Во јуни и јас проживеав ваква болна разделба...Бев со дечкото скоро 5 години и од нигде никаде смени понашање према мене,почна чудно да се однесува и се тоа во рок од една недела...Кога го прашав дали сака да раскинеме ми рече не..И после два дена оп порака преку која ми раскинува..ПОРАКА?? Браво за твојата машкост...Отидов и се соочив со него...Верувајте ми луѓе болката беше страшна...Толку го сакав и се правев за него за на крај да ми каже јас тебе последните неколку месеци од врската не те сакав...Мислам за никаде..Првите три дена после раскинувањето не знаев за себе..Мислев дека светот ми се срушил дека нема веќе да биде тоа што беше...Сепак толку многу љубов имав во себе за него..Но после тоа веќе помина се...Не ми беше сеедно пак болеше но помалку а сега воопшто не боли...Баш слушнав дека си фатил девојка и онака ми беше лабаво,фатил фатил животот продолжува зошто јас би застанала? Имав до скоро еден,бевме 1 месец заедно и пропадна се..ама тоа не е битно..Мислам типот си фантазираше дека на него треба девојката да му е покорен роб...Не ми се јасни машкиве...Сакаат да ти раскинат а кога ги прашуваш во лице бегаат..Ццц..Како и да е,ниедна болка не е вечна,ниедна љубов не е вечна и после секоја разделба доаѓа нов почеток Ако сами не си помогнеме и не одлучиме дека е време да продолжиме понатаму,вечно ќе тапкаме во место.
@JustFun @Natalian лајк за подршка. Многу добро кажано и размислено од ваша страна. Животот не завршува онаму каде што сме ставиле само точка на некоја етапа каде што немало компактибилност. Што побргу се освестиме за реалноста, и за фактот дека нешто згаснало и тргнало кон друга насока и нов почеток тоа подобро за нас самите. Не вреди да се уништуваме и да живееме во минатото, да тажиме и жалиме за нешто веќе изгубено. Секоја грешка ни е патоказ и поголема самоувереност и созреаност, по тој тек и сплет од настани ние живееме!
Поранешните врски јас многу на лабав начин ги прекинував, ако ми раскине, не беше крај на светот.. Се додека не го сретнав оној бившиот, абе од ветување на палати и не знам што завршив со солзи.. Во ред, беше тоа пола убава врска пола лоша врска.. Повеќе имавме лоши моменти. Но јас премногу се променив. Колку и да звучи лудо некому дека се ќе помине не е така, туку таа е вистината. БЕЗ СЕКОЈ СЕ МОЖЕ, никој не е незаменлив. Јас така си велев : И дружи машки имаат куриња, и други знаат да сакаат тоа ми беше порака со која се будев. И не дозволував да паднам секогаш кога ќе се сетив на времето поминато заедно. Сега сфаќам ми направил услуга
Ова ми беше поентата бе мила. Никој не се родил да биде совршен и да пронајде совршенство крај себе, чоек пробува, созрева се учи. Секое минато, грешка, проба е патоказ кон животот.
неможам никако да го преболам..едноставно секој можен ден ги разгледувам нашите слики се сеќавам на секој поминат момент со негоо неможам да го извадам од глава а најтрагично е што секој ден го гледам на училиштее и тоа ми е уште потешко да го заборавам..одевме 11 месеци ии сега на 12ти ќе правевме една година..тоа ми е уште потешко и незнам како да го преболам..секој ден со солзи во очите си легнувам кога ќе се присетам на сите моменти..помина еден месец од ко сме скарани а јас се повеќе и повеќе тонам кон дното...незнам веќе што да правам
Наместо слики и спомени да толкуваш и да се мачиш себеси пробај да направиш нешто друго за твојов живот. Најди занимација, хоби, друштво.. излегувај разговарај и смеј се, млада си и во цутот на убавите години од твојата младост, затоа не дозволувај да бидеш ти онаа уништената која животот ќе си го сведе врз спомените од минатото. Со тек на време ќе заборавиш.. ќе имаш уште многу љубови кои ќе ти го стоплат срцето.
најголема пречка да го заборавам ми е тоа што постојано го гледам на училиште..училниците ни се една до друга ии секој одмор се мотка околу мене ..почнувам да влегувам во преголема депресија незнам како да се справам со тоа..
Здраво девојки. Нова сум овде и многу ми ми помогнал муабет со вас. Мислам дека тукушто раскинавме со дечко ми, пред некој саат... Две години сме заедно. Впрочем последниот период многу работи беа мнооогу пасивни во врската. Никогаш не се согласувавме, а не само тоа, туку и не се обидувавме да најдеме нешто заедничко. Денеска се скаравме, еве ја ситуацијата: Одевме од кај мене демек да шетаме и почнавме некоја тема за којашто никако не се согласивме. Му реков „смени ја темата или ќе се вратам“.... Тоа толку многу го изнервира што фати да ме влече за палтото по улица и сите гледаа и слушаа. Викаше по мене и ме влечеше... Леле, толку многу сакав во земја да пропаднам. Луѓето што ме видоа.... >_< Ова прв пат се дешава. Никогаш претходно не бил агресивен, ама последниот период сигурно многу го има исфрустрирано фактот дека не се согласуваме.... Го сакам ама мислам дека ова е крај. Не сакам да бидам со некој што има такви испади. Сега не знам како ќе го преживеам периодов што следи... Во меѓувреме ги читав и вашите коментари и тоа малку ми прави да се почувствувам силна.
како што добро сфатив дечко ти применувал еден вид насилство кон тебе така? да ти кажам совет драга,ако и после ова ти не раскиниш со него можи да дојди до посериозни проблеми пр да те удри недај боже и тогаш ќе бидеш уштее по скршена и потажна затоа што е можно побрзо одкачи го од себе.секогаш кога ќе ти биде тешко на помислата помисли на своите родители...дали тие тебе те растеле и одгледувале како цвеќе во градина за некој идиот да се иживува со тебе? машкото треба по една работа да го одбираме дали е за нас а тоа е да си го поставиме прашањето..чекај среќна сум со него? -не сум! епа ај чао незнам дали ги имаш прочитано моите постови пред 1 месец и бев во преголема депресија ии на крај седнав се изнаплачив и сфатив дека без секој се можии...има за жал луѓе кои останале без своите родители од најмала возраст а ние тажиме за некој идиоти ! во 7 билиони ние најдовме да плачиме за некој недораснати? мислам стварно не е фер кон самите себеси се прегазуваме и понижуваме... ќе најдиш некој подобар кој ќе ти докажи дека навистина си вредна за него! ова е мој совет драга па со среќа позз
Не можам да се помирам едноставно не можам да ја прифатам реалноста. Се заљубив во дечкото и си имав нормална врска која прерасна во вистински кошмар. Дечкото го смени однесувањето... како да си бараше причина за караница. Престана да одговара на моите повици. Од тој момент сфатив дека само јас се борам за нашата врска. Тоа што некогаш беше врска премина во гледање два пати месечно кога тој ќе сакаше. Не можам да ви опишам колку патев и колку плачев и се уште ми е премногу тешко. Не знам како понатаму.
Лесно е да се каже најди друг и демек ќе го заборавиш. Јас мислам дека една личност треба тотално да ја исфрлиш од секаде,од мислите,од срцето за да можеш да се впушташ во друга врска.Така да ако не си спремна за нова врска а не си,чекај времето да помине и да се појави некој друг што пак срцето ќе ти го откраде
Абе ајде..а што треба да направи? Да мисли на него, да си ја чука главата од ѕид затоа што идиотот станал незаинтересиран, затоа што го сменил однесувањето?! Никаде не реков дека треба утре да си најде друг, ама ако не бара, нема ни да најде. А ако не најде, цело време ќе мисли на него.. И ова го кажувам од искуство... самата јас излегов од таква "токсична" врска што ме истошти до немај каде.. не функционирав, си ја чукав главата од ѕид..А за кого? За еден мочко што до вчера не знаеше да живее како човек.. па кога почна убаво да си го оправа животот, стана како паун..
Можеби и си во право, ако почнам да излегувам со некој друг најверојатно тие чувства за стариот ќе ги потиснам. Штета што луѓето не знаат да се однесуваат како што треба. Не знам што е толку тешко да кажеш ако не ти одговара нешто ? Очигледно дечкото си имал проблеми психички
Кога ке ми текне колку бев на дното , колку бев изгубена , уништена , пропадната , ма не се смеев со денови , месеци .... Па све поминува , све се менува , сватив дека не треба да се живее во минатото , но не беше лесно , беше тешко да се пребродат тие денови , но не е битно колку пати си паднал , битно е да можеш да се истресеш и да се исправиш со дигната глава.