Сакав да ти пишам уште во претходниот пост дека со ова твое однесување и дечко ти полека, полека ќе почне да не се буни, ама несакав да пишувам нешто што е само моја претпоставка и не е поткрепено со факт. Ама еве мојата претпоставка почнала да се остварува. И не е он крив. Ти си си крива, не се буниш, си ќутиш и он си вика чим не се буни може сака така. Многу е друго кога од страна се гледа работата. Ако она нема време и цело време е на работа тогаш нека си ги научи синовите да си средуваат. Како што може на тебе да ти рече да измиеш садови, така нека му рече на син и'. Крај краева тоа си е нивни проблем. Како можеле они така да функционираат на пример 20 години и зошто мислиш дека сега неможат да функционираат? Каде ќе си остават филџан и незнам ти што, тоа тебе не треба да те занима и не е воопшто твој проблем. Може така сакаат, така им е убаво. Си правиш грешка со ова. Немој за некоја година да те читаме во "Свекрвите и снаите-проблем" па да пишуваш никој не ме поддржува и се на мене чекаат. Незнам како ќе не' сфатиш ама за твое добро ти пишуваме, па ти како сакаш. И да, целосно се согласувам со Irrepleceable, си бараш оправдувања.
Да,да знам дека си барам оправдувања но секогаш сум ваква и го мразам тој факт. Осудувам некого дека е крив а потоа се кривам самата себеси Ќе си продолжам со темпото,не мијам садови па ако има некои жалби од мајка му ќе ве известам што и како се случило. Инаку Daydream имаш многу добри претпоставки. Спојлер Фала ви девојки на советите
Во врска со миењево садови знам и јас да измијам кога сум кај него, не ми е воопшто тешко. Кога жената ќе си дојде од работа и ќе ја види кујната чиста, гледам задоволство на нејзиното лице. Се сеќавам еднаш славевме роденден на дечко ми, се заседнавме до касно и пред да си легне жената ми рече, остави се така, јас сабајле ќе станам порано и ќе средам. Не сакав да оставам, знам дека на работа оди во 6. За да среди ќе треба да стане во 5 или порано, а мене не ми игра голема улога дали ќе легнам пола саат порано или подоцна (да напоменам, не сме од исто место со дечко ми). Средив се, измив, исчистив и кога жената си дојде од работа утре дента ме испофали на сите колку сум и помогнала и како се изненадила кога ја видела кујната чиста кога станала, а очекувала куп садови. А не знае да глуми, што мисли таа ќе ти каже. И подобро така. Имала проблеми со свекрвата, не ја сакала неа за снаа, зборела против неа, ги делела внуците од синот и ќерката. Често знае да каже - јас не знам што е помош во кујна, мене никогаш никој не ми помагал. Секогаш е фер спрема мене, се почитуваме, за некои работи барам совет од неа, и што е најважно за некои теми можам слободно да разговарам со неа и да бидам сигурна дека нема да дознае никој друг. Самата ми вели, некои муабети ги правиме тука и тука остануваат. Ако утре ми бидеш снаа и ако нешто ти пречи ќе ми кажеш директно мене, и обратно. И јас го почитувам тоа. Уште сега жената си кажува дека кога ќе има снаи нема да им се меша во некои работи, исто како што не сака и тие да и се мешаат нејзе. И двата сина си имаат посебни спратови, ама не се средени. Живеат заедно, не се делени уште, нормално. Уште од кога почнав да одам кај дечко ми никогаш не ме одделила за ништо. Мала чоколада да е, ќе ја подели на сите еднакво. Ама затоа и јас не ја делам, многу пати знам да купам нешто и да однесам ете така без повод, не сум ја оставила за ниту еден празник, за ниту еден роденден. Скоро бев на екскурзија, и купив исти блузи нејзе и на мајка ми. Се што купив за дома, купив и за нив. Е така си ја испофалив, сега малку да се пожалам. Се скаравме со дечко ми за бааги сериозна работа, што не е за криење, и правевме муабет пред неа. Прво го нападна него, добро го искара, за после неколку недели да ми рече дека не можела да го разбере зошто направил така, ама не можела да ме разбере мене зошто сум го напаѓала цело време. Епа како нема да му зборам кога многу ме повреди со тоа што го направи, а не рече ниту извини. Се однесува како да не сторил ништо Стварно ми стана криво што така ми рече, ама од друга страна си велам самата на себе добро е што ми кажа директно на мене, а не преку него. Сума сумарум, ако ми биде свекрва женава и ако не го смени карактерот, убаво ќе си живееме Се надевам дека нема еден ден да се жалам во темата Снаи и свекрви Бааги долг испадна постов
Ајде не било ништо злонамерно,подобро тебе,одколку зад грб да те клевети на него,па да го стави во ситуација средина,и да незнае кој попрво да слуша Можеби не ја знаела причината зошто сте се скарале и затоа те "искарала" и тебе.Ништо страшно,само не ги делете караниците со никој друг,најмалку со неговите родители или твоите.Ќе треба се до детал да им објаснувајте,а тоа е време,а и моментална ситуација е караницата така да подобро сами карајте се Вака така,добра свекрва ќе имаш
феминки прашањево не е соодветно за темава, ама незнам каде да прашам. Вчера и беше роденден на мојата идна свекрва, ама јас за 2-3 дена ке одам кај нив па незнам што да и земам за роденден? Ај помош ве молам. За мојот роденден таа ми купи плик ташна многу убава а се гледа дека не е баш и ефтина, а пред 2 недели ми поклони нараквица многу слатка и многу нежна. Е сега јас стварно незнам што да и земам ама па и финансиите не ми дозволуваат многу да се опуштам. Инаку супрер си стоиме со неа (исто и со идниот свекор) и навистина е фина и мила ( барем засега, иако до сега никој не кажал лош збор за неа и сите ја знаат како таква) па сакам да кажам дека залужила внимание и убав поклон, а навистина незнам што да и земам, ве молам за помош ич немам идеа
Па незнам Да и купиш нешто што ќе и остане,пример некој прибор за јадење,чаши..или пак некој украс за дома
Ако не стоиш многу добро финансиски можеш на пример да и' земеш некоја блуза. Сигурно знаеш отприлика каков тип на жена е. Ако сака повеќе "џиџани" работи, купи и' некоја со светки, шлокици, има убави. Ако сака нешто поедноставо, земи и' некоја еднобојна и гледај бојата да ја погодиш, сигурно и тоа го имаш приметено какви бои сака. Можеш некоја книга да и' купиш, ако сака да чита книги ова ептен ќе ја израдува. Ако сака да го уредува домот, можеш свеќник да и' купиш, нормално во зависност како им е уреден домот и според бојата, да им одговара. Незнам до колку пари имаш за трошење. Можеш и некоја колекција на Dove да и' земеш. Доколку се оптеретува со креми, лосиони и такви ствари. Ако нешто друго ми текне ќе пишам пак.
уф не, тоа некако ми е клише као за домакинка, инаку за 8ми март доби паричник ама и од мене и дечко ми сакам нешто за неа лично, нешто нешто незнам незнам што
ова со свеќникот е добра идеја, само незнам дали сака такви раб, не сум забележала кај нив некој украс нешто такво
Jас не го разбирам тоа дружање со идни свекрви , купување поклони итн. Никогаш не сум го правела тоа а ниту планирам да го правам. И јас имав долга врска, па со мајка му си кажувавме едно културно здраво и ништо повеќе. Ќе им миев садови, ќе им готвев, пустев и што кога сега пукна тиквата? Јас сум многу против вакви работи, ни сакам нешто да ми подари, ни пак јас неа би и подарила. Со дечко ми одма расчистивме на темава и кога се во прашање фамилијарни средби , ни јас се мешам во неговите, ни пак тој во моите.На ова сме од дамна на јасно. Среќа малиот и не живее со неговите па не ги ни гледам често, во овие 7 месеци дали трипати се имаме сретнато со мајка му и тоа случајно, а татко му уште не го знам. Кога ќе дојде време ќе биде и тоа. Сакав да кажам колку подалеку толку подобро. Доказ за тоа ми се мајка ми и баба ми, никогаш не сме живееле заедно, и имаат супер однос. Мајка ми ја почитува, а баба ми не се меша во ништо. Ние сме посебно семејство , она е посебно, за се што и треба тука сме да и помогнеме. Јас ни сега и во иднина, не чекам ништо од моите идни свекор и свекрва , а богами нема ни тие нешто да чекат од мене. Колку и да е добра свекрвата на почеток, различни генерации и различни размислувања се во прашање. Ретко разумни свекрви во ова време, доказ ни е темата Свекри и снаи А ако вас ви е во ред оваа дружба .. океј, ваше право.
okcenzi Не е срамота ништо само доколку мислиш дека она тоа го сака и ќе и' се допадне. Мене би ми се допаднала ѕидна слика, зошто ги сакам ама па и каква ќе биде сликата треба да размислиш. Ама ѕидните слики мислам дека и не се баш ефтини. Размисли убаво што сака, за што ти има зборено итн. Јас кога би купувала слика за мојата идна свекрва знам дека би купила слика со коњи, зошто многу ги сака. Duffi можеш така да си правиш затоа што дечко ти не живее со нив и јас бев со вакво размислување како твоето ама неможеш да влезеш кај некој во куќа и да се правиш дека е невидлив. Од култура ќе застанеш на еден муабет од 4 реченици. И да не сакаш ќе ги сретнеш. Многу пати се случило да одам до кај дечко ми и они си седат во двор и што треба јас да направам? Да си поминам со едно одвај Добро вечер да си свртам глава и чао, да се пикнам во соба кај дечко ми и да не излегувам. Прво културата не ми дозволува така. Дечко ти да живеел со неговите ќе си морала да бидеш "поблиска" со нив. Јас не вика да се мијат садови или да се средува, тоа во никој случај и јас тоа не го правам. Ама еден обичен муабет ми е ок. Плус родителите на дечко ми се многу пријатни луѓе, не се наметливи, многу се културни итн. така што често и сакам да си направам еден муабет со нив зошто воопшто не ме напнуваат си се чувствувам опуштено со нив.
ок ако ти тоа не го разбираш, јас пак не те разбирам тебе едно е да речеш нечекам ништо од неговите ама ако мислиш на имање, во ред тогаш немој ама да одиш кај нив дома и таа жена кафе да ти вари и јадење да ти спрема и само едно добар ден да добие? Мене тоа не ми е сватливо. Почитта е многу битна работа, а блискоста е друго, јас некажав дека сум блиска со нив, туку ги почитувам родителите на мојот дечко
е срцка јас стварно незнам каква, дали природа дали нешто друго, ама сепак мислам дека ке биде слика уствари може и рамка за сслика, според мебелот леле да добро е супер
Се е тоа во ред да застанеш, направиш 2-3 реда муабет, ама да мијам садови , тоа не го разбирам навистина, и добро рече Irrepleceable дека ариел09 повеќе бара оправдување за нејзината постапка. Инаку реков дека и јас имав долга врска, тогашниот ми дечко живееше со неговите, па и тогаш поминувавме со едно Здраво и Како сте? Никогаш не седев со нив, не пиев кафиња, можеби и тие биле фини луѓе. Јас не сакав и не се зближив со нив. И уште стојам на тоа дека не сакам зближувања, макар живееле во иста куќа. Се во свое време. Кога ќе дојде време за тоа и јас ќе седнам со нив , ќе им сврзам муабет, ќе се напијам кафе. Не планирам да бидам намќор. оcenzi грешка сме се разбрале. Јас не одам кај нив , не ми прават ручек, не ми варат кафе, едноставно не ги ни гледам. А и со претходниот ми дечко беше исто буквално ако живееше со неговите. Никој не ми вареше кафе, не ми праваше ручек. Се знае дека се руча по дома( бар според мене) и си ручам дома. Значи вака сум се поставила, и вака било. Немам ништо против вас и вашите дружби ама јас едноставно не ги сакам. Со ова се имаме разбрано со дечко ми и секако се сложуваме. Ја имам неговата подршка и доволно ми е.
дуффи да не испадне дека се контрам со тебе, те молам немој погрешно да ме сватиш те молам Јас не се сложувам со тебе еве зошто. Јас често сум кај нив дома, скоро 4 дена сум кај нив 3 кај мене, е сега таа жена мене кафе сабајле ми вари, ми спрема доручек, ми спрема ручек, а дека рано станува кај 7 а ние кај 10 11 таа сиротата на прсти оди а да може и ке лета само да не не буди. Е сега како после се ова јас едни садови да не измијам после јадење? Според тебе, додека сме во врска немора нипто од ова да правиме дека може ке раскинеме, ама ако па така гледаме и ако си во брак можеш да се разведеш, па да не нетреба и во брак да не ги испочитуваме, едни садови да измиеме или еден поклон да добијат за 8ми март или роденден, нели?
Таман работа какво контрање, само делиме мислења. Еве ти веќе си да речеме удомена кај нив и имате други односи. Ама јас пак ќе ти кажам јас не сакам вакви работа , не спијам кај нив и итн. А ако тебе ова ти одговара во ред е. Ако велиш ти вари кафе итн итн, имате ваков однос како веќе свекрва и снаа.. и ако тебе е во ред слободно терај. Јас немам ништо против тебе , немој погрешно да не разбереш само не почитувам вакви работи и ги избегнувам. Се надвам ваква да остане и кога ќе бидете во брак.
чул те Господ и јас се надевам на тоа, а и се изјаснив во некој предходен пост дека е фина бар засега а и до сега никој никогаш ништо негативно ен кажал за неа, сите ја знаат како таква. Јас непланирам да живеам во заедница, дека тоа си носи бар ситни проблеми кои може да станат поголеми, ама секако дека ке бидат кај мене добредојдени и пак ке ги почитуавам, само што и тогаш можеби нема да бидам блиска со нив, ама ако и тогаш се биде во ред со нас планирам и тогаш да и идам на роденден, празник и 8ми март
Duffi значи јас и ти до некаде истото го кажуваме само на различен начин. Јас не седам кај нив, не спијам, ги гледам одвај еднаш во неделата (луѓето си се навистина зафатени) и си правам еден најнормален обичен муабет. Е сега да спијам кај нив и да седам неколку дена по ред како okcenzi тогаш и јас сигурно нема да се однесувам како паразит. Ќе си го средам нередот позади мене, што и треба. Јас немам брат ама еве да имав и сега девојката негова да дојде кај мене и да си седи, да си спие, а мајка ми буквално да и' слугува, не е ок. Овие два случаи ги оправдувам и ми се нормален однос ама јас да идам кај дечко ми два пати во неделата и таму прво што ќе правам е да се фатам за работа, чистење и миење садови ми е чист претеризам. Тоа и те како не го оправдувам.