мораш да се помириш.зошто раскинавте?немој да го молиш и да плачеш,на сила никого не можеш да задржиш.
Нека не ти биде гајле за него како шо него не му било гајле за тебе шо те оставил са нез како баш сте раскинале ама како шо кажуваш изгледа он те оставил мислам не е важно са ама ти имаш еден живот и не дозволувај да го поминиш напразно за некој шо мува не го лазе за теб покасно че жалиш за тоа поминато време напразно
Едноставно помири се со тоа. На кого кажувам и јас. Веке една недела и два дена не сме заедно и се уште ме лазат црвциња кој ми викааат врати му се,а ја си го слушам мозокот и не му се вракам а душа ме боли ли боли.Ај да видам до кога вака Зна4и не се опоравив уште ме држи.
Буквално се упропастив за него. Ама џабе не постои "Кој ќе те повреди еднаш, ќе го направи тоа пак и пак и пак и пакккккк, све додека не ти пукне филмот и не фатиш смениш број,избришеш све, и слики и пораки и блокираш на фб .. ама џабе кога паметот ми е све кај него. Ме уништи.. неможам да издржам више..
Сега кога све завршва а мислевме дека ќе бидеме зедно засекогаш сега градите ќе ми препукат од болка многу е лесно да се каже помирисре ама како?единствено нешто во мојот живот беше нашата врска сега кога и таја ќе ја нема за што ќе живеам јас?за ништо подобро и да ме нема
искрено јас и немав некоја долга врска..беше врска од 1 месец а се допишувавме и пред тоа 2 месеци само неможевме да се договориме за да се видиме т.е јас бев крива за тоа ми беше срам бидејќи не го знаев како што требат (барем така јас си мислев) после 1 месец раскинавме, уште сме во пријателски односи ама јас сеуште не го преболев 1 година од ко раскинавме и сеуште исти чувства се будат кога ќе го видам..така да не секогаш можеш некого така лесно да заборавиш колку и малку да траела врската :/
Јас мислам дека психички никогаш нема да можам да се опоравам... да ти пише не ме барај со девојката сум ееееј па нели ние бевме заедно и таа да ти каже ти не му су ништо, а тие три месеци оделе.... кскњдјкнцкфрефјефнренф Лутина, бес и недоразбирање... само тоа чувствувам. Последниот телефонски повик беше утрово кога му реков дека воопшто не постапи добро, а тој ми рече ти сакаше да се гледаме последните три месеци, ааа да наводно ти не сакаше иии молк. Знам дека мораше да се разделиме ама зошто на ваков начин, зошто едноставно не ми кажа последниот пат.... Не го барам не му пишувам ама срцето мислам дека за некој час ќе ми излезе од градите, многу брзо ми чука. Нема да слушам тажна музика и музика што ја слушав со него. Се надевам со тек на време дека ќе сфати каде згрешил и ќе побара прошка... само што тогаш јас ќе речам не ми досадувај со дечкото сум
Не ме барај со друга девојка сум?сељак требаше само да му речиш ок FUCK OFFF и толку... И јас не сум нешто поарна ни се слушам ни се барам 2 недели и пополека почнав да се помирвам со тоа тел.кревање нема шанса му помина рокот за да правиме муабет и да ги поправи работите и курац го болеше како ми е мене и што имав да кажам е сега курац ме боли мене или ќе ме боли за него ...
Последните неколку месеци јас се обидував да ја одржам врската, јас сум во Скопје тој е во Битола... секој ден му праќав најубави порака на кои не ми ни враќаше, не се ни трудеше да се јави... Ти мислам дека подобро стоиш од мене, да не му креваш и да проба да ти се јави една другарка ми вика ќе проба да се врати како Леси дома по неколку месеци кога ќе сфати што изгубил, ама дома портата заклучена ќе биде
ауууу па дечкото твој ми е сограѓанин и мене ми беше претешко првите неколку дена знааат овде неколку феминки кои ми даваа совети,ова кај тебе што се случвало неколку месеци кај мене се случваше 2 недели 100 пати му реков дај да се видиме да прајме муабет како луѓе сакам да знам на што сум и секогаш само некој изговори дали намерно ме избегаваше или мисли дека ми е период како порано па пак ќе ми помини или пак нашол некоја незнам што е,но фино лепо си пушти порака и фино лепо му вратив дека рокот за озбилен муабет да прајме му помина јас нема да молам некој или да потрчам на првата порака или повик ако тие решиле да одат напред одиме и ние,тешко е ама мораме кога за нив било толку лесно и за нас е лесно бе...
И јас ти сум сограѓанка, во СК студирам, добро е што си пробала барем и јас пробвав да ја одржувам врската ама кога не се труди тој што е со тебе залудно е. Јас си се чувствував како сама со себе да си сум во врска, како сама да си се барам и да си пишувам пораки, ама нема шанси уште еднаш ниту да го побарам ни ништо ...
Лошо е.Многу лошо.На поетокот ми беше полесно бидејки не бев свесна дека си замина од мене и сите блиски беа покрај мене.Сега кога се освестив дека го нема толку многу ми е тешко.Бидејки тој ми беше се во животов а јас останав без ништо.Поминаа 7 месеци..Постојано се потсекам на еговите последни зборови,заборави ме,ние не можебе да бидеме повеќе заедно,не си одговараме .После една година му текна дека не си одговараме.Ми остана уште да си зборам со неговата слика,ништо друго......
Сеуште не успеав да се опоравам.. а незнам дали некогаш и ке успеам.. и еве кога сум веќе овде би сакала да прашам дали да му се јавам да се видиме (се разбира така другарски)? Тој веќе има женска, среќен е (барем така изгледа) а јас стварно несакам да му го расипам тоа но едноставно ми фали неговото друштво, се осеќам осамено и покарај толку народ околу мене.. нема да му зборувам за нас, само сакам барем како другар да биде до мене, да ме сослуша како што некогаш јас бев до него кога тој немаше никој, навистина многу му помогнав во животот и би сакала и тој сега да ми се најде мене кога ми е мн. тешко Досега гордоста не ми даваше да му се јавам/пишам но ете ако некој од вас мисли дека е паметно да му пишам тогаш ќе му пишам.. што би направиле вие на мое место ?
Спојлер Зашто да му се мешаш на некој начин во новата врска? Колку и да викаш дека ќе биде другарски знаеш дека не е се така лесно. Многу себично од твоја страна посебно доколку ти си ја прекинала врската, тој пател по тебе, сега одеднаш го гледаш со нова девојка и ајде твоето его се разнишува бидејќи тој продолжил со животот и не трча повеќе по тебе. За мене женска која се решава да стави крај и ќе стави сериозно. А не вака да изводи. Издржи!
За мене разделбата беше олеснување, а за него може нешто по тешко. Не дека ни цветеа ружи во врската, ама според него беше така, а за мене последните месеци беа гушење- буквално. Така да кога ставив крај бев на јасно, бидејќи знаев дека сторив се и пак не одеше, бев презаситена од таа врска. Не дека ми беше супер, сепак колку и да немаше љубов на крајот, 3 год не се малку и ми беше навика, но сепак ми беше многу подобро отколку со него. Излегував со другарките, смеење, журкање... па и не беше толку лошо
Све ова во ред сум била и во ситуација како твојата но сепак години кога се во праашање не е лесно и покрај тоа што си ставил крај на врската имам моменти кога длабоко во срцето со целата твоја душа посакуваш да е до тебе и моменти кога посакуваш да беше покрај тебе за да и ја стегни силно раката не е лесно ни да оставаш ни да бидиш оставен...
Не ставив јас крај на врската.. да беше до мене никогаш немаше да го напуштам, и не е тоа што велиш дека сега го видов со друга и затоа оваа желба да бидам со него.. едноставно пред да стапиме во врска бевме другари зборувавме за се и сешто, си верувавме, се разбиравме и некако ми фали баш тоа време.. со другарка не сум зборела за некои работи како со него што беше.. али добро ајде ќе се обидам да издржам, ќе видам колку ќе успеам
И според мене нема потреба сега да го бараш тоа помеѓу вас поминало и готово крај помири се со тоа ако си му помгнала ти него незначи дека сега одма треба да ставаш кантар и да го бараш за и тој да ти помогни едноставно глупаво е и бесцелно е,оставиго тоа зад тебе посебно тој кога веќе е со друга нема потреба да го бараш за ништо...
За секоја тажна девојка има некој што ќе ја усреќи,за секоја дигната има некој што ќе ја спушти,за секоја расплакана девојка има некој што ќе ја насмее,за секоја празнина има некој што ќе ја дополни,за секој што изневерува има некој што и него ќе го изневерат,за секој што е повреден има некој што ќе го излечи..Во секое зло има добро,и обратно. позз феминки