Aj oladi i ne tresi zeleni Ako imas problem od site nas togas ne si za na forumov i za bilokakva druzba. I otkaci se od mene,nemas ti sto umno da repliciras..ni mene ni na nekoj drug clen tuka
Па изгледа треба да и се лигави на идната снаа. Лелее маци шо си ми убава. Кај те најде мојов ваква совршена алал нека му е. хахаха Шала настрана , Хајди ќе сфати еден ден дека дистанцата е благослов. Едно почитување, формални муабет и крај, Кога почнуваат лигавења, тогаш следи и фаќање за коса.
Многу би сакала да имам свекрва,но за жал немам.Само свекор и со него сме во многу добри односи,многу ми помага околу малиот а исто и околу домашните обврски.
Неможам да укапирам зошто заради сите нас ти е лошо , може да ми објасниш Хајди ? има Рефка пишано дека одела и на кафе со идната снаа и дека мн.ја сака ако ја сака син и таа уште повеќе. @LivingGlam Зошто страшно ?
Не се прави паметна, и така не си. Кој спомна лигавење? Добро, толку сте прости да не разберете? КАКО МОЖЕ ДА ЗБОРИШ СО НЕКОЈ И МНОООГУ ДА ПАЗИШ ШТО ЗБОРИШ БИДЕЈЌИ ЕДЕН ПОГРЕШЕН ЗБОР ЖИВОТ ЧИНИ. Каков ви е тој формален муабет? Еве еден пр: Правиме муабет и јас почнам да зборам за цвеќиња и она да ме погледне накриво пошто муабетот не и се допаѓа. И после таа е светица пошто си ја сака снаата, а снаата треба да пее она како ќе свири да не летаат шамари...
@Winter Lady За мене секое запознавање е страшно. На шега беше тоа кажано, немаше ништо опасно. Жената се трудеше да ми направи да се чувствувам пријатно, ама јас сум такво суштество едноставно... до мене беше, и до мојата неможност да се опуштам околу нови луѓе, посебно кога знам дека на некој начин ме оценуваат. Ми треба време да можам да се однесувам нормално, па сега конечно сум природна.
@Hajdi22 Незнам како ти ги сфаќаш некои работи, ама многу ги извртуваш некако. Никој не спомна шамари, влечење за коса... Освен ако не ја преминеш границата (да почнеш да и се дереш и да ја вреѓаш, ако нешто не ти одговара). Според мене ни една свекрва нема да може да те истрпи тебе.
Хајди не се нервирај злато. Не ти е тебе референтка свекрва па толку да се потресуваш. Тешко таа свекрва ти што ќе и бидеш снаа. Ќе се разберете никогаш. хахаха
Не извртувам ништо, само не знам дали е до мене или до вас што не ме разбирате. Нормално дека свекрва не може да ти биде нит како мајка нит како најдобра другарка. Повремено кафе и почит е сосема доволно. Ама вие имате се некои правила за ова ќе збориш за она не, па да му сќисне на човек. Кај знам што и одговара на Госпоѓата кои муабети да и ѓи правам?
@Hajdi22 имам впечаток дека имаш многу слободно време, и го користиш да правиш драми по форумот. Оди во темата- Свекрвите и снаите – проблеми, и посочи ни снаа, која била жртва на насилство од страна на свекрвата. Со назнака- идна! Нема некоја формула, шансите се 50- 50, зависи дали ќе се "угоде" муабетот ваш. Добрите односи никогаш не биле резултат на преправање, тоа доаѓа самото од себе.
Девојки, сега открив дека има ваква тема... Е, па јас како мајка на двајца дечковци и идна свекрва, да си го кажам мојот „став“ Девојките што моите синови ги сакаат и им значат, за мене се најфини, најпаметни, најубави... Чим некоја девојка го освоила нивното срце, јас сум тука да ги поддржам, да им посакам убава врска, а не како некоја стара вештерка да се трудам да најдам „влакно во јајцето“... Пиење кафе со идните потенцијални снашки не ми е некој „предизвик“... Мислам дека ако врската е „тазе“ , девојката ќе се чувствува нелагодно... Затоа пактикувам само поздраување и понекој ситен муабет од типот како е на училиште/факултет... Кога ке имаат стабилни и долги врски може да пијам кафе со „потенцијалните“ снашки, доколку тие изразат желба да се „дружат“ со мене... Инаку девојките на моите синови доагаат речиси секојдневно кај нас дома, но децата имаат засебни простории, па јас само случајно ке ги видам во двор или на скали, па така не „сметам“ и не сум лоша свеки ... Сепак дистанцата е најдобра ... Каква е таа жена која за еден погрешен збор т.е различни погледи на некои теми, може да „дели“ шамари? Каков е тогаш нејзиниот син кој што таа го воспитала???
@Hajdi22 Ај може ние не те разбираме, ама тебе како ли ќе те разбере идната свекрва што некогаш ќе ја имаш. Тешко на таа свекрва со тебе. Уште од сега ја жалам најискрено.
Јас реков па зареков.. Таман мислев дека се средија работите, дека жената легна на брашното ете ти војна одново.. Ќе има ли крај аман веќе..
Еве @Val-Dim , зарем ова малку е? Госпоѓава се си кажа.. Инаку дај Боже @Val-Dim сите свекрви да се како тебе (според тоа што го напиша). Фала ти многу. Еве јас зошто ради вас немам живот. На се имате одговор, а нели ја сум најлоша.
Значи не ми е јасно како е можно секоја тема на форумов да прерасне во глупава караница. Фемина е феномен за истражување. Жени, дури анонимни си кубат коси, а сакаме да се согласуваат кога се во иста куќа со некого. Страшна работа.
ох ..така е во животов. Дајбоже се да се среди и да биде во ред Верувај во Бога и моли се. Многу помага(или барем мене) Ти посакувам среќа
@Hajdi22 те читав доста и јас како @referentka што те читнала, и та сега сваќам всушност зошто никој не те "обожава" ни во друштво ни по дома. Џабе делевте совети на дотичната ( што и јас ја бев сожалила едно време) кога немаш како прво ни култура па се мереш и се ценкаш со постар човек од тебе што може како мајка да ти биде, второ немаш ни никаква почит спрема баш никој, трето толку си разгалена и невоспитана што ги преминуваш сите граници. Секоја ти чест, продолжи само како што тераш и нема да стигнеш до никаде со твојот памет. Толку од мене, не можев да се воздржам од коментар.