Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Абе еднаш го прскале станот,не може нон стоп да го прават тоа.Плус тоа колку што разбрав ти си била против да дојдат неговите,ама дали и дечко ти се согласил со ова.Ако и тој вика дека сака да бидете сами,а неговите постојано доаѓаат или не го мисли тоа или е многу мек за да пресече.Неговите виделе дека можат,па затоа секаде доваѓаат со вас.Не е за мана постари и сакаат друштво и муабет.На тебе нормално нема да ти е интересно.Што толку заедничко ќе имаш со жена која може да ти е мајка.Сигурно не можеш другарка да ја правиш,па постојано во парови да си излавате се заедно:).
    Ти си знаеш најдобро како е ситуацијата.Ако продолжи така разговарај со дечко ти и види дали ќе се измене нешто.Ако не се измени,тогаш мораш сериозно да размислуваш кој чекор ќе го прревземеш понатаму.

     
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    @smajlii проблемот е во партнерот не е во жената, тој како нејзин син треба да седне со неа и да и објасни и разграничи некои работи а не да молчи во себе и да се нервира, да му биде страв и срам од сопствената мајка (како што ти опишува на тебе).
    Незнам дали е намерно или ненамерно но се додека се молчи и не се реагира за да се смени нешто ќе си имате вакви проблеми.
    Ти не си таа што треба да кажува и да разговара со жената бидејки едно е девојка на син а сосема друго е синот, ако почнеш да реагираш ти, нема ништо да постигнеш туку само ќе се замрзиш со жената а тоа не ти оди во прилог.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.765
    Мислам дека е време да го седнеш дечко ти и сериозно, без пардон да му кажеш дека сакаш сами да одите во Солун и да пренесе кај мајка му.Ти пак биди си добра со неа, бидејќи тој и е син и што и да и рече таа нема да му замери, ама од тебе кажан збор Богами и ќе го памети.

    Сеуште не си снаа таму и немаш многу права, но знаеш како оди тоа-денес со вас ке доаѓа, ама утре снаа ако и станеш којзнае што ке и текне.
    Ако сакаш интима, делувај си превентивно уште сега.

    Знаеш и ние родителите понекогаш знаеме да претераме.Сигурна сум дека Ве гледа дека сте среќни и се ,,пика,, да биде и таа дел од Вашата среќа..убаво и е со Вас.
    Но сепак држење на страна не е на одмет.
     
    На Daydream, eloves, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Ќе разговарап со дечко ти и ќе му кажеш што ти смета..а на неа кога сама ќе се покани на смеа на шала речи и би сакала да дојдеш ама во анредна прилика бидејќи имам испланирано нешто за нас двајца, овој пати сакаме сами да одиме.. ќе и кажеш културно нема да се караш зошто може да се свврти против тебе и да имаш проблеми со дечко ти восмисла на тоа да му збори после што си и рекал, дека си ја повредила и сл..секакви луѓе има...на фин и културен начин објасни и дека со дечкоти сте се договориле да одите сами..а исто така можеби и подобро ќе биде со его да седнеш па он да и каже следниот пат кога ќе сака да ви се стави. а ти ем нема да се налутиш со неа ем ќе бидеш сама со него. :)
     
  5. blondie95

    blondie95 Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумов и воедно ова е мојата прва „исповед“:) за мојата идна свекрва би кажала дека е прекрасна, млада, современа, модерна жена што има разбирање и секогаш е коректна и опуштена со мене. Одам често кај нив, и многу често седиме прво со неговите, односно јас со мајка му бидејќи имаме супер комуникација, не разговараме никогаш за тоа каква е мојата врска со син и, само заедно го критикуваме понекогаш за неговите маани. Секогаш знае дека додека седиме со нив, седиме после тоа се повлекуваме во соба кај него и жената никогаш не досадува, на пример да влегува често или да седи со нас во соба, дури јас понекогаш ако не сум ја видела подолго време ја викам да поседи да си поправиме муабет, можам за многу теми да си разговарам со неа и совет да ми даде. Влегува само ако е неопходна да не праша нешто, најчесто што сакаме да јадеме и толку. Жената многу сака да има ќерка ама има 2 сина, па можеби заради тоа е толку внимателна со мене, и почит и разбирање и се. Има и искуство со не толку добра свекрва со која сеуште живее, па имаме правено муабет дека е свесна како не треба да се однесува со идните снаи, што искрено се надевам дека е така и дека здравје еден ден така и ќе биде, дека ништо нема да се промени во нашиот однос. Но, и покрај цел овој супер однос не би сакала кога ќе се венчаме со дечко ми да живееме со неговите, а многу ми се свиѓа што и мајка му истото му го збори, дека од подалеку повеќе ќе се почитуваме и сакаме. Ете толку од мене, малку поопширно ама се надевам ќе ми простите бидејќи сум нова па се раззборев :lol:
     
    На CameliaMiller, Bozica1980, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.504
    Допаѓања:
    166.043
    Пол:
    Женски
    Имам ист случај како @blondie95
    Не сум долго со bby ама ете имав шанса да ја запознаам мајка му. Ми има bby спомнато дека мајка му и татко му многу сакале да имаат ќерка, ама и тие имаат два сина. Првиот пат кога ја видов мајка му, па не знам која беше поусрамена. Жената кога ме виде на врата како ме носи тој за рака, само шо ме виде му се стресоја рацете и одма замина во кујна да се потсмири малце (сум била прво чупе шо го носи дома). Веќе подоцна беше подобро. Сега кога и да одам зборуваме, за како си поминала на работа и новите работи кои си ги купила. Кога настинав периодот, зошто и bby беше настинат, па заедно кај него в соба гледавме аниме, па поќе од мајка ми ме жалеше. Кога ќе одиме горе никогаш не иди. Ако има потреба ќе се јави на телефон кај него и толку. Тој период обично се јавуваше дали сакаме да ни направи чај, а обично кога ќе прави кафе се јавува да праша дали сакаме и ние.
    Сега за нова година ми подари мало парфемче. Ми прај неможев поќе ама те молам не ме одбивај. Искрено глупо ми падна, не сум тип кој лесно се врзва за луѓето и некогаш сметам дека можеби сум неисправно малку ладна.
    Сега брзо имаа слава и бев поканета, и кога отидов (до тогаш ме немаше видено ни со малку шминка, ни пак да носам суќна), па кога влегов од врата како шо идеше да ме пречека само се фати за уста ме скапа мерење и ми велеше дека сум биле преуба, дека пробвала да ме замисли како би ми седела суќна ама никогаш не замислила дека ќе ми седела толку убо. Ќе излажам ако речам дека непоцрвенав малце. Па цело време за ручекот само ме прашваше дали ми е згодно местото кај шо седам и дали ми треба нешто.
    Не се жалам, ама некогаш се осеќам незгодно ради ваквиот однос. Неќам да е построга или поладна, ама не знам, можеби не сум едноставно навикната на ова или ми дојде премногу наеднаш. Мислам дека зошто се осеќам малку чудно е зошто јас и немам блисок контакт со мајка ми и сега ова се ми иди наеднаш, едноставно не сум навикната.
    Ама ете добро е и вака :lol: :coffee:
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    @theowndemon убава приказна :), ќе ти се надоврзам само и ќе ти кажам да не се форсираш премногу околу ситуацијава, што верувам дека на сите им е нова и помалку чудна нели, остај односот да ве води спонтано и без форсирање на ситуациите и се ќе си дојде на свое место.
     
    На okcenzi и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Девoјки, ќе ве мoлaм зa пoмoш.
    Уште не сум снaa јaс, нo мaјкaтa нa дечкo ми ужaснo ме нервирa.
    Знaчи мислaм декa никoј никoгaш тoлку не ми идел нa нерви.
    Стaнувa збoр зa крaјнo aлчнa и скржaвa женa.
    Верувaте ли декa вo 4 гoдини врскa сo дечкo ми (син и) aбе не и текнaлo еднo чoкoлaдo шo се викa дa ми купи??
    Пред некoј ден дечкo ми си гледa џемперче и збoри кaкo немaл пaри дa гo купи и гoспoжaтa зaмислете викa Ете пa девoјкa ти некa ти гo купи, немaш ти пaри сеa. Верувaјте декa вo плaн ми беше дa гo изненaдaм и дa гo купaм aли пo тoј нејзин кoментaр ме фaти некoј инaт и сеa не му гo купувaм.
    Другa рaбoтa, јaс рaскaжувaв кaкo ќе имaм дoпoлнителен aнгaжмaн (привaтни чaсoви пo aнг. кoи јaс ги држaм) и не знaм кaкo се ќе пoстигнaм и гoспoѓaтa искoментирa Пa зaштo не му ги дaдеш чaсoвите нa Игoр дa ги држи?! Дечкo ми дa знaе aнг, нo ниту е нaстaвник, ниту рaбoти тoa...и јaс и рекoв a дa мoжaм и плaтaтa негo дa му јa дaдaм нaјубaвo, тaкa?!
    И дечкo ми сaмo ме пoгледнa и нишo не искoментирa.
    Не пoстoи мoжнoст дa не живееме сo неa, бидејќи тaткo му е пoчинaт, ќиријa зaштo дa плaќaме нели при дoм, a јaс живa се јaдaм.
    Верувaјте oсеќaм физички мaнифестaции нa нервoзa сaмo при сaмaтa пoмислa нa тoa жениште.
    Дечкo ми сaкa дa oдбегнувa кaвги, дoдушa некoлку пaти пaртaл јa имa нaпрaвенo кoa прoбувaлa дa се мешa вo рaбoти кoи не се нејзини, и ми викa тaквa е, нa нејзини гoдини немa сигурнo дa се смени aли не се секирaј и зaмaрaј уште oд сеa, ќе видиш oд пoмoш ќе ти биде, немa дa ти се мешa, пa не мoжaм нa улицa дa јa исфрлaм и блa, блa..некoлку пaти дури сo денoви не сме збoреле рaди вaкви рaбoти, и нa рaскинувaње сум пoмислувaлa и се..нo не ми се фрлaaт 4 гoдини у вoдa, зaрaди неa не сигурнo!
    Некoј пoпaметен oд мене, нештo?!
     
    На Nausicaa, ocicka2014 и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Не избрзувај со одлуките, имај трпение и остави на времето.
    Не се форсирај, тек сеуште сте во врска со дечкото, немаш право вака да зборуваш, а и тој убаво постапил и ти кажал.
    Тек денот кога ќе дојде да разговарате за вас двајца и вашиот брак тогаш ќе разговарате и околу оваа тема, ако се почитувате и вашата љубов е искрена ќе најдете решение и компромис немој да се сеќираш.
    Но те молам не избзувај со муабетите "што би било кога би било". Ете може и твојата возраст игра голема улога во вашиот однос, може не се е така како што си замислуваш ти, остави малку олабави и дај си време.. за се има решение.
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    @bybeDkid , таа барем на време си ги покажала роговите, да знаеш што да очекуваш и како да се поставиш во иднина и во брак. Другите дури уште не се свекрви се мед и млеко и после наеднаш стануваат на Господ бељата :) Немој да мислиш дека ако раскинеш и фатиш некој друг, неговата мајка ќе биде подобра оти не покажала со време... разгледај низ темата за снаи и свекрви и ќе видиш дека 90% од жените имаат проблем.
     
    На bybeDkid, joy1 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    А зошто да ти купи чоколадо :?: или било што друго?
    Карактерот и е како на многу женчиња љубопитен и само да се коментира. Но изгледа ти имаш некои очекувања нереални. Зошто би ти купувала нешто стварно не разбирам. Ако има повод од дечкоти ќе си очекуваш, а не од фамилијата. Па побогу, девојка си му.
     
    На bybeDkid и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    So idnite svekrvi -nikako. Dobar den, Zdravo, Kako ste ? Ete tolku e dovolno! Na pocetok site se tie fini, mili, komunikativni, imaat moderni razmisluvanja. E posle na glava ti se kacuvaat. Zatoa komunikacija na minimum i nikako ziveenje zaedno.
     
    На eliesaab, Hipster, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Сте и купиле ли некaкoв пoдaрoк зa рoденден,или 8Мaрт ?


    ,,мoјaвa,, некaкo кo дa ме мрaзи и oд инaт купувa нa ќеркa и aкo кaжaм нештo декa ми се дoпaднaлo..цц
    Штo и е прoблемoт кoј јa знaе...
    Кoгa ме пoгледне мислиш син и ќе гo изедaм..бреејчудни жени :)
     
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Не заслужила да и купам.
    @SunnyGirl2 ич да не се замараш за неа, само игнор е лекот за таквите, jaс штета касно го сфатив тоа.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.504
    Допаѓања:
    166.043
    Пол:
    Женски
    Јас за чудно нешто ќе се жалам. Кога ми е роденден иди 9 месеци да сум со дечко ми. Денес бев кај него, после долго време и останавме долу зошто после работа сакаше да јади, а таму беа и неговите. Глупо ми беше да одам горе сама и останав со него дури јади. Океј тоа, женава ми вика кога ти е роденден. Ѝ кажувам се, ми вика, одбери си чанта сакам да ти купам. Еден срам ко ме фатило, на место останав. :sweat:
    За НГ ме фати во небрано и ми даде парфем. Ми рече дека чантата сака да е и за роденденот и за осми март, па за осми март планирам да ѝ купам цвеќе за да се „оддолжам“. Ама вакви ситуации многу ме тераат да се чувствувам баш awkward. Мислам дека уште е рано за ова, вистина ја знам извесен период, таа многу ме сака. Океј, и дечко ми има удел зошто за да ме нервира на телефон му вели редовно „Имаш поздрав од снашката“ и жената изгледа уште повеќе се радува. :|
    Дали нешто не е во ред шо неможам да се навикнам на нејзината блискост и дали е во ред да купам цвеќе и чоколадо/ бомбоњера за 8 март за неа, исто како и за мајка ми? :whew:
     
  16. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е нормално ама јас со мојата идна свекрва иако сме долго време со вереникот никогаш не сум и купила поклон ни за роденден, нова година, 8-ми март и слично, а исто и она мене. Разговор основно само, а ако почнеме нешто за свадбата или уредувањето на станот само прави споредби со други или кажува што и како треба а ништо не помага.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека ова е проблем? Каде гледаш проблем?
    Зошто се плашиш?
    Па нема потреба бе.

    Те читам и вака навидум створам слика дека врскава ви е цврста (со оглед што нели не се знае времето што ќе ви донесе) но вака гледајки од страна се забележува дека имаш цврст однос со дечкоти и коректен од страна на мајкаму. Може жената е едноставно културна и дружољубива, што има лошо во тоа по некој поклон да ти врачи, па тоа е поштување и внимание и јас не гледам ништо лошо во сето ова, напротив баш убава постапка и одличен однос има кон тебе, се гледа дека е наклонета жената.

    Нема потреба да се притисњаваш од ваквиот однос и да се срамиш, едноствно опушти се и уживај си во љубовта, се спонтано и автоматски ќе си дојде на свое место ќе видиш. Биди тоа што си и дружи се зошто да не се дружиш не мора жената да ја држиш на толкава дистанца штом се гледа дека те почитува и ти обрнува внимание.

    Можеш да и подариш цвеќе, бимбоњера, некој парфем, ланче.. се на се некоја женска ситница во знак на возврат пажња.
    И не се стигај опушти се сево ова е ново за тебе ќе видиш дека се ќе си доде на свое место како и што треба да биде.

    Уживај во љубовта ;)
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.504
    Допаѓања:
    166.043
    Пол:
    Женски
    @vitamina не знам зошто неможам да се навикнам. Обично татко му уште ме вика „чупето“ и од него ми е ужасно срам, а со мајка ѝ вртам муабет дур тој јади кога ќе одиме кај него. Вистина, коректна е, ја почитувам, не се оддалечувам од неа ама не знам зошто толку незгодно ми паѓа кога сака таа да ми подари нешто. За НГ велам ме фати неспремна, да знаев дека планира нешто бар нешто ситно ќе земев. За роденден неа ѝ беше кога јас бев на почеток со дечко ми и реално не ни знаев дека тогаш ѝ е и уз муабет ми кажа тој. За 8 Март посекако ќе земев цвеќе, ама зошто таа сака чанта да ми подари останувам онака како да ѝ давам помала важност. Или се ми е во глата накратко. :|
     
  19. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    Добро е што нема да мора за нејзе да се мажиш.:D

    На младите невести им посакувам складен живот во новата фамилија и им советувам да помислат три пати пред да и кажат нешто на свекрвата.
    Пошто некого што ти обезбедил кров над главата е грев да го лаеш.

    На постарите невести немам што да им порачам(пошто иако пишуваат тука на темава во глобала против свекрвите, не живејат заедно со нив).
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против жената, не ја ни знам доволно за да знам каква е. Во глобала со мене е ок за сега, а за понатаму ќе видиме. А инаку со советот за младите невести да им ќутат на свекрвите не се сложувам од причина што бракот е помеѓу двајца, а тоа не им дава право на било кој од родителите да се мешаат. Ако не помагаат нека не прават проблеми. Треба младите да се остават сами да ги го градат бракот и домот. Ако се побара помош од свекрвата за нешто ако може нека помогне ако не нека си седи настрана.
    И за тоа дека свекрвата ми обезбедила кров е далеку од вистината. Сама работам напорно и заработувам за живот и за мене и за син и, а од неа немам никаква помош.