1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како успеавте да се опоравите после разделбата?

Дискусија во 'Разделби' започната од kiki, 29 ноември 2009.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Денес бев на кафе со другата девојка, значи таа ме покани на кафе, си седнавме си разговаравме, видовме двете за што излажал за што не. Јас му реков нема да ви стојам на патот на среќата, ви посакувам се најубаво и него му пишав порака Таа и таа е прекрасна личност( навистина е така), биди среќен со неа, јас нема да ви стојам на патот на среќата, нема да пробувам да ве скарам. Се надевам дека и ти ќе бидеш среќен за мене. Збогум
    Се почувствував подобро после тоа запознавање, сфатив дека секој не би можел истото да го направи. Мислам дека нема да ми треба многу време да го преболам со оглед на тоа што последните неколку месеци се чувствував како сама со мене да си сум во врска, како сама да си пишувам пораки на кои нема одговор, без никој да ми каже како се чувствува за мене додека јас секогаш му пишував. Изгледа многу на сила сум ја терала работата....
    Се надевам дека ќе си најдам некој друг што ќе го засакам и тој мене :?: :?: :?: :?: :?:
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Пупигрл, фино од твоја страна што си му пишала таква порака ама оваа вторава не ќе да е толку фина чим свесно се впуштила да уништува врска.
    Нека си се среќни заедно иако јас верувам во една поговорка: "Како дошло, така пошло!"
    Овој селјаков не ќе е мирен уште долго! Постапката му е идиотска, мизерна и бедна и заслужува да пати 100 години... Со среќа нека му е, шо да речам!
    Ти главата горе и уживај! Подобро што е (колку-толку) на време, зошто знам јас и друг сличен, но многу полош и победен случај. Биди среќна, идиот помалце во животот твој. Секој заслужува подобро.
     
    На Hipica и pupi.girl им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Lepaaa ние не можевме да бидеме заедно, зошто испадна дека сме брачеди, а тоа карањето си го одложувавме иии не знам... не знаеше тој како да прекине и јас исто и ете тој со неа си бил ;(
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Е значи колку го мразам тоа одолговлекување, па избегнување на разговорот, па кога ќе му стресеш нешто како гром од ведро небо одеднаш мора да оди на трчање, па... некако, дури не ти каже дека дефинитивно е крај, не можеш да се навикнеш на фактот дека завршило нештото.
    А маживе, бар овие што сум ги имала јас во последниве 2-3 години, немале храброст да ти кажат дека е крај, и се вадат на глупави изговори |(
     
    На crazylady, richgirl998 и mime87 им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно зошто кога некој сака крај на врската избегнува разговор без да заврши нешто започнува нешто друго,измислува некој глупи излитени мизерни изговори,кукат како некој 50 годишни женчиња абе јас вака абе јас онака :puke: мизерни ми се сите бе сите...Абе ако си маж со 2рала мадиња застани пред таја со си делел све и сешто по последните 2 3 4 5...години отворија муцката и кажи дека не сакаш да бидиш повеќе со неа во врска и крај бе крај...
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sindi87

    sindi87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Помина 4 месеци откако раскинав подолга врска и никако не можам да се оправам и мислам дека со тек на време уште повеќе ме боли :( иако променив стан, место на излегување... Ќе мора нов дечко да си фатам велат клин со клин се избива :) само кај да го најдам никој не ме привлекува :(
     
  7. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    4 дена како сум "излезена" од 3ипол годишна врска.Врската ни беше на далечина,но беше скоро совршена.Почитување,доверба,толеранција,љубов,без кавги сето тоа беше дел од неа.И дечко ми стаса пред една недела,5 дена бевме нон-стоп излезени,јас спиев кај него(се најсупер ) и одеднаш ми раскинува со причина дека ги изгубил чувствата кон мене и веќе неколку месеци се трудел и пробувал да се избори против тоа,но повеќе не можел,но не сакал да ме лаже понатаму :( Значи не знаете како се осеќав во моментот,сега ми е уште по тешко,не знам што му се случи и дали ќе се измени нешто ама скршена сум ;(
     
  8. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340
    Храбро од негова страна што ти признал и јас би го сторила истото да сум на негово место кога чуствата ќе исчезнат се знае крајот. Знам дека е тешко да се разделиш од личноста што ја сакаш, што сте поминале многу убави моменти заедно неможеш да го заборавиш преку ноќ треба да помине време, ти самата да ја прифатиш ситуацијата таква каква што е. Не се затварај дома, излегувај, дружи се со другарки, другари , пријатели така побрзо ќе ти минува времето. Некој личности едноставно мора да ни се случат во животот
     
  9. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Мн ми е жал Анетче :(
    се надевам дека Господ ќе ти дари некој кој ќе те чува како капка вода во дланка и дека следната врска ќе ти биде за на век :hug:
     
    На Anet4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Фала ти многу,ме расплака со коментаров душичке :* И јас се надевам на истото бидејќи веќе втор пат трагично ми завршува врска :(
     
  11. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    пред само 50 мин раскинав 3 годишна врска и тек сега ги сваќам сите оние кои неможат да се приберат и тешка била разделбата...осетив на моја кожа ;(
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Во овај момент ми доаѓа да трчам и плачам на целиот глас и да не запрам дури не се уморам,сакам да бидам далеку негде многу далеку само овде не,не овде кај што ме потсеќа све на нас,кога ќе има крај на мојата болка?понекогаш толку ме стега во градите ;( ете вака ја поднесувам јас разделбата...никако
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како што можат тие да живеат без нас и да не не сакаат како што викаат и ние бе можиме без нив. Преку глава ми е мене од бебешко однесување, Анетче добро е што дечко ти барем ти признал ама пак ѓубре испадна зошто знам дека се чувствуваш повредено и како залудно да си одела со некој толку време. :^) мислам зошто воопшто не сака долга врска, а вели дека сака( има многу вакви примери) и по неколку години раскинува со девојката.
    Јас сум само бесна и гневна, веќе не ни плачам за некој што вечерта додека јас мислев на него си седел со друга девојка во соба и си се мувал со неа, абе гони се таму... ќе видиш само како ќе ти вратам, во живо не можеше да ми се скараш зошто знаеше дека ќе ти залепам шамар, хаха пак ќе ти залепам само нека поминат неколку месеци, од тој шамарот втор што ќе ти биди нема бегање куче едно смрдено. Мене во животот никој должен не ми останал, па сигурно нема ти.
     
  14. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Ѓубре недораснато бе :devil: Ете го се влече ко опаш по другарите кои си се со женските,само нека иде во бестрага.Си се гордеам на себеси што сум многу храбра како го издржувам ова,така да учете од мене :rofl: Главата горе,излегувајте,дружете се ете тоа ме води напред.Ќе дојде и принцот што ќе не заслужува и ќе не носи на дланка ;)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Помина еден месец и единаесет дена од кога последно се видовме... и сношто го видов со неа. Прво почнав цела да се тресам како да влегувам во ладна вода во која очајно сакам да пливам, потоа почна да ми се треси вилицата и да ми станува се поладно и поладно. Другарка ми ми викаше дека не е во ред повеќе пати да се шетаме нагоре надолу само за да ме видат, зошто така ќе им се наполни егото... и токму кога мислев дека ќе се расплачам се појави другар ми и ми вика женскиии каде сте и јас добив многу незрела и детска идеја. Му реков да ме држи за рака додека поминуваме покрај нив. Направивме како што се договоривме. Другарка ми ми рече дека сигурно ме виделе, а кога стигнав дома му напишав дека немал храброст да ме погледне во очи, но знам како му било, страшна работа е вината.
    Мене ми се наполни егото кога поминав покрај него со другар ми за рака, детски изиграв ама изгледа бев очајна за да сфати дека јас си продолжив со животот. :?:
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Кога ќе престанеш да ги броиш деновите од кога не сте заедно, знај дека тогаш навистина си продолжила со животот.
    Постојано те читам и тебе и mime87 и некако се соживувам со вашата ситуација, болката и постојано имав некоја потреба да ви напишам да престанете со плачење. ЗНАМ дека не е лесно и ЗНАМ дека е тешко да се помирите, ама не вреди. Навистина не вреди. Би било многу потешко кога би раскинале заради некакво недоразбирање или пак нешто што вие сте згрешиле, ама вака? Кога тие двајца незнаеле да ве чуваат, кога и после толку години откако сте биле заедно они не биле свесни што имаат покрај себе, нема што да се збори понатака. Мој совет е само главата горе. Бидете си свесни дека вие вредите многууу повеќе од него или некоја како таа што ја влечка по него. Мислиш дека он е сега мирен? Мислиш дека таа има мир во нејзината врска со него? Знае дека кога тогаш он ќе и' раскине, знае дека она не е ти. Само ти треба да бидеш паметна па тогаш кога ќе те побара да му ги удриш клоците.

    И уште нешто, ако сакаш да покажеш дека не се замараш со нив и дека си продолжила со животот, немаш потреба да глумиш или со другар намерно да поминуваш покрај нив, едноставно само сврти си ја главата и однесувај се како да се странци. Помини си покрај нив како никогаш во животот да не си ги запознала. Е тогаш ќе покажеш дека воопшто не ти е гајле за ништо и дека стварно си продолжила со животот. На почеток ќе ти биде малце потешко и ќе мораш да глумиш, а понатака ќе ти стане тоа рутина и ќе почнеш навистина така да се чувствуваш. ;)

    Јас онака само имав потреба да ви пишам, ако сакате прифатете ако не ок е. :*
     
    На LaraSolare, Hipica, pupi.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Не успевам никако...Еве веќе 1 месец и 5 дена...
    Животот од ден на ден како лош сон го поминуваш...
    Само во мојот случај само едно е јасно како ден - тој нема никогаш повеќе да се врати, ниту пак ќе остварам било каков контакт со него...
    За ова што се случи со нас, јас не бев ништо крива, ниту пак со мене ова имаше некаква врска...
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Знам дека незрело изреагирав и знам дека треба да преболам. Ти благодарам за советот, секогаш ќе е прифатен :* :*
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Девојки никој не заслужува да плачете по него.
    Бидете храбри! Се ќе помине.
    Еве веќе отприлика 2 месеци откако официјално се скаравме и верувајте многу ми е подобро.
    Една солза не заслужи од мене!!
    Буквално уживам моментално во животот. Излегувам,се дружам, се забавувам. Воопшто не ни мислам на него :) Едноставно среќна сум
     
    На Miss.M5 и Daydream им се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    7.172
    само запрашајте се дали после се што ви се случило и останете со таа личност ќе бидете среќни? другите луѓе не можете да ги промените, само можете самите себе да се смените,затоа сите напори и трошење на енергија да задржите некој крај себе не вредат.ако таа личност ве сакала ќе се борела за вас а немало да си отиде.колку и да боли тоа е реалноста.за жал сите минуваме низ тој период на разделба.се зависи од тоа колку сте силни.нешто што не бива,не бива колку и да го туркаш.
     
    На crazylady и richgirl998 им се допаѓа ова.