Како успеавте да се опоравите после разделбата?

Дискусија во 'Разделби' започната од kiki, 29 ноември 2009.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам како се чувствуваш.Оддалеченоста од најблиските во тешките моменти кога ни се потребни нивните совети и утеха,дополнително ти ја отежнуваат ситуацијата.
    Не е лесно и едноставно да заборавиш некој со кој си доживеал убави моменти,а сега ќе ти останат само сеќавања кои мораш да ги потиснеш во себе за да не си создаваш товар и психички немир.Кога посуштински ќе ги анализираш причините,можеби ќе увидиш дека е подобро секој на своја страна.
    Долгите врски сами по себе ни создаваат навики и опседнатост со партнерот,па кога работите бегаат од контрола,ќе ги увидиме грешките и ќе сфатиме дека тој некој не е за нас,тогаш паѓаме во очај од емотивна наклонетост и се чувствуваме изгубени.Размислуваме како и што понатаму без дотичната личност,а забораваме дека ништо не се случува случајно.Причини секогаш има,само понекогаш не сакаме сами на себе да си ги признаеме и паѓаме во очај.
    Верувај дека во секое лошо има и нешто добро.Дај си време и сама ќе сфатиш дека е така.Животот продолжува понатаму и мораш што помалку да мислиш на него за твое добро.
     
    На 2036, rak1 и smiley22 им се допаѓа ова.
  2. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Уште два дена и еден месец како не сме заедно.Не се издржува болката.Никогаш не ни помислував дека ќе се разделиме.Пред неколку месеци кога ќе слушнев на телевизија дека се убиле поради љубов, мојата реакција беше...Како да не за љубов нема шанси никогаш да се убијам....И еве сега дојдов во ситуација стварно да сакам да се убијам.Знам патетична сум, за жалење сум ,но сакам само ова мачење да престане.Го сонувам денот кога нема да станам со плачење да заспијам со плачење и да спијам повеќе од 4 саати.Наместо тој да има грижа на совест и да не може да спие јас сум таа што не може да заспие.
    Колку само посакувам да ме снема од земјава, но немам храброст тоа да им го направам, знам не сум сама имам семејство мајка татко сестра дури и две прекрасни внуки што ги сакам најмногу на свет..и другарки имам ама не е исто без него.Како можеше ова да ми го направи?-Со него цел живот си го имавме испланирано, буквално се замислував како негова жена а сега немам ништо.Па дури и од иста населба сме ,како ќе издржам кога ќе го видам со друга, ако физички сум жива ,внатрешно сум мртва.Веќе не верувам во љубов.Не постои такво нешто......Ме уништи за цел живот ме изгоре.......
     
    На iRony му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    9.403
    Пол:
    Женски
    Oва ми беше тешко да го прочитам,жал ми е што страдаш.Mногу примери има за жал,и јас сум доживеала тажен раскин и до ден денес ме боли :worried: .Kако може да постојат такви сурови луѓе,ќе те освојат ,ќе те заведат ќе те натерат да ги сакаш со цела душа,а потоа безмилосно да те остават :x .Cе што ќе ти кажам е да бидеш силна,тој изгубил вредно нешто не ти,оти тој само ти дал идеја за среќа и љубов,лажно се представил .Mораш да продолжиш напред,со тек на време болката ќе биде помала.Aко има друга ,гледај да ги одбегнуваш,да не ги видиш заедно.Oд тоа поголема болка нема,да го видиш саканиот со друга ;( .Jас го доживеав тоа и во тој момент кога го видов со другата,умрев во себе .
    Tвојот живот вреди повеќе од било што ,и мораш да преболиш,само дај си време,ништо не е вечно.Eден ден ,кога ќе ти се среди се ,ќе бидеш подготвена за љубов но за вистинската љубов.
     
    На Schmetterling4 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.142
    Допаѓања:
    91.496
    Пол:
    Женски
    Навистина те разбирам како ти е сум поминала таков период ,избриши ги солзите и среди се малку,можеби оваа звучи глупо но ... не е единствен...Сепак те повредил и знам дека тешко е да веруваш во љубов но верувај дека ќе доживееш нова љубов кога најмалку ќе очекуваш :)
    Избриши се што те потсеќа на него секоја ситница,другарките можат најмногу да ти помогнат ,биди нонстоп во друштво забавувај се ... Твојот живот е важен и затоа немисли на работи што оставаат големи последици затоа што верувај не вреди .
    Мене ми беше потребна цела година и повеќе да застанам на нозе и да почнам да размислувам какошто треба ,верувам дека и тебе ти треба време ...Ке го заборавиш ќе видиш и кога најмалку очекуваш среќата ќе ти се појави ќе се вљубиш повторно :)
    Од срце ти посакувам што побргу да застанеш на нозе и да живееш убав живот :*
     
    На Schmetterling4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сеуште не можам да се освестам.Сеуште не можам да сфатам дека ние не сме заедно.Многу боли.А зошто не сме заедно? Е тоа е најинтересно.Не сме заедно бидејки јас немам право на живот,немам право да сакам и да сум сакана.Него ништо не му кажав.Само си го сменив бројот и се преселив привремено кај баба ми.Кога и да му кажев да раскинеме ме прашува зшто кога нема причина,плачеше,беше несреќен и затоа одлучив вака да биде.Мнооогу го сакам.Го сакам повеке од се и од сите.Ама што кога немам право на живот?!А бевме среќни заедно.Тој мноооооогу ме сака.Се правеше за мене.Знам го повредив што си заминав од него,што го оставив сам без причина,знам колку му е тешко без мене...Знам.
     
  6. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Најмногу од се ме боли тоа што 5 години бевме заедно, никогаш не сме се скарале и кога мислам никогаш стварно беше така.Сите ми се чудеа кога ќе им кажев дека се немаме скарано а и јас им се чудев на другарките за што се караат со дечковците бидејќи тоа за мене беше непознато.Се беше совршено, се немаме изварано ,разбирање, доверба, буквално за се имавме разговарано за деца имиња каде би живееле.

    А како ми раскина на најможен лош начин.Јас бев искочена со другарки во град и накај 11 се слушнавме се беше супер.И како и секогаш скоро кога можеше кога си доаѓав во 1 ме зимаше со колата и ќе се видевме некој саат.И така овој пат во 11 се океј најнорманло а во 1 ме зима и само ми рече не можел веќе да издржи незнаел што чувствува за мене, ова му се случувало веќе три недели не ме сакал веќе да прекинеме......А како не разбирам барем за тие три недели додека му се случувало тоа како не приметив се беше најнормално како и секогаш, не беше променет воопшто.Никогаш не сме го спомнале зборот раскинување претходно.Буквално како гром ме удри.Тоа ме боли најмногу да имаше некои знаци претходно да се каравме незнам нешто со што и самата ќе почувствував дека не иде веќе па пак некако потсвесно да знаев дека доаѓа крајот а не вака....

    А мислам дека конечно кога ќе го видам со друга тоа ќе биде врвот.Уште сега ми се лоши кога ќе го замислам како ги прави сите оние работи кои ги правеше со мене.Дефинитивно веќе не верувам во љубов.И мислам дека многу време ќе помине пред да почнам нешто со друг.Како после ова да имам доверба во некое машко?Кога он во кој најмногу вервував и имав доверба ми го направи ова.
    После тоа се слушнавме уште еднаш двапати,онака да праша како сум.Сега знам што прави секоја втора вечер е искочен и пие.Мислам дека ќе сфати што направил ама касно ќе му биде.Премногу го сакам ,во моментов колку што и го мразам за тоа што ми го направи толку и го сакам.Само сакам да престане да боли, овој немир што го чувствувам во душава да го нема, да ми се врати веселоста бидејќи се немам насмеано од тогаш. ;(

    Фала ви девојки на зборовите, и јас мислам дека со тек на време ќе биде подобро само да не го гледам тоа се молам веќе никогаш да не го видам.
     
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски

    Стварно боли ова да се прочита. Не сум била во таква ситуација за сега, ама имам дечко шо го сакам најмногу и самата помисла на вакво нешто ме тера да се потресам.
    Можам само да си претпоставувам и да си замислувам колку ти е тешко, ама факт е дека секој без секој може да живее. Ако успеале луѓето да продолжат без мајка, без татко, без најблиски и најсакани сигурна сум дека и ти ќе успејш! Како велат, од дното единствениот правец е нагоре. Засега поседи си на дното, остави нека боли некое време. Ама после крени се и биди силна за себе и за твојте најблиски! Знам дека звучи излитено, ама сепак вервам дека сите работи се случват со некаква причина. Се најдобро :*
     
  8. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    789

    Ете истото ми се случи, на ист начин, од се убаво - мојот , се јави утрото да ми каже дека сака да одиме на вечера некаде, он ќе резервирал, ја само да сум точно на време у 22 час готова. Три пати салто се превртував додека се дотерав за излегување со него секогаш и вечерта така.. И дојде да ме земе... и така, исти муабети... Да не се повторувам.. Кај мене па најлошо е што секој ден чекам да се врати, да се јави... Боли... Во секој случај... Јас само се тешам си велам, со камеења по Господа не сме фрлале, се ќе си дојде на свое место....
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    9.403
    Пол:
    Женски
    Kако тоа немаш право на живот?Aко се сакате и двајцата ќе ти дадам совет бори се за него,оти љубовта е најсветото нешто што можеме да го имаме во животот.
    Oффтопик:девојки бидете храбри ве читам сите ,ако дошло крај соочете се храбро ,не е крај со вашиот живот а тие кои ве оставиле и лажеле дека ве сакаат, ќе кажам стрпливо да чекате да им врати Tој што од небето се гледа и нема да останете неодмаздени :hug:
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Ич не си изгорена, немај гале, времето лечи се. Лелее колку само исто бев и јас кога се разделив со мојот дечко. Мислев дека тоа е крајот на светот, не сакав никој да погледнам, ниту пак да замислам друго машко во мојот живот. Плачев, патев срцето на милион делови ми беше, веќе не ми се живееше, помислував на сешто. А и не беше кратко време тоа што не можев да го заборавам. Но ете помина, патев патев и препатив. Тој живееше многу далеку од овде, а јас секундите ги броев кога требаше да си дојде. И на крај дојде ситуација кога стоеше пред мене, ми приоѓаше прв ми зборуваше а јас го гледав како дрво некое да гледам пред мене, како да не бил никој во мојот живот. Спомените убави со него секако ќе ми останат вечно, времето поминато убаво нема да го заборавам, но чуствата исчезнаа. Мислев дека цел живот ќе го сакам, но не било така. Човек се сака само кога ти возвраќа. А и не дека сакам да те утешам ама кој знае кого ќе сретниш понатаму :call: сигурно некој што ќе го сакаш уште повеќе.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    34.677
    Пол:
    Женски
    Уффф.... почеток и крај на исти датум.. по 2год и некој месец... кавги напнуванје и оп краааај и што е најтрагично на мое баранје ако може така да се каже... и сегаа Оп веке ми е криво за тоа што го посакав и направив но ке останам на своето... ноо како после него? од секој ден заедно??? :( :(
     
  12. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    одамна сакав да пишам мислење во темата и еве сега дојде редот и јас да си ја кажам макатаа....
    пишав одамна затоа што ова ми е нов профил не сум нова на фемина
    не успеав феминки не успеав....
    болиии... премногу ме боли нашата разделба.. поминаа 2 години а јас сум сеуште како вчера да беше тоа
    го сакам премногу го сакам. точно 2 години сме разделени но после првата година тој повторно ме побара и јас пак излегов со него и сега пак поминувам низ истото.. знам не требаше да излезам знаев дека вака ке биде .. но неможев да одам против себе.. тоа беше посилно од мене тоа чувство што ме убива беше посилно од мене во тој момент.. тој го продолжи својот живот а јас застанав стојам во место...
    најповејке ме боли тоа што јас бев до него кога него му беше најтешко јас го извлеков од темнината во која се наоѓаше, јас го вратив повторно во живот, јас му ја покажав светлата страна на животот...
    а тој... тој што направи.. ме турна мене во темнината во која тој беше ;(
    само што јас немам некој до мене за да ме извлече од оваа темнина.. умирам од внатре.. мртва сум.. за ништо вејќе не се радувам...не сум таа што бев.. тоа најповејќе ме болиии ;(
    ме боли тоа што заради некоја негова грешка во минатото сите наредни девојки вклучувајќи ме и мене ке плајкаме за тоа затоа што тој нема доверба во женско...
    ме боли тоа што не успеав да му го докажам спротивното..
    ме боли тоа што е со другаа...
    ме боли да го гледам со неа...
    гледајќи го со неа ме убива.. ме убива помислата дека сеуште неговите рани не се заздравени а моите се се подлабоки...
    ме боли тоа што знам дека му значам нешто, ме боли тоа што немаме храброст да си признаеме еден на друг дека сеуште се сакаме па во други бараме утеха а потајно некогаш погледите ни се сретнуваат..
    ме боли тоа што сме од исто место и скоро секој ден се гледаме..
    ме болии душата од внатре ме болии срцето.. распарчена сум .. го чекам денот кога ке се појави и повторно ке ме состави секој дел од мене ке дојде на свое место.. но умирам чекајќи... немам волја за живот.. пробав многу начини но ни еден не успеа..
    сите кажуваат времето лечи се... проклето нека е и тоа време зошто само кај мене не лечи ништоо?? ЗОШТОО?? со времето јас уште повејќе умирам... нека запреее сакам се да запре.. нека се случи нешто нека престане оваа болка.. слаба сум незнам уште колку ке можам да издржам.. паѓам... тонам .. до дното сум а мислам дека ке пропаднам уште повејќе... ;(
    па уште колку повејќе од оваа???
    не го паметам денот кога последно сум се смеела... не го паметам денот кога сум заспала без солзи и кога сум се разбудила без солзии...
    нека каже некој лек за оваа ако воопшто постои... ;(
    само не тоа дека времето лечи се... не лечиии... не лечии... не поминува .. само уште повејќе ме повредува... ;(
    се извинувам за рефератот но морав да се искажам...
     
  13. xxLoodacaxx

    xxLoodacaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Иако имав бурно минато, имав кратки врски од по месец-два, три максимум... оваа ми беше подолга врска-за мене сериозна... 6 месеци мегутоа мнг се зближивме и изгледаше како нечива врска од година ипол...све што правевме правевме заедно.
    Мислев дека пеперутки не постојат, мегутоа ете јас коа го запознав ми се појавија и ги почуствував... прво бевме другари, заедно искачавме, додека да се запознаеме малку подобро, потоа почнавме она што се вика да се муваме некое време и на крај официјално станавме дечко и девојка.
    Буквално се беше розево, љубов, почитување, разбирање, пред се го гледав како другар кој секогаш ми помагаше, ме чуваше, ме штитеше, се што една девојка посакува.
    И така си идевме заедно на патувања, на ручеци кај моите, кај неговите, изненадувања за секој месец, изненадувања за валентајн, 8ми март.
    Мегутоа тој почна да се дружи со еден дечко кој јас отпосле разбрав дека е другар најдобар на неговата бифша женска, за која ми збореше многу лоши работи како била дроља, идела со албанци и такви работи. Јас обрнав внимание бидејки ми беше чудно они толку се зближија на што он ми рече дека нема шанси никогаш да и се врати на неа, иако се дружи со типов. А типов ненормално пробуваше да не раздели. И на крај се случи тоа што се случи, почна дечко ми да се сменува и јас одма изреагирав со тоа што му реков јас и ти неможе вака да продолжиме. Он беше многу ладен, дури ми викаше јас немам што да ти кажам, незнам што да ти кажам. И раскинавме . За после 3-4 дена да дознаам дека он се смирил со бифшава што ја спомнав погоре. И тоа се смириле на датумот кога јас и он требаше да правиме 7 месеци. Инаку среќа што имав подршка од страната на мајка ми а особено од татко ми кој ми рече БОЉЕ СПРЕЧИ,НЕГО ДА ЛЕЧИШ! Секако тешко ми беше и тешко ми е сеуште не е лесно 6 месеци со некој интензивно и одеднашка се менува и оп се смирува со бифшата, мегутоа јас мојата тага и болка си ја насочив на други работи, си положив 5 испити на факултет, почнав да си слабеам и добро ми оди, сега ке полагам за кола.
    Не посакувам зло на оној кој што ми направил зло, јас викам горниот еден е, гледа све. Животот ттркало е се врти. На некого дај му дијамант, ќе оди во калта попрво, затоа што незнае секој да цени она што му се нуди.
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ги прочитав скоро сите сите совети, и се согласувам.
    Најверојатно, и ќе ги применам. Во мисла сум да раскинам со дечко ми.
    Во последно време, не е тоа тоа. Чувствувам некоја одбивност кон него.
    Не знам дали поради испитната сесија, поради времето и едноставно чувствата се ладат.
    Се надевам, на полесен начин ќе ја пребродам разделбата. И така во моментов премногу имам проблеми..
     
  15. xxLoodacaxx

    xxLoodacaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Не дека сеа ти вршам притисок да раскинеш, но ако не е тоа тоа... зашто да се одолговлечува, ќе ти биде потешко подоцна... раскини... и после тоа насочи си се на себе, на решавање на проблемите што ги имаш.
    Но сепак види дали стварно сакаш да раскинеш, преиспитај си се... што губиш доколку раскинеш?
     
  16. xxLoodacaxx

    xxLoodacaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Стварно жално, мегутоа не вреди маче ... тој е со друга, и небитно дали ви се сретнуваат погледите, небитно дали немате храброст... сепак ти си женско, тој круната да не му падне што не дојде да ти каже дека чуствува нешто... а ти само си се измачуваш. Ти само страдаш, он си нашол утеха... слично нешто имав и јас... бифшиот мој исто така ради бифшата негова јас настрадав... па големо чудо ...еве ме жива здрава, со елан за живот нов, поинаков... колку повеќе мислиш толку повеќе боли... и колку поише се трудиш да го забораиш толку повеќе ти се врака во мислите... затоа убаво ти рекле... ВРЕМЕТО ЛЕЧИ... ноооо ДАЈ МУ ВРЕМЕ НА ВРЕМЕТО.... :rofl: јес да 2 години не се малце ... ама на секого различно му треба да забораи и да продолжи...
     
    На femina2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Губам многу работи xxLoodacaxx, многу.
    Тој е најдоброто нешто што ми се случило, ама ете не се разбираме веќе.
    И додека јас да го прочитам мислењево, веќе бидна работата. Крај е.
    Како и да е, убави спомени имам со него. И боли, а тек е помината некоја минута.
    Ќе се опоравиме, сите. Времето е лек за се.
    Во моментов и правам список на какви продуктивни нешта да си ја искористам енергијата..
     
  18. davidof

    davidof Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Нема личност што лесно пребродила разделба. Посебно ние девојките.
    Се чувствуваш како цел свет да ти се срушил врз глава, како повеќе да нема причина да живееш.
    Но не е така. Да погледнеш малце околу себе, ќе видиш дека си всушност многу среќна девојка, со многу причини за да се радуваш и да продолжиш со животот напред.
    Било-поминало, не бил за тебе.
    Знам дека е лесно да се каже ова ама така е. Другарка ми секој ден ми го повторува ова, но што дека кога одвнатре умирам.
    Понекогаш размислувам кој е тој за јас да патам и да кинам живци за него? Ама болката е посилна од мене, сепак некогаш ми бил се на светот.
    Само времето може да ги излечи раните..
     
  19. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Не зборувај за него не го спомнувај не му го гледај профилот на фб не се потсетвај на песните што ви значеле не оди на места каде што оди тој труди се да не го гледаш но сепак испаѓај си со другарките шетај си оди седете некаден со други машки ваши пријатели дружи се оди на журки посвети се на стајлингот,најди си некое нови хоби игра на фб или труди се да постигнеш розево цветче на фемина :D
    Гледај хорор филмови или смешни ама во никој случај романтични и никако не мисли на него мавни ги во канта мислите за него едноставно олабави се и релаксирај се,оди на шопинг.
    Да опоменам:Другарка ми го послуша овој мој совет бидејќи навистина помага мене ми помогнал 2 пати до сега но таа правеше се од овој да го наречам ''список'' но во секоја реченица го спомнуваше него и мислеше на него постојано..значи луѓе тргни го од мислите и готово крај заврши со него ТИ СИ ДИЈАМАНТ БЛЕСНИ ДОТЕРАЈ СЕ И ИСПАДНИ а тој нека си ја крши главата после од ѕид кога ќе свати што пропуштил ;) :)
     
  20. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Незнам што ми се случува дали сум толку голема глупачка или не е во ред нешто со мене, веке 8 месеци не сме заедно ( 4 години имавме врска ) не се трудам да го заборавам едноставно оставив се на животот излегувам 24/7 сум излегувала во овие месеци и со др машки, но сега кога еден дечко ме прашува дали сакам да продолжиме но сериозно во смисла врска да имаме јас :o се блокирав едноставно и веке 2 дена си мислам на бившиот како тој да е совршен на светот :@ цело време такви мисли ми идат и како да имам надеж дека некогаш ке си се смириме и денес си гледав стари слики .. стварно незнам дали некогаш ке го заборавам и ке можам да имам нормална врска со друг :puke: , а тој веке си продолжи со животот си има врска... стварно незнам што да правам повеке |(