Би сакала да имам сериозна,елегантна и културна свекрва само со таквите може да се разбереш како човек.Оние разлигаените,простите и патријархални секогаш треба лице правење(а јас не можам така) ќе те гледаат како што нетреба ако си ти пред се своја,културна и образована девојка така да не сакам никаков контакт со ваквиот тип на свекрви може само едно здраво.
Блонд.Бани,морам да те исправам зошто ако е културна и образована,не мора да значи дека ќе биде прекрасна ,фина,а најмалку пак разбрана Може ќе имаш некој муабет да речеме на твое ниво,ама може и не.Ете мојата е позната госпоѓа а со какви работи се занимава,да не пишувам Ама сите ми велат,алал да ти е каква свекрва ќе имаш,демек светска жена Ќе морам да се насмеам А со оние што велиш попрости,мене не ми се допаѓа така да ги наречам ,можеш поубаво да си поминеш.Може нема да знае да ти направи муабет,ама од кај знаеш може ќе те почитува и сака ,ќе ти помага и ќе те цени.Не мора да значи дека ако нема образование и не е прошетана,не знае ништо. Сепак,релативна ствар.Муабетот ми беше дека нема тука поделба-ако е зла,со лош нарав и карактер ,џабе ќе и бидат 100 факултети,се зависи од жената а и од многу др.фактори. Како со идните свекрви? Од кај да знам,никако не им се погодува Сепак еден културен поздрав не е на одмет,заради вас,не заради неа. Се случувало-пример од колешка,кога на идната свекрва и се исповедуваше место на мајка и,плачеше и бараше совет кај нејзе,оваа фина што да ви кажам,кога ќе одеше колешка ми на гости,оваа ќе земе ручек што сакаш да ти направам,каков сок да ти купам,ќе речеш ,каква жена алал да и е Ама,потоа таа плачеше од нејзе,зошто целта и беше да ја раздели од синот,и во тоа успеа Затоа се прифаќајте со резерва ,да не се зезнете. Не заборавајте-Добар ден,како сте?
Морам да се согласам со Ели, тешки генерализации се тоа. Образована, елегантна не е еднакво на фина, добра и љубезна. Мојата е од тие што ги викате попрости демек, ама всушност е многу паметна жена, во се се се разбира. Тоа време што сме заедно никогаш ништо лошо не ми ни рекла, ниту се обидела да ни ја расипе врската, баш напротив. А има колку сакаш примери на форумов со образованите Се си зависи до човекот и до карактерот, другото се паѓа во вода.
Мајката на мојот дечко сум ја видела 2 пати во рок од две години. Слободно можам да кажам дека - не ја познавам воопшто и не можам да донесам заклучок врз основа на 2 средби од по 5 минути. Не очекувам љубов, дружба ниту чудо од односот со идната свекрва, очекувам само малку почит и разбирање, од моја и од нејзина страна. И ќе се потрудам да не живеам во заедница со свекор и свекрва, затоа што најдобра свекрва е онаа - со која не ја делиш куќата. Уф, единствената женичка покрај која не сум морала жолчно да се стегам и сум била слободна и своја. И фин муабет, без лигушење и претерување, и понекоја шега, нелицемерна и разбрана жена. Ден-денес знам да му речам - можеби ќе ти се смирам, само заради мајка ти... (шала, нормално)
Па да во право си за ова, мислев на некоја покултурна што е со понапредни сваќања да може да те разбере за се.Кога реков попростичка мислев на некоја со поназадни сваќања и според неа ''жената треба да седи само дома дa а му се потчинува на мажот''и секогаш да е на страна на нејзиниот мамин син .Епа јас патам од таква мајка на мојот дечко иако само неколку пати се имаме видено ама кога бев кај нив многу се разочарав.Кажа само неколку збора и се се сведуваше на некој небитни забелешки што ги имало во некојси век,и не смееше да мрдне од мажот а камоли да работи или сл
И јас мојата потенцијална идна ја имам видено околу 3-4 пати за три години и доволно е Жената е фина, културна, нормална.Повеќе не можам да кажам зашто не ја познавам. Не ги разбирам денешните девојки и тоа моја генерација што се очајни да присуствуваат на семејни веселби кај дечкото, од родендени на внуците, до родендени на бабите.Па се трудат да ја импресионираат идната свекрва, па одат мијат садови да помогнат демек..слушам и се чудам. Ако некој се пронашол, нека не се навредува, ама јас не гледам таква потреба дур дечко ми не ми стави прстен на рака.Кога ќе биде се официјално, ќе се трудам да имам коректен однос и да сум поприсутна, чисто да не заборават дека сум тука, па да се занесат , ама дотогаш никакви блискости не ми се потребни.
што подалеку толку подобро за сите!!!ова важи за мене не сум во брак али ме напнувале мајките на моите бивши, ништо не се сменето и на сегашниов дечко мајка му е СЕЗНАЈКА.
таа личност односно неговата мајка не ја ни познавам а баш би сакала да ја запознаам бидејќи знам по тоа што тој ми го има раскажувано дека е прекрасна жена-борец неговите се разведени а тој живее со татко му,па затоа и сум немала прилика да ја запознаам со тек на време ќе го наговорам да ме однесе на кафе-маубет со мајка му,чисто од љубопитност,без никакви приватни видувања..
Јас сум во супер однос со неа.Засега немам зборови, коректна е и он и јас. Си комуницираме најнормално, просто се надевам дека овој однос ќе биде и утре таков кога се надевам ќе и станам снаа. јас сум 5 и пол години во врска, нон стоп сме со дечко ми по родендени,слави,па дури и свадби, и можам да ти кажам дека премногу сум блиска со неговата фамилија и дека е прекрасно чувството кога има чин ДЕВОЈКА а си пријател со сите негови блиски. - мое мислење и искуство
Во право си мојата свекрва е да кажам селска и необразована жена ама сепак понапредна од многу со по десет дипломи на ѕидот.дури и мене малку ми се чудни за селски луге инаку ние живееме во град.досега повеќе од 4 години сме во брак за ништо не се смешале за ниедна одлука ни за децата кога се работи ни за нас.Буква една настрана не ми рекле.Кога ке и речам на некоја девојка со ке реши да се мажи ДАЈ БОЖЕ СВЕКРВАТИ ДА Е КАКО МОЈАТА на сите им е чудно ама едноставно жената си е таква.
Доста сме блиски со мајка му ,пообјективна е и пореална од мајка ми ,па најчесто неа и тетка ми ги замарам за некој актуелен проблем. Ми останува да се надевам дека и како свекрва ќе биде таква. Си имаме почит една кон друга ,си се сакаме ,имаме сличен вкус за доста работи...Што треба повеќе?
И мајката на мојот е дечко е помлада така да ни оди муабетот Блиска сум со неа ама секако има некоја граница и тоа и она е секогаш на моја страна кога сум во право за нешто, мислам дека ќе се погодуваме.
Нова сум на форумов но кога ја видов темава таман како за мене се погоди Со дечко ми сме заедно 3 и пол години не сме веќе мали па нормално е да праиме муабет за брак и сл. Мајка му запна со побрзо да се земиме и не седна на маса и двајцата да не праша што планираме и успут да си каже каква свадба сака со колку луѓе и каде. Ненормална една ако толку сака свадба нека си праи за неа не да ја планира мојата. Ја слушав и само и реков има време не сме одлучиле, кога ке дојде време ке планираме. И плус дечко ми живее со неговите а кога ке стапиме во брак планираме да живееме сами.Кога дечко ми и рекол што планираме лудава почнала да плаче и да се треска од земја велејки дека ке умре ако дечко ми си замине од дома таа се праела да му овозможи се а тој така да и враќа. Наметлива е се случува да треба да излеземе со дечко ми а оваа да се покани сама као демек не и се седи дома па да дојде со нас.Дечко ми збеснува во тој момент а јас молчам.Или сум отишла кај нив дома и седам со дечко ми во соба оваа ке дојде ке висне на врата и ке збори збори....Па побогу дали е она нормална, незнам што ке правам со неа ама малку ми фали да ја отерам у триста,се воздржувам ради дечко ми ипак му е мајка.За неа можам цел роман да напишам ама мислам дека е доволно за илустрација .
Мајката на бившиот беше едно упорно,хистерично створење,што се мораше да биде по нејзино и се да контролира.Најлошо е да се ставаш помеѓу мајката и синот,особено во случај кога дечко ти уште не може да се пушти од сукњата на мајка му,затоа што секогаш ќе се најдеш на оштетената страна.Ама јбг за љубов се трпеле некои работи.Сега бегам ко ѓавол од темјан од такви мамини галеничиња. На сегашниов сеуште не сум ја запознала,мирна ми е главата сега за сега Со ниедни родители на бившите не сум сакала да се зближувам многу,а и најубаво е така па дури и во брак.
Мајка му на дечко ми е премногу добра!Душа..сонце..злато Ептен си ја сакам,и многу сум блиска со неа. Пред Божиќ бев таму и му правев колачиња.А таа ми помагаше,бидејќи незнам кое каде му се наоѓа дома Никогаш не ги заборавам празниците,или нејзиниот роденден за да и честитам или да и подарам нешто Знаете како: Ако ги сакате и почитувате и тие ќе се однесуваат така со вас.Во спротивно ќе си го добиете заслуженото
многу добро се сложуваме со мајкаму на дечкоми.и без проблем би ја викала мамо.и ги лакирам ноктите.се како другарки сме,многу е добра.но се знае ништо не би ја сменила мојата мама
Со кашикара. Најлесно е... башка и најразбирливо полето за културен натпревар меѓу народите и митските вештерки...
Со мајката на дечко ми имаме културен однос, јас на неа со култура и почит, така и она мене, сега за сега се е во ред. Не ми смета жената, сосема е ок, а верувам дека го има истото мислење за мене. Малку сум посрамежлива и постегната личност, па не можам се уште да седнувам со неа, кафиња да пијам, да разглабаме муабети, ама еднаш лупевме пиперки за ајвар заедно (и со баба му плус) И јас не сакам луѓе кои со сила се прават вредни пред свекрвите, да трчкаат да помогнат, да се умилкуваат. Но сепак, ми се допаѓаат тие што се поопуштени (се надевам и јас кога-тогаш) п.с.И ние секогаш си праќаме колачиња или нешто друго домашно направено
лелеее најјакото мислење во темава ГеорГиннА ме изнасмеа хухухуху спред мене секој по заслугата сеа за сеа до негде е ок до негде не ... ако стигни со левел свекрва во мојот живот ќе видиме како и шо