@1209 @Unique__ потполно сте во браво девојки. Дечко ми е навистина ретко добар, мирен, повлечен, културен и навистина има добра душа, ги услужува сите, не знае да каже не за ништо. Најверојатно затоа што татко им е отсутен цел живот и тие него го ставиле на тоа место и за секоја ситница се прави гужва и галама. Инаку дечко ми пред мене немал некои посериозни врски, исто и јас и најверојатно затоа постои толкава љубомора од нивна страна. Да бидам искрена и на почеток забалежав ама не сакав искрено да прифатам, не ми беше верно сето тоа и сеуште не ми е зошто пред мене ниту мајка му, ниту сестра му немаат речено ништо. После таа збрка што ја направи сестра му, утредента се видовме ме изнагушка, ме бакна исто како ништо да не било, без никаков срам. Јас не сум лута, ниту љубоморна, воопшто немам намера да го крадам синот од мајката или братот од сестрата ама ми пречи ова премногу, на почеток не бев сигурна дали смеам да речам нешто ама повеќе не се мислам. Далеку живееме со дечко ми, не се гледаме секој ден, не сме често заедно и затоа сакам секој момент да ни биде убав, не сакам секогаш кога ќе треба да се појде некаде ние да се туфкаме дали неговите ќе бидат навредени или повредени. И ретко излегуваме, порано ја носеше сестра му со нас некогаш и дечко и, ги возеше и цело време тој плаќаше за се ама и парите не растат на дрво, веќе мораме да си мислиме и да си штедиме за нас. Инаку си имам свој став околу ова, го пишав овде и не отстапувам. И јас имам свое семејство, какво-такво мое си е, немам мајка ете ама никогаш не сум дозволила моите да ме стават на тоа место, иако пробаа. Си имам свој живот кој морам да го живеам. Инаку зборував со дечко ми за ова, знае дека сум во право ме поддржува ама не знам колку ќе си остане доследен на своето. Јас од моето не одстапувам, му кажав кратко и јасно, бракот е за двајца нема потреба да се мешаат ниту од мојата, ниту од твојата страна а ти ако си вистински маж треба да им кажеш каде им е местото. Јас на барам од него да се кара со нив, туку кратко и јасно да им објасни до каде смеат да одат и да си остане на истото. Возрасен човек е, зрел и стабилен, заработува, вади плата плус приватно си работи и треба ли да бара дозвола од неговите за да излезе некаде со девојката? Навистина не ми е јасно. Колку и да ни е убава врската ако ова продолжи вака, ќе размислам дали да се официјализираме. Разговарам со него редовоно за ова во псоледно време ама уморен е, нервозен и не сакам секој ден да му тријам сол над главата ама нема ни да молчам.
Колку време сте заедно? Инаку колку и да се убедуваш со нив дека не сакаш да го украдеш сепак тие можеби а и сигурно мислат поинаку. Те разбирам што сакаш да кажеш а и сигурна сум дека знае дека му мислиш се најдобро, но престани да му укажуваш на тоа. Мислам дека треба да биде самиот свесен како треба да постапи. Без разлика што е таков како што опишуваш, тоа се паѓа во вода доколку проблемот не го реши со време. И се е во ред што му укажуваш но на твое место јас би се откажала од толку солење памет. Штом е се на негов грб мора да знае и да каже кога е доволно и доста бидејќи тоа нема да престане додека не покаже заби. И највеќе од се мразам лицемерие. Прво ќе прави проблеми а потоа ќе те изгушка. Или нека го реши проблемот што побрзо а под тоа мислам да му поставиш ултиматум или бегај со време, зошто не знаеш утре во брак што ќе те чека!
Што поголема дистанца на почетокот тоа подобро, и мојата демек ме сака загрижена за мене. Да не ми е ладно да не сум гладна не знам што ,за од како стапивме во брак да стане наредник ,буквално наредник.
Zenata mi se cini mnogu dobricka, ne zboruva poveke od toa sto treba koga ke se zatekneme kaj niv doma, samo me pozdravuva pa si se zatvora vo soba i glas ne mozes da i slusnes nitu pak neocekuvano da tropne na vrata od sobata na decko mi dodeka sme vnatre... Se prasuvam dali mozebi toa e samo nekoj vid gluma pa otposle ke si go pokaze vistinskoto lice i pokraj toa sto prosto ne mislam deka e taka... Ah, iskreno ne znam... Mislenja???
Ако ми е идна свекрва мајката на дм мислам дека нема да имам проблем. Ми стои вака за мирна и фина жена, ништо не му се меша на дм, а и млада е и модерна жена. Плус ќе живее во друг град и нема да се гледаме ни слушаме толку често за да имаме време да се расправаме. Јас повеќе дм го жалам со моиве родители као ќе се слага.
Јас идната свекрва си ја доживувам исто како и мене да ми е мајка. Дури поблиска сум со неа отколку со мајка ми. Се слушаме по телефон, се гледаме често, нема што не сум споделила со неа откако се знаеме.
Мене ми е баш мило што си се согласуваш со твојата идна свекрва, но да напишеш дека ти е како мајка !? Мајка !? Јас се мислев дека една мајка те родила и таа е незаменлива се додека од истата не доживуваш тортура. Не сакам да бидам негативна или лошо да ме сфатиш, но сите ,,свекрви,, на почетокот се мед и млеко, а и кој не би бил од само кафе пиење и еден ручек. Секој тоа може да го изглуми. Работата е што кога си во заедница со дечиња и минимална плата ? Да бидеме реални во групата снаи и свекрви повеќето жени имаат ист проблем, а тоа се свекрвите кои покасно си го покажуваат своето вистинско лице Јас неам ништо против вашиот однос..но да ти е повеќе од мајка хмм.... Не би.
Затоа прашав за заедницата ,ама ај реков да не и расипувам мислење ,ќе види сама (дај боже да грешам). И мојава Арна се правеше ама на глава ми е качена.
Аман бе! Не се сите свекрви ѓаволи! Мајка ми нема ништо лошо видено од баба ми. Никој во ништо не се меша, и мир во куќа. И да, не живееме заедно, ама куќа лепенка. На кафе гледаш? Ај кажи, каква свекрва јас ќе имам, ме интересира.
Јас само едно ќе ви кажам. Немате потреба од претерана блискост пред брак. Може низ нос да ви излезе и се што сте се довериле да биде искористено против вас. Другаркиве што беа ептен блиски со идните свекрви, најмногу имаат пропатено од нив во брак. Така да, бидете си со резерва.