бившиот ми беше вага, и имав убаво искуство со него мада ме нервираше што знаеше да се лути ћесто ама сепак беше душичка, ааа сега... маж ми е вага
Дечко ми е вага...значи неверојатно шармантни луѓе се онака друштвени, спремни за долги врски, но не секогаш спремни за компромиси поготово ако е уверен дека е во право. Многу тешко простува скоро воопшто ако му згрешиш и многу брзо се лутат но брзо им поминува. Секогаш пробуваат да им угодат на другите поготово во врска, а кога ќе реши нешто е богами решено е и не постои човек што може да го премисли. Немаат некој лесен карактер, но со малку труд се може да успее особено со компромиси од двете страни...многу ја ценат верноста и преданоста... Не знам што друго ... се на се не би ја мењала мојата вагичка
Мојот е вага а 8 год сме заедно. Премногу тешок каректер е и навистина не се одлучни. Долгите врски и семејството ги исполнуваат, ама често знае нешто да фали. Во кревет се одлични и прво гледаат тебе да те задоволат.
јас сум вага и ке кажам дека ние сме најубави , најсакани , секогаш средени , педатни и сакаме партнер најубав и сме увјек заљубени некогаш и во двајца одеднаш инаку точно тешки мрзи и крајно неодлучни , и секогаш полни со самодоверба за да ги задоволиме другите околу нас
Најпријателски настроени знаци. Дури и претерано. имаат широк круг на пријатели, од дно дна до такви на врвна позиција. Големи политичари. Знаат истовремено да ги бранат аргументите на две спротиставени страни, способни да влезат во кожата на секој и објективно да ја согледат ситуацијата изнајдуваќи од секоја перспектива можно решение на проблемот и да проникнат во суштината на проблемот. Тука лежи коренот на нивната неодлучност. Во секое од потенцијалните решенија и идеи наоѓаат "За" или "Против" и стануваат конфузни и плашливи во заземањето на став, евентално да не се зезнале, демек она другото е подобро. Бегаат од агресивна комуникација ( урлања, хистеричење, паники) За нив не постои зборот кавга само дискусија. Обожаваат да дебатираат за било што, но во чест случај остануваат на нивото на идеја, а реализацијата слабо им оди. Не е битно дали си пријател, сопруга, брат или сестра на вагата ќе ти го предочи најдоброто можно решение и вообичеано се во право. Во случај на конфликтна фамилијарна или работна ситуација не се жести, рациото им е на завидно ниво. Како природно да се створени за медијатори или професии во кои се аргументира до бесвест. Но ако се нервозни знаат да те опецкаат со зборови и било кој трезвен ќе падне на нивните провокации. Умеат да злоупотребуваат одредени ситуации за лична корист, но знаат и да даваат. Многу внимаваат на имиџот и впечатокот во јавноста. Секогаш средени, во брендирана облека, фризура, внимаваат на модни детали наочари, капчиња, ташничиња за преку рамо, значи најголеми машки шмизли во хороскопот.Секогаш ИН. Најлесно паѓаат на парчиња од новите колекции, класиката не ги интересира нешто посебно. Како што имаат мерка во односите со луѓето така и со модните стајлинзи , се е дозирано, се во мерка, ништо претерано и финалниот пакет е секогаш убаво скоцкан и шармантен. За во врска не се идеален материјал. Сакаат на сите да им се допаднат, пријатни се и лесно привлекуваат погледи и пријателства. Ако си привлечен од Вага, не си на чисто. Флертуваат кај стигнат. Флертот им е душевна храна. Секогаш нешто додаваат интересно во разговорот кога им наплаќа сметка некоја келнерка, лесно воспосставуваат контакт со секоја но тешко се одлучуваат за една. Веројатно и тука не можат да се одлучат, да, добра си, но има и подобри, всушност јас сум во потрга по идеалот. Имам и машки и женски пријатели Ваги, сум била во врска со Вага и нема да слушнеш, бар не во јавност пцост, навреда или дискриминаторски однос. Коректни и фер, но воденицата секогаш ја вртат на своја страна. Малку се дволични.
Имам искуство со вага, значи прекрасна личност, добро срце, не е избувлив, знае да сослуша и воедно да помогне колку што знае и умее. Трпелив е, паметен, ги согледува сите можни опции (можеби и одовде произлегува неговата неодлучност) , но сепак донесува добри одлуки. Е сега, што е самобендисан, самобендисан е, голем нарцис, сака да е среден, не дава да го чепкаш по коса и сака да води политики, ова она. Сепак, срце е
Во долга врска сум со вага.Според мене мажите ваги се премногу мили, позитивни и оптимистички настроени, друштвени и комуникативни, претставителни, културни и многу паметни.Незнам, имаат некој заводлив шарм и едноставно не може да не ти остават добар впечаток. Е сега како и сите останати, имаат и лоши маани и недостатоци.Тврдоглави, тешко простуваат и забораваат, одлично глумат ладнокрвност и незаинтерсираност. Во главно, добар хороскопски знак и карактер.
Во врска сум со вага, и се многу тврдоглави, тоа е единствена негативна страна кај вагата. Другото се е супер, барем кај дечко ми, многу е романтичен, секогаш знае да ме изненади, добро се бакнува, а и добар е во кревет
Nikako be...poveketo prestavnici na ovoj znak se LIGAVI LUGE,luge koi nemaat svoe jas ,neodlucni,nesoodvetni vo ova opstestvo,se pravat mn pametni itn...Sekoja cest na isklucocite.
ооооо ние вагите сме срцкии! е сега тоа што многу се двоумиме...... патем ние вагите сме уметнички души , сакаме убави луге , мразиме кавги , не се замараме со одмазди! сакаме флерт , женските се многу кокетни , машките знаат да бидат мн романтични , секогаш насмеани иако душата ни плаче , сакаме многуу поклони , не сакаме НЕГАТИВНИ ЛУГЕ!
Според мое искуство, за машко вага нема некоја голема филозофија. Добри се, мили, точни (доаѓаат на време, не доцнат), знаат да сакаат и се приврзуваат за луѓето, маана им е што знаат да ветат а да не исполнат. Со нив само бидете опуштени и забавни, природни, никако фолиранти.
Па така кажано многу ги сакам вагите и најдобрата другарка и дечкото се вага во хороскоп и мислам дека не можам без нив да си го замислам животот. Забавни, исполнети со љубов, секогаш тука за мене. Сакаат мир и мислам дека односите со семејството им се доста битни. Сакаат фини работи и луксуз, неодлучни се ама ги навикнав со тек на време и некако сега ми е нормално и да секогаш тие се во право.
https://forum.femina.mk/threads/Љубовна-комбинација-вага-и-вага.9292/ Вага и Вага некој да каже некое искуство, таму темата не е баш активна. Како се заведуваат итн.
Вагите се најнеодлучни знаци ... Еве јас на пример бев во маркет и 40 минути се двоумев дали да земам мармалад од кајсија или мешан мармалад Но многу сме борбени , го сакаме светот да го видиме од горе , се заљубуваме во убав физички изглед , сакаме комплименти , лесно е вага да фатите освен ако не ви смета неодлучноста и самобендисаноста .
Јас долго време се мачам да освојам вага.Стварно неразбирам што сака.Со сите знаци можам да се снајдам во зодјијакот освен со овој.И познавам две девојчиња вага.Едната во свет е некој влезена на познати и ужива, другата пак е сосема поинаква и нормална личност што можам на крај да излезам со неа.Со таа првата скраја да е да седнеш на кафе од толку многу што има да те излаже ќе заспиеш на ред неможеш да дојдеш да гукнеш.Има некој за лп да му раскажам за мојата конкретна ситуација, за совет?