Земи учи , за љубов има време тој што треба да биде ќе биде , не ти треба дечко ти треба слобода .. Да уживаш, све ќе си дојде по ред само
Аааа епа јас коментирав за девојката што ја постави темата , се извинувам али јас незнам како да се снајдам дека сеа брзо се зачленив , па незнам ни ја што стискам .
Само што раскинав и пробувам да се опоравам.Јас го направив тоа и бев свесна колку ќе ме боли,но морав!Не можев да издржам,едноставно не можев.Не можам ни со него ни без него. Срцево ме боли,душава ми плаче,но ќе бидам силна и ќе издржам. Ако ме сака-ќе се бори за мене,ако ми е суден еден среќен ден ќе биде со мене.
Можеби моето звучи како некоја епизода од некоја шпанска серија и секако сум за прекор и за карање но ете се што мислев дека нема да ми се случи и дека нема да го направам го направив ..И се започна како на шала почнавме пред година и некој месец , периоди кои беа незаборавни , периоди кога ме правеше од магаре подолу и додека бевме во таква тајна врска , тој започнал да флертува и со мојата другарка. Дали од заљубеност дали незнам од што јас се простив , се заборавив и продолжив. Од забравање на роденденот, до откажување на состаноци некоја минута пред договореното се имаше, а од љубов од него за мене воопшто не се чуствуваше и неможев повеќе решив да ставам крај но тоа не траеше долго , само три месеци кога картите пак се споија , од толку многу бегање повторно се сретнавме . И тоа живееме зграда до зграда, глумев недостижност иако срцето само појако ми биеше , а го посакував толку многу ...И иако знаев дека сите се против моето повторно помирување , не се послушав себеси и повторно отидов во неговите канџи . Ќе се видевме кога на него му беше потребно , ќе се слушневме кога нему му беше потребно , ќе го чекав со часови на фб а од него ни трага ни глас по цели денови . И повторно ќе се појавеше кога ќе невикнев да живеам донекаде без него. Безброј ноќи исплакани , однемав ни мотивација и волја за ништо, поради него се изменив 90 посто , никој повеќе не ме препознава , не ја прифатив ни работата затоа што немав сили за живот. Сега сум решена да успеам , да продолжам таму каде што застанав пред година дена, го деактивирам фб , му избришав бројот, ќе гледам да го избегнувам колку можам на улица . Очигледно е дека за толку време не се потруди баш ништо , го заскав толку многу а од него трошки надеж само.....Дали ќе успејам овој пат да станам борец , тешко прашање.........Дозволив да си поигра со мене како сака и како умее , можеби и во моментов немам волја и сила за ништо , но овој пат морам да продолжам понатаму и без никаква шанса за во иднина.
Jas raskinav so deckoto pred tocno 2 meseci........Sekoja sekunta,sekoja minuta,sekoj cas,sekoj den od ovie 60 dena jas mislam na nego...sto i da pravam,kaj i da odam samo na nego mislam.Izleguvam mn cesto,se druzam,sportuvam ali dzabe sto i da pravam sekoja vecer legnuvam so placenje i se budam so pomislata na nego...IMA LI KRAJ OVA??
ваквата состојба ке ти потрае, и јас имав слична приказна...моето плачење и пропратните маки како твоите ми трае со години....таа тага што ја чуствуваш ке престане кога самата ти ке си одлучиш дека веке е доста...
И јас сум сличен случај скоро ист, само што кај мене се 12 месеци. Дечкото дојде сакал пријетелство, му реков неможеме да бидеме пријатели. Сега ми е криво, се ми се враќа ама како да му бидам пријател кога во мене ќе тежнеат чувства за нешто друго... Налет нека е жими се, сега се ми се враќа.
Бев во врска 1 ипол година, се беше совршено, многу ретко се каравме и што е најважно многу се почитувавме и се сакавме. Многу луѓе се обидеа да ни ја растурат врската, но нашата љубов беше посилна од се. Но, по речиси една ипол година тој некако се смени, почна да потпаѓа под влијание на другарите кои му љубомореа бидејќи нашата врска навистина беше прекрасна. Тие постојано му велеа да ме остави, дека ќе сум го „за**ела“ и тој почна се почесто да излегува со нив, наместо со мене. Неможевме да се гледаме многу често, се гледавме 2-3 пати во неделата и тогаш кога требаше да се видиме, другарите го спречуваа. И така тие успеаа во својата намера, тој го промени однесувањето кон мене, не излегуваше со мене, постојано беше со нив. Мене тоа ми здосади и му раскинав. Но, се покајав. Мислев ќе најдам некој друг, тој не е единствениот, но поминаа 2 години откако раскинавме, а јас сеуште мислам на него. Секогаш кога ќе излезам со некој друг јас помислувам на него и си одам. Од една страна сакам да го заборавам, бидејќи тој има друга, но секогаш кога ќе се сретнеме тој тажно ме погледнува и повторно ми се враќаат чувствата. Но, од друга страна пак, сакам да сум со него, затоа што мислам дека никогаш и со никого нема да бидам толку среќна како што бев со него. Го сакам многу. Што да правам?
Побарај го доколку и тој чувствува љубов за тебе може ќе може се да се промени со еден убав искрен разговор, и доколку се разбира тој не ја слуша толку околината. Среќно!
Се ужаснувам од вакви луѓе кои не размислуваат со своја глава... Кои дозволуваат други да им го контролираат животот... сметам дека тој е незрел кога толку лесно некој може да му наметне мислење а тој уште полесно да го прифати... беа разлика дали се работи за другари, родители, браќа/сестри... Ете веќе поминале две години, тој има и друга како што кажа, зарем не мислиш дека ако си му значела толку многу немало да те побара досега? ДВЕ ГОДИНИ бре девојко, ако те сакал ќе те побарал, верувај, не си давај лажна надеж... Остави го минатото таму каде што припаѓа!
Тој еднаш ми пиша, но гордоста не му дозволи да ми го каже она што го мисли. И поради таа гордост сме разделени. Но јас нема да правам ништо, ќе се обидам да го заборавам. Се надевам дека некогаш ќе го заборавам .... Сепак ви благодарам за советите
Cепак обиди се пак да разговараш со него,иако не верувам дека се променил штом придал значење на околината,посебно на другарите!Aи во средина стои неговата нова девојка,ќе ја повредиш и неа,сепак таа не е виновна за ништо.Aко гордоста не му дозволува,ти не си виновна,џабе е љубовта ако нема разбирање во врската.
Девојче,не сакам да звучам сурово,но сметам дека си во заблуда.И колку побрзо го прифатиш тоа,толку побрзо ќе можеш да продолжеш напред. Поминале две години..каква гордост,за што зборуваш ти?Ако тој те сакал,имал фора две години да се отвори,да те поврате.Не преземал ништо. А побитен факт е дека сега има девојка. Зарем не мислеш дека е време да заборавиш на се,и да ја продолжеш борбата наречена живот со друг?Се додека си умислуваш дека те сака,но е горд и уште мн такви банални причини,ќе живееш во минатото. Ослободи се од спомените,но претходно прифати ја реалноста. Можеби сеуште си му драга,знаеш има некои љубови кои оставаат трага,и секогаш на нив ќе се сеќаваме,но тие се само тоа-убави спомени.А чувствата избледуваат.
Бев во врска 2 години и 7 месеци и ете пред половина јас влегов на фејс и му текна дај да ги прочитам пораките и прочита дека му пишав на старо другарче што прави и дали ме памети Значи ми изнарече триста гнасни работи и ме направи подолу од лајно кога му реков од кај него да се уклучиме и да видам јас тој што прави..Ова ќе го сватам како рачка за да се скараме па и уште ми вели светот сум му го рушила бре?!Боже сачувааајјј!Јас глупачата најголема останав и без другарки/другари заради него!Тој ми беше светот бе луѓе и што ќе правам сеа јас?
Знам како ти е се чуствуваш повредено тој ти бил се и те оставил за една чиста глупост според мене тој само барал начин за да ти раскине
денес ставивме крај на 2годишна врска. сама сум во друг град далеку од моите. сама сум и мислам дека ќе се скренам во буквална смисла на зборот. плачам цел ден. како да се смирам луѓе помагајте