1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Излеа за да бидеш фенси денес треба да се караш со свекрвата, да си ладна, на дистанца, да ја гледаш од високо. Знам дека има и свекрви со таков став спрема идните снаи или па такви што ќе се сменат, но правиме често проблем кај што го нема. Еве мене ми е многу убаво кога ќе видам дека свекрва - снаа се согласуваат, уживаат во свое друштво. Нема јас што да делам со неа, неа и е син, мене дечко/маж. И таа "украла" некој син од мајка. И не е мешање ако одлучам да поминам дел од времето со неа. И неа и е драго оти сакала ќерка, а ја нема, среќа па и има емпатија и разбирање, позитивен став спрема животот. Да ја грабнеш и да бегаш е свекрвица. И како да не ја сакам пред се поради нејзините човечки особини. Многу е подобро така отколку да се прави расчекор помеѓу мене и неа, па синот да не знае како да реагира. Но има такви што се принудени на дистанца баш поради таквиот однос дека не сакаат да делат ништо. И тоа е подобро отколку очи да си вадат со кавги и клевети.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Дури уште уживам статус „девојка“, не се оптеретувам многу со свекрвите. :lol:
    Сепак не знам што ќе ми донесе утрешниот ден и се поштедувам себе си од премногу блискости и можни идни непријатни ситуации.
    Не сакам некои специјални дружби на само и не можам да се замислам во ситуација, онака од чиста мира да одам на гости и да пијам кафе со неа, без дечко ми. Не гледам ни реална потреба за тоа ако не сум верена или мажена, едноставно нема потреба од толку помпезности - култура и почит можат да се покажат во било каква ситуација, дури и кога разменувате поздрав на улица.
    Мене битно ми е да бидам културна и коректна во однесувањето, затоа што едноставно така сум воспитана, а и со оглед на ситуацијата и самата личност, би рекла дека навистина не заслужува ништо помалку од тоа.
     
    На Spidy, Hellobeautiful и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    30.789
    Пол:
    Женски
    Па сега за сега е супер жена, модерна, секаков муабет може да направиш со неа. Ама рано е уште од такво зближување, кафиња пиење со неа, и други работи.
    Многу зближување и не сакам, а почит секако дека ќе и покажувам.
     
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    И кога ќе се омажиш не треба многу замарање околу свекрвите,оти светот не се врти околу нив.
    Основна почит,не многу блескост,општи муабети се клучен фактор за мир у куќа и добар живот во таа куќа. Ако се замара човек со тоа што рекла,што направила,па се налутила за ова,се налутила за она кај ни е крајот,ќе се оболи чоек.
    Прекраток е животот за да го поминеме во јадови за свекрвите,затоа опуштено ,лабаво,културно и се ќе биде како што треба.
    Ова го кажувам од искуство,затоа имам добар брак и мирен живот :)
     
    На Momichka, Mishela и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Многу сум блиска со жената.
    Но ништо многу наметливо или вештачко.
    Од кога се запознавме се претставив во такво светло каква што сум и по дома,па фала богу ме прифатија таква. Не ќутам за да излезам "фината", ама па не ни напаѓам за да ме гледаат ко ѓавол утре.
    Едноставно, се зближивме полека и отворени сме една со друга многу.
    Одам на кафе и на гости и кога дечко ми не е дома, не ми преставува проблем воопшто. Опуштена сум со неа максимално.
     
    На elenkata20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Како со идните свекрви? На дистанца, најдобро.
    Сум имала дечковци и сум запознавала идни (несудени) свекрви и сум имала океј однос со сите.
    По природа сум навистина ненаметлива личност и не сакам премногу зближување со никого, затоа и сум избегнала многу непријатни ситуации во животот. Од искуство на мои другарки, братучедки претерано блискиот однос навистина на крај им се одбил од глава.
    Сум била културна и пристојна со сите, општи муабети, некоја шега и толку исто како кон секој постар човек и доволно е барем според мене. 1 саат кафе, муабет и тоа додека дечкото бил таму и чао пријатно. До сега немало никакви замерки, непријатности или проблеми ниту од моја, ниту од нивна страна.
    Свесна сум дека никој не е совршен ниту јас ниту тие, затоа и не сум се замарала многу ниту планирам. Не се случило да си одиме по гости додека дечкото не бил таму или да се слушаме телефонски, да и ги кажувам проблемите со дечко ми нив, тоа никако сосема непотребно според мене.
    Имало милион ситуации кога мајка ми (сега веќе покојна) знаела од кожа да ме извади, па сум си претраела зошто општо ме мрзи да се расправам, инаетам докажувам а да беше некоја идна свекрва може и ќе и замерев.
    На почетокот сите се добри, фини, културни, се сакаме ама после е друга приказна.
     
    На blackwave, Alisa22 и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  7. Redrosses

    Redrosses Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали купувате поклон за роденден на идната свекрва? :^)
     
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Ако си повикана дома на гости по тој повод тогаш во ред е да купиш. Може тоа да биде и заеднички подарок со дечкото. Ако не те повикала, нема зошто да и купуваш. Барем јас носам подарок онаму каде ме канат.
     
  9. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    @Redrosses Јас сум купила за да не ми е незгодно - одам дома кај дечко ми и се знам со родителите. Плус и таа за секој мој роденден ми дава поклон. Првата година кога почнавме врска, не ни и честитав зашто не се познавав со неа.
    Обично купувам скромни поклони како: несесер, колекција за капење, крем за лице.
     
    На YoungandBeautiful и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Змија во гора - јас во поле.
    Змија во поле- јас во гора.

    Што подалеку подобро
     
    На Cherish33, kika.dragan, Nalutena1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Женава е супер, односот ни е близок, опуштен.
    Често се слушаме на телефон, за што и да ми притреба можам слободно да ја побарам.
    Никогаш не се чувствувам непријатно и напнато кога сум таму, се осеќам ко да сум си дома.:D Среќна сум што толку убаво ме прифатија. Си пиеме кафиња заедно, муабетиме за се и сешто,често се случува и да ме покани на ручек, вечера.
    Досега не се премешала за ништо.Пу пу да не ја урочам. :lol:
     
  12. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со секој збор, многу убаво напишано :) Јас со мојата (можеби) идна сврекрва сум во добри односи здраво здраво и некој општи муабети на дистанца си сум и немам намера да ја преминувам ,затоа што знам многу примери каде што прво идните свекрви си ги сакаат многу дури мамо ги викаат а откако ке се земат си кубат коси .
     
  13. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Така е @Alisa22 врати се неколку страници назад, а потоа влези во темата снаите и свекрвите, различни мислења како небо и земја. И сите почнуваат со "ама пред бракот не беше ваква" не дека не била таква, туку некои девојки се прават слепи при две очи. Стварно според мене е непотребно титрење, лигавење и смешкање тоест глумење лудило пред идните свекрви.
    Една моја другарка ама поранешна имаше и сеуште мислам дека има истиот дечко со кој беа заедно неколку години и девојката беше толку незрела вистинско детенце и го напнуваше човекот да се земеле само затоа што со години биле во врска. А тој живееше со неговите плус постара баба во 3 соби. И самата индиректно се жалеше дека идната и свекрва и префрла за се и сешто ја тера да простира алишта, да мие садови после ручек демек да се покажела каква снаа ќе била. А таа кутрата дома 2 чаши не измила и да ја прашаш чорапите на колку степени се перат во перална нема да знае да ти каже. И утре истата таа ќе се јави во темата снаи и свекрви со изјавата ама пред брак не беше таква. Мислам не сме 19 век па мажот да го гледаме на свадбата за прв пат, па да се чудиме што не снашло. Премногу сме напред со тие работи, сите одиме кај дечковците, имаме долги врски и според мене сосема доволно да процениме со кого си имаме работа.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Јас супер си се сложувам со жената, слични сме со размислувањата и ставовите, иста професија имаме. Дури можам да кажам дека повеќе со неа се согласувам него со мајка ми, ама сепак треба да се дежи дистанца ни многу бестфрендовски однос не чини :)
     
  15. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Јас имам добар однос со жената, блиски сме, чувствувам дека ме сака и дека е среќна за синот. Одам кај нив, секогаш се осеќам добредојдено таму и се гледа дека сака да ми угоди.. Не сум планирала толкава блискост и претерано дружење, ама ете така испаднало. Супер мислење имам за неа и немам на што да се пожалам, барем засега.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Strogo i otsecno od start
     
    На *Ench@nted*, Dadusicka, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Оти после има на глава да ти се качат. И колку повеќе си добра, толку повеќе не чиниш.
     
    На Dadusicka, CameliaMiller, iloveyou29 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Bingo.
    Prasaj patalec ne gatalec.;)
     
    На SummerGirl, Dadusicka, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Како таа со тебе, така и ти со неа.
     
    На Dadusicka, stetoskop и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Има добри глумици свекрви.Така да независно од нејзино однесување кое во најголем број случаи е маска за да исцица повеќе информации и кога ќе дојде вистинското време да ти ги плесне во лице треба од страт да си имаш достоинствена дистанца со идна свекрва.
     
    На Osamena devojka, stetoskop, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.