@Sanya20 пробај да ги насочиш мислите кон нешто друго. Знам како ти е, ќе ти биде некое време тешко, но во еден момент ќе помине се. Најдобар лек е физичката активност, доколку си во можност трчај, вежбај, оди во теретана. Тој начин е најдобар за бистрење на умот и заборавање на таквата болка.
Убаво изнаплачисе, потоа нашминкај се, облечиси нешто пократко и правец на журка. Дружи се и живеј го животот. Гарант ќе го преболиш брзо.
Со оглед на тоа што постот е пратен во 2009 година, да се надеваме дека членката досега се исплачила, се дотерала, се нашминкала, запознала друг, се омажила и веќе има 5-6 годишно дете околу неа
Ми раскина скоро пред два месеци, прво не можев да се помирам ама некако преживеав, се видовме два пати знам дека ме сака и јас него мн.приќина беше тоа шо сме се расправале, и сум го напнувала ,а знаевме се да средиме кога и да се скараме и се да е уште поубаво,кога беве во врска.Одев кај него спиев , ручек правев, се се .Незанам како да живеам без него , особено се приврзав зошто мајками почина и баш тогаш тој беше тука за мене.Му пишувм секој ден знам дека не води тоа до никаде.Зне колку го сакам и колку сакам да се смириме .НЕзнам како да прекинам да го барам
Пробај...дружи се излегувај најди некој друг така најлесно се заборава мило (од искуство ова ) живеј онака како што ти сакаш и ќе видиш дека заслужуваш многу повеќе од ова..не вреди да се упропастуваш убавицо..најголемата среќа ти ја посакувам
мислМ ДЕКА САМО СО НЕГО СУМ СРЕЌНА,а на друг мн тешко не можам да замислам, премногу бев поврзана и не ми иде дда погледнамм некој,пресреќна бев со бившиот имав се ,баш ккао што сакам таков човек е тој и мн сличен на мене ...претешко ми оди без него
Ама ете ако не оди не оди..тој како те заборавил пробај и ти не е животот едно машко...ич да не му ја мислиш вистинскиот сам ќе ти клекне на колена
Ке си се дотерате најако што можете , одете кафик , порачајте едно шише водка и една чаша , и пијте цела вечер , можете и текила да си порачате, потоа можете и од пивото од другар ви да кренете , речете им и џоинт да ви донесат, испушете го надвор , и другиот ден толку ке ви биде лошо , што нема шанси да помислите на копиљето што ви раскинал! Срекно
Девојки јас раскинав скоро пред 3 недели 9 месечна врска во која бевме многу блиски заљубени да кажам прва врска поозбилна мене на него прва му бев воопшто. Он ми раскина со причина дека изгубил чусвтва иако знам дека не е тоа во прашање бидејќи ептен ми се трескаше пред неполн месец не може чувства туку така да исчезнат . Он збореше за сериозно да оди со мене и се и ова раскинувањето се случи наеднаш многу. Ама он после раскинувањето си се вртка по други им се пали влезе во некој да наречам женкарски филм сака да се докаже како е*ачиште заразлика од мене што си оставам време и се ова ми паѓа многу тешко и се надевам на враќање не знам зошто. Сакам и мора да го преболам ... се сретнавме 2 пати после раскинување првиот пат се гушнавме чудно беше и се ама свртевме муабет одма ден подоцна пак го сретнав но не се сретнавме онака директно туку он седеше во кафиќ и ја поминував и другарите ми кажаа дека ме видел и кажал после нешто дека не му било тешко раскинувањето толку поише го повредило не знам кој спортист напуштил некој клуб а коа се разделувавме плачеше 3 саати т.е коа сакавме да паузираме... веќе не знам што да мислам дали да се надевам на враќање или не и како да го преболам
@xnotyourbabex не се надевај на враќање, барем не во скоро. Ако раскинувањето е било од негова страна, без некоја причина а не е имало нешто лошо во целата врска, дечково страда од некои комплекси и сака да се докажува мажиште. Сепак тоа не е твоја грижа дека треба да си лечи комплексите пред другите или во мозокот, туку заслужуваш да биде среќна и ценета. Тешко е да се остави сето ова зад тебе, но мораш. Мораш да покажеш дека си силна и можеш без него. Гледај макс, да ја намалиш комуникацијата со него, и кога и да ти пише оставај го на seen повеќе време. Не значи дека секогаш треба да му вратиш. Едниствено може да го врати интересот за тебе кога ќе разбере што значи да ти загуби. Но, едно големо НО, и тогаш треба да знаеш, ако не му се "излечени маките" ако не успеал да легне, пак ќе ги има истите бубачки во глава. Тоа е лоша основа на врската да се врати во Озбилна.
После разделбата. Не велам не остануваат некои трауми. Пример пред некое време имав една девојка која во очи ми плесна „не те сакам“ и сега мислам дека секоја наредна не чувствува ништо за мене. Секое искуство си носи предности и трауми. Тоа ми беше најкритична врска и се справив со неа. Како да се појавуваат два фактори. Прво, хемијата во телото навикната на една личност да се справи со неа и да дојде во нормала. И најтешкиот, психички да ја заборавиме таа личност што е малку невозможно. Но, животот продолжува. Сфаќаш дека си жив и здрав, безбеден, сигурен и после тоа. Едноставно сфаќаш дека врската не е темел на животот. Други нешта се без кои не се може. Минува време, а времето лечи се.
Првите неколку месеци беше многу тешко,болно..но со текот на времето се се подобрува Едноставно среќна сум СЕГА
Вака сега девојки прашање Како да го заборавиш бившиот што го гледаш секој ден Ги разбирам тие реченици како треба време ама јас мислам дека треба време во кое нема да го гледаш значи јас работам на факултетот каде што учи он и таму и се запознавме доаѓаше он секој ден заради мене ова она и сега откако раскинавме за не знам ни јас што затоа што немавме ниту една асална причина(фактички јас му раскинав ама затоа што знаев дека како и да е ќе раскинеме или сега или за една недела затоа што некои работи не беа како што треба или дека тој ке ми раскине) тој продолжува да доаѓа кај мене на работа и така суптилно ме гледа ме шпионора и др работи. И сега јас стварно го сакав и како сега ја да го заборавам или преболам кога го гледам два пати на ден
Многу тешко ми требаа две години бев депресивна тажна разочарана не гледав причина да продолжам понатаму еднсотавно секој нов ден беше за мене нов ден за измачување но сега кога ќе размислам назад навистина сум била глупава и наивна среќа што после долго време си го запознав мм и он ме научи на многу работи и сметам дека сега сум посилна личност.
Здраво, да, така може човек најубаво да се заборави, но ќе бидам искрен и со тебе и ќе ти кажам дека немаш и некој голем избор, ќе мораш да се прилагодиш на состојбата. И вака човек може да отрпни и да преболи, но тоа трае подолго време. А дали сте вака во иста група на факултет или?