето искуство е слично..почна прво ќерка и и тоа сеуште трае скоро 8 години а сега и идната свекрва застанува на нејзина страна..мислам дека ме сфати што сакам да кажам..ама сепак тоа е мојот случај што не мора да значи дека исто ќе биде и со тебе .не дај боже...
     
  4. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    хахахаахаха :rofl:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    По денешната моја кавга(како за крај) со дечко ми и јас почнав да забележуам нешто такво како да почнала ги врти и мајка и и дечко ми против мене ...врската ми е/беше катастрофа и покрај другите проблеми што ги имавме па сега и таа (ама за тоа не е место да пишувам) ... ОХХХХ БЕ :( ПОМАГАЈТЕЕЕ имам пишувано во други теми за мојот проблем со дечко ми ... ако можи пак некој совет :(
     
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Па сега за сега да не ја подречам, таман ни се односите. Ми пишува секојдневно на скајп, разговараме, се е таман. Додека бев во Македонија, си пиевме кафе. Мислам дека додека сме вака разделени ќе се сакаме. Не дај боже да седнеме во иста куќа, ќе има земјотреси :lol: :lol:
     
  7. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Јас со мојата идна свекрва имам многу коректен и убав однос.Не се гледаме многу често ама кога ќе отидам кај нив на гости многу е фина си пиеме кафе муабет убав однос имаме...и му има кажано на дечко ми дека многу сум и била фина и многу ме засакала и нормално драго ми е поради тоа и секогаш кога ќе се скараме разговара со него и ме брани го убедува дека сум у право итн .Самоо што од кумашинката слушнав неколку чудни коментари па се надевам не е во право и нема да ни се смени овој супер однос :D :D :D
     
  8. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    дај боже да ви остане таков односот....и јас така почнав со мојата идна свекрва и се беше нај ок ама после 8 години мн работи се сменија...не дај боже пак ќе кажам да испадне како со мојава ...после 8 години да ти прави проблеми и кога се ќе треба да биде нај ок тогаш да почне да паметува....
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    абе жената си е добра само што не чини :lol: кога ќе ми ја спомне ќерка и дека била многу вредна,паметна,убава... и дека немало друга ко ќеркаи на светов... јас |( иначе ќеркаи си е фина за сега.... а и со мајкаму ретко се среќавам кога приметив дека не сум и по ќејф..... и искрено баш ми е гајле што мисли за мене... :lol: ]:)
    п.с. свекрвата секогаш ќе наоѓа маани,исто ко и таткоми за зетот :lol: ;)
     
    На Milena-111 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    си имаме најубав однос..ме сака и ја сакам ..баш убаво си се слагаме :)
     
  11. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Свеки си е свеки. И според мене никогаш не може свекрвата да биде најдобра другарка ниту замена за мајка. Со свеки само коректен однос и на дистанца нормално онака здраво, што сакаш за пиење, фала-пријатно. Зошто ако очекувањата од сегашното слагање и тие во иднина не се поклопат ќе има разочарување. Таа нема да ве сака како ќерка ниту вие како мајка доволно е почит и компромис. Така што, не очекувајте многу циле-миле од нив. Од искуство кажувам, а се надевам дека и други девојки ќе се сложат со мене. Едно е идна свеки, а друго е веќе печена свеки.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема само 20 страни и фрчат само убави, преубави зборови, виножита, мед и млеко, а во другата тема каде што се веќе официјализирани работите има богами што да се прочита. :)

    И јас имам сериозна врска и многу добро се знам со неговите, до сега сите имаме убав и коректен однос. Јас лично сум таа што сум, не мислам пред никој да се правам нешто што не сум, подобро денеска да ми ги дознаат маните и моите размислувања и да се прифатиме, барем ќе ме знаат и нема "утре" да има изненадувања, пресреќна сум што и од другата страна наоѓам исто размислување. Нема да речам дека мајката на дечко ми е совршена, не сум ни ја совршена, нит па мајка ми е совршена ама доволно ми е коректниот однос што го имам со нив.
    И тука мислам дека настанува НАЈГОЛЕМИОТ проблем во некои врски, тука е коренот на проблемот. Идниве снаи уште во врската се прават од добри, најдобри (имам другарка што го прави ова) зашто мислат дека ако иднава свекрва ги сака дека завршена е работата, а идниве свекрви пак исто така убаво се однесуваат од причина што сеуште снаава не им е во куќа па можат да изглумат еден саат. Е после кога ќе се официјализира работата, често слушаме и од двете страни "не беше таква, сега се промени, порано беше супер, сега почна многу да збори итн итн итн." Затоа совет бидете си тоа што сте, никој не е совршен, покажете си го тоа лице што ви е вистинско, тоа што ви смета на културен начин се кажува, за утре да нема изненадувања и зајадливи коментари.

    И уште една работа што ја имам многу често сретнувано и тука и во реалниот живот, а за мене е целосно несфатлива. Слушам дека мерило за добра идна свекрва ви е кога е на ваша страна откако ќе се скарате со вашиот дечко. Вие кога ќе се скарате со дечкото ги кажувате проблемите на вашите мајки? Мајката на вашиот дечко ви го решава проблемот? Вашата мајка ви го решава проблемот? Не сте ми јасни. Епа после не се чудете кога ќе влезете во брак кога ќе почнат сите да ви се мешаат, и кога ќе не знаете на кого попрво да му објасните. Тогаш нема постарите да бидат криви, туку вие самите, зашто така сте ги навикнале. После ќе се жалите свекрвата ми се меша во бракот. |( Сами сте си криви, ама кој да признае. :D Во мојата врска тоа е правило, тоа што се случува меѓу мене и дечко ми, останува меѓу мене и дечко ми и тоа е закон. И јас и он за тоа бевме целосно согласни уште на самиот почеток. Ни мајки, ни татковци, ни браќа, ни сестри, ни другари, ни другарки, ни тетки, ни стрини, НИКОЈ, никој не знае што ни се случува, или што ни се случувало, ни лошо, ни добро, немам што да објаснуваме на никој, како што јас не се мешам во бракот на моите, така ни они не се мешаат во мојата врска.
     
    На Dennings, Buterfly2576, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    јас се сложувам со ова 100%..иако лекцијата ја научив на потешкиот начин...
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    4.073
    Пол:
    Женски
    Никаков. Не планирам да живеам во заедница со свекрва и свекор па ако сака светот нека се заврти наопаку. :)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Само строго...ние ако не ги доведеме у ред кој друг?! Ние сме им просветлувањето што го чекаат цел живот. „Он на мене -цуцо-...“ :rofl:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Абе ич не сте ми јасни што толку ви смета кога мајките си ги фалат ќерките те вашите потенцијални золви ? :?:

    Многу јасно де сите ние на нашите мајки сме најубави и најпаметни :D .
    Кога ќе почне мајка му на дечко ми да ја фали ќерка и, почнува со реченицата - Не да ја фалам ама ... :D
    И мене тоа воопшто не ми смета дури ми е симпатично и сосема природно ;)
     
    На Hipster, fighter и Daydream им се допаѓа ова.
  17. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Со идната свекрва што подалеку,тоа подобро.како си ,што правиш,10-тина минути разговор и доста е.многу ретко кафе да пиеме.и од лични примери и од овде што читам страв ме фаќа искрено :lol:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    126.764
    Засега супер се согласуваме со родителите на мојот дечко исто и со неговите сестри.Излегуваме заедно,пиеме кафе,понекогаш заедно ручаме или вечераме,тоа гледам да не биде толку често за да не си здосадиме уште од сега :lol: Неговите сестри често ме бараат да ме слушнат на тел.онака без причина,да ме викнат на кафе многу се пријатни,и со нив и со неговите родители многу сум слободна и опуштена.Ме прифатија онаква каква што сум и неморам пред нив да глумам некоја друга личност.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Вака.
    Значи досега жената према мене е супер.
    Онака се држиме на дистанца, а јас сум крива за тоа.
    Е тоа ми е проблемот, незнам да се зближам со неа и со будуќи свекор (ако даде Господ така да биде).
    Имам некој страв и воедно почитување (страхопоштовање не знам на македонски да го кажам).
    Не се лоши или строги ама јас така сум си зацртала во глава.
    Ми е страв да не речам или направам нешто лошо или они мене да не ми речат.
    Они се такви се зезаат, а јас во тие ситуации сум мртва озбилна и шегите ги сфаќам озбилно, незнам зошто. Не сум таков тип, се зезам и на моја сметка ама во тие моменти неможам.
    Ептен озбилно сум ја сфатила работата :D .
    И гледам дека мајка му сака да се зближи со мене, да разговара едноставно да ме запознае онака како што треба.
    Не ми се меша во врска воопшто, ни она ни мајка ми.

    Она и на дечко ми му рекла дека сака да се зближи со мене, да поминувам повеќе време со нив.
    Сакам и јас ама јас сум многу затворена, срамежлива и мутава кога треба муабет да се направи.
    Ќе прашам 2-3 прашања, они ќе ме прашаат нешто и толку, главата доле и ќутам.
    А со сестра му и брат му сум слободна, муабет, кафе и се.

    Може ли некој совет како да се ослободам со нив? :)
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Emotional,блискоста си иде сама по себе.Mислам дека не е тоа стегање кон нив туку така,туку тебе ти е страв дека нема да им се допаднеш,или да ви се мешаат во врската потоа.
    Cекако пробај да бидеш опуштена,не мора да се зафаќате за лични теми,туку за секојдневни работи зборувајте.Cо тек на време и ќе се опуштиш,знаеш не за џабе се вика дај му време на времето,но така е .Блискоста и довербата се градат со време,секако доколку и двете страни се заинтересирани :)