1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Мене ми треба помош :). Мајка му на мојот дечко живее во друга држава. Многу ретко се гледаме, а и постојано кога ќе си дојде тука ни подарува нешто и затоа сега и јас сакам да и подарам нешто. Ама да не биде нешто едноставно. Имате ли некоја идеја?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Зависи со кој буџет располагаш и колку планираш да потрошиш, и нормално - од вкусот на жената. :)
    Ако планираш повеќе пари да дадеш, некоја добра чанта, новчаник или добар парфем (иако таму секако има повеќе избор, сепак...).

    Несесер со добра четка за фенирање (јас ова и` купив на мајката на мојот дечко за Нова година и многу го бендиса) :) , или оние убавите крпи за лице, ама стварно убавите, од квалитетен памук со некоја добра машничка, сет за нега на тело - исто нешто поквалитетно, комплет за маникир (стварно треба да знаеш што од прилика сака)... ако си е подомаќински тип - нешто за во кујна, комплет престилка со ракавици :rofl: , квалитетно тавче, што знам. :D

    Ама обично вујна ми кога доаѓа од странство сака најмногу македонски книги и накит - филигран, нешто нетипично што го нема таму. Уште литро домашна ракија и - завршена работа. Поштено. ;)
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Да и јас се мислам најмногу за некој филигран. Мислам дека ќе и се допадне. Јас сум сретнала филигрански накиит само во Рубин Кармин, да не знаеш каде на друго место има? И колку од прилика е?
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Ги има и во Турска чаршија во Ск , и во Рубин , на друго место и не сум ги сретнала , колку што памтам цените беа од 1,000 - ка па нагоре
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ја барав специјално темава за да си го искажам мојот проблем.
    Имам дечко и со него сум веќе 2 и пол години. Моите дома не го сакаат затоа што на почетокот јас бев премногу отворена со мајка ми и и ги кажував сите негови негативни особини. Го критикував и ја изразив само неговата лоша страна. Така тие не го сакаат и тој нема дојдено кај мене дома со исклучок на почетокот и тоа само коа бев сама. Сега не сака ни да доаѓа затоа што знае дека мајка ми и татко ми не сакаат тој да биде кај нас. Сето тоа е сега малце поублажено. Не е тоа толку голем проблем. Но јас имам проблем со неговата мајка а тој не знае. Ние (јас и он) знаеме да се караме, а кога се караме многу викаме посебно он со тоа што вклучува мавање на маси столови и едноставно се ствара мал неред. Ние двајца седиме долу а мајка му,татко му и брат му се горе. Секој пат кога ќе сме се закарале така,другиот ден мајка му секогаш мене ми иде и ме прашува што е работава,зошто сме се карале и секогаш била од моја страна. Не ни ги знае проблемите ама знаеш снаа ќе и бидам и сеа ќе ме разгали малце. Дечко ми знае да рече: Де срце оди до горе и побарај и на мама цигарче. И јас одам до горе (а се е во ред) и и викам на мајка му: Тетка **, ** бара цигарче. И скоро секој пат ме гледа вака |( ми превртуе очи и ми дава цигара и додека ја дава гледа настрана и пак е ваква |( И јас си викам што и е на женава. А тоа го прави не дека ми е лута нешто туку оти едноставно не и е погоден денот. Затоа не сакам веќе да се качувам и да барам нешто од неа. Неќна се расправавме со дечко ми затоа што јас му ѕвонев сто пати а него не му ѕвонел тел, имало некој проблем дали од вип дали од тел незнам. И он скрена оти не сум му ѕвонела |( Се расправавме многу. Другиот ден јас сум горе правам јадење и мајка му се враќа од работа. Ја гледа скршена метлатаи почнува со нејзините |( фаци. И како за прв пат женаа ме напаѓа, фалеше уште да ми шлапне една. Она:Уште еднаш ако слушнам такво расправање, се симињам доле и двајцата ве бркам. Јас сум го родила, ти ќе ми го нервираш. Нема расправање, како ќе каже он така и готово,нема да водиш инат. На шо личи тоа.
    А нема срце воа да ми го каже пред него оти знае дека под земја ќе ја пикне,нема срце дури ниту него да му го рече ова. Како и да е. Јас немам ли родители? Јас бев полничка а сега се исушив ко трска сум од што знае ли она? Од нервози, од шо се пореметив дома, гребење по тепих по бајачки ме носеа ќе бегав од дома. Божем само она има син. Плус, како може да кажува јас да го слушам него кога не го знае случајот. Како на пример со ѕвонењево. Јас ако не да фанам да се извинам и покрај фактот дека и во телефонот имам повици дека сум му ѕвонела? А он тврди,може така сум стиснала тоа време колку да има дека сум му ѕвонела. Да :clap:
    Незнам како би изреагирал ако му го кажам тоа шо ми го рече мајка му. Неможам веќе да ја гледам луѓе. Ќе се расплачев. :sweat:
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Срцка види, ти прво среди ја работата со дечко ти па после мисли на идната свекрва. Мене некоја да дојде дома и да го слушам брат ми кај што се дере и крши, јас и полошо би постапила ( а сама каживаш дека не е прв пат). А ти и дечкоти треба сериозно да си поразговарате за проблемите а не да урлате по дома и да кршите. Што е тоа гребење по теписи, кршење работи кои ти не си ги купила? На што личите вие? тоа да прашаше наместо да бараш совет за женичката што така ти рекла, а сама кажуваш дека порано секогаш била на твоја страна. Хммм има нешото овде штом така ти рекла дека и го нервиораш синот, можеби тој навистина е нервозен поради тебе.
    Несакам да се правам паметна ама ти кажав , некоја да дојде кај мене дома и да му се понаша така на брат ми а притоа нејзините родители да не го сакаат него и да не смее да оди кај девојката дома е јас би била бетер. Никој не е должен да слуша и трпи удирање по маси, столови и правење неред како што сама кажа, а не посебно кога тоа го прави и гостинот. Жената кажала да престанете да не ве избрка И ДВАЈЦАТА, значи не те понижила тебе, туку мора некако да ви каже дека и смета, а секако дека и смета тоа што нејзиниот син кој ТАА го гледала и израснала и му обезбедила цел спрат е нервозен.
    СПОРЕД МЕНЕ (секако дека и немора да ти биде важно моето мислење) треба прво да ги средиш работите со твојот дечко и секако и сама со себе, а после да одиш кај мајка му и да се извиниш да постапиш како возрасна и зрела особа со ОСЕТ
     
  7. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Ми фуфка и тоа многу.Како што сум разгалена јас не ќутам туку газам кај и да поминам..Ама свекрва е не е мајка.Ке треба да ја гледам по цели денови.Што ако ме навреди? Што ако ме тера нешто да направам? Што ако му ја полни главата со глупости? Што ако,што ако..??
     
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не ме свати. Јас дома кај нив немам изгребано нешто а не па да кршам. Тоа што гребев теписи беше кај мене дома кога никој не беше од нив присутен, по телефон се расправавме. Па од што толку се изнервирав ме носеа мајка ми да бајачки. Син и е тој што мава по маси и столови кај нив дома а не јас. Он е тој што ме обвинува за нешто што јас имам докази дека не е така ко на пример за ѕвонењето ако читаше убаво. И она мене ми викаше за тоа што јас сум го нервирала него, па за он да го прави тоа и да вика по мене. А јас ништо не направив. Он сам се бунеше дека не сум му ѕвонела (а му ѕвонев 100 пати, проблемот беше во випот). Значи не сум се осудила да изгребам а не па да кршам. Грешно си ме сватила.
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Добро ај сеа да те прашам нешто - зошто ти не и' рече ништо, зошто си и' преќутела??? :fubar: Фино, смирено требало да и кажеш каде и' е местото. Не да се караш, не да ја навредуваш, само тактички. И зошто да не му кажеш на дечко ти??? Премногу се нервирам за вакви работи. Абе ќе си кажеш твое мислење и твој став па ако сака не мајка и свети мајка нека биде. Така и другарка ми правеше, јас и зборев биди внимателна со таа жена, не и преќутувај многу, а она да можеше нозете ќе и ги миеше, абре да ти се згрози од лицемерие и сега ја гази под нозе, другарка ми сега не смее А да и' рече. И тоа се зошто, затоа што не си го покажа вистинското лице, не мајката на дечко и' туку другарка ми не си го покажа карактерот на време. Така она си ги научи, само ДА никако НЕ. Она беше цело време насмеана и ќутеше и така си ги научи, а сега ако нешто и' засмета и пререче сега сите се чудат што му е на девојчето не беше вакво и сега она е лошата.

    Мене нешто не ми е јасно, чекај ако ти си личност со став и свое Јас во животот зошто да преќутуваш на луѓето? Не е битно за кого се работи. Значи ти си таква и со други луѓе не само со неа. А што ако му е мајка на дечко ти, па и јас имам мајка и сега што, дечко ми треба да се потресува. Најобичен муабет, култура и почит е доволно. Другарка ми така прави, седиме правиме муабет и ми збори она е ваква, таква абе што не ми изнакажа за жената, во истата секунда и ѕвони на телефон абе од уво до уво насмеана. Биди тоа што си. Јас идам по тоа правило. Кој и да е значи и на улица некој да дојде и мајка ми да биде и мајката на дечко ми, ако прават нешто што се коси со моите правила и не е како што треба, ако ми се мешаат во врска, ми пререкуваат за глупости има да картирам се. Дечко ми го знае овој мој став и целосно ме поддржува. Ако сега не пресечам дека нема мешање утре знаеш што ќе прават? На глава ќе ми се качат и не само неговите и за моите истото важи. Кај нас нема мои твои, кој прави глупости си го добива. :lol:

    Незнам зошто некои девојки имаат потреба да се прават нешто пред родителите на дечкото. Абе биди тоа што си. Добар ден -Добар ден толку. Што треба сега да правам, незнам како да објаснам, незнам колку и како ќе ме сфатите ама јас имам такво размислување. Па фала богу и мајката на дечко ми е таква и има таков став за тие работи. Не е лицемерна и искрени сме си една спрема друга. Тоа ми е најдоброто нешто. Мразам луѓе што се лицемерни и што лажат.

    А што се однесува до тебе и дечко ти. Според мене не е ок лутење за такви банални работи ама тоа е веќе друга тема за дискутирање. Не се мешам, тоа си е ваша работа, гледајте само кога ќе се карате да не ве слушаат сите. Впрочем и така можеш да му кажеш на дечко ти. Речи несакам повеќе да викаме и развикуваме зошто сите не' слушнале. Вчера мајка ти ми рече дека и двајцата ќе не' исфрли и дека јас сум те нервирала. Па да видиш после.

    И ти кажувам најдобронамерно смени ја тактиката, немораш ти да бидеш "Госпоѓица Совршена" сите имаме мани. Подобро нека се запознаат со тие мани уште сега, а не "утре" да се чудите сите што ве снашло. :*
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Знаеш што Daydream? Предобра ти е идејата за како да му кажам за ова. Не сакав да му кажам пошто можно е лом да ја направи а не сакам да стојам меѓу нив. Ама не биваше па ни да ќутам. Нареден пат ако (не дај боже) вика така додека се караме ќе му речам така па да се освести шо прави. Иначе наредниот ден дечко ми ме прати да и побарам цигар и несакав да одам,одбивав, ама ме премоли (срценце е) и се качувам, она со татко му се враќаа од комшии и јас знаеш Добар ден- Добар ден. Ја гледам ми се кези милно и ми вика "Kај си ма *ариелче*" и ја у фаца знаеш "еве сум тетка ** :$ " а у памет wtf :^) и и барам цигарче и ме задева нешто и се симнува доле и на двајцата ни дава и ни праи муабет (ја не ја рецкав баш,не сакав да ја слушам) и после си замина нагоре. Ко ништо да не било. :sweat:
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Мене таа ми изгледа на малце лев карактер. Еднаш вака, другпат така. И мислам дека нејзиното променливо однесување не е последица на ничие друго однесување, туку едноставно таков карактер има. Така што јас ќе ти речам ич да не и се замараш ама па и да не и преќутуваш. Кога она ќе биде намќор биди и ти, кога она ќе биде насмеана биди и ти и толку. Прави си се и ти ко ништо да не било. Мораш да научиш со неа тактички иначе ништо не правиш, само ќе си се нервираш.
    И уште нешто гледај со вакви личности многу, многу да не се зближуваш (не е битно за кој се работи) зошто ако си малце почувствителна лесно ќе те повредуваат, а нема ни да бидат свесни.
    :*
     
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да ти кажам право баш е таква. Еднаш вака еднаш така. А и јас сум чувствителна и затоа се навредив од тоа што ми го рече. Мислам дека претера и затоа го пишав овде како проблем оти стварно ко шо реков, ќе се расплачев. Мене мама дома така не ми вика, она се најде да ми кажуе да не сум и го нервирала синот. Ех? :fubar:
    Ти благодарам за советите :*
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    Како со идните свекрви?
    Одговорот е јасен и гласен

    - Како со мене,така ја со нив!!!
     
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Неам сеуште свекрИва :P
    Али сега за сега,сеуште неофицијално добро се согласуваме веќе неколку години.
    Ќе се трудам кога ќе ми биде официјална,да си го глеам маженцето и ништо повеќе.
    Доволно е да се почитуваме ;)
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ок ако несакаш да му кажеш директно, тогаш остави тој да дознае. Кога ке ти вика кај него дома најдувај изговори да излезете или да одите кај некој другар или другарка и така сам по некое време ке се запраша зашто не одиш дома. Тогаш ти фино лепо ке го седнеш со смирен разговор и ке му кажеш тоа пто ти лежи и ке му нагласиш друг пат дека несакаш сите да ви ги слушаат караниците дека од тоа идат и други проблеми. А можно е и самата твоја идна свекрива да забележи и да праша зашто неодиш кај нив па може и сама ке тропне нешто па дечкоти ке ја среди работата
    Нез друго што да ти кажам, сум немала некое вакво искуство досега.
    Извини за предходниот пост не сме се разбрале добро, помислив дека и ти си агресивна ко него
    :*
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Еве сега дури и кога не се расправаме,кога седиме доле со друштво он многу вика и јас цело време му викам потивко
    не вика по мене туку гласен е
    Вчера фанав и ги измив сите садови додека имаа гости и и ја исчистив цела кујна доека они си седеа. Намерно го напраив сето тоа за да видам дали ќе се смени нешто,пошто она ми има и речено да сум и ги миела садовите а дечко ми ми викаше да не и ги мијам и јас него го слушав оти ако ја послушам неа он може по мене да вика. И сега и ги измив сите и после тоа аууу нова жена ! Ариелче остај ти тоа јас ќе направам. Ќерче дај воа јас ќе направам. 8) Се качувам горе само за да се напијам ладна вода и ми вика:шо ти треба сине? и јас: ништо, само вода да се напијам. И тргам да си ставам вода и ми вика: остај ти,јас ќе ти дадам еве од поубавата.ако сакаш и сокче има. ]:)

    Чудна жена :?:

    инаку сега чекам дечко ми само да ме праша што е проблемов и пукам :punch:
     
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Jас би додала само дека можеби многу влијание има ако твојата свекрва има или нема живеено со нејзината свекрва.
    Па тогаш да знае каква треба или не треба да биде.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Сама си ја бараш белјата. :fubar: Зошто кога имаш секаква поддршка од дечко ти, одиш против неговата волја. Кога он не ја ферма и не се замара со неа зошто ти се замараш? Каде пишува дека ти треба да и' миеш садови на неа??? Многу ме интересира каде пишува, не за друго него да земам и јас да мијам садови кај дечко ми. Аriela09 сама си ги правиш некои работи. Утре кога ќе се земете, она ќе се однесува како куќна помошничка да има низ дома. Ќе чека се на тебе. Неможам да те сфатам, сакала садовите да и' ги миеш... што и е на таа жена? И ти трчај одма исполнувај желби. Плус дечко ти ти вика да не и' миеш, а ти упорно со глава во ѕид. Додека не се земете ти таму си гостинка, незнам зошто се однесуваш поинаку. Ти зборам за твое добро, верувај. Ти имаш се што ти треба за да и' се спротивставиш на неа, а тоа е подршката на дечко ти. Јас мислам дека она многу добро те проценила тебе, знаеш зошто? Затоа што она е личност која сака да ја слушаат другите, да и' угодуваат, да биде во центарот на вниманието, ама затоа што син и' (дечко ти) не ја ферма и не ја слуша, таа те нашла тебе и сега си ги лечи фрустрациите на тебе.

    Пред некое време напишав една реченица во врска со ваквите личности, со нив се е ок и се е супер се додека ти им удоволуваш, еднаш ако кренеш глава, еднаш, само еднаш е доволно да им се спротивставиш па ќе видиш колку сте биле во супер однос, тек тогаш ќе видиш дали и колку сте се сложувале претходно.

    Прочитај убаво што ти пишав, не ти зборам за лошо, не те ни знам, само сакам да ти помогнам зошто дефинитивно не си на добар пат со женава, утре ако и текне ќе те гази. Затоа уште сега повлечи линија, до каде смее, а до каде не смее да оди. :*
     
  19. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Нема живеено со нејзината свекрва,ама и да имаше ќе беше царица зашто баба му е најголемото срценце на цел свет. Најдобрата жена на светов ! Ја сакам баба му :inlove:
    Срцко, изгледа дечко ми се метнал на неа. Сега му одговара шо мијам садови. Мислам, не му смета а не ми ни вика да не мијам, само кога ќе види дека цела кујна ја чистам ми вика да не се оптеретуам толку и дека немам никаква обврска да ги мијам садовите. До некаде и ја разбирам мајка му за садовите (настрана од тоа шо ми рече да и ги мијам). Жената по цели денови работи физички а дома има три мажи шо мислат дека она треба се да прави,ја чекаат нејзе за да им среди се. Маж и,брат му и он. Сите иста приказна (со исклучок малце на маж и што и помага колку толку). Ама овие двајцава, наземја кафе да пијат,таму филџанот ќе го остават и таму ќе стои ако треба до крајот на животот. Имаше време кога еден филџан стоеше во на дечко ми собата 3 недели до прозорецот :^) Се користеше како пепелник :| И кога си иде она од работа шо попрво да фане? Не ја оправдувам за тоа што под мустаќ ми рече да и ги мијам садовите ама на некој начин длабоко ја разбирам. Во право ли сум? :?:
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Упорно бараш оправдување за да ја оправдаш :rofl:
    Ти дома и помагаш на мајка ти и заинтересирана си за домашните обврски како што си и кај дечко ти?
    Мислам дека не си во право. :?:
    Ти можеш некогаш,во одредени исклучиви ситуации да фатиш да помогнеш,и тоа да се трудиш да бидат поретки.А не,секој ден кога си таму ти да чистиш.Зошто?За да добиеш браво? Па што ти е гајле она што ќе рече.Глеј си го дечкото,утре со него ќе живееш а не со неа.Она секогаш ќе има нешто против тебе,кога ти нема да и угодиш.
    Можеби и е тешко со исполнување на обврските,но што е тука е,ти не си најмалку виновна за тоа.
    А што ќе беше и тебе да те немаше?Кој ќе миеше тогаш? :o
    Намали ги средбите со неа на време,инаку цел живот ќе ти праи така.
    Најбитно од се,ја имаш подршката од дечко ти кој исто не дава "глас"за да миеш ти садови. ;)