Јас сум уште во шок. Не плачам, како мртва сум. Еве денеска е првиот ден од кога ми кажа дека не ме сака, после 6 год врска. Си собирам во себе, и не правам ништо. Ибришав слики и такви работи, се чувствуам силна, дека го можам тоа, дека можам без него да продолжам. Сакам да заборавам на него, на спомените, на плановите. Само се плашам дека еден ден ќе пукнам... Морам да продолжам и да не застанувам, да не се вртам назад.
Не еднаш имам овдека пишувано за него.Сега е тој со таа ,со која што ми призна дека се гледал на камера ваму таму .. додека беше со мене .. толку многу ме боли .. поминаа неколку дена а јас секој ден се чувствувам се полошо и полошо.Имам некоја тежина на срцето.Дојде времето да ја почувствувам и лошата страна на љубовта.Тој ми рече дека више не ме сака после 9 месечна врска .. Барем за миг да можеше да ја почувствува болката како јас сега ја чувам во себе.Мило ми е што сега е среќен а јас .. се надевам дека еден ден ќе успеам да го преболам.
прво ги запалив сите подароци од него,сите работи што ме потсетуваат на него,го избришав од фејсбук,од мобилен,не зборувам на никого за него,не ме ни прашуваат за него,ама јас уште не сум го преболела,навечер кога легнувам постојано сум во солзи,а и немам некој што ми се допага,не комуницирам со машки,кога се будам прво на него помислувам,многу мислам на него ама и уште го сакам,ама заслужува да биде срекен зашто е мн.добра личност и така нашата врска немаше да успее,се беше толку копмлицирано,а и овие дома мајками ја обвинуваа демек она знаела за нас а ништо не кажувала,ми беше и жал за неа,мислам дека тоа ми беше најголемата љубов и никогаш нема да имам слична
Со бившиот дечко прекинав пред 5 месеци и сеуште неможам да го заборавам. Почнав да се гледам со друг, но сеуште мислам на претходниот. Премногу ме повреди, но никако неможам да ставам конечно крај... Не знам што е тоа што сеуште ме навраќа на него... Најголемиот проблем е што сеуште ми се јавува и ме прашува како сум, а јас се трудам да го заборавам. И на исто место живееме, постојано се гледаме и многу е тешко да се продолжи понатаму !!
Сеуште не сум се опоравила. И мислам дека уште долго време ќе се опоравувам. Боли некаде а и самиот не знаеш каде. Дали во срцето или во душата. Видов и сама дека после толку години тој мене не ми верува. И после толку години мојот збор не допира до него. А криво ми е зошто знае што чувствувам за него и самиот е свесен дека јас не би го повредила. Јас не сум таква личност. А можеби и не е тоа причината. Можеби веќе и не ме сака па не знае како да ми каже.Не знам. Ќе покаже времето.Не сакаше ниту да го допрам. Како сите спомени во тие години да исчезнаа. Како јас да бев странец за него. Можеби ова искушение треба да го поминам. Она што не не убива не прави посилни нели? Само сакам оваа рана да зацели. Голема е.. Ама ме мачи тоа што ќе остане голема лузна на тоа место. Засекогаш..
И покрај тоа што многу кратко бевме заедно сеуште не го заборавив и мислам дека нема да можам да го заборавам уште долго време.. се обидував да се утешам со тоа дека ако тој ме сакаше ке ме побараше и немаше да му биде толку сеедно кога се скаравме, но потоа се сеќавам на сите негови зборови.. и повторно ми идат солзи во очите. Едноставно му се восхитувам на храбрите девојки што успеваат брзо да пребродат се, посакувам да бев таква но не можам. Ова ке ми биде една добра лекција за понатака, дека не треба да верувам на ни едно машко кое симнува ѕвезди, и да не го отворам срцето пред секого. Тоа е тоа.. се навикнав веќе со болката и тагата, се молам повторно да се врати па макар и било како порано, макар и пак ме лажел.. барем од малку ке помине болката.
уште не сум го заборавила и нема да го заборавам,тој е за мене поим за идеален дечко,ама околностите се криви,се надевам дека времето ке излечи нешто а за друг не ни помислувам,нема асални во моја близина,ке си се помачам уште малку ке си поплачам
isto i jas ne mozam da prebolam edna vrska.. pred toa imav vrska koja traese 6 god,taa ja prebolev na ovaa novava od edna godina nekako tesko mi ide
Како понатаму? Како успевате да продолжите понатаму после него? Некој кој оставил голем белег врз вашиот живот со кој е невозможно пак да бидете заедно а тешко ви поминува ден без да се сетите на него? Помина година и неколку месеци откако е крај, но јас сеуште не можам да се замислам со друг... Имам 21 година сите мои другарки имаат некого, сите освен мене понекоаш се плашам од оваа самотија но сепак околу мене градам ѕид за сите други машки...
Можеби е време да сфатиш и да си кажеш дека нема начин да го преболиш. Ако да преболиш некого значи да го заборавиш, тогаш нема да се случи тоа. Меѓутоа грешиш што градиш ѕид околу себе за сите други потенцијални кандидати. Обиди се да им дозволиш на другите да влезат во твојот живот. Колку повеќе се изолираш, толку повеќе шанси испушташ. Зошто не можеш да се замислиш со друг? Можеби бидејќи си го идеализирала. А тоа значи дека не си го познавала доволно добро. Бидејќи сите ние имаме маани, никој не е совршен. Сепак, ниеден друг нема да биде како него, никој нема да го замени, тој ќе остане секогаш запаметен (по добро или лошо). Можеби ќе запознаеш некој со кој ќе имаш некаква иднина, но тоа не значи дека ќе го заборавиш. Секогаш ќе ти се враќа во мислите. Но, со текот на времето се' помалку и помалку ќе мислиш на него. И постави си го прашањето: Зошто се уште мислам на него? Зошто не можам да го заборавам? Дали можеби постои некакво неразрешено прашање што те мачи? Или можеби му се лутиш за нешто? Потсети се, се' што се случувало, и на убавите и на лошите моменти. Не бегај од спомените. Соочи се со нив. Но, не така како што до сега се присетуваше на него. Погледни ги работите од друга перспектива. Објективно. Во тебе лежи одговорот на сите прашања.
Патам од синдром „правосмукалка “ . Усисавам све живо и диво од фрижидерот, се правам прасе, и се тркалам низ дома за да заборавам.
Уште се трудам и живеам за денот кога нема да ми падне тешко кога ке го видам , кога ке слушнам некоја песна итд . По повеќе од 4 месеци како не сме заедно мене уште не ми е јасно како може уште да ме болат некои работи , па си отварам некои теми од ваков тип , па си читам луѓе како си пишувале мене ми требаше година , мене 6 месеци , мене волку , мене оноклу, па како будала си рачунам , аха нешо повише од 4 месеци , значи уште 2 до 6 , уште 8 до година ... смешки ... и мене ми е смешно а уште повеќе жално и не знам дали да се радувам што е со некои смешни цури со половен мозок или да се прашувам зашто не е со мене него е со нив А и у блага депресија сум сега , мислам дека е со една по за озбилно ... па колку само верувам у приказни кај што за една година , за не знам колку месеци од никаде се појавил бившиот на некоја си моја познаничка и ја бара пак назад во неговиот живот , е кога ке престанам да се надевам дека тоа ке се случи со мене тогаш ке кажам , браво сега си се опоравила ! А не дека не пробав се , и почекав некое време нели најубаво сам да си , па после нели за неозбилно клин со клин се избива , па алкохол па искачања , флертување, фак бади , се фрлив на забава , абе се процедурално ама џабее Сега кога сите процедури од тоа "како да го преболите" го поминав , не знам кој крај да го фатам Топол поздрав и почит кон оние кои успеале и се разбира оние кои сеуште сае трудат !
Многу солзи....нервирање, понижување од моја страна со молење да ми се врати... и си ветив дека никогаш повеќе нема да си дозволам некој да ме гази. Ми требаше една година да се вратам во живот... Успеав да "одолеам" да не потклекнам кога од никаде после 6 месеци ми честиташе роденден и почна повторно истиот пекол во мојата глава....но издржав. За среќа не го имам видено од денот кога се разделивме, иако сеуште кога ќе сретнам некој на улица што личи на него ми се тресат коленцата. За среќа во периодот кога ми беше најтешко флертував со еден дечко кој малку ми ја крена самодовербата и се почувствував дека вредам нешто.
Новата љубов лечи се претходно...А тој период на болки, тага, плачење, самотија, депресија итн итн едноставно мора да се помине...И јас не бев среќница во врските, си ги преболував со години...И сега ми се само слатки спомени...И секако искуство поголемо...сетете се само дека секој нареден ви бил подобар од претходниот...Значи тој правиот некаде ве чека и кога тогаш ќе се појави, а вие само уживајте во најубавите години...Па и плачете..Тие созли се најслатки...
Еве сум и јас во ова тема, девојки ве молам помагајте,пред некој ден раскинав со дечкото што многу си го сакав, ме остави ме напушти...поминаа неколку дена не можам да се опоравам, мисла на него нон стоп, плачам, повракам ,температура кревам, ми се чини и дека ќе полудам....прв пат ова ми се случува, не сум дете имам 22 год. поточно кажано не можам да се справам со оваа болка, многу ми е тешко...се што знаете за опоравување на интернет ако наоѓате нешто праќајте ми во пораки се...многу ви благодарам...
Не успеав.Јас мнооогу го сакав и неможам без него.Поминаа 2 ипол месеци.Ми пишува еднаш во месецот,ама не е тоа тоа.Сакам повторно да го прегрнам,повторно да го видам.Ете заврши.Како ке го преболам незнам ни самата.
Uj da placam za nego?Ma nemoj utre sabajle!Ova mi e stav od mala i sekogas majka mi me ucese taka za masko ne vredi da se place,i baba mi istoto mi go zbori!Zaso ja da se nerviram koa on ne se nervira?So nego zivotot poise mu vredi?Pa i mene mi vredi!Bilo pa proslo za sekoj ima nekoj,da kje mi fali ama kje projde,sto ne sum prosla vo zivotot pa za masko da lacam kako neee,si ja cenam solzata!