vo pravo si annnni zosto da e pomila snaata koga moze kerkata [mod-kirilica:cy67nv90][/mod-kirilica:cy67nv90]
никако нека има граници мегу васникогас не се зблизувај со свекрва додека си девојка на нејзинот син ке те сака ке биде мила кога ке се омазис ке ти казе си ми го украла синот дистанца нека има мегу вас мн подобро
ja znam ama isto kako da ne ja znam,sakam da si se drzam na distanca,koga ke se sretneme samo se pozdravuvame, malku onaka formalen muabet i tolku, zosto nikogas ne se znae dali "taa" ke bide idnata svekrva. [mod-kirilica:2k2ons4a][/mod-kirilica:2k2ons4a]
па..вака..не ја сакам мојата идна свекрва ама ниту пак ја мразам малку делува одбивно и простичко трета работа, воопшто не е природна во однесувањето, само шепотка и можам да почуствувам што мисли! нека не се занесуваа таа дека јас ќе мијам садови, ќе чистам и готвам тука додека не станам официјална снаа. додека синот нејзин не ме земе јас сум тука само гостинка ! ај како да ја сакам кога ми принесува на маса ролат од ладилник полн со мраз, пресолен кашкавал, смрдеа од јајца и полуживо месо??? извини ама човек сум , не сум прасе во котар па се може да јаде
Мајката на дечко ми се однесува сосема коректно со мене, но мислам дека и јас не сум и дала повод за поинаку. Дури можам да кажам и дека се грижи за мене како за керка. Малку патат и таа и маж и дека немаат керка па дури и претеруваат со поклони кон мене ја неможам да одбијам, да не ги навредам, а дечко ми им се лути што ми купуваат (им вика дека не ми го погодуваат вкусот (вистина ) ) Инаку ме имаат преставено на цела нивна фамилија што малку ми пречи зошто сепак не сум мажена, па сега морам да одам и по родендени кај негови братучеди Како и да е, знам дека е многу доминатна жена и иако е се во ред сега за сега, не би сакала да живееме под ист покрив.
Јас би ви препорачала да не се замарате со такви глупости уште од сега кога се уште не сте нивни снаии , а од кога ќе биднете е тогаш самите се сложуваат коцките .
Мојата " идна свекрва " е ТОП си пиеме кафе ова она, али секогаш коректни муабети за факс,за барање работа никогаш за проблеми со дечко ми не ни се ни меша ... Може тоа зашо комшики сме, али сепак...
Мајка му на дечко ми е многу фина жена, образована, културна. Се запознав со нејзе, а воедно и со татко му, кога веќе бевме во врска скоро година, бев кај нив на гости. Кафињата, муабетот си одат, поздравите со колачи или кифлички кога иде тој кај мене ги има, само многу отворен муабет за тоа каква ни е врската, што планираме, не ме прашала до сега а не ни сакам. Ок ми е вака да си правиме општи муабети, а за некои тешки теми не! Е сега малце ме засегна скоро едно прашање, уствари тоа се е точно, ама и не сакам да ме испрашуваат зошто не можам да најдам работа, како јас да не барам? Тоа си е моја лична работа, јас се трудам колку што можам, си завршив факултет и сега си ја барам среќата. Да не е загрижена можеби за син и, да не земе некоја невработена, после кај ќе ни биде крајот...Е од тоа ми е страв, да не почне да ни се меша, да го разубедува... Како и да е, ја ценам и почитувам бидејќи е мајка на мојот дечко, потенцијален сопруг, а да живеам со нив некогаш??? хммм..не би сакала, ама ако налагаат така условите, што ќе се прави.
Мајката на мојот дечко е мошне млада, па според тоа не е некоја старомодна со закоравени мислења во однос на тоа како треба да изгледа една денешна врска. Се запознав со неа неколку месеци откако се фативме со дечко ми, а оттогаш имаме коректен однос. Некогаш ни прави друштво додека со дечко ми пиеме кафе кај нив, но никогаш не сме зборувале за нашата врска. Барем сега за сега не ни се меша во наши работи.
Со свекрва и јатрва никогаш не се излегува на крај. Ова ви го кажувам од лично искуство. Многу сум друштвена и со секого можам да разговарам за се ама со нив две не можам никако. Ако си добара - си лицемерна, ако си ќутлива - лоша си, ако се држиш на дистанца - арогантна си итн. п.с. Има исклучоци секако да не го заборавиме тоа.
Мојата засега супер ми е, пу пу да не ја урочам многу ми е мила пријатна фина срцка е никогаш лош збор немам слушнато а и не е од оние да се потресува како јас ќе и го украдам синчето, и што е најново во последно време го добив нејзиното место на трпезата хахаха да си се пофалам на сите ви посакувам ваков однос со своите свекрви како мојот од се срце
Јадам крајче од лебот се со цел мојата идна свекрва да ме сака. Ок е жената, не е в Мк. па досега се имаме сретнато само три пати. Ме фасцинира нејзината сериозност, навистина, иако јас постојано сум со насмевка на лицето.
морам да се избацим со виц тука бидејќки се работи за свекрва ... Што викаат англичаните кога ќе им умре свекрвата? ... YES! хохохохо
уууууууу како бе?? никако..па сто знам теско е нормално тоа но сепак од моја страна ке ја приватам и ке правам она сто мозам но доколку она поцне на друго е тогас и јас ке и свртамм..стварно знаци ке пробам да биде се добро али не е само до мене треба и она свекрва моја да прави да е добро ако не памти па врати
Онаа што треба да ми биде свекрва искрено многу многу не ја поднесувам.Некако целата ми е вештачка, така... Значи јас кај дечко ми не сум била неколку месеци, и сега доаѓам на слава.Само што се поздравив, честитав и..сеуште ни палтото го немав соблечено дечко ми го уклучи шпоретот за кафе кога она Oх синко зарем ти ќе вариш кафе ?! Е, ме извади од такт, пред сите гости тука !!! Јас само се насмевнав и реков Не само кафе што ќе вари, ами и ченца ќе служи ! Мислам тотално сељачки, човек ти дошол на слава на гости ...ах, свекриви, свекриви...
И мајката на мојот дечко е ептен фина. Супер сум си со неа, мислам дека можам за било што да и се обратам. Посебно се зближивме сега овој месец. За жал дечко ми имаше многу сериозна сообраќајна несреќа и едвај остана жив односно имал преголема среќа. Јас моментално не сум во МК и неможев да се вратам кога дознав, односно не ми дозволија затоа што операциите му ги одложуваа заради мене, кога и да се слушневме он одма креваше температура и притисок. А јас пак можев да дојдам само на 3 дена и сите се плашеа да не се влоши. За тој период нон стоп со неа на телефон, за се прво мене ми се јавуваше, сочуствуваше со мене, ме тешеше иако и самата незнаеше каде и е главата. Имало и ред други случаеви и кога сум била во МК. Еднаш се скаравме прилично жустро со дечко ми и како за несреќа она се најде како сведок тука у близина. Мене многу ми беше непријатно а она цело време стоеше на моја страна. Дури ми се јави следниот ден и ми се извинуваше и ми се изнаплака зашто така се испонашал син и. Сеа можеби односно сигурно си има и свои маани али до сега сум била сведок дека е навистина праведна и фер. Инаку не сме па и до толку како што има идам кај дечко ми а завршувам со мајка му пиејки кафе. Тоа не. Ретко се случува да дојде на една цигара доле да ме види ама па дечко ми чим ке испуши она ке почне овој одма ајде испуши и сеа иди си горе Мислам па и преголема слобода и блискост не е убаво. Мислам дека најчесто потоа во брак цела претерана блискост со свекрвата пред брак се претвора во одбивност и сметам дека па и до толку ептен лице правење и подмочување не е ок. Ок е да се има еден прибран однос, близок но сепак на дистанца.
сме пиеле кафе неколку пати кога сум кај нив,не разговарам со неа за несто интимно,,итн,,онака разговараме за животот,за ситуацијата,за околносите,,за одредени личности што ги познаваме,,пред мене се прави дека не се меша у ништо во нашата врска,но индиректно гледам по зборовите на дечкоми кога таа нешто кажала,,веднаш можам да го сетам кога кажува нешто нејзино...и сум му кажала дека нема да ја викам исто како што ја викам мајками,може нешто поинаку за да не е на име или тетка..и не сакам многу да се зближувам,да се мешам со неа,,иако тој сака јас многу да сум блиска со неа..али тоа никогаш!!!
Дечко ми е единец, а и јас сум сама. Не знам сега дали е ради тоа, но постојано тие гледаат за нас двајца да има се. Ако иде дечко ми да си купува гардероба, обавезно има и за мене. Ако одат некад се носат подароци и за мене. Мене ми е тоа непријатно зошто не секогаш можам да возвратам исто. Одморот летово исто така е благодарение на неговите родители. Мајка му знае да се нашали и во таа сала да ме погали по грбот, рамето(ваљда убаво доловив). Пиеме кафе и после правац во соба кај дечко ми. и ако отидам до дневна на цигара зошто во соба не се пуши. Се друго е препуштено на нас, правиме како што ние си сакаме. Онака супер однос ко за сеа. И доволно е сега кога се уште не сум снаа да се задржи на овој однос. Во иднина сакам да имам сличен однос ко со мајка ми, зошто ист не е возможно. Но, сакам слободно да побарам совет, помош било што. Да не чекам само со маж ми да отидам кај неа итн. Но, иако се е во ред сега и грев е да кажам поинаку, за тогаш отом потом, кој како ќе заслужи.