Ја не го сфаќам овој тренд на потресување на идни свекрви. Па удварање, па тинтрање, не знам искрено по која цел. Почит секогаш имале и ќе имаат родителите на партнерот, пријателски кратки разговори кога ќе се видиме, сигурно нема да ги избегнувам, еден класичен чит-чет ќе си напраиме. Ама пред брак тоа викање ќерко, сине мајко, татко не сфаќам. Додуша јас ни во брак тоа не го сфаќам ама тоа друга тема. Од мое лично искуство и на моја другарка многу зближување со родителите на партнерот не, зашто никогаш не знаеш каде таа врска може да заврши. Колку год да биде врската сериозна, иаку мене ми е тоа толку смешно кога ќе каже некој дека иде за озбилно, врска се знае што означува и што значи и зашто луѓето се во врска. За други работи си има други термини и класификации.
Јас сум мажена можи ќе речите дека местото ми е во темите брак и семејство ама пред да се вериме одевме годинаипол и мој совет дур сте во врска зближување не бидете мистериозна личност за неа повеќе ќе внимава како со вас и ако ве изнервира ќе си речите таква е и полесно ќе ја сварите. Во спротивно,секоја чест за исклучоците, можи уште првиот ден да се изненадите како човек прекуноќ се менува за 720степени.
Како со идните свекрви ? За секоја жена (мајка на некој тип ) е сеа која се погоди има лек. Се зависи од таа жена. Ако биде добра со мене животот ке и биде млеко ко што на синот нејзин животот би му бил мед. Значи ако ми биде онака срцка од мене ке добива се ке ја шетам ке и купувам се , ке направам се и нема одвојување ке си бидеме у заедница , ама ако е некоја катилка богами и давам рок на живот од 3 месеци до 3 години живот. Доволно е што ке ме глеа сама ке рече кај ми се картите
Само по една недела ја запознав мајка му на дечко ми. И тоа онака сосем случајно седевме јас дечко ми и уште еден пар и се враќаше мајка му од некаде и застана и вика која е снашката и морав да ја запознаам. Ме викна на гости и дечко ти запна другиот ден дојди те дојди жешко е надвор и отидов и се добро ама многу барања има. Ме прашуваше дали сум перела на рака и ми кажа садовите ќе сум ги миела. Напорна е жената, дури да не беше дечко ми таму мислам веднаш ќе ме натераше садовите да ги и измијам. Инаку се познава дека е доста мрзелива, не дека и наоѓам маани ама така е. Инаку искрена, фина, пристојна ми рече кога сакаш дојди ќе седиме, ама незнам колку е паметно да се зближувам со нејзе? Ваше мислење, искуства?
Понадистанца попаметно. Особено сега кога си на почеток на врска не ти требаат такви зближувања. Знам многу случаи кога снаите и свекрвите глумеле најдобри другарки за да после тоа се фатат за очи. Ти препорачувам чисто формален однос . Почитувај ја како мајка на дечко ти. Размени 2,3 реда муабети со неа од пристојност и толку. Помирна глава ќе ти биде.
Само на дистанца, не мора многу зближување, барем јас практикувам така. Оваа мојава "идна" малку е позаостаната, загледува, оговара... ама јас не и се приклучувам на муабетите, само од култура пијам едно кафе и толку. А си имам прекрасен дечко, заради него и седам со неа на кратко, а цела среќа не е врзан он со неговите, и он не сака многу многу да седи со нив......
Воопшто не ми се допаѓа „домаќинскиов“ муабет, на прво гледање да ти кажува дека треба садовите да ги миеш...Се знае при запознавање какви општи муабети се прават- кај учиш/работиш, кај живееш па го знаеш ли овој, оној, а не-дали си перела на рака
Нас ни се подобрија односите пу пу да не подречам ама сега за сега е мирно на бојното поле едно мирно здраво си имаме, ги нема веќе од нејзина страна. Се надевам дека нема да избие војна пак дека конечно ќе си легне на брашното Само стравот ми го има земено жената па јас уста не отварам во нејзино присуство ако ме праша некој нешто ќе одговорам ако не исто ко да не сум таму
Јас еве сум така да речам свекрва. Доаѓа кај мене дома идната снаа.Пиеме кафе. Несакам опуштање.Ниту сега, ниту кога и ако му стане жена. Нема интимизирање. Немам ништо против да ја донесе на кафе, ама се знае муабетите какви треба се. Многу ја почитувам девојката, и се додека се со син ми и додека се сакаат и јас ќе си ја сакам. Што ќе ми донесе син ми за мене е закон.
Јас и дечко ми сме заедно 5 години, и може ќе ви звучи чудно, но сеуште не сум ги запознала ниту јас неговите, ниту тој моите Така решивме и двајцата дека кога ќе одучиме да се зимаме тогаш ќе се запознаеме, пред тоа нема потреба од зближување ... А и глупо ми е некако они да се во една соба, а ние во другата да имаме односи Секогаш кога ќе одам тие излегуваат од дома, или тој кога ќе дојде моите излегуваат. Онака по некои постапки гледам дека мајка му е фина жена, кога и да отидам таа има направено некој колач или зготвено нешто, го прашувала дечко ми што сакам да јадам за да направи, дури и ми кажуваше дека секогаш чистела повеќе пред да одам, да не било прљаво И секогаш кога и да доаѓа тој кај мене ми праќа и благо што има направено нешто и тоа не само за мене туку за сите дома. И праќам и јас кога ќе направам нешто, најчесто од слави И ме има пофалено дека правам убави колачи дури и рецепти има барано преку дечко ми И за 8ми март ми купува поклони и ми ги праќа по него Ама ќе видиме кога ќе дојде време како ќе биде
Се е ствар на договор, но и запознавањето со родителите на дечкото пред официјализирање си има предности. Вака кога доволно не се знаете ќе се пази од тебе, ќе зачистува по дома, ќе прави посебни јадења, ќе купува поклончиња. Од кога ќе се запознаете добро, тогаш се покажуваат вистинските табиети и од двете страни. Јас имам долга врска колку твојата и сметав дека е подобро да се запознаам, за да знам како да се поставам кога ќе се омажам. Да не се разбереме погрешно, не сум нешто многу блиска со неа, само формални муабети на општи теми. Не се покаав. На почетокот се беше совршено, ама со тек на време се појавуваа некои работи, кои ако не ги пресечев на време и ги оставев за брак, ќе си ја лупав главата. Така да сега и двете знаеме што да очекуваме една од друга за понатаму. Вака разбрана делува. Тоа што ми смета се труди да не го прави. Па ќе видиме. Можда и ја ќе кукам во онаа другана тема .
Не можам да не те цитирам. Гледам има над 10 ми се допаѓа па ги прашувам членовите што е тоа што им се допаднало во твојов пост? Јас да би имала свекрва како тебе би бегала подалеку......
Не знам како на девојката не и застанала во грло кафето дур го пиела со тебе, не дај Боже ќе се задави па на душа ќе ја носиш.
Ако веќе одиш кај нив дома и си испраќате поздрави, мислам дека културно би било да те претстави... колку да знае жената кој и’ доаѓа дома. Не велам дека треба да станете први другарки, ама ете едно кафе за запознавање може да се напиете, па потоа продолжете по старо. Се читам сега и ова испадна ко совет да давам, а не ми беше тоа намерата. Само мислење, можеш слободно да игнорираш. Инаку те разбирам, и јас поминав долги години со дечко ми пред да се запознаам со неговите. Ама не одев дома му. Кога конечно се убедивме, се запознав со мајка му, пиевме чај и нема да лажам - страшно беше. Сега кога ќе се сетам колку се срамев и црвенеев, не можам да се изнасмеам. Ама со тек на време проаѓа. А на темава немам нешто посебно да кажам. Како со идните свекрви... па природно си се создаваат односите. Немам некоја стратегија.
@Hajdi22 Не гледам ништо лошо во постот на @referentka. Незнам што е тука лошо според тебе? Лошо ли е тоа што пие кафе со девојката, што ја почитува и сака? Кажи каква според тебе треба да биде совршената свекрва.
Детски или бебешки, реално е. И не се приказни. Знаеш зошто ми е вака? Не, не знаеш. Ради сите вас. Се вие со некои глупави правила, начини и што ти ја знам. Еве јас сум малку проста нели па ќе те молам кажи ми какви муабети се прави со идната свекрва? По ваши правила, де. Не за друго да не ме фати за коса ако не зборам муабети како што треба? @cresa-jagoda Не е проблемот нит кафето нит почитувањето нит сакањето. Се е тоа убаво. Ама, кажи ми, дали ти би можела да пиеш кафе со некој со кој треба да пазиш што ќе кажеш оти ќе летаат шамари???