Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со идните свекрви?

Дискусија во 'Врски' започната од bluberry, 19 септември 2010.

  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    можеби како веќе мажена тука не ми е местото, но еве еден совет од мене... значи девојки, колку и да ви се добри сега свекрвите, нема така да остане, треба да се осетиле на своја кожа па да знаат како е и да биде се во ред, да не се мешаат. После бракот се менува се, почнуваат проблемите со свекрвите, почнуваат да се мешаат, значи не може куќа со две жени, па и ако сопругот се погоди мамино галениче, тешко вас... колку подалеку, толку подобро... затоа и немојте да бидете многу блиски со нив, доволно е два три реда муабет ;)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Посебно треба да се внимава на близината со идната свекрва. Што подалеку тоа подобро. На почеток како девојка циле миле и после може многу да си дозволува (иако не ретко и снаите знаат многу да си дозволат од кога ќе се омажат)
     
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    епа тоа им го реков и јас :D внимание многу, никаква близина, само здраво, како си, што си, доста е толку, да имате и можност на тоа да сте и кога ќе се мажите, уште поубаво, односно да живеете сами :lol:
     
  4. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    ПОМАГАЈТЕ!!! имам страшен проблем со мајката на дечко ми. со него сме во врска веке скоро 8 год меѓутоа нашата врска е малку покомплицирана бидејќи тој оди на брод и е таму по 6 месеци. се беше ок до пред неколку месеци кога почна таа чудно да се однесува спрема мене. почна да не зборува да не сака ни кафе да се напие немам поим што е работата а претходно како со другарка сум седела со неа (со мајка ми така не сум разговарала како со неа) ама се се смени од Х некоја причина. капак на се ми забрани да одам кај него кога он не е тука што претходно сум одела секој ден и повторно не ја знам причината. му кажав на дечко ми за проблемот тој ништо не ми искометира само рече дека ништо не знае се до вечерва кога малку се поткачивме и јас го прашав што е проблемот тој ми рече ќе ти кажам кога ке се видиме. стварно ми е страв да не ми направи таа некој проблем со него да не му ја наполнила главата зашто еднаш ми рече дека ако она сака можела да направи ние да раскинеме. изгледа сега и се присакало.... ве молам за совет не знам што да правам и како да се оденесувам спрема двајцата...ќе полудам..извинете на подолгиот пост ама искрено се наоѓам во лоша ситуација и ве молам за ваше мислење и совет ;( ;( ;(
     
  5. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26

    Еве себе си се ставам во оваа ситуација како девојка која си го има муабетот со мајката на дечко ми и исто сме многу блиски.Јас би те советувала да идеш кај неа со едно кафе и да започнеш муабет како порано нон стоп сте пиеле кафе заедно,зошто повејќе не е исто како порано.Исто разговарај со дечко ти сепак години се во прашање...Јас ова само со разговор би го решила.Мислам дека таа Х причина не е толку многу страшна работа за да ја донесе до ваква ситуација вашите односи...Среќно
     
  6. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    проблемот е што таа децидно ми рече да не одам кај нив додека он нее тука....и искрено како би можела да отидам откако ми го кажала тоа...и кога и вртам на телефон не ми крева ..стварно немам поим што се случува и како јас да постапам...во секој случај ти благодарам :)
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Милена а што би правела ти дома кај дечко ти кога тој не е таму ? Не ми е јасно :drunk: ?
    Убаво ви кажуваат дека преголема близина не е на арно..

    Таа жена и кога ти глумела пријателка не ти мислела добро чим ти рекла дека кога сака може да ве раздели, уште од тогаш си требала да ги оладиш односите ..
    Колку повеќе си правите иди ми дојди ми со идните свекрви толку повеќе си стварате непотребни главоболки ,културен и фин однос е доволно и не се потребни толку седенки оти може да ви се врати како бумеранг по глава .. За зближување има време ..

    8 години сте заедно ,сте издржале многу работи. Разговарајте , но во никој случај не го обвинувај дечко ти и не се карај со него така само ќе и помогнеш на неа во намерата ..
    Биди итра и контролирај ги емоциите .

    Гледај да не излезеш лошата ,бидејки и мајка му ако не е во право доколку ја навредиш автоматски ќе се сврти против тебе ,со смирен разговор дознај ја причината ..

    А потенцијалната свекрва не ја барај , ти со во врска со дечко ти не со неа .
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    тоа е точно меѓутоа ние заедно направивме спрат и заедно го опремивме и ако ми веруаш јас сум поврзана со секој предмет таму и кога не е он тука не одам често меѓутоа кога одам одам таму да ја осетам неговата близина на некој начин затоа што он не е тука по 5=6 месеци а не дека одам таму за да ја видам неа..и откога она ми го кажа тоа пред 3 месеци јас не сум стапнала таму ..он знае и ми рече дека тоа ќе ми го кажел кога ќе сме се виделе а има уште 3-и пол месеци до тогаш..
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Комплицирана ситуација , сте инвестирале во заеднички дом ,веројатно во план сте да се земете , а од друга страна сепак ти не живееш таму ..
    Што би ти кажал тој по 3 месеци :^) Да сум на негово место ќе гледам да те смирам и да ти објаснам а не да те држам во прашалници и мачење пола година ...

    Можно е и некој да и ја полнел главата на свекрвата против тебе, ама ние овде може само да погодуваме што е .

    Како и да е сепак ти препорачувам да не се конфронтираш со неа, проблемите реши ги со него .. Знам дека те мачи многу ова но стрпи се , кога ќе си дојде тој ваљда се ќе се реши а предметите сепак нема да ти ја намалат тагата сега тоа не е битно , седи си дома окупирај се со други работи за да не мислиш на тоа .. Внимателно со зборовите ,знам колку можат да бидат тешки онлајн караниците кога сте одалечени , и од мравка да настане слон ..

    Може не сака да ствара караници додека тој не е таму . Можеш да му спомнеш дека премногу те мачи ова и дека си повредена .. Ако толку не сака да даде одговор не инсистирај .
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не можам да разберам како викаш дека сте биле во одлични односи, кога и самата рече дека претходно ти имала спомнато дека ако сака, може да ве скара. Ти после ова не се подзамисли малце, онака да реагираш на некој начин, туку си продолжи да се однесуваш како да сте во одлични односи, не ти засмета тоа ?
    И мислам дека на толку долга врска дечко ти треба да е искрен со тебе, да ти каже што е работата, можеби таа му пренела некои неточни информации во врска со твоето однесување додека не е тој таму и тој слепо и верува. Сепак треба да ти каже што е проблемот тој самиот, а не да те држи во неизвесност.
    Настојувај со дечко ти да разговараш и да ти каже што не е во ред, секако она најверојатно му има пренесено нешто негативно во однос на тебе. Ако веќе вложувате во заедничка иднина, треба да имате и взаемна доверба.

    Затоа јас секогаш викам, нема ништо подобро од тоа да си на дистанца. Реално никој нема да те сака и помага колку родената мајка, ма колку и фина да глумела свекрвата. Ниту откривање некои побитни тајни на свекрви, ниту премногу дружење. Почит да се има секако, но нека остане на тоа. Подобро ќе живеам во 30 квадрати сама со партнерот, одошто во повеќеспратна куќа со свекрва. Ма не посебен влез, и кинески ѕид да има меѓу нас, пак на иста територија сме. Што подалеку, тоа подобро. Абе на диШтнс, колку поретко се гледате, толку повеќе ќе се сакате :wasntme:
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Milena-111 , мене целата таа ситуација ми врти на тоа дека некој има зборено нешто за тебе, жената поверувала и сега е револтирана. Дали знаеш некој кој би сакал да ти наштети, дечко ти да имал фрки со некоја поранешна девојка што сега се свети, врати си го филмот да не си била излезена сама со некој другар во град навечер -знам дека ова што го пишав е примитивно, ама живееме во примитивен свет и неверојатно е лесно да тргнат муабети :!:

    Малку офтопик
    Имам приметено дека се повеќе девојќи стануваат најдобро другарки со мајките на дечковците, заедно излегуваат на кафе, одат на шопинг, место да им купат нешто на своите мајки кои ги исчувале и ги направиле луѓе, они штедат да купат поклони за (идните) `свекрви`. Е ама бељата е што тие жени не се будали и јасно им е зошто се тооолку популарни кај девојка која е триесет години помлада од нив, сигурно не поради интересните муабети и одличното баратање со шпоретот и машината за перење алишта. Девојката си се смее под мустаќ, мислејќи колку е итра што се има здржужено со мајката на дотичниот, си планира дека утре таа жена ќе биде на нејзина страна, ја смета за кец у ракав ама после следи трескањето од ѕид кога на крај `свекрвата` ќе и го збрца убаво отпозади со муниција која оваа сама и ја дала за време на нивното ахем `дружење`.
     
    На baby-star и duffi им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    И пак се се сведува на тоа Како бе луѓе на едни лепи очи инвестирате, градите спратови, купувате намештаи во дом кој не е ваш туку е на вашиот дечко. АКо тој денес реши да раскине со вас што со тоа,ке си ја маваме главата за пропаднатата инвестиција. Ни 20 години врска не се доволно силна причина да инвестирам во нешто без притоа да имам некое пемпеле или црно на бело за мојот однос таму.Ова е една работа.

    Друго искрено симптоматично ми е понашањето на дечко ти што нејке одма да ти каже каков проблем има мајка му со тебе туку ке чекал да си дојде тука. Место да ти рече -Се деси тоа и тоа ,ради тоа и тоа така се понаша со тебе па ако можеш ти нешто да напраиш во врска со проблемот да го решиш тој си ќути си трае.Бог да чува.

    Најпаметно батали ја мајка му ,напни го него тој да ти каже што е проблемот што таа така од еднаш го сменила мислњето за тебе и не си пожелна во неговиот дом.Сега и веднаш да ти го каже тоа а не да чека 3 месеци ,а ти во тие 3 месеци да не знаеш на што си и да се нервираш . Со него разговарај и со него решавај ги проблемите пошто на крајот од денот ти со него си во врска а не со неговата мајка.
     
  13. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    за се што пиша многу си во правво значи зборам за офтопикот ...тоа и проблемот е што она купувала се од мене за да ми го забие ножот во грб..инаку за тоа дали сум направила нешто верувај нема таков нешто..се дружам со повеќето негови друари и нивните жени а со бивши немам контакти...се е производ на нивната болна фантазија или нешто што јас можеби во некој момент сум го кажала непромислено па сега е направена приказна како што им одговара или што знам веќе што.... немам сила ни да размислувам повеќе.... :(
     
  14. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    ти благодарам многу за советот и јас сум свесна за истото се надевам дека се ќе заврши добро... :)
     
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    ^И јас би те советувала да поразговараш со неа,отиди таму,седнете и прашај ја дирекно што е проблемот,а ако не добиеш одговор тогаш пробај да извлечеш од дечко ти. Во никој случај немој да му збориш нешто против мајка му,зошто мамичка е мамичка и точно е ако се заинати може и те како да ви ја расипе врската од инает.Биди до него повеке,милувај го,опсипувај го со мнооооогу љубов и внимание кога ке си дојде,бидејки кога ке види колку му е убаво со тебе ке размислува секогаш со своја глава.Верувам дека еден добар разговор сп идната свеки ќе ги реши проблемите и потоа секако биди на дистанца со неа,се знае колку се сакаат снаа и свекрва,а и многу арно не е на арно.Ти посакувам се да се среди.
     
  16. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    благодарам многу на советот ќе се обидам нешто да средам ;)
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    И јас немам да се пожалам од мајката на дечко ми :) Стварно е фина жената. Има три синови и веројатно сака женско друштво :lol: Си праќаме подароци за нова година, родендени,8ми мартови (тоа таа го почна, да напоменам). Јас внимавам да не се зближувам многу со старите на дечко ми ама па муабетчика сум многу и кога ке одам кај нив редовно ќе свртиме по некој муабет и спонтано некако бива. Таа кажувала по пријателки дека мн ме сакала и сум и била пријатна :sun: што нели нормално ми е мило :)

    Е сега муабетов ми е...Колку често одите вие кај дечковците по дома? Јас еднаш месечно, почесто мојов доаѓа кај мене дека јас сум во куќа па може и воопшто да не се сретне со моите. Неговите често ме викаат на гости онака на кафе и на ручек ама мене многу ми е непријатно и ретко прифаќам. Е сега па и тоа да не испадне некултурно? :^) А како додаток: на мајка ми ич не и е по кејф коа одам кај нив :worried: не знам зашо, не се знаат па да не ги сака, него ми вика дека не било убаво тие фамилијарни по дома си седат и јас да сум им се ставала.. па као јас улава да сум и ќе им одам туку-така на луѓето дома без они да ме викнат :fubar: и сум и кажала дека они ме викаат, таа некако не ме регистрира и ми вика: па ако те викаат... и јас цела сум: :o (?!)
    Што мислите вие за овоа одење по домите? :?:
     
  18. nightngale

    nightngale Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ... Девојката си се смее под мустаќ, мислејќи колку е итра што се има здржужено со мајката на дотичниот, си планира дека утре таа жена ќе биде на нејзина страна, ја смета за кец у ракав ама после следи трескањето од ѕид кога на крај `свекрвата` ќе и го збрца убаво отпозади со муниција која оваа сама и ја дала за време на нивното ахем `дружење`.[/quote] ...

    Еј добра си со категоризирање на работиве, од сметање за кец у ракав, до трескање од ѕид, и на крај убаво збрцување отпозади со муниција кога оваа сама и ја дала за време на нивното дружење ...
    абе приберете се малце има да шетате со свекрвица и почит да покажете!
     
  19. nightngale

    nightngale Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Што мислат овие? Ова срце мое ти е насобрана багра од разочарани идни снаи, а секоја чест и поддршка на ретките, задоволни од свекрвата... сега кај и да е ќе добиеш одговори од типот на: “чекај, чекај па ќе видиш“ или “си имам јас мајка која ме родила и ќе си ја сакам и гледам“, “не ми е природно да се дружам со мајката на дечкото“ и слично.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Јас не можам никако да ја поднесам.Ја почитувам бидејки е негова мајка и збор немам кажано,ама кај и да е ке ми пукне филмот.А таа уста не знае да затвори.Не знам како ке можам под ист кров со неа да живеам.