Јас уште неможам да се оправам незнам што имаше добро во него кога 90% лоши работи ми има направено и како може после се да го сакам не ми е јасно. Свесна сум дека не ме заслужува, дека заслужувам подобро, дека ништо не цени што правам за него. И пак на самата помисла дека сум без него ми е тешко и неможам да спијам. Сепак мислам дека имам страв дека ке останам сама и дека нема веќе да засакам некого па ми е страв да го пуштам
Абе не знам зошто така размислувате постојано, имате живот пред себе како што велиш 90% само лоши работи, па треба да бидеш среќна шо си се отарасила од него нема да ти помогне затварањето дома и кукањето дека ќе бидиш сама, како ќе созреваш така ќе го сфаќаш тоа мислам дека можда ти е прва или втора врска биди позитивна
Vtora mi e eve pocnav na rabota pred 2 nedeli ama dzabe takva sum depresivna kako nemam volja za zivot ne se smeam ni nisto ni muabet ne mi se pravi so nekoj od sto tolku celo vreme loso se osekjam
Обично ако била вистинска, под вистинска да си искрена приврзана кон него, мислам дека ќе ти треба од 3 до 5 месеци најмалку за да ги оттргниш мислите и да промениш мислење околу идеализирањето и сепак постоја и други интересни личности па можеби ќе бидете на исто ниво/фреквенција и нема да биди бивши/бивша.
Исто и мене ми е многу потешко да го заборавам оној кој повеќе лоши работи ми направил отколку добри. Зошто? Мислам дека е поради постојаното размислување што би било кад би било, си замислуваш некои сценарија во глава кои што многу поинаку би се одвивале доколку тој би бил подобар или би се однесувал како што ние сакаме. Не ти фали тој, туку можностите кои што ќе сте ги имале ако тој знаел да се однесува како што треба
Не сум за бришење од социјални мрежи, исто сум и против пријателски односи со бивши. Само со еден прекинав онака мирно. Последниот со кој се гледав може да се каже дека не ни зборувавме за на каде води нашата врска, и баш поради таквиот безобразлук и кукавичност со крената глава го одминувам. Си стојам на мислењето дека секој од партнерите заслужува да знае какво место завзема кај другиот. И да, сум била и оставена и сум била таа која оставила, неможам да се подживувам со нечии чувства и време па затоа фино лепо си кажувам што е и како е. И никогаш ама ни за милион години не се погазувајте за некој башибозук кој не знае што сака.
Да го побарам ли или да продолжам понатаму? Нашето раскинување не беше поради некоја си катастрофална кавга.Дури не ни може да се нарече кавга. Додека се расправавме му реков да збориме не сакаше.Рече дека сама ќе сум видела дека е стварно крај.А порано вака се дешавало па ќе ме побарал другиот ден.И јас од што сакав да се смирам ношто не гледав пред мене и се смирував. Многу ми е тешко.Ми фали иако знам дека не е во ред да го барам јас оти можеби и ќе ме одбие па ќе останам со прст во уста. Што мислите?
Па види ако сте имале океј врска и ако не е голема причината за раскинување и ако се осеќаш малку виновна и крива поради ситуацијата пробај разговарај, сепак го сакаш и ти фали, гордоста никад не ни помага и немој да се каеш ако не ти врати сепак не губиш ништо можеш само да добиеш.
Па вака како што го знам, или ќе речи сам тој да се видиме или ќе ме одбие. Бодејќи вчера рече дека никад веќе нема да сме заедно и дека ќе сум молела и плачела ама мемало да бидиме заеднп.Демек со тек на време ќе сум видела дека решен бил.А не беше нешто посебно кавгата.И двајцата имаме удел.
и ја во една врска имав ист случај, он беше као крај е нема назад, ја реално се обидов се да сторам, он си стоеше на неговото, ама до ден денес знам дека не му е сеедно ме бараше многу пати. Знам дека стоиш на пола пат не знаеш каде, но не е лошо да пробаш затоа ти викам не губиш ништо дека сте раскинати веќе, или ќе добиеш или ќе си остане исто
Ист случај, сме се карале, ме барал следниот ден се додека еден ден тој не рече дека е крај. И навистина е, 2 месеци сме разделени и веројано има друга. Јас пробав многу пати да разговарам со него но безуспешно, но на крајот знам дека имам пробано наместо гордоста да си ја ставам на прво место. Пробај да го побараш и да разговарате, да најдете компромис, решение, да си ги толерирате караниците затоа што во секоја врска има караници посебно ако е така ко што велиш не била кој знае што караницата. Ако не се смирите, барем ќе знаеш дека си пробала и ќе одиш напред. Знам дека ти е тешко ама пробај уште еднаш, ако не, дај му време.
Сакам да го оставам некој ден да видам дали ќе ме побара. Знам дека ме сака.Мн пати ми покажал.Ама со она однесување е крајно безобразен.Можеби и нема да сака да се смириме, ама барем ќе знам дека сум се обидела барем за последен пат. Сепак ќе трпам ,нека боли ама ако ме сака ќе сака да ме врати назад.Немаше којзнае што за да се доведиме до ова ситуација.
Ова исто ко јас да сум го пишувала,ама буквално.Но финтата е шо членката погоре се депресира зошто сеуште постои љубов од нејзина страна,и нели според оние мудри мисли од типот "бори се додека има љубов" треба да не се откажува.Многу девојчиња ја прават таа грешка.Не треба да бидат со некого што не ги цени,и најважно не ги исполнува макар и да го сакаат безрезервно.Секој човек си има среќа и своја сродна душа,кога тогаш ќе ја запознае
Дај му некој ден, ако навистина те сака ќе те побара. Само не чекај премногу време, некогаш е добро и другиот да го направи првиот чекор.
Јас 100 пати правев прв чекор.И така ме научи. Сакам тој да се труди. А минатиот пат он ме побара и плачевме давјцата,викаше дека премногу му било тешко, ниту јадел ниту спиел и сакал да биди пак со мене.Се , се среди.. а сега за момент пак се сруши.Го сакам, ама па и јас имам достоинство барем уште малку што ми остана да не си го погазам.Инаку ако попуштам вака ќе е секогаш.