Тешко ми беше околу три месеци, а беа како цела вечност. Не сакав да прифатам. Еден дечко, не е свесен колкава услуга ми направи. Ме покануваше некое време да излеземе, јас упорно го одбивав, а кога конечно прифатив, веднаш се се измени. Ме оживеа.
.....imav vrska tri godini razdeleni sme godina ipol i seuste ne mozam da se opravam seuste ne mozam da vlezam vo nova vrska ednostavno koga Ljubovta e vistinska ne se zabrava lesno
Одсекогаш тешко сум ги поднесувала разделбите. Со месеци сум во депресија, немам апетит, плачам пред спиење, слушам само балади... Но откако ми помине „болеста“ сум како нова. Чудно! Таа личност е тотално избришана од мојата меморија и секогаш кога ја видам како никогаш ништо да не сум имала со неа.
Секако дека долгогодишна врска и љубов не се заборава така лесно, самата по себе си носи свои тежини и болки. Но мислам дека оваа ситуација во која се наогаш си ја сватила премногу чуствително и лошо, треба да размислуваш од аспект дека животот твој продолжува така или онака, дека треба да почнеш да внесуваш нови работи во истиот, треба да пробаш да промениш многу нешта и да најдеш занимација и суштина во било што и да се занимаваш дали студии или работа пробај да се фокусираш во вистински нешта за борба и успех. Зарем вреди да си го загорчуваш животот после некоја љубов? Зарем вреди да се дадеш на срцето дека не можеш? Зарем не си свесна дека животот е долг и полн со нови предизвици и љубови?! Секогаш кога ќе помислиш на минатото и неговите емоции, сети се дека ако било она вистинското ќе траело сеуште, да така гледај ја сегашноста и бори се за својата иднина. Не се врти по минатото стисни заби и запомни дека што и да е ќе помине, времето лечи се, ќе видиш дека времето ќе ти ја пушти и твојата среќа, и твојата вистинска и права љубов, дај му време и фокусирај си го мозокот на се друго освен на минатото.
@vitamina можеби да немавме никаков контакт полесно ке ми беше но ние сеуште се слушаме сеуште сме во контакт и за тоа НИКАКО не можам да го забравам.....
Штом се навраќате на минатото и двајцата се гледа дека обострано имате взаемни чуства! Зошто тогаш не пробате повторно?
ПРОКЛЕТАТА машка гордост...не сака да се смиреме но не сака ни да ме изгубе а таа ситуација за мене е мн тешка
Нема потреба да продолжиш да страдаш ти ради неговата гордост. Верувај дека ако те сакаше уште одамна ќе сте биле заедно, не ми се допага воопшто тоа што претпоставувам ти играш како тој свири, очигледно те мота и врти како ќе му кефне а ти треба тоа да го сватиш колку и да е болно и да се тргнеш од таков човек што те носи во пропаст. Размисли малку дека не е единствениот а животот е пред тебе, зошто ставаш запирки на нешто што одамна си ставила точка, зарем вака ќе продолжиш и понатаму да си го губиш времето со некој кој очигледно те зафракава на секој можен начин, наместо да пробаш да си дадеш шанса за некоја нова љубов што ке те сака вистински и од срце.
Не сака да се смирите, а не сака ни да те изгуби. Не разбирам. Ако си сигурна дека повеќе ништо нема да биде, стави крај. Знам дека е тешко, но стави крај и не се мачи повеќе. Ќе плачеш месец, два, три, ќе помине. Времето ги лечи раните. А вака, како што е моменталнава ситуација ништо нема да постигнеш. Само си стоиш вместо. Затоа, собери храброст и прекини го ова. Животот оди понатаму.
@YoungandBeautiful и јас да сум сигурна дека нема ништо да биде од нас ке ставев одамна крај @vitamina имате право во се што кажавте и фала ви за советите сепак чека го неговио роденден па колку и да ми е тешкоке ставам точка па ако ме сака вистински ке ме бара..
Точно, остави го и со тоа дај му до знаење дека не си му играчка па да те врти во круг и толку време да незнае што сака. Си го научила така и така и се однесува оти му се може. Многу се иритирам на вакви случки и затоа и ти пишав да те свестам дека верувам доволно си убава и паметна да си го најдеш правиот пат, не си ни грда ни грбава па цел живот да го чекаш за да тој се кани да биде со тебе или не, верувам дека ќе си ја најдеш среќата со некој што навистина ќе те сака и почитува.
Можи не е соодветна темава за онва али немам морам..бев во врска 7 месеци со дечко од друга вера го сакав повеќе од себеси..раскинавме затоа што јас сметав дека не е правилно тоа со изговор дека сакам друг....ми нарече секако...и и 1 месец помина и не го преболев....кажувајте лек оти скренаввѓсекоја вечер ја слушам неговата песна омилена плачам ...готово полудев лек
Јас не ве разбирам вас девојчињата воопшто, зарем животот ви се сведува само на дечковци?! Зарем толку немаш други обврски и занимации како училиште, учење, хоби, разонода. Посвети си го денот на нешто паметно и корисно, за успеси и надоградба. Остави дечковците и врските, што е твое ќе си дојде, животот е пред тебе.
Тешко еден краток период, па подоцна се повеќе и повеќе ми се одмилуваше, го отсакував, и се ми се сведуваше на онака ииии следеше најслаткиот дел-одмаздата, затоа што тој добро ме повреди, и ме направи онаква каква што реков дека никогаш нема да бидам, прво да ги искористувам машките како што сакам, ладнокрвноста ми ја дигна левел импасибл, и остави многу машки да чекаат да се најде некој, некој што ќе ме сменел хаха, можеби не викам не ама да си се вратам на одмаздата, дојдоа мојте 5 минути, и траеа 10, постојано ме гледаше тука ни е местото за искачање, друштво едно друго, го батали фуфата е сеа ме молеше, почна со тоа другарскиот однос да го апдејтнува мн брзо, па продолжи со праќање другари да зборат со мене, и збореше он со мои другарки, мамино синче се на готово :Р и пуштии нога почна да моли самиот, ама се што доби се добри корпи што си ги заслужи:Р ;Д
Мислев дека нема никогаш да го преболам него и тоа што тој ми го направи. Верувајте луѓе, и ден денес имам трауми од сето тоа што се случуваше со нас. И баш кога мислев дека нема да го преболам, се излажав. Запознав нова личност, а тој иако до пред некој месец го сакав, сега е бледа сенка.. Се е само ствар на голема желба и труд.. Ако сам не си помогнеш, не очекувајте од останатите да ви помогнат, тие ќе ве советуваат но ако немате вие голема желба, и ако постојано кукате за тоа колку го сакате, му одете на профил, останувате пријатели на фб, и излегувате на места кај што "случајно" ќе го сретнете и ги слушате заедничките песни притоа со тоа нанесувајќи си душевна болка свесно така не се преболува. Јас, кога преќинав со него, се жалев првите три дена, потоа избришав се што ме потсетува на него, престанав да ги слушам сите песни и да одам на места кај што ме потсетуваат на него. После неполни 4 5 месеци јас бев како нова личност. Затоа, морате сами да си помогнете, правете го тоа што ве исполнува, шетајте, дружете се што повеке, ако сте постојано дома затворени не очекувајте позитивни резултати.