Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Фала на одговор.
    Долго време сум со него, само што последниве месеци ептен сериозна ни стана врската.
    Можеби потребно ми е уште време за да се опуштам :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ах свеки моја вчера што ми направи. Одиме во село дека се светеше црква и едно чудо људи тамо.
    Пред да тргнеме ми вика: “Види имам селската носија, ке треба да ја облечеме внуката на твојов, ама ако таа се премисли ке морам тебе да те облечам“ и јас :o викам “ чек мори жено нозеве не ми се депилирани и башка не ги знам уште луѓево“ а таа “ абе немај гајле ја и холахопки дебели зедов“. Срека што братучедката на мојов се облече инаку ке зовриев од толку ствари на мене.
    Ах жената едвај чека некаде да ме истакне да се пофали, ама ја коа не сум таков чоек што да праам.
     
  3. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ох моето неофицијално свекрвиче ми е баш погодено :lol: Пошо нашиве се куќни пријатели и се знаат мнооогу од дамна ич си немам проблеми, уште како мала ме има завикано снаа, а јас таква налутена ко човек ќе да убијам. И ден денес си се зафркаваме за тие денови, се дешавало и да ни преслушне некое муабетче со принцот нејзин, па подоцна малку да го скара зошо ме нервира, но штом поминав кај свекрИвката немам гајле, мојов ко германец е кога се најде во ситуација сам со нас две.
    * само принцот чекам да и даде до знаење, повеќе никогаш да не ми спомнала да стапам во кујна и да направам некое јадење :!: . ќе ме замрази женава жими све! :rofl: :lol:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мор невесто, па ти ке станеш во 5 сабајле да не те види никој и правец во кујна да месиш некој зелник. Не бива така, жената цел живот те чекала, а ти.. :D :D
     
    На WildNightGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Јас го имав досега најлошиот прв впечаток кај женичката.
    За прв пат ме виде во ситуација каде што јас сум вон нормална состојба.
    Ми се слоши кај нив дома,па таа истрча да виде што се случува,дури и брза помош дојде..
    А тогаш со дечко ми одевме само 2 месеци,којзнае што си помисли жената дека сум некоја наркоманка или бог знае што.
    И од тогаш имам преголем срам од госпоѓата,кога ќе ја видам паника ме фаќа.
    Но постепено ни се подобрувааа односите,немаме некоја голема живеачка,на како си,што правиш сме.
     
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Emotional123 за утеха и јас сум таква :D јас и онака по природа многу не зборувам, ама пред нив па воопшто незнам што муабет да направам како сте ова она и тоа е. Бидејќи сме од различен град се случува да останам на викенд еднаш, макс два пати месечно и таа прави ручек слегуваме јадиме и толку. А сакам да и речам да и помогнам нешто ама па си викам јас не сум дома. А од друга страна се чувствувам како во хотел и Ми е срам. Незнам да се упикувам со еден збор.
     
  7. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Ако ме сака и почитува ќе ја чувам како кралица.:D
     
    На decko46 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Хахаха, мојава идна свеки ми дојде сабајле на врата. Па добро не беше баш сабајле, ама јас си спиев до 11 па 1 саат како сабајле ми се виде :) Била во близина па дечкото мој требало да ја собере ама немала тел. со неа и ми тропна на врата да му заѕвонам да ја земе. Нормално јас како добра снашка ја повикав внатре па и кафе си пиевме заедно додека го чекавме мојот :D Муабети ова она се помина добро (y) Не е прв пат да дојде, се знаат и со моите ама си го немаат иди ми дојди ми, ама обично доаѓа со мојот заедно кога се уз пат, или да ме префрлат мене па јас ќе ги повикам и така.
    ПС Дури откога ги испратив поминувајќи пред огледалото увидов дека надолу носам фармерки а нагоре по пижама :tmi: :tmi:
     
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Оуууу :o :D ...уште едно катче за свекрвите и снаите.


    Шта би било кад би било.
    Се ке биде,само онака како што однапред наводно сме планирале да биде,нема да биде.
    Ниту една од мајките на дечковците однапред не запознав,ниту таа што ми бидна навистина свекрва.
    Абе нејкам лице праење без потреба бе.
    Си се пикаат една на друга на почеток под мишка,и тоа знаејки дека колку повеке се пикаат побрзо и полошо ке им замириса.Мада немора да значи.
    И после чучко им е крив.
    Абе свекрва неможе мајка да биде,ни обратно.Ич да не глумиме лудило.
    Дистанцата чуда прави.Дистанцата е непроценлива во оваа релација.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Лелеј јас какво искуство имам со моите несудени свекрвички... не би било чудo и вистинската свекрва некоја терсене да ми се погоди и да си играме кечери по дома :lol:
    Шала на страна,со мајките на моите досегашни партнери не сум се знаела баш добро,не сум ни имала некоја посериозна врска за да ја имам таа прилика,ама со тие со кои што сум имала некаков однос во повеќето случаеви бил лош :D Изгледа уште од сега сакаат некое снае такво мирно ќутливо па очигледно јас не сум им се паднала по ќеиф бидејќи јас сум „што на ум тоа на друм’’ човече,а и сум ептен шљаки вака како што можете да приметите па си рекле подалеку од овој шејтанов ќе ми го швркне синчуленцето.
    Како и да е,се трудам да бидам воспитана со нив какви и да се постари се,ма да некогаш ако начекале суртуците мои бивши да ме запознаваат со нив на денови на кои буквално ич не ме боли онаквата,се заебале цела фамилија. Си имав пред две години едно за мерак свекрвиче,заедно сарми си правевме и на деверот несуден хемија му објаснував,абе баш бевме хепи фемили. :rofl: Женчето беше ептен весело,си игравме Лепа Брена дуге ноге заедно,си се зезавме цело време,баш беше фина и не ме препрашуваше триста чуда за мојата ми фамилија за да може да оговара со комшиките ,се’ на се’ прекрасен однос имав со неа и уште и честитам роденден,кога ќе ја сретнам си правиме опуштено муабетче,и одкога раскинав со син и продолжи да се однесува добро кон мене што само го потврдува мојот позитивен впечаток за неа.
    Ама имаше и такви моменти кога ме гњавеа и ме прашуваа глупости за тоа кој ми бил дедо,од каде ми потекнувало семејството (чудно презиме имам па си добиваат фикс идеи) и јас чисто од финоча и култура им одговарав некако,ама од друга страна секогаш се погрижував да осетат дека не ги поднесувам. Онака,скроз без ќеиф ги поздравував и ги гледав ко да се пролив. Се’ додека баш пред неколку недели со последниот ми бивши кој исто така си доби отказче,добив прилика да се запознаам со мамето му. Немате поима колку ја жалам идната му женичка,постојано ќе трпи некој над глава да и виси и да критикува се’ што ќе направи. Абе како синчето нејзино да е совршено џоа бебешко газе,и ниедна не е доволно добра за него - ете тој став го имаше. Жената ми најде маана што сум се облекла во хеланки и со нив сум носела блуза која не ми го покривала дупето,и ми рече дека сум изгледала просто. :| А не беше воопшто невкусно,а нити пак вулгарно. И од што предходно веќе ме имаше испрашано свашта за фамилијата ми па дури ја спомнуваше и мојата материјална состојба и ми беше скроз скурчено од вештицата не можев да преќутам и пресеков. И реков дека воопшто не ми е потребен стилист а ако сум била провокативно облечена немало да дојдам да ја видам нејзе,туку право со синчето и во креветац. Будала бев што воопшто отидов покрај тоа што има јадено други чоколадца за мене од само што ме гледала,дури и пред да ме запознае. Епа ете и,нека си има уште повеќе материјал за ширење негативизам околу мене со комшиките и другарките,барем ќе збори колку тоа јас сум била безобразна,а не за тоа од каде е моето семејство и колку пари да имаме.
    Поентава ми е,јас постарите жени ги делам на најголеми срцки кои што заслужуваат љубов и друштво повеќе од било кој и стари вештерки кои никад не доживеале оргазам и затоа ги мразат сите млади кои што има потенцијал некогаш да го доживеат. Каков ќе биде мојот однос со идното ми свекрвенце зависи од нејзиниот однос кон мене. Ако е таа добра,ќе бидеме најдобри другарки и ќе се глупираме заедно колку и душа сака,а ако зановета нешто нема да ќутам,ќе ја боцка Стршленчето :!:
     
    На De-lovely, Sunshine.Sunshine и luci22 им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Пази па да не
     
    На t-sweet, tessie и Summerlover им се допаѓа ова.
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Не ми го знаеш карактерот за да збориш така. Доколку е таа фина со мене, не гледам причина зошто и јас не би била со неа.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Рипни па кажи оп
     
  14. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    ^
    Па темава е за баш за пред да рипнеме да кажеме оп. :) Затоа е потенцирано идните свекрви. И затоа што нели,освен ако не сме Иван Исцелител не можеме да ја видиме будучноста,си претпоставуваме.
     
    На tessie, mal.ecka, luci22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    17.915
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема да имам проблем со свекрвата, многу е добра, ми купува поклони, ме поддржува, како другарки сме, Мене повеќе ме плаши тоа како ќе се снајдам во нова фамилија, нова куќа, ново се. Пред некој ден кога ми текна дека некогаш ќе треба да си заминам од дома ми се плаче, и се израсплакав уште ни верена ни мажена пред време, кој знае што ќе биде кога ќе треба стварно да си заминам од дома :(
     
    На Mimi123 и barbiegirl.24 им се допаѓа ова.
  16. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Мислам исто како Ази, како би било кога би било значи, а не рипни па оп. А освен тоа не знам што толку се загрижи за мојата свекрва ти, како да ќе се земам со брат ти.:lol:
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Зависи на што ќе се плеснеш дали на ладно тавче или на врела печка.
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    126.762
    Наскоро мојата ќе биде официјална свекрва,засега односите ни се супер,поклон за роденден,8 ми март,Нова Година,направила благичко па ми пратила ако не можам да појдам,ми посветува доста внимание.Во иднина како ќе биди............дискусија во иднина и во друга тема:)
     
  19. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    Ххх се надеваме дека ќе биде идна :lol: Има време :D Во секој случај имаме сосема Ок однос,јас по природа не сум таква да се упикувам а и не ни сакам,така и со дечко ми си ги имаме поставено работите,има време за се,долго сме во врска...
    Со мајка му навистина немам никаков проблем,поретко идам јас кај нив,меѓутоа имаме муабет на разни теми,пиеме кафе,некој пат одиме на ручек заедно сите 4ца,или пак одам кај нив на ручек,кога треба нешто ќе се слушнеме по телефон,често ако одат некаде на патување знае да ми купи некое мало поклонче во знак на внимание,вака и како личност ми е сосема ок бар сега за сега- да си го гризнам јазикот :lol:
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Додека ја глеав еднаш месечно ми беше океј жената, си правевме муабет, беше доста отворена за муабет, имаше некои современи свакања, си викам ваква ако е секогаш и ваква ако остане супер.
    Али не била баш таква као што се праеше. Ке излезена снаа и (другиот и син е женет) таа за неа ваква е, наква е, детето не знае да го гледа, на син ми салам ручек не му праи, она команда со парите?Ајде нека а ја ислушував не и вракав ништо и се си зимав со резерва. Коа и требаше услуга ако можев нешто правев, и не глеав на неа како мајка на дечко ми туку како човек кој го познавам и океј ми беше да му помогнам ако можам. Знаеше некоаш да ме извади од такт, да се јави и да рече досадно ми е сакам со тебе муабет да си праам, ало бре што муабет иаме ја и ти, не сум ти другарка, ајде поминав и преку тоа, она си збореше јас само викав аха, чат - пат дури и ја слушав. ;) Сто пати беше опомената од дечко ми да не замара, она упорно си викаше дека јас разбирам од нешто што ке ми се рече. Ајде нека го и тоа. Замина дечко ми во странство и пошто веке долго време во врска бевме, се договоривме парите да ги прака кај мене, ако треба нешто јас да средувам, кола да се регистрира или било што. Се врака он и оваа заостаната мисле парите во џепот ги носи он, му вика дај да преброиме колку донесе, и овој на кој ке објаснува си ја знае мајка му каква е, и рече мои пари се не се замрај. Ја удри некој филм дека он превише пари и почна за се и сешто да бара од него. Дај ми за цигари, дај ми за фустан, овој и дава некакви изговори. И еднаш му текна рече девојка ми не ми дава да трошам пари на се и сешто, извини мамо ама не сакам кавги со девојката. И она си почна ти си смотан ваков наков, ти печалиш друг ти и чува парите не знам шо. Настана кавга за безезе. Не се вмешав нека си џавка, ке се помири со фактот и готово. Дојдоа гости, другари на дечко ми да се видат со него, и она еве ја главна у дискусијата. Ја опомена дечко ми 2-3 пати да излезе,ништо. Почна екипата некој муабет за свадба на некои сосем трети особи, јас си кажувам мислење на таа тема, не спомнав да речиме јас тоа не го сакам или го сакам на мојата свадба некогаш. И оваа избувна, мислиш бог знае што реков, и така изнервирана скроз ми вика, ти почекај да те земат прво, после ке чуваш туѓи пари, кај ги чуваш па и ке кажуваш каква свадба сакаш. Аууу колку само тоа ја прелија чашата кај мене. Ни сама не беше свесна. И реков ти тогаш почекај да ме земат па после барај услуги од мене и гњави на телефон со саати. Да заборавиш и број и име мое, за тебе више не постојам, умирај ако сакаш од мене услуга не барај. Застана дечко ми на моја страна (за моја срека инаку би било крај на врската тоа) се испокара дополнително со неа и толку беше. Односто меѓу нас двајца си остана ист, меѓутоа со неа се смени засекогаш. Никакво почитување, никаков обзир, ни како човек ни како негова мајка. Повеке време сме кај мене кога е тука, ретко одиме таму ама и кога одиме јас немам никаков контакт со неа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.