Ги прочитав поголемиот дел од мислењата , ми дадовте некоја надеж... После скоро 5 години , за 3 недели има друга девојка и сега ми е МНОГУ ЛОШО. Како и да е , со господ напред .. се фокусирам на лошите моменти ( среќа ги има доста) , цело време сум со другарки, слушам позитивна музика.Абе се се случува со причина и сигурно има некој подобар за мене а ова ќе помине... И ко што напиша една од вас, треба да се ужива во младоста а не да се трескаш од земја за некој што тоа не го заслужува!
Оххх уште си се опоравам, среќа заминав подалеку и гледам да си се фокусирам тука што да направам. И последнава недела пробав со тип еден и ок ми беше , и сеа доколку не се слушам со типон си мислам на ексот , ама знам Јака сум и можам да го преболам и да го ставам во минатото и да го гледам како пријател . Идеме даље нели
Сите ми се чудат зошто тажам по него?Секој е различен,јас сум многу емотивна личност и ова не ми беше баш најлесно и признавам дека се уште имам чуства за него и не ми е сеедно.До карактерот е.Само тој ме смееше,само тој знаеше кога бев тажна...само тој беше покрај мене кога никој немав до мене и ова ми беше како гром од ведро небо. Се обидувам некако да не мислам на него.Гледам филмови,слушам весела музика,шетам,пишувам во нотес се што се случило да се издувам...Понекогаш плачам а ако ме праша некој изговор ми е пмс период. Не сум од камен преку нок да баталам некој што ми бил порано од се. Најважно е што се трудам а за натаму ке видиме какви резултати ке има.
секогаш с о нова авантура најбезболно е некако одма забораваш на се една друга трета и така мозокот ти станува цименто и незнајш кај тераш
Ехеее, колку солзи пролеав - Трчање на кеј - Постојано движење со луѓе што ме правеа позитивна, значи никако затварање дома и кенкање - Работа, работа, и само работа - Плачење - Па пак трчање на кеј - Мување со рандом типци што ќе ти кренат его, можеш превентивно да си го користиш тоа - Концерти, изложби, читање, и слични активности. Се’ тече, се’ се менува, така и разделбите се прво мачнини, после само спомени за кои ќе се смешкате. Ви посакувам на сите што сте во таков период - полесно преболување, а уште подобро ако ѕвездите се на ваша страна, па и да се смирите. Или да си најдете нова љубов. Животот е краток за да плачете предолго. Научив еднаш, затоа сега го гушкам она што вреди и го имам. Само храбро.
Тазе раскинав со дечкото и на почетокот ми беше многу тешко а се тоа затоа што сама си направив.Се затворив дома мислев на него што ке беше ако бевме заедно,па сакам да е тука да ме гушне и не знам уште што.Овие 2 дена почнав да излегувам да се дружам нови луге се ново и ретко кога помислувам на него..Ноке пред да си легнам читам книга за да ми го тргне од мислите и веке кога заспивам тогаш мислам,али не што ке беше убаво да бев со него,него си мислам па кој е тој јас да кинам живци,го прифатив таков каков што е трпев многу работи го учев му мислев се најдобро не како девојка како мајка а он ми се смее на се тоа...Епа не сум ни глупава ни саката ниту ми фали нешто си се познавам сама себе кои вредности ги имам и не дозволувам некој да си игра.Само кога ке помислам како јас сум се поставила према него а како ми врака ми се згадува.Девојки се е до психата колку повеке мислите на него и убавите работи полошо за вас искачајте дружете се ценете сесами себе за да ве цена и другите...ПОздрав
Потполно си во право Бедем4е. Само уште да собереме сили од некој јак извор на енергија, па да можеме да продолжиме. Преболувањето кај секој е индивидуално и зависи од мнооогу работи, должина на врска, причина за раскид.... Јас веќе четири месеци се борам со депресија и некако преживувам. Но мојата приказна е многу долга. Во кратки цртки би било ова: Одевме 8 години, живеевме заедно, се веривме, јас заминав во странство на работа, една година, но доаѓав на 2 месеци. Имав тортури од негова страна да ја оставам работата. И се вратив, ја оставив работата. Баш кога требаше да продолжиме понатаму, тој ми раскина. Имаше триста сцени, изговори, како не сме биле еден за друг, па како сме требале да се изживееме и да одиме со други, па после да планираме сериозни чекори.... И раскинавме. Без јавувања, без видувања поминува времето. Замислете после 8 години, во кои немало ден а да не сме заедно или (последната година) да не се слушнеме на телефон, одеднаш тишинааа... ни трага ни глас од нас. И дознав дека има друга. Ја знам. Всушност, ја имал последните месеци пред да се вратам. И сега е и јавно со неа. Сите наши пријатели, ја запознаваат. Да не зборувам за нанесената психичка оштета на нашите најблиски, родители и роднини. Значи нашата врска беше долгаааа... Е сега пресудете вие, и коментирајте, колку чини да се биде во врска, колку чини да се биде вљубен во еден човек, и колку чини љубовта? Еве мој совет: Не верувајте никогаш и во никого до крај и целосно и искрено, па и не љубете со сето свое срце, зашто таму некаде во некој агол постои една доза на резерва дека еден ден ќе бидете изиграни и оставени, а над се и обвинети за своите искрени чувства. Сега поздрав до сите. Мое искрено сочувство до оние кои биле изиграни на сличен начин како мене.
Немам коментар за идиотот,можам да сватам колку ти е тешко и мојов совет можеби ништо не ти значи ама мораш да бидеш јака свати дека можеби така требало да биде и мораш самата да си помогнеш.А идиотот верувај дека арно нема да види,во животот верувај се се врака порано или подоцна ти посакувам да си ja најдеш среката и што побрзо да го заборавиш,а тој еден ден ке се најде во твоја ситуација ке осети и ке види како е само напред главата горе
Мојата приказна е малку поразлична. Не читав назад и не знам дали некој бил во ваква ситуација, но јас ќе си ја споделам мојата приказна со вас(некои веќе ја знаат) затоа што морам да си ја исчистам душава. Бевме во врска две години. На почетокот тој сакаше постојано да биде со мене, се гледавме секој ден, постојано на излегување на мојата маса, а мене искрено ми сметаше тоа. Потоа некако се заврте кругот и јас бев таа што настојував да сме повеќе заедно, а тој се имаше некои изговори. Значи потекнувам од добро семејство, не сум многу богата, но имам доволно пари за живот и многу сум блиска со моите и тие знаат се за мене. Додека, дечко ми(бивши) потекнува од малку по сиромашно семејство и друштвото на пријатели му е никакво. На моето семејство не му сметаше тоа, се додека не дознаа дека тој се дружи со дрогата и се коцка. И јас кога го дознав тоа на почетокот ми сметаше и постојано му преговарав за тоа, но некако со текот на времето се навикнав, но моето семејство не се навикна. Не ми забрануваа да бидам со него, но не го ни сакаа многу, а тој го знаеше тоа. Пред неколку дена се случи еден инцидент кој ги заостри односите меѓу него и моето семејство. Јас му раскинав затоа што ја навреди сестра ми, а тој на крајот ме обвинуваше мене затоа што јас сум била на сите на страната само не на негова. Тоа е точно, јас си го бранев семејството. Ги послушав советите од некои феминки, пред 2 часа се видовме и му реков да ме остави на мира веќе, дека не сакам таков во мојот живот и се разделивме .. Знам дека ме сака, ми има докажано повеќе пати, но не е за мене. И другарките и семејството ми го зборуваа истото дека не е за мене. Јас се надевав дека ќе го променам, но people never change .. Toa e мојата приказна. Го сакам и сега морам да поминам низ тежок период за да го заборава, но тоа е тоа .. не ни било судено.
Lepoti4ki...ne zalete za vremeto.. ni za toa sto ste pominale. zakacete si ja namsevkata, drustvo i uzivajte vo sekojdnevie dobri stikli, malku pointenziven flert na sekoe izleguvanje i rasirete pozitivna energija okolu vas! sekoj kraj e pocetok..za nesto dobro novo enjoy and relax! [mod-kirilica:jdnxxjsm][/mod-kirilica:jdnxxjsm]
Од таков подалеку,не ти треба денес си дал слобода да врега,па уште дрога и коцка,ти го читаше мојот проблем и ме советуваше исто,и мојот сега (бивши)фатен е со лошо друштво мислам и дека е со дрога не сакам да нагагам..Овие работи и се што се случува во животот веке ги свакам дека така требало да биде така сакал ГОСПОД и не можеш никој да смениш ако тој нема сам желба да се смени..
Ајде и јас да ја споределам мојата ''приказна''со вас. Петокот отидов до кај него и се` беше супер како и секој ден така и тој. Па дојде некаде 8 часот мене ми стигна порака на мобилен во негова близина беше телефонот и тој го зеде и мија прочита. Поратака беше од моја најдобра другарка а него му паѓа подалечна роднина страна на мајка му. Одкако ја прочита ми рече дека треба да ми каже нешто пред да биде многу доцна ама тоа ќе ми го каже после моите и неговите полагања. Јас упорно инсистирав да м и каже, предпоставив дека станува збор за друго девојче, ми рече не е за тоа дека е сосем за друга работа. И успеав да го убедам, молчеше неколку минути собираше храброст да ми каже а тој мислеше дека знам дека нема мајка т.е. дека мајка му многу глупости правела кога бил тој мал и сега се разведени од татко му. А мајка му потекнува од исто село како и татко ми а тој тоа го дознал пред месец и пол. Па кога ќе видел човек од тоа село одма му излегувале слики од тоа колку цело негово семејство страдало поради глупостите на мајка му и дека не успеал да го надмине тоа. И кога бил со мене му излегувале слики се потсеќал на минатото а јас во тоа село еднаш во годината ако одам баба ми и чичко ми да ги видам. Се одбувал да го надмине тоа и затоа не ми кажал ништо но не успеал па ми побара да не се гледаме некое време па така дали ќе успеал да ги избрише тие слики ама јасно е дека шенсите за тоа се минимални па најверојатно т.е. да не речам сигурно е крај. Мене оваа вест ми дојде како гром од ведро небо затоа што ниту сме са скрале и во овие 8 месеци ниту еднаш посериозно не сме се скарале. Не дека паднав во нешто депресија, ама пак не ми е сеедно немам причина да бидам гневна на него но кога мислам за иднината не можам да се замислам со друг, не ни сакам да имам друг освен него ама ваљда е период и ќе помине.
Тоа што го сакаш пушти го да си оди. Ако е твое, ќе ти се врати, ако не се врати никогаш не било твое. Ако те сака ќе ти се врати. Мислам дека оваа е само период во неговиот живот, што мора да го надмине и не смее да дозволува минатото да му ја расипува сегашноста и иднината. Ако не му помине и не се врати, можеби и друга била причината, не само тоа. Е тогаш на тебе е да го заборавиш.
Јас имав ист случај каде со мојот партнер бевме во врска повеќе од една година.Послее разделбатаа ми беше многу тешко но со текотт на времетоо го преболев.
.....па секој во својот живот си имал свое разочарување.....ако го немал ќе го има сигурно....јас моето не би сакала да го споделувам бидејќи е одамна зад мене и толку сум горда што ја прекинав таа врска која траеше мн долго бидејќи од тогаш се пронајдов самата себе....не можев да си поверувам само колку имав самодоверба и колку се чуствував убаво....а само јас си знам какво беше опоравувањето! девојки ниту еден дечко на светов не заслужува да ни ја земе насмевката на лицето и убавината што секоја од нас ја има на различен начин...едноставно е......бидете во друштво забавувајте се....флертувајте па и опијте се...следниот ден на тоа ќе се смеете....ако сте раскинале со некој тоа значи дека после дождот има некое момченце што наврнато чека на вас ...можеби не еден можеби повеќе......толку е убаво чуството кога ќе промените се и кога сите ќе ве гледаат со други очи! бидете весели....убаво е и да се разочараш...за да сватиш дека после те чекаат најубавите моменти! тогаш ќе се пронајдете себеси и ќе сватите дека во животот секој мора да помине било какво разочарување! јас не се согласувам со тоа дека клин со клин се вади....(точно убаво е да флеруваш но во вакви моменти само флерт е доволен) бидејќи во иднина само ќе биде потешко....убаво е некое време да си сама и да си ги спакуваш куферите од минатото за после да можеш на вистински начин да продолжиш! Јас така направив и сум мн горда на себе.....одтогаш станав посилна личност, чудна работа дури мислам и дека се разубавив....станав мета на многу дечки за кои милсев дека никогаш би немала шанса....почнав да успевам на сите полиња и почнав да се чуствувам цврста, успешна и преполна со самодоверба....а тука ми помогнаа и многуте психолошки книги кои премногу ги читав! Без гајле девојки.....да знаете дека неуспехот во било кое поле дали лјубов или слично е само дожд во нашиот живот....замислете колку убави плодови ке изникнат од нас откако дождот ќе не наврне Ве поздравувам сите
Кога прекинав со бившиот дечко, ми беше потребно прилично долг период да го заборавам, со оглед на тоа што често го гледав. Но не покажував дека сум тажна. Излегував, се дружев, запознавав нови луѓе. Ги зибегнував баладите, ама некогаш знаев и добро да се исплачам. Па како викаат човекот понекогаш не плаче затоа што е слаб туку затоа што долго време бил силен. Така и јас, потоа си се вратив во живот си се смеев, се дружев со позитивни луѓе и така по некое време си почнав романса со мојот сегашен дечко.
Седев дома ми пукна сијалицата во памет и реков дека ќе му раскинам . Му раскинав, беше ужасно тешко , ноќе неможев да заспијам , седев на тераса , гледав дали ќе ме побара . Плачев ... Се додека не сфатив дека не вреди . Тогаш си фатив нов дечко , па нов .... и сега сум еден дечко кој ме смее, среќна сум , не се караме , ако некогаш раскинам со него , ќе ми биде тешко , но ќе се освестам побрзо од минатиот пат, затоа што сега знам дека од мене нема никој повреден . Луѓето доаѓаат и си одат . Единствено само семејството заслчужува да биде вечно во твоите мисли и срце. Се додека дечкото не стане твое семејство, не е касно да промениш нешто или него . Не се сврзувам со луѓето веќе, неможат да бидат со мене секогаш . Дечко ми ќе оди во дрга земја . Уште сега знам дека ќе ми е тешко , ама затоа што го љубам , сакам да е среќен. А он е среќен ако оди таму . Ако љубовта е силна кога ќе се врати ќе бидеме заедно пак . Ете така се опоравувам