Во право си Дафи ! Го делам мислењето со тебе. Не разбирам и јас да и мијам садови, да и метам или било што Има такви девојки се умилкуваат и на свадби на семејни прослави први се само да ги засака свеки. Јас сум 18 и премлада сум за такви работи но мислам дека и по 4-5 години пак исто ке биде. Не сакам поклони за 8ми март од неа или било какви други.
Значи кога одам кај него не факам прво да средувам, ни на крај памет не ми е, туку кога веке некој кафе ми вари и ми прави јадење, бар едни садови можам да измијам, тоа е почит спрема таа куќа во која си добредојден Јас сум 6 години во врска и пред 7 -8 месеци почнав да одам кај него, пошто не ни е веке до плаќање хотели, или одење кај другари или седење во кола и 6 год не се мал период за да се опуштиш Ако некој пар се знае 2 години и се венча, дали таа невеста ке биде поопуштена со партнерот од мене или битно официјално да е невеста Брат ми и девојката се 5 години во врска од кои таа 3 год и повеке иде кај нас и на по 2 недели ( од друг град е ) и додека не се опушти сама, јас и варев кафе, јас и спремав доручек исто и мајками, па сега ете и таа знае некогаш да стане и да направи ручек или кафе или да измие садови. Тоа е почит Сеуште не е член на семејството ( на документ) ама пак не е ни гостин, бар ние така не ја гледаме На крајот ако дечкото ваш живее сам дали и тогаш нема да преспивате кај него или да измиете садови или кафе да сварите? Или тоа пу пу неважи сам е. Која е разликата?
Ако си премлада за такви работи, тогаш не се умешувај во разговор. Гледам си споменала поклон а со тоа ме повика мене. Јас имам 27 год и со една нога излезена од дома. Ниту и се умилкувам на идната свекрва ниту сакам таа да ми се умилкува, туку сакам еден коректен однот и почит, како што би очекувала од девојката на брат ми спрема мајка ми. Ако ти несакаш поклони за 8ми март од МАЈКАТА на твојот иден сопруг, тогаш не ги ни примај, ниту и купувај, па ако неговата мајка е супер спрема тебе ке видиме каков ке ти биде односот со идниот сопруг За некои работи сте 21 век, како поклон-почит а за други ке бидете 18 кога ке сакате помош околу дете или свадба или пак имање итн Се надевам ке си го промениш мислењето еден ден
Не си ме сфатила убаво, пишав дека твојот случај и случајот на duffi (кој сфатив дека е сличен со мојот откако duffi ми објасни подетално) ги оправдувам и дека така треба и јас да сум на твое место така би правела. И дека е ок ти тоа што го правиш затоа што таму седиш повеќе денови плус сте подолго во врска и дека е ок да си го средиш нередот позади тебе и да помогнеш. Јас посочив дека не ги оправдувам тие што не се ни знаат со родителите на дечкото како што треба, ги гледаат на еден саат два пати во неделата, а прво влагање од врата трчаат накај кујна (знам примери од мојата околина, а и овде на форумов ги има). Препрочитај го мојот пост.
ок моја грешка сори, ама чуствував дека морам да ви појаснам за нашиот однос, пошто гледам овде се оди во крајности или се претерува со помагање или се нема почит, па ми изгледаше како да не сум сватена
^Daydream убаво велиш дека ако имаше брат и ако неговата девојка си седи кај вас, мајка ти воопшто не е должна да слугува. Епа сега размисли дека ако ти си во таква ситуација и дечко ти има сестра како и е нејзе кога мајка и ќе треба да „слугува“. Воопшто не сакам да се контрам и немој да мислиш дека те напаѓам, ама се е до воспитување и култура, ако веќе често се гледате. Мене лично совеста не ми дозволува да седам, да јадам, да пијам или ред други работи, а да не зачистам или да помогнам на друг начин. Тоа според мене е помош, не е слугување. Кога некој ти прави јадење, воопшто не треба да ти е тешко да замиеш садови, ама да се понудиш сама, а не да те тера некој друг. И не зборувам јас за едно одење и веднаш да земам да чистам и да мијам. Се со ред. Што е уште поважно, веќе ме сметаат на некој начин како дел од семејството и ме почитуваат и јасно ми е кажано дека таму треба да се чувствувам како дома. Без срам, без непријатности. Иако и сега, после толку време уште ми е незгодно пред татко му да земам сама да јадам на пример, а самиот тој ми рече кога ќе ми треба нешто, без разлика што, да си земам сама. За мене листот хартија (што уште го немам) не претставува ништо. Пишав дека сме заедно веќе 5 години, што реално не е малку време, а јас кај нив одам 4 години, исто и тој кај мене. Се знаеме добро што и како сме. Жената така се поставила спрема мене уште на почетокот и ја почитувам. Еве еден пример, кога почнав да одам кај дечко ми, кога ми беше роденден (значи првата година откако почнав да одам дома кај нив) не им кажав дека ми е роденден, купив што купив да ги почастам, однесов ама не и кажав зошто. Дечко ми и кажа после некое време дека ми е роденден и жената веднаш извади и ми даде 500 денари за да си купам нешто и ме прекори зошто не сум кажала дека ми е роденден, сакала да ми купи нешто. Не сакав да ги земам, ама настојуваше и на крај попуштив. А роденденот ми е на крај месец, а таа плата зема на почеток. Значи тие пари можеби и биле последните, ама таа ги даде на мене. Е како сега јас нејзе да не и купам нешто и да не ја испочитувам? Секогаш кога и купувам нешто, го купувам со мерак. Пред 8ми март случајно ја слушнав, зборуваше со една комшивка какви тањирчиња сакала да си купи. Супер, јас и ги купив и се изненади, ама барем знам дека ке ги користи. И искрено, заслужува Многу пати и моите знаат да испратат нешто да однесам, ама многу пати и тие ми праќаат за дома. И никогаш не се мери кој колку пратил, ниту пак некој побарал или дал пари. Тоа што го има, се дава, станувало збор за ракија, краставички, сливи и сл. Така се поставивме една спрема друга уште на почетокот. Со неа можам да правам муабет како со другарка, муабети што на пример не можам да ги правам со мајка ми. Сега, најнормално дека не зборувам со неа за се, уште помалку за тоа што и како правиме со дечко ми, ама се што ми кажала и се што сум и кажала јас на нејзе останало таму. Ставовите и мислењата многу често ни се поклопуваат. Си заслужува и ја почитувам и тоа воопшто не ми е толку страшно. Го пишав ова бидејќи се пронајдов како тема на муабет овде, во врска со дружењето и купувањето подароци. И пак ќе кажам, секој си прави како што смета дека треба и тоа е тоа. Не сакам некој да се најде навреден од моите постови
Nati.P се согласувам со се што имаш пишано и да ти кажам едно големо БРАВО на воспитанието и културата што ја имаш. Е сега гледам си пишала дека кај нив одиш 4 години а јас 7-8 месеци, што значи до сега си била на родендени и празници. Епа те молам пиши што до сега и имаш купено за роденден, дека јас навистина морам да одат за 2-3 дена, веке ова одлагањево веке неоди иако знаат дека бев зафатена Значи сакам некаков поклон за роденден ама да не е повеке од 600 денари, дека само толку финансии имам моментално Кажав предходно да биде нешто само за неа, нешто такво, значи да не е за домакинка
Ти благодарам е сега, ти најубаво ја знаеш жената. Ако е повеќе по средувањето и дотерувањето јас би ти препорачала да и земеш некоја убава марама, или ако носи бижутерија некоја убава нараквица или обетки. Или рачен часовник. Или парфем. Можеш да и купиш кутија за наќит, ташна. Или украс, според мене ангелче или слонче (имам слушнато дека било добро да имаш во домот бидејќи носело среќа, а колку е точно не знам). Некој златен приврзок, ако носи злато. Јас имам носено различни работи, парфем, лак за нокти (ама квалитетен, таа претходно го меркаше ама и беше скап и јас и го земав за роденден, не од оние евтините од 30 денари ), еднаш и носев украс ангелче, еднаш вазна, чаши за вино, спомнав и претходно тањирчиња, такво ќерамичко за печење, не знам како се вика Ама не се сеќавам точно што сум и носела за роденден, а што за 8ми март. Така без повод и имам купено маичка, сега од екскурзијата и купив блуза и приврзок. Сепак, ти најдобро ја знаеш, па најдобро можеш да одлучиш
Аааааа!!!!! Значи никој не ме сфатил што сакам да кажам. Изгледа во мене е проблемот зошто повеќето не ме сфативте. Nati.P се согласувам со тебе и јас истото го напишав дека ако одам кај дечко ми и ако некој мене ми дава јадење, кафе ми вари итн ќе станам и ќе си го средам нередот позади мене и не само мојот неред туку и ако има нешто друго ќе средам и тоа. И дека никој не е должен мене да ми "слугува". Не си ме сфатила. Пишав дека ако јас сум имала брат немаше да сакам неговата девојка да седи кај мене со денови и да не фаќа ништо, а мајка ми да и' исполнува желби. Како што и јас несакам да го правам тоа кај дечко ми. Кога одам кај дечко ми и седам таму на пример цел ден, се случува да отидеме да си купиме за јадење, пиење итн, тањирите и чашите што ќе ги испрљаме си ги мијам. Несакам некој друг да ми го средува мојот неред. Ама ги мијам само тие, само заради тоа што родителите на дечко ми се во посебен дел од куќата и си имаат нивна кујна, а дечко ми си има посебен дел со негова кујна т.е. сега си го делат тој дел со брат му. Така што јас кога одам таму и кога ќе направам некој неред си го средувам, никогаш не сум оставила нечист тањир што јас сум си го испрљала. Или ако имало две чаши што брат му на дечко ми пиел кафе со другар нормално дека ќе ги измијам и тие, не сум до толку само мојата чаша да си ја мијам. Никој мене не ми е должен да ми средува. И дома така правам. А инаку што се однесува до поклони и комуникација со неговите родители исто така оправдувам. Апсурдно ми е да јас одам таму, а како што кажав и предходно, да се однесувам дека се невидливи, сепак таа куќа е нивна, а јас влегувам во неа и крајно некултурно ми е да не направам еден нормален муабет. Се случувало да седиме сите во двор, да пиеме кафе заедно и мене тоа ми е супер. Се случувало заедно со дечко ми да ја земаме мајка му од работа, се случувало да направи нешто благо и одма да ни донесе и на нас. Така што и јас имам слична комуникација со нив како твојата. Понекогаш се слушаме со мајка му на телефон, целосно опуштена жена, модерна, знае да ислуша, внимателна е, ненаметлива, многу реална, културна, не е дволична, што мисли ќе ти каже итн. Така што имаме одлична комуникација (сега за сега). Никогаш не ме одвоила од нејзините синови, колку за нив толку за мене. Се случило може 5 пати нешто на мене да ми купи, а на нив не. И нормално јас ја испочитував и за нејзиниот роденден и за 8-ми Март. И не и' купив поклон само за да поминам по редот туку и' купив зошто ми беше стварно мерак и сакав да ја израдувам. Истиот однос го имам и со татко му на дечко ми ама поблиска сум со мајка му. Ете така објаснив се детално, да нема недоразбирања.
се мислам помеѓу слика со коњи (ако најдам) како што кажа Daydream или пак марама хммм ке пребарам утре по градов па ке видам Ама јас не ја знам баш толку добро за да знам, сепак скоро почнав да одам кај нив и најчесто муабетите ни се поопшти, никогаш не сме анвлегле во тема за средување по дома па да знам што сака или пак да сака нешто да купи како блуза што знам
^Daydream тоа е веќе друго. Кога веќе се поделени и не живеат заедно, во ред е работата тогаш се согласувам. Јас воопшто не гледам на тоа како слугување, туку еве да речам помош. Иако не сме должни да работиме. Ама ете, јас сум таква, не сакам некој да се мачи околу мене на било каков начин Знам и да пружам алишта да се сушат, да ги соберам, сум помагала кога се правело зимница и ред други работи. И сум ги правела со мерак. И ќе ги правам се додека се цени. Исто и дечко ми кога е кај мене, ако може нешто да помогне помага. Не зборам за „женски“ работи, туку на пример ако има нешто да се премести, или некоја слична потешка работа. А ако почне да се злоупотребува било што од моја страна, нормално дека односот ќе се смени. Ама се надевам дека нема да се смени освен на подобро. okcenzi прашај го дечко ти каков тип е жената, што би сакала тој би требало да знае. Според мене, марама е во ред, ама ако носи. Некоја поелегантна, да не е од овие младалачките (така да ги речам).
нати ја го прашувам тој ми вика незнам ти си знаеш, валда му е незгодно нешто да спомне дека знае овој месец каква сум со финансиите, а од него јасно му е дека нема да земам, таков ми е тој ми врти околу а Daydream срци ти нешто погрешно се имаш искажано па затоа настанаа конфузииве извини пак од мене
Нема што да се срами, нека ти каже отприлика, па ти според финансиите ќе најдеш нешто. Подобро така, отколку да си ги дадеш парите, а да не и погодиш на жената. Така кажи му
Браво за сите што оствариле добар однос со свекрвите Мојата што знам до година беше ок и не би рекла дека е злобна жена , ама премногу се меша сака да знае се, дури и малце ни ја нарушува приватноста таква ми се погодила јбг, а уште е и приврзана за син и ..епа не е се толку совршено во тој поглед јбг , мислам и дека би ми се мешала у брак .. Не дека имам такво мислење за свекрвите ама ете кај мене така е..доколку би била мирна женичка јас би била првата што ќе ја почитувам и поише од што треба
мајката на дечкоми е прекрасна жена, мислам дека совршено би се согласувала со неа секој би посакал таква жена покрај себе таа би ми била втор пример за мајка прекрасна жена
Јас имам добар однос со неговите (од таткому уште се смрамам). Мајкаму е многу добра жена со неа си правиме муабет, пиеме кафе, јадеме...се случувало да и помогнам во миењето садови .. И јас кај нив одам по 2-3 дена и понекогаш помагам, некогаш не оди на работа по цела недела и сега за едни садови ли да и помагам кога е по цел ден дома ... летото отидов на одмор у мк и бев кај него, и дечкоми само што ке јадеме одевме во нашата соба,сакаше да го искористиме времето за нас...а инаку немам против понекогаш да и помогнам околу домот.. а никогаш не сме правиле муабет за нас со мајкаму, ни ме прашала а не би ни сакала да кажувам... Мислам дека убаво ке се слагаме ако ми биди свекрва (она страдала од свекрвата и свекорот), се надевам
Засега неам жалби од таа страна иако сеуште не ми е официјално свекрва Одам кај нив убаво ме прифатија засега се слушаме ми се јавува понекогаш, пред 2-3 недели имаа слава бев присутан и јас и да се пофалам се одеше преку мене (декорација поставување маса (жената ми верува ) Сега за сега вика дека не сака да се меше во врката помеѓу син и снаа дека тоа во иднина ќе биде НАША работа и ќе треба сами да одлучиме како ќе продолжиме а таа ќе биде тука за совет и да ни помага колку што може ... Имам убаво мислење за неа дајбоже да си остане така кротка и во иднина
Jas imav mal problem so majka mu na decko mi na pocetokot, nekako ne me prifati gi znaela moite prijatelki i bidejki tie bile spored nea ligavi i jas sum bila takva no tatko mu i brat mu me prifati uste od pocetok i mnogu me pocituvat pa decko mi me zafrkavase "sekogas znaes kako so maskite" .... po izvesno vreme i taa vide deka ne sum takva kako sto taa mislese deka sum i sega se e vo red, duri imame praveno i rucek zaedno, cesto pieme kafe zaedno ... samo treba da bidete toa sto se, pa so tekot na vremeto ke ve prifati
Мајката на дечко ми е душа жена, значи подобра жена стварно немам сретнато. Се надевам дека така и ке остане. Поблиска сум со неа, отколку со мајка ми. Млада е, елегантна и разбрана.Бев на гости кај нив, пошто не се во мкд, седев повеке време. Е сега се понашав како дома да сум, не знаев јадење да правам ама за тоа миев садови, ке избришев прашина, ке фатев со правосмукалка. Едноставно морав некако да се чувствувам корисно. Коа дечко ми беше на работа, јас седев со неа дома, а кога и да имаше некаде работа, одевме заедно. Ме гледаше како нејзино дете. Кога и да се скаравме со дечко ми, секогаш беше од моја страна, знам дека ме разбираше. И секогаш ми вика, оженете се и подобро сами да си живеете да не биде нешто па за ситници да се замериме. Дечко ми не е мамин син, не се мирисаат баш, ама мн е разгален од татко му. Научен е тато носи, мама меси и не му се свиѓа мн мн да живееме сами, демек дупли трошок али има време па ке видиме