4 страни за Хајди wtf.. Девојче ај оди легни си, мислам доста шириш негативна енергија низ цел форум... Ако не ти се свиѓа мислењето на Референтка или на кој било кој друг,не мораш да одговараш..
@Luna91 Дечко ми ми има 100 пати речено да се запознаеме (дека јас почесто одам, тој кај мене во 3-4 месеца еднаш ќе дојде, а јас сум во неделата по 3-4 пати) , но мене ми е многу срам, не знам бе некако, неможам, и се помири он со тоа . Дури некогаш ме зеза дека треба да ми каже дека се излезени, а јас да отидам, па да нема кај да бегам @LivingGlam Абе ние си се знаеме, преку слики Се сложувам дека треба веќе еднаш да се запознаеме, ама ете не можам многу ми е срам, мислам дека нема да можам ништо да изустам од срам Инаку од ист град сме и чудо некое како до сега се немаме сретнато некаде, во таа ситуација незнам што би било поглупо, се знаеме онака кои сме, а ниту е да се поздравиш дека се немаме запознаено, ниту да одминеш како да не се познаваш. Ама до сега фала богу се немаме сретнато
Девојко закажиси утре за на психијатар помогниси самата на себе бидејки тонеш најдобро намерен совет ти давам.
Дали стварно мислиш дека некој до толку се замара со тебе за да ти забранува да пишуваш? Пишувај што сакаш ама стој зад тоа што ќе го кажеш и очекувај критики.
Девојки, јас сум убедена дека @Hajdi22 поштено не трола сите нас уште од сам почеток- прво се испишаа страници и страници и страници за нејзините љубовни и семејни проблеми, после некое време цела фемина ја убедуваше да не се убива а од денеска почна да се контра со кого стигне. Или девојката има озбилни психички проблеми или (многу поверојатно) се руга со сите нас.
Хајди уште во оваа тема те немаше да пишеш дека никој не те разбира, дека си за жалење и дека сите се против тебе. Гледаш, ја имаш таа привилегија сите на форумов да те познаваат Секогаш те бранев и поддржував ама во последно стварно претеруваш со мислењата. Да си знаеш дека не се врти светот околу тебе. Ако си нервозна, ако мислиш дека никој не те разбира зборувај со мајка ти и оди на психолог, пошто очигледно си имаш мака.
Hajdi22 е банирана, дадени и беа повеќе шанси да се вклопи, но можеме сите да увидиме дека тоа едноставно нема да се случи. Ве замолувам повеќе да не реплицирате на нејзините постови бидејќи нели, нема поента, а да не ве бришам 4ри страници наназад и да ви биде залудно потрошено времето, или да не ве бришам под мене за исто, да не трошите време. Благодарам на вниманието.
Стисни заби еднаш де, не е толку страшно . Стави си во глава дека е едно обично, ново познанство и нема да имаш толку трема. Кога тогаш мора да се случи. Не можеш вечно да бегаш . Како што ти кажа и друга феминка, некако е некултурно да одиш скришум кога не се тука и да не сакаш да ги видиш. Па и уште јадење ти прави жената, а не знае за кого. Безвеза е малце. И да одиш кај него додека се тие дома, не мора да имаш секс , ако ти е глупо. Немој да ме сфатиш дека ти се мешам во одлуки, ама најдобронамерно ти кажувам мислење. Колку години сте со дечкото, ако не е тајна ?
Изгледа ќе морам Моментално тој не е тука, отиде во странство, но кога ќе се врати за еден месец, и кога ќе се погоди ситуацијата, еве ветувам дека ќе се пресрамам Не ти го разбрав баш прашањето за годините, дали колку време сме заедно или по колку години имаме, но ќе ти одговорам и на двете Заедно сме 5 години, а имаме јас 23, тој 30
Аа епа таман сте си . Помислив да не сте помали па затоа да не избегнуваш,. Ама не било тоа работата. Ајде пресрами се и пиши за впечатоците од првата средба.
Јас имам 43 а идната снаа 22 Значи сега на раат да кажам...кај мене никогаш нема шамари, нема контрирање, не загледувам.... Едноставно си ја терам својата работа и не се мешам во изборот на моите деца. Сакам да пијам кафе со нив, уживам кога ја гледам љубовта. Но, несакам да се зближувам и да правам ,,тешки,, муабети за кои подоцна како што рече некоја феминка погоре , би се фатиле за коса (макар што тоа никогаш нема да го дозволам) Кај мене важи правилото - се со мерка.
Iskreno neznam,samo na zdravo sme so prajsh i taka ne sum mng bliska a nesakam ni da bidam od kaj da znam dali bash taa kje mi bide svekrva iako odime so decko mi 3 ipol godini Ako ziveeme vo ista kukja neznam kako ke ziveeme
персонализиран подарок пијалок со некоја интересна порака за одењето во пензија и плус како подарок за роденден убав џемпер,ракавици, капче да се топли во овие зимски денови што следат а и воедно да биде шик ))
Најпаметно ништо. Шала на страна можеш да и земеш некоја убава марама, кожен новчаник., некоја убава покривка за на маса, кошула и сл. Ти си ја знаеш одприлика знаеш што сака. Или прашај го дечко ти за мислење. Неврзано со твојот пост, јас немам многу нати го дајми го со идната ми свеки. Сметам дека така ми е најпаметно. Еднаш сум и купила ситница за 8 март затоа што се погоди дената да одам таму, па да не влегувам со празни раце. Ова го зборам затоа што малку ми е патетично додека си во врска фрчат поклони, поздрави, а од кога ќе се земеш нешто поинаква е ситуацијата.
Дечки си имам мал проблем со идната свекрва, со дечко ми сме 3 години заедно, не одам многу често кај нив на гости ама може да се каже дека доволно, супер однос имаме освен еден проблем, работата е во тоа што каде и да сакаме да одиме со дечко ми она сака да дојдат со нас, некогаш не ми сметало ама веќе ми стана проблем, мајка ми да ми е па не сакам секој викенд да доаѓа со мене и дечко ми, понекогаш осеќам дека ми е љубоморна и страшно е прерачуната, на пример минатиот викенд дојдоа 3 дена со нас и не се одлепија од нас и да не зборам цело лето каде и да сакавме да мрднеме (освен одморот) она мораше нешто да измисли и доаѓаа со нас, се случувало и да спиеме во исти апартман во Грција и е така малце како безосетна и на секои 5 мин влага во соба нешто да не ни фали како божем ние мали деца сме и не знаеме да си земеме, според мене многу е неколтурно ти туку така на некој да му влагаш во соба. Значи не знам веќе што да правам ама морам некако да разговарам со дечко ми, еве сега за следната недела со дечко ми си се договаравме за до Солун и она сама си се покани
Не е проблемот само кај мајката на дечко ти,најголемиот проблем лежи во него.Тој треба последен да пресече и да постави граница, до каде смее мајка му да оди.Понекогаш е ок да појдете сите заедно и да се дружите.Можеби еден ден ќе станете фамилија и добро е уште од сега да негувате добри односи. Само да не се претера.Ако дечко ти не гледа проблем во тоа што мајка му е постојано со вас,може и да значи дека е премногу поврзан со неа.Има деца кои едноставно не можат да се оделат од родителите.Јас во тоа гледам проблем,бидејќи ако ти се мажиш со дечко ти, не значи дека си се мажила и со неговите родители. Познавам случај каде дечкото се мажи и се одселува од Македонија.Неговите се постојано тука.Три месеци тука,три се враќаат назат- оти не им дозволуваат повеќе престој.Ем не се беше средил доволно со станот и го делеше и со цимери,ама покрај жена му обавезно беа и мама и тато покрај него. Јас тоа лично не би го трпела.Кога се мажив гледав да се одделаме да живеаме сами.Ниту мои, ниту некови.Секој може да доаѓа на гости и да поседи,само има разлика од седење до седење. Ти види одоколу разговарај со дечко ти на тема,ако одите некаде да бидете сами,без неговите.За да може повеќе време да бидете заедно.Ако реагира бурно и не гледа лошо во тоа и неговите да идат,совет ти е да си ја мериш чивијата уште од сега,дали би сакала со таков човек да основаш семејство.
@fairy88 Заборавив да напоменам дека не е проблемот во него, накратко да објаснам еве за последниов пат ние си се договораме да одиме и не ги ни викнавме неговите ни ништо и во последен момент мајка му измислува некое си прскање (кое што апсолутно нема потреба во станот) и требало да се излуфтира станот и му вика па ете ние да дојдеме со вас нема воопшто да ве замараме и слично посебно ќе си седиме и јас на ова реков само дека стварно сакам да одиме сами. И тоа дека ќе си седиме посебно и нема да не замараат не е точно пошто како лепенка беше со нас, од 3 дена јас само едно кафе испив на раат.Си сакам интима не дека немам јас каде да имам односи или не сум имала па ајде сега викендов, едноставно сакам сами и знам дека он сака, ама луѓе напаст е тоа пробува дечко ми и кажува ама не се одкажува женава. И еве сега за во Солун, како може така да се натура некој без да е поканет јас стварно не разбирам