1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како туѓото мислење да нема влијание врз мене?

Дискусија во 'Психологија' започната од zaki96, 29 октомври 2017.

  1. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    114
    Девојки се извинувам ако веќе има ваква тема, но не можев да најдам.
    Станува збор за овој мрачен период низ кој поминувам. Ми се појавија панични напади, страв од тоа да не станам лоша личност, да не станм личност со психички проблеми, понекогаш имам тахикардија, вртоглавици.
    Мислам дека се започна од лоша дружба со луѓе во периодот во кој ми беше најубав и најуспешен. Се дружев со другарка кој има психички проблеми и исто така и нејзината мајка ги има истите. Постојано се жалат какви апчиња пијат, колку другите им се лоши, како се незадоволни од сите и другарка ми за сите има критика. Заедно се трудевме со исто хоби, поточно сакам да успеам во глумата. Постојано ме потценуваа и двете, а со другарка ми се дружиме уште од мали, мајка и ми викаше дека ќерка и премногу ми помага, а јас ништо не и давам за возврат со што на крај и другарка ми ја сврти со такво мислење. Ми се случија и други стресови тој период и стигнав до оваа состојба.

    Оваа соатојба е мрачен период за мене, сега дури и моето хоби глумата која ми беше животна цел се запрашувам дали да ја продолжам, тоа да не ми предизвикува вака да ми е, мислам не осеќам повеќе среќа, немам самодоверба, едноставно не знам која сум, ја изгубив својата личност и своето јас. Бев на психијатар но не сакам да пијам лекови, психологот на пола уста ми рече се е до тебе не мора пак да доаѓаш, но јас тонам со негативните мисли и овие лоши чувства.

    Целиот тој период кога бев понижувана од нив сакам да го заборавам, тоа ми ствара траума и ми ја зголемува непријатнава соатојба, а таа другарка е дел од нашето друштво. Што да правам, би ве замолила за совет
     
    На Crna Dama, blonde_supergirl и PeperutkiVoMene им се допаѓа ова.
  2. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Незнам и јас сум иста како тебе. Да можеше некоја од феминките да ни помогне со разговор
     
    На zaki96 и Crna Dama им се допаѓа ова.
  3. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Тргнете се од луѓето што ви штетат.
    Посветете се на нешта што ги сакате.
    Свртете го цело ваше внимание кон убави нешта.
    Не мислете на ништо лошо.
    Со позитивна мисла ќе вродите позитивни резултати.
     
    На figgiMK, zaki96, sasaSasa и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Женски
    И јас бев во иста состојба, и ја почнав со глума и многу ми помогна таму стекнав и добри пријатели, сега не сум в драмско немам време, но многу ми недостига, што значи сакам повторно да почнам, а ти продолжи си со глумата немој да губиш самодоверба.
     
    На zaki96, sasaSasa и Crna Dama им се допаѓа ова.
  5. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Лара ти даде убав совет, тоа е тоа во основа. Но запамети, ќе среќаваш СЕКАКВИ луѓе натаму низ животот, од многу не ќе можеш да побегнеш. Мораш да се справиш некако. Пробај смени перспектива на нештата. Пробај да го гледаш убавото во другите, така ќе можеш да го видиш и своето. Знај го негативното кај другите, така ќе го знаеш и своето. Верувај, човек многу може да поднесе, но сепак не сме од камен. Период е, самиот твој мозок ќе го пронајде начинот на кој е најпаметно да изреагира.
    Глумата... ако те радува, во ред. Зависи и со какви ликови се соживуваш, можеби додатно ти се црпи енергија така. Ќе помине, верувај. Држи се и се' најдобро.
     
    На zaki96, Crna Dama и sj *O* им се допаѓа ова.
  6. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е истата...додека јас се тргам на страна и учам од нејзината "грешка" од оваа ситуација гледам дека се кажано што и е го прифаќа како нејзино...ете тоа е тоа претерана емпатија...и се земање при срце
     
    На zaki96, toogood и Crna Dama им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право те повредува дека е ново и неискусено.
    Но ќе си помогнеш така што ќе престанеш да бидеш слушател на сите, биди глува.
    Стани ладнокрвна, престани да се грижиш за другите,грижи се за себе.
    Тргни се од таквите луѓе.
    Животот е убав и сам да си.
     
    На ivimis, zaki96, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Имав пишувано на друга тема во врска со нешто слично. Да не се повторувам, верувај дека прво и најважно нешто што сега треба да го направиш е да се тргнеш од нејзе. Колку порано, толку подобро и толку поблагодарна ќе си бидеш себеси. Нема врска дека е во исто друштво, ти не ја перцепирај, биди ладна спрема неа, разговарај само службено, или крај краева најди си ново друштво и опкружи се со луѓе што ќе те сакаат и што ќе те полнат со позитивна енергија.

    Второ нешто што треба да го направиш е да си земеш еден лист хартија и да си ги напишеш сите работи што ги сакаш кај себеси, физички или карактерно и прочитај си ги на глас. Ќе видиш како самодовербата ти се крева и негативните чувства ги снемува. Земи нашминкај се, среди нокти, удри бригу на весеље, пушти музика пеј и танцувај низ дома :D

    Трето: Сфати дека таа и мајка и те критикуваат бидејќи не можат на друг начин да ја исфрлат негативната енергија. Од мое досегашно искуство со вакви глупости едно сфатив, а тоа е дека луѓето што не се среќни со себеси и ситуацијата во која се наоѓаат мораат да ги критикуваат другите оти тоа им е како еден вид утеха дека и другите се за никаде, за да им биде полесно. Не дозволувај нивната негативна енергија да падне врз тебе. Живеј си го животот за себе, не за другите :)
     
    На zaki96, hermosa и PaLaVa им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто дозволуваш на тебе да влијаат личности со психички проблеми. Каква важност за тебе има таа таканаречена другарка па згора на се и нејзината мајка и со кое право тие тебе те навредуваат? А ти пак паѓаш во очај заради тие небитни фаци. Тргни се од неа. Престани да комуницираш и да правиш муабет ако треба. Насочи се кон позитивните нешта кои те прават среќна а на нештата кои не вредат и те растажуваат сврти им го грбот и гледај на нив како кон нешто мизерно а не како кон нешто кое треба да ти влијае на самодоверба или да те фрли во очај. Сигурна сум дека си многу поуспешна во секој поглед од таа твоја другарка како што ја нарекуваш, да беше обратно таа немаше на сите да им фаќа маани и да се обидува да ги понижи. Успешните луѓе не се однесуваат така.
     
    На figgiMK и zaki96 им се допаѓа ова.
  10. Carissa

    Carissa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    А за промена да си ја смениш околината со позитивни луѓе?! Тргни се од вакви токсични особи, колку помала моќ имаат - толку помал ефект врз тебе.
    Престани да бидеш жртва.
    Не чекај да те сменат пред ти да успееш во тоа.
    Насмеј се, исправи се малку.
    Во тие години си каде што треба да бидеш себична, научи да се сакаш самата себе. Најди си го внатрешниот мир зошто нема поскапоцено нешто од тоа!
     
    На zaki96, shooter.0801 и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  11. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    114
    Фала ви на сите за советите. Се чувствувам малку подобро, затоа што некои од овие работи кои ми ги посочивте ги применив.
    Но се уште сум измешана со мислите. Мислам дека доживувам бура на емоции. Три дена среќна два дена глава полна со грижи. Почнуваат да ме мачат грижи за што имам згрешено, дали после се ова ќе бидам среќна во љубовта и најважното од се што ме мачи е дали навистина глумата е она што ме прави среќна :/
    Тоа ми беше животна цел, но сите овие настани почнаа да ме ставаат во мисла да не грешам, глумата дали навистина ме прави среќна. Кога ќе помислам на глумата ме потсеќа на тој период и се вознемирувам. А од друга страна не сакам да го оставам она што сум го почнала. Нејзината мајка како млада исто така се бавела со глума, но поради психичките проблеми прекинала, па постојано со тие муабети влиаеше на мене. Не сакам и јас така еден ден да кажувам дека сум прекинала поради психичките проблеми. Ме прават збунета гриживе.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    Па ете нема.
    Ми значи мислењето се на сѐ, на три личности во мојот живот што се.
    Не дека се потресувам нешто или ептен сакам да знам што мислат, ама ми значи кога ќе ми кажат што мислат какво и да е мислењето.
     
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Туѓото мислење и нема некое влијание врз мене, освен ако не е од мои блиски луѓе што ми значат у животот.
    А таму некој си што мисли за мене воопшто не ме интересира, битно е јас какво мислење имам оформено за самата себе.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.