http://www.fakulteti.mk/news/13-03-27/k ... ubite.aspx МНОГУ САКАМ ДА СУМ ВИ ОД ПОМОШ! Поминував и јас низ ваков претежок период, незнам како,навистина, имам стабилна врска сега од 3 години но понекогаш имам потреба да го видам. (бившиот)
девојки долго време барав ваква тема да споделам точно како се чуствувам...имав долга врска и раскинав пред одприлика година дена идевме 4 години....бившиот се уште го немам целосно преболено(најверојатно) сеуште немам ништо сериознио и никако да споделам чуства со некој друг( пробав на 2 пати телесно) ама не успеав ....нели кога ништо не осекаш неможеш со зорт да тераш... и приказната моја е тргична до тој степен со овој не ме остава да го заборавам комплетно секој месец ми врти на моб. само да ме слушнал дали сум Добро ...ццц.. да не ти се верува ...а тој си продолжи со животот си има девојка со која си иде помалку од година и е срекно залјубен...значи не ми е јасно? не ми е јано како е можно Јас да не можам да го тргнам целосно од срце...а тој си продолжи со животот ко да не сум ни постоела ко да не сме жиевееле заедно ко да не сме иделе 4 години..и тоа со колешка од работа....девојки дај бе кажете ми некој совет како бе да го извадам од срце дека јас одмна го имам извадено од глава ...мислам дека никогаш нема да му свртам па макар и крај на свет да е..ама еве јас тагувам ,,,а тој ДОБРО МУ Е
1. избриши ги сите фотографии од него и тргни го од ФБ (out of sight out of mind) 2. ослободисе од неговите подароци 3. искочи со пријателите, забавувај се, насмеј се! 4. Запознај нови луѓе 5. Оди на шоппинг, преуреди си ја облеката Живот иде даље
многу тешко, ако немам што да праам мислам на него. понекогаш се навраќам на моментите поминат со него.а што е уште полошо никој друг не ми се свиѓа за да си имам занимација :/
Е сношти омразата го достигна својот врв... Тој се шета со НЕА пред мене, а не ја држи за рака, поминуваме јас и другарка ми и јас и викам неа ејјј гледај машка п**** што ти се вика. Потоа си стоев пред куќа кај него, чекав да се врати со намера да му ја залепам една и да го удрам знаете каде. Чекав до 2 ама не дојде и си викнав такси и си заминав. Психопатче сум, ама нема без шамар да заврши оваа работа. Така барем убаво ќе ми дојде кога ќе го удрам. Знам дека ќе ми речите дека се замарам, дека не треба воопшто да се замарам, ама таква сум, барем јас да си ја исполнам душата, после нека оди по ѓаволите
Една недела од како се скаравме за глупост на телефон и цела недела и слушање и измачување барам да ми ја каже вистинската причина зошто несака да сме заедно а не таа глупа кавга поради која наводно неможе да помине а јас сум поминала и преку посериозни нешта и сега место да е тука за мене кога треба да го спремам последниот испит за да дипломирам тој ме напнува и неможам ни да се сконцентритам да учам ни ништо па и уште се јавува за да разговараме онака а кога ке го прашам што ова значи нема ништо што да каже што да правам помагајтеееее како да не си го упропастам фактот дека ке дипломирам ако го положам испитотт но неможам да се сконцентрирааам
pupi.girl што ќе постигнеш со тоа кажи ми што? Ќе се избрукаш уште толку, ќе се сминеш на негово ниво, ќе направиш исто како него, 0 од себе, 0. Немој, слушај паталец не гаталец! Нема опоравување, не сум била во кома јас 4 години па сега да се опоравувам. Живот иде даље, секој на своја страна, само ми смета тоа што го прави го објавува јавно да го види светот, како он ебачишето, пијаницата, а до вчера кога и да се напиеше виски му се повраќаше. Али шта чеш, будала неизживена, само ги жалам тие промискутитетните со нив што мислат дека им се љубави на животот, дека само со нив имале секс и со никој друг. Другар ми се смее дека и двајцата имаме платонски љубави, неговата у Србија, мојот у Америка Како здружение на скршени срца сме и двајцата, ама си гураме, право другарство помага во заварување на сите рани и тешкотии. Да не ми се другариве и другарки не знам шта би, жими се, вредат многу повеќе и од најжешкиот секс на светот со Харви Спектор! (добре де, тука некаде ) Али дека утре за инат ќе праам работи за да он види, со првиот клошар што ќе ги најдам да се лижам, и да му одам у маало за инат негов како што прави он, не, побогу не, не само гордост, имам карактер, не сум девојка за една вечер како тие неговите. Знаете само што ми е највише криво? Ќе го напраиш чоек, ќе му бидеш подршка во се, најголем мотиватор му бев за учење, испити, дипломска и утре некоја која освен што ширела нозе ништо друго не направила за него корисно, ќе седи до него на дипломската среќна и она заслужна до бол, а тој ден дознава и како му се вика темата која ја бранои, луѓе што не веруваа во него, му збореа да не студира(дека и они не студираат) ќе седат до него и ќе бидат како среќни и заслужни што се таму. Јас не викам дека сум заслужна, јас не ги полагав испитите наместо него, ама бев до него и кога никој не беше, кога требаш да презапишува испити го мотивирав да ги научи до август, да положи и положи на време, иаку многу многу имаше заглавено. И знаете што е најтрагично, на моја другака и се случи лани истото, приближно слична прича, од мирни фини момци, наеднаш станаа едниот ебач, другиот пијаница/диско/кафана-најачи фраер. И не, не сакам да ме моли да ме сака сеуште иаку љубов преку ноќ не се заборава и со најјаката женска/дечко на светот. Само сакам да има почит за себе, зашто се обезвредни со оваа постака, падна у многу очи во многу, нека прави што ќе прави ама нека не ја покажува неговата бес/аздис/лудост/забава на социјалните мрежи, зашто не излегува јак, напротив препатетичен. Ја постирав Shame, Shame, Shame, одма ми возрати со некоја нискобуџетна песна без значење и суштина. Можеме да ја играме таа фејсбук војна, ама јас немам време за трошење на глупости и замарање со минатото. Башка и ми ги уништиваш песните, немој, знаеш колку ми се вредни старите добри песни и џезот на кој ден денес ми се смееш. Има кој да го цени тоа, не се секирај има. Само од инат некој и кило сол изел и умрел, немој да ти се деси и тебе тоа, метафорички нормално.....
Хипстер и јас него човек го направив кога бевме заедно, ама ете тој како ми врати, со таа грдата си шета. Ако нека си шета. Криво ми е само што си оставив некои испити и тогаш кога требаше најмногу да учам се нервирав и не можев да учам. Тоа ми е најкриво. Разликата меѓу мене и него е тоа што јас барем одам на факултет, за неколку години ќе бидам нешто во животот, ќе имам диплома, а тој ќе си келнерува. Му викав да оди на факултет не ме послуша. Знам дека јас вредам повеќе од него, дека сум поинтелегентна, поамбициозна и поуспешна. Оваа година страшна ми беше, ама оваа што доаѓа моја ќе биде и само моја. Не знам јас многу го сакав и многу ме повреди, можеби затоа така реагирам. Си имам и јас гордост и достоинство, ама ете понекогаш се помали тие од потребата да му се одмаздиш на тој што те повредил. На блок ме стави на фб, уште подобро, а неа ја имам. Другарките и другарите се покрај мене, ама сношто до врв на лудило бев, состојба на афект може да ја наречам, изгубив контрола за момент. Ако сака курви ( извинете на израз) нека оди нека си брка, ако му до тоа дојдено. Нека си слиша што сака, тоа си е негов избор. Јас да си одам на Роби Вилијамс, тоа ќе ми биде единственото добро што ќе ми се случи ова лето.
Пупи, не требало на кафе да одиш со другата. Никогаш не одете на такви средби, нема што да разглабате со некоја друга. Само болка си ставате. Миме, терај даље, не го бива овој твојов. И знам дека не е лесно, ама јас во животот си имав еден „гард“. Си ставав еден невидлив но силен ѕид околу мене, преку кој не можат да влезат ни убави моменти поминати, ни сеќавања. Кога ќе надојдеа само со силна волја не мислев, едноставно не мислев. Не мислете, не барајте одговори, нема да ви ги дадат. Како што гледам и од многу мислења тука, заклучокот е еден. Не очекувајте да ви кажат во лице, мажите се кукавици, ќе ве измачуваат со месеци сами да сфатите. Немаат мадиња едо збогум да кажат, такви се. Еден во сто има храброст за тоа. И тие гледања, слушања, па нивната наводна грижа да ве слушнат како сте (прочитав и такви мислења). Море нек се носи у ПМ. Нема да го плачам. Една недела давај фора за смирување, ако не терај понатаму. Ќе му ја мислам на некој кој не ме мисли мене??? Море ич.
Конечно си ја постигнав целта, само една мнооогу јака провокација и се смени се! Што се уплаши бе толку лигле хахаа . Јас бев таа што сакаше да му залепи шамар, сега тој ми вика дека не сака пред лице да му излезам, многу се исплаши и се налути. Конечноооо јас да се смеам ти да се нервираш хахахах
Едноставно бришење од живот, многу лош период следуваше, бев несигурна во себе, плачев и се нервирав но се разбудив еден ден и решив дека не е вреден за ниедна моја солза... И се полека исчезнуваше се она што мислев дека засекогаш ќе остане...
Тешко ми оди. Два месеци како сме скарани, тој одма си продолжи со животот, си фати женска. А јас не можам... Првиот месец да речам уште бев во шок, ама сега ми е многу тешко. Секој ден мислам на него. Знам дека ќе ми треба многу време за да се опоравам, ама ќе биде . Силна сум јас, знам...
Силни сме ние. Најмногу ме боли тоа што лесно ја прафати нашата разделба и кажа само чао,без да побара објаснување,без да праша зошто,ништо. Не можам да се помирам со тоа дека го изгубив.Тој повеке не е во мојот живот. Ама нема да плачеме нели?! Не се вредни тие за тоа.
Јас седам дома и плачам,а тој во кафана,па фудбал да гледа па после ке пие-со другарите.Му се јавувам и ми вика дека многу сум го повредила,јас не сум била девојката која ја сакал и слушнав мн други зборови кои што ме заболеа.Зошто да плачам за него? Зошто? Ама тоа самото доага......
Со многу излегувања, многу музика, дружба и комуникација со луѓе, со флерт! Посетувам некои други места, се запознавам со луѓе кои сосема отскокнуваат од онаа да речам шема на која бев навикната претходно. Различното ми годи. Не можам да кажам дека ми е сосема заздравена раната зошто сеуште има моменти кога проклето боли како и првиот ден од разделбата, но што можам.. пробувам да си помогнам на секој можен начин. Има моменти кога раце ми се тресат зошто сакам да му се јавам, да го слушнам, кога ми е толку тешко што не можам нити воздух да земам, кога помислата на тоа дека допира нечие друго тело, бакнува други усни, стоплува друго срце ми е еднакво на куршум во душава, но залудно е.. знам дека е. И се откажувам. Ги видов заедно, се држеа за рака, изгледаа среќно. Преживеав. Нова му е, подобра во се`.. јас не му требам. Не сум потребна веќе таму каде што некогаш бев неопходна. И морам да стегнам заби и свртам грб. Да продолжам. Некако.. Најтешко ми е навечер и наутро. Пред да легнам и откога ќе станам. Е тогаш, опасни флешови ме маваат, спомени се навраќаат, секое делче ме боли. Ама не се откажувам. На моменти се чувствувам и како мртовец, живеам од ден за ден. Ама што да правам, морам да гледам напред. Избегнувам да плачам, ама некогаш сами ми доаѓаат солзиве. И најглупаво се чувствувам кога се разлигавувам пред други луѓе кои кажуваат како им е жал, како сме изгледале среќни заедно и како не очекувале.. Добро луѓе, се кажува ли тоа на некој што од очи му се чита дека пати од љубов? Кажи - ќе си најдеш подобар, не бил за тебе, утеши ме некако.. Макар и да не го мислиш тоа, изусти го.. мене ќе ми помогне да смогнам сила и да продолжам пак напред. Ама луѓево се злобни, тоа е факт. И нема дискусии. Исто многу ми помогнаа фамилијата и другарките. Да не беа они, најверојатно уште првите денови ќе сакав да испијам повеќе од едно апче за смирување навечер. Зошто бев неверојатно слаба и скршена.. Долги разговори, кратко нурнување во минатото, давање на 1000000 причини зошто НЕ треба да се вратам, зошто не треба повторно да молам за љубов. Зошто искрено, последниот месец, молев за да ме сака. Молев како скитник за парче леб. Молев... И не добив ништо. Изгубив и гордост и достоинство. Се изгубив себе. Од друга страна пак, мора ли да раскажувам како му е нему? Во среќна врска, најверојатно полабава од нашата, гледам пак манијачи по социјалниве мрежи, пак излегува со другарите кои му имаат најлошо влијание, се весели, се пијанчи, положил за кола, продолжи со факултетот после тешката и напорна година.. Нашол нова девојка (или пак ќе најде, зошто сигурно и оваа ќе ја смени) што повеќе му или ќе му ја сака фамилијата, што ќе биде како телевизор без тон, зошто нели, машките се главни.. Не се сомневам ни најмалку во тоа дека ни една секунда не издвоил месецов за да помисли на мене. Зошто знам дека ме мрази, во најмала рака. И зошто знам дека новото му е поинтересно од моите постојани кукања и молби на кои секако им дојде крајот. И тоа е, накратко. Бидете храбри девојки, можеме, а и мораме да продолжиме сите напред. Лекција во животот плус, ќе кажат некои. Тоа го кажувам и јас. Другпат со повеќе памет и резерва кога станува збор за љубов и сериозна врска. Ништо не е вечно. Дигнете глави, сите!
Ми го подигна расположението, исто како ова јас да сум го напишала но очеквав од друг да го слушнам за да ми биде подобро.
Браво Izaabela , посебно за овој дел : "Ги видов заедно, се држеа за рака, изгледаа среќно. Преживеав. Нова му е, подобра во се`.. јас не му требам. Не сум потребна веќе таму каде што некогаш бев неопходна. И морам да стегнам заби и свртам грб. Да продолжам. Некако.. Најтешко ми е навечер и наутро. Пред да легнам и откога ќе станам. Е тогаш, опасни флешови ме маваат, спомени се навраќаат, секое делче ме боли. Ама не се откажувам. На моменти се чувствувам и како мртовец, живеам од ден за ден. Ама што да правам, морам да гледам напред. Избегнувам да плачам, ама некогаш сами ми доаѓаат солзиве. И најглупаво се чувствувам кога се разлигавувам пред други луѓе кои кажуваат како им е жал, како сме изгледале среќни заедно и како не очекувале.. Добро луѓе, се кажува ли тоа на некој што од очи му се чита дека пати од љубов? Кажи - ќе си најдеш подобар, не бил за тебе, утеши ме некако.. Макар и да не го мислиш тоа, изусти го.. мене ќе ми помогне да смогнам сила и да продолжам пак напред. Ама луѓево се злобни, тоа е факт. И нема дискусии. Се расплакав .. толку многу ме боли што веќе не сум свесна што правам ,сеедно ми е дали ќе спијам,дали ќе јадам,дали ќе искочам.Да ми кажат крај на светот е, пак исто ќе ми е.Колку само ми е тешко кога ќе помислам што све направив за него и година дена изгубив ,за да на крај некоја друга дојде и ми го земе.Дечкото си е среќен,него све му е екстра,а јас .. ќе издржам.Ќе успеам.
Не сум баш сигурна дека целосно сум се опоравила, всушност, мислам дека никогаш нема да се опоравам потполно, тој беше голем дел од мојот живот, цели 9 години... Во прво време бев потполно скршена, разочарана, изгубена... не верував дека тоа се случува, дека тоа МЕНЕ ми се случува, НАМ ни се случи... Одбивав да верувам, како да живеев во некој филм, не знаев дали е ден или ноќ, кој ден е, не ми беше ни битно веќе... Кога се сеќавам на тој период како да го чувствувам истото, истата болка што ми го пара телото и душата... Сепак, најблиските беа тука да ме поддржат, да ме утешат, да ми кажат дека ќе помине... Дека времето лечи се (во која аптека се купува тоа време што лечи се???) Значи, најбитно е што имав прекрасни луѓе околу мене кои не ме оставаа сама, тоа мислам дека најмногу ми помогна, сепак најдов сила во себе која што не знаев дека ја имам за да се изборам сама со себе, да си ја вратам изгубената самодоверба и насмевката на лицето.
Паа,да видиме...плачев 2 недели,се самоанализирав и јадев големи количини на храна.После тоа следеше период на масовно шетање,кафиња,концерти,журки само да не си останам сама со скршеното срце.ПОсле 2 месеци се смував со друг и сфатив дека не сум го преболела типот.Башка мислам дека ми е потешко пошто јас ставив крај и цело време размислував можеби не требаше да се откажам од него толку брзо,можеби ќе се вразумеше,можеби ќе имавме среќна љубовна приказна... И навистина го сакав,..всушност сеуште го сакам.Што значи 7 месеци и не сум опоравена целосно. Убавини.