Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    А колку повеќе си лоша, толку повеќе ќе ти оди по газот. И нема да смее да ти писне. И поголема почит ќе добиваш. А ако си добра, маста ќе ти ја вади.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За жал, ама за навистина многу за жал, од скоро сите искуства владее едно: колку си подобра со свекрвата, толку на глава ќе ти се качи.
    Жениве од тие генерации многу си земаат за слобода со однесувањето и умеат да се навистина напорни.

    Од една страна сакаат да си добра за синот, а од друга страна ти љубоморат зошто тие се повеќе го сакаат синот од мажот.
    Од една страна сакаат да чистиш и работаш, а од друга страна им пречи твојата способност.
    Од една страна сакаат да се грижиш за куќата, а од другата одат зад тебе и само нешто не им чини или ти додаваат плус работа, како да си слуга на сите тука.
    Ако си малку своја (во облека, шетање, или да речам да си имаш и малку свој приватен живот) одма невестата не чини, лоша е, итн.

    Најперфектна биди, со односот, со работата дома, со мажот, ама со се - пак нема да чиниш. И ако се нервираш за се, само ќе се поболиш. Затоа како се вели, капата накриво и терај.
     
    На Meckicja, SummerGirl и Visab им се допаѓа ова.
  3. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не се согласувам со вас.
    Ниту пак со традиционално општествено прифатената глупост дека снаата и свекрвата треба да бидат куче и маче. Секој еманципиран човек во нашево време треба да е свесен дека тоа е само измислица која се провлекува низ вековите како нешто нормално и секојдневно.
    Немам свекрва, го познавам семејството на дечко ми заедно со мајка му и имаме одличен однос, но не се дрзнувам да ја наречам „идна свекрва’’. Од проста причина што сметам дека не треба уште од сега многу да им придавам значење на таквите семејни релации и дека треба многу повеќе внимание да и обратам на својата врска за истата да има иднина. Во самиот наслов на темава гледам горчина. „Како со идните свекрви?“
    О верувајте, растена сум во семејство каде никој никого не сака. И имам осетено на своја кожа како е некој постојано да сака да ти напакости. Да те изнервира. Да те измачи. Да те гледа со презир и да ти го уништи денот со само неколку збора.
    И ако нешто научив од тоа е - сето зависи од тоа како ќе се поставиш.
    Не треба да се биде ни понизно „добар’’ ни пресметлив и „лош’’. Не само со мајката на вашиот партнер, туку општо со секого. Треба да се биде праведен. И секогаш МОРАШ да се поставиш супериорно кога е во прашање твојот живот. Сакај ја и слушај ја, но постави граница. Ако не те почитува, бадијала е твојата чистина и понизност. А со партнер кој е непристрасен и има здрава способност за расудување овој проблем не би постоел.
     
    На no name5, IAmPresident, Kikikikiri0405 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    ‘Немора по дифолт да значи дека секоја свекрва е иста и дека не би можело да се живее во мир и хармонија. Точно е дека најдобро е сами, тоа немора некој да го каже за да се знае. Проблемот е што не сите имаат такви финансиски можности.
    Се сложувам со се што напишала @Ex Luna Scientia .
    Незнам зошто, уште не познавајќи ја свекрвата, ја гледате како најголем непријател и и замерувате на секоја ситница. Па и нормално е да не се сложувате на одредени теми, нели и со сопствените мајки се случува да се замерите? Тоа е таа разлика во генерации и размислувања.
    Тоа не значи дека треба да ја одбегнувате од сам старт.
    И јас не сум за многу дружење и пиење кафиња на само со "идната свекрва", меѓутоа во друштво на дечкото, зошто да не?
    И да, најдобро е да се живее одделно, верувам дека и на сите тоа им е желба, ама кој има можност ќе си дозволи, кој нема, тоа е.
     
    На Visab, Belgin1, Ex Luna Scientia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.821
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека сите се исти како што каж и такаа една членка погоре,ама сами си е најубаво го подржувам тоа.Не можам мајка му на мојов да е наречам свекрва сеуште од кај да знам дали ке ми биде.
    Ама имаме коректен однос,јас одам почесто кафе,ручек си муабетиме нормално дури некогаш застанува на моја страна. Морам да кажам дека денешниве свекрви не се како порано,модерни се.
    Си купуваме поклони за роденден,си честитаме празници по телефон нормално или роденден,се допишуваме некогаш на фб(викам јас модерна е она) :rofl: и така се си е на место.
    Ама не сакам премногу да сум блиска уште од сеа. Со никој од фамилија не само со неа.
    Се надевам дека еден ден ако ми биде свекрва нема да имаме проблеми.
     
    На Annora и Larichka8 им се допаѓа ова.
  6. Lara&Lana

    Lara&Lana Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека ја чуствувам ко другарка, за што и да ми треба тука е, ехх само каква заштита имам ко ке се подналутиме со мојот. Сега за жал не е веќе Мк, но кога и да праќа работи мора барем пола куфер за мене, се надевам дека нема да се смени.
     
  7. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Сега за сега добри сме,срцка е
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.940
    Допаѓања:
    36.069
    Пол:
    Женски
    Две жени под ист покрив НЕ! Што подалеку тоа подобро.
     
    На SpoiledBaby, molikaMk, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Фина жена, позитивна знае да свари кафе да ме викне долу или таа да се каче горе на тераса да си седнеме двете на маабет си имаме теми. Ако треба дечко ми да отиде до град таа ќе поседи со мене бидејќи не сме од исти град , ако спијам кај нив насабајле тој е на работа со неа ќе пијам кафе ќе и помогнам за по дома за ручек или било што. Се слулувало со нејзе и нејзини пријателки да излезам во град.
     
  10. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Вака сега во животот сум имала повеќе врски сите неуспешни меѓутоа кога го запознав сегашниот дечко сфатив дека е тоа тоа. Скоро сме исти, сме доживеале слична судбина, слични семејни проблеми, скоро исто размислуваме за многу работи итн, Сум имала многу конзервативни ставови од порано од типот нема запознавање и зближување со родители, нема преспивање кај дечко и сл. меѓутоа недолго откако почнавме врска ги запознав неговите и почнав да преспивам таму. Тоа на некој начин не зближи уште повеќе, секако со текот на време почнавме да планираме брак и ми беше многу важно да знам во каква фамилија ќе влезам, зошто нели тој не е сам на светот.
    Неговите се млади луѓе и се многу фини а и фер, искрено ме прифатија. Има и сестра помала исто имаме океј однос но сепак дистанциран, не сме имале некоја прилика да се зближиме посебно.
    Меѓутоа неговиот татко го имам видено 2 пати до сега, човекот повеќе од 20 години работи по странство. Дечко ми е единствениот маж во куќата и буквално се е на негов грб. Инаку да споменам си има посебен спрат негов, планиран за нас меѓу тоа распоредот во куќата е многу лошо изградена направен така да нема шанси да влезе-излезе некој а да не се примети, нејсе. Не знам дали е во ред што и воопшто размислувам за ова сега што ќе го пишам ама ако грешам затоа пишувам, да ме посоветувате. Неговите тоест мајка му и сестра му се научени од него да добиваат се што ќе посакаат тоест се многу приврзани за него. Тој им пазарува, тој плаќа, тој ги развозува со колата и сл. Дечко ми е инаку многу мирен карактер, премногу е повлечен, не пцуе, не навредува и ги почитува сите, со еден збор не знае да каже не. До сега функционирале така, како ќе речат мајка му и сестра му цело време ги титрел. Откако влегов јас во неговиот живот нормално рабоите се сменија тој се трудеше да избалансира меѓутоа се приметуваше дека повеќе влечи накај мене а со еден збор нив ги запоставува. Приметив доза љубомора и кај двете, особено кај сестра му а и сам во една прилика ми рече се плашеле "да не го украдам" од нив. Пример неодамна имаа една семејна прослава за која трошоците ги целосно покри дечко ми. Мајка му си има пријателки по други градови и го тера да ја вози и си седи до касно таму, а дечко ми рано станува за работа сепак мора да ја чека. Го гледам колку се нервира, иако не признава. Пред 1 недела правев посни слатки поголема количина, кога се видовме со дечко ми им пратив чисто да ги поздравам, веднаш ми се јави дека ги пробале и дека биле преубави а утредента сестра му ги направила истите слатки. Пред тоа во една прилика бев сама дома па спремив ручек за нас двајца, еден специјалитет што го приготвувам одлично ручавме со дечко ми, кажал дома колку било вкусно, мајка му утредента пробала да го направи истото ама безуспешно.
    Не знам како да објаснам а да не бидам погрешно сфатена, јас не сум љубоморна и не сакам да има натпревари меѓу нас која е подобра или која повеќе го сака. Јас разбирам блискост и поврзаност со родителите, меѓутоа утре планираме ние да бидеме семејство, здравје и дете сакаме и тогаш ли ќе се случува истото? И тогаш ли ќе треба да ги развозува кога ќе им текне и да им плаќа, да им дава пари за се и сешто? Тогаш нема ли да бидеме семејство, нели треба ние да му бидеме на прво место?
    Може избрзувам ама реално е така, денес се случува ова не верувам утре да престане само од себе, знам дека дечко ми е тој што треба да пресече ама се плашам да разговарам со него. Не знам дали е сега вистинското време, а и се плашам кога ќе се земеме да не биде предоцна.
    Многу страдав низ животот, рано ја изгубив мајка ми, останав со татко кој ме третираше бетер од слугинка, во се ми се мешаше не би да должам ама кога конечно го најдов човекот на мојот живот сакам мир и среќен дом со него, не сакам да има мешање од страна. Ги сакам и ќе ги сакам и почитувам неговите, не сум рекла лош збор за никого, сите имаме маани и сакам да се прифатиме такви какви што сме. Ама сега приметувам доза љубомора во нивните очи, што ако таа стане уште поголема и си имам уште поголеми проблеми? Не знам дали уште сега да разговарам со дечко ми или е рано?
     
    На Rochelyne Fox му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    23.005
    Пол:
    Женски
    Не е рано. Подобро сега, отколку откако ќе се земете.
    Инаку, не верувам дека ќе се смени нешто. Само разговор, па види што мисли тој и одлучи, за да немаш во брак проблеми и нервози.
     
    На 1209, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254

    Паметно, зрело и правилно е со време да размислуваш за вакви работи, воопшто да немаш двоумење околу тоа. Како што и сама рече, дека откако ќе се земете, ќе биде предоцна.
    Доколку веќе разговарате за брак со дечко ти, време е да му кажеш, а ако не, тогаш, кога ќе почнете разговор на таа тема.
     
    На 1209, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    @Skorpija25 @WildMk планиравме за оваа година ама одлучивме сепак за другата да се официјализираме. Како што веќе кажав тој е многу добар и навистина ми е многу погоден како партнер, неговите навики и манири многу ми се допаѓаат и среќна сум што го најдов човекот на мојот живот. Ме сака и почитува многу, меѓу нас двајца не верувам да имаме проблеми.
    Ама искрено ме плаши оваа ситуација со неговите. Јас не сум лута, ниту љубоморна и не сакам да го одделам од неговите, нормално дека треба да ги почитува тие му се фамилија и секогаш ќе му бидат. Ама сметам дека со нашето официјализирање, па доаѓање на пат и бебе треба ние како фамилија да му бидеме на прво место. Сега може и не треба да се замарам со ова ама ако утре дојде ред тој да ги развозува, да им пазари, плаќа се а фалат пари за нас, тогаш ќе настане голем проблем. Сум размислувала многу и на некој начин ќе бидеме во заедница ама со посебни кујни, дневни и купатила, меѓутоа пречесто ќе се гледаме. Јас сакам да си бидеме одделени за се за јадење, чистење и сл. секој своето да си го гледа. Верувам дека тој ќе ме разбере и ќе се согласи со мене, меѓутоа мајка му и сестра му се премногу приврзани за него и не сакам да дојдеме во ситуација да излезе дека јас сакам да го одделам синот од мајката или братот од снаата. Зошто и јас имам фамилија какви-такви моја фамилија си се, никој не е идеален ама кога ќе се земам со него и ќе градиме наше семејство нормално дека тоа ќе ми биде на прво место. Сакам да разговарам со него за се ама по малку се плашам и дека нема да бидам сфатена како што треба. Неговите се такви, научени да добиваат од него се што ќе им текне. Ако речам било што, тој сигурно дека ќе проба да им каже а ќе знаат дека муабетот излегол од мене. Не сакам уште сега да се замериме ама од друга страна и не сакам утре да страдам уште толку, зошто ќе нема каде да се вратам. Размислував многу и што побрзо толку подобро, барем да си знам на што сум.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kuklickata1

    kuklickata1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    види вака девојче јас те разбирам и ми се допага што размислуваш зрело мажите секогаш ветуваат додека дојдат до посакуваната цел јас бев во слична ситуација како тебе се покајав што избрзав и што поверував на лаги мислам во ваква ситуација каде уште сега се гледаат проблеми подобро на време реши си отколку утре да страдаш а уште со дете уште полошо
     
    На cresa-jagoda, makedonkamak, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Сосема на чисто си за тоа што очекуваш.
    Како што овде искрено пишуваш, исто вака, искрено, ќе мораш да му кажеш.
    Не мора и тој веднаш да им изнакаже на неговите што сте зборувале.
    Битно е да те разбере и да сака таков живот како што ти сакаш. Треба да ти ги каже и неговите очекувања и замисли за бракот, во врска со оваа тема.

    Значи, ќе си разговарате, отворено и смирено и ќе си се договорите. А работите после со неговите, ќе треба тој да ги решава, по пат, како ќе се отвараат прашањата.
     
    На cresa-jagoda, NarCis@, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    @anastasija18 ова треба да го решиш на време. После може да биде касно.

    Маж ми нема никаква помош од неговите, ниту ќе ја добие. Веќе имам пишувано и зошто е тоа така. Сам се труди да спечали. Здравје Боже, планираме наскоро да имаме нешто свое. Нешто и татко ми ќе помогне. Знаејќи ја свекрвата каква е, ќе се кити со туѓи перја. Ама јас знам што ќе и кажам тогаш. Па нема да има лице да ми се појави пред очи.

    Ако уште пред брак гледате дека нешто не е во ред, бегајте на време. Ако не можете да го решите проблемот. Ова го пишувам од искуство на другарка. Нејзините се обидуваа да и ги отворат очите, ама она се заинаети. Сега си го јаде стапот.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    @anastasija18 Подобро расчисти си на време и стави му до знаење што ти смета пред да стапите во брак, натаму никој не може да ти гарантира како ке биде.
    А и дечкото штом те сака и почитува сигурно ке те разбере и сам ке е свесен дека некои работи треба да се менуваат, ама тоа на дело види си и увери се. Те сфаќам, до некаде слични работи ме нервираат кај дечко ми, само кај него е татко му и брат му во прашање. Во долга врска сме и искрено не мислам на брак, затоа и му немам кажано ништо, но кога би се решила на таков чекор секако дека би разговарала.
     
    На anastasija18, cresa-jagoda, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Разговарав со дечко ми и ми вети дека нема да им дозволува повеќе така ама работите се движат по сосема друг правец. Пред 3 дена се договоривме тоест тоа беше повеќе негова идеја да посетиме едно туритичко место во нашата земја кое е доста одалечено, земавме слободни денови од работа и двајцата и договороот беше да отидеме сабајлето а вечерта да се вратиме зошто има доста за возење да прошетаме, јадеме нешто и да си дојдеме. Меѓутоа дечко ми не кажал за неговите за тој план. Само што тргнавме сабајлето тоест попат бевме му ѕвони сестра му за нешто, после саат време пак ѕвони и дечко ми и кажа дека со мене пошол таму и таму, зошто нели не е работата да се лажеме или криеме не правиме ништо срамно сме отишле да прошетаме впрочем како и секој нормален пар. Луѓе девојчето почна буквално да му се дере и да плаче на телефонот, како дечко му неа не ја сметал за жива, како ја оставал сама и триста друи без врска глупости. Дечко ми неприметно проба да го намали телефонот за да не ја слушам и јас, зошто се слушаше се сепак доволно слушнав. Го направи дечко ми лом на телефонот за џабе, воглавно зошто не сме ја зеле и неа. Се јавила веднаш на мајка и успеала да ја нанервира жената на работа, се јавила на месанџер на татко и во странство да се жали. Направи голем проблем, иако отидовме еднаш некаде ни пропадна се. Најмногу ми е криво за дечко ми зошто го приметив колку се изнервира, па му се јави мајка му буквално лом го направија за џабе. Во главно проблемот беше дека криел од нив, си се шетал, си трошел пари, ја оставал сестра му дома сама(инаку девојчето е скоро 19 години, не е мала) , многу се сменил откако бил со мене, не седел со нив, бегал само во неговата соба и сл. Ми падна страшно незгодно зошто никогаш не сум рекла ништо против неговата фамилија, луѓето лично ме немаат навредено никогаш ама и дечко ми сам ми кажа дека се љубоморни. Не сакав да додавам бензин на оганот и да му ја пумпам главата уште толку ама не знам вака што ќе се прави цело време. Не можам да издржам навистина, не сум паметна веќе за ништо. Дечко ми пред да ме запознае мене немал некоја посериозна врска и ја носел секаде и сега ја зема со него ама поретко, таа прави проблеми за џабе.
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.397
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    @anastasija18 верувам дека ти е тешко, а дечко ти од што има добра душа така му прават. Мора да седнеш и да разговараш со него, океј е да сака да има близок однос со нив ама ваквата ситуација не е океј, ти секако не можеш да ги замениш мајка му и сестра му, ама и тие не можат да те заменат тебе. Значи се знае со фамилија што се прави, се знае со жена. Нека разговара со нив и нека им објасни дека сега си има свој живот и дека мора да се посвети на тоа да гради фамилијарен однос со тебе. Во ред е да седи на ручек некогаш со нив, да излезе некаде, нека и купува пак по нешто по некогаш ама не може да се ослонат целосно на него зошто тој не е замена за татко им и маж и што го изгубиле. Тоа е тоа што треба тие две да го сфатат. И најбитно од се е, мора тој да заземе став и да каже не, мора да разговарате за тоа, мора тој да разговара со нив. Нека се лутат ако им е ќеф, ќе и помине. Значи ти не го крадеш од нив, едноставно тој има нова друга врска во животот, покрај таа со нив две и е различна, мора да си посвети внимание и на неа. Не мое тој до стари години да седи дома неженет за да ја има улогата на маж во таа фамилија, тој трба таа улога да ја има во вашата фамилија.

    Ти размизлуваш зрело и воопшто не треба да се грижиш дека не си во право или дека бараш нешто што не те следува. Секоје право го имаш и да сеналутиш ако продолжи така и да бараш од него да ја среди ситуацијата зошто не е проблемот само за тебе туку и тој си ствара стрес.

    Оти верувај еден ден кога стварно ќе се земете и ќе почнете да живеете заедно е тогаш ќе го видиш колкав уствари бил проблемов.

    Со среќа.
     
    На cresa-jagoda и anastasija18 им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    @anastasija18 Сакам да ти кажам дека потполно те разбирам низ што поминуваш.
    Имав врска пред четири години со дечко кој цело време ги исполнуваше желбите на сестра му која беше во брак. Секогаш кога беше тој со мене таа мораше да му се јави, исто и мајка му. Што беше најсмешно, сестра му секогаш јавно ги кажуваше правилата помеѓу братот сестрата и девојките што дополнително иритираше.
    Сакаше да ме ожени, па што како не е воопшто важно таа вмеша прсти за да ни ја уништи врската.
    На крајот и успеа, јас доволно бев зрела и стабилна за да мислам со разумот дека и доколку се одлучам за иднина со него ќе имам големи проблеми, среќа па на време раскрстив иако јас си знам низ какви понижувања поминав.
    Со тоа не сакам да ти кажам дека ќе биде и исто кај тебе, но мораш предвреме да размислиш во што се впушташ за да не се жалиш утре во темите свекрви и золви.
    Јас навистина ти посакувам само најубаво со него зошто се гледа дека го сакаш дечково и ти значи.
    Стој си на своето, нека ти остане тој цврст став, но немој да бидеш постојано толку нападна со тоа прашање кон него зошто може да помисли дека сака да го одалечиш од нив, или да го скараш во најлош случај доколку почнат да му ја полнат главата за тебе.
    Остани смирена, и остави да го реши тој самиот.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и anastasija18 им се допаѓа ова.